Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Rabbit 97

    Rabbit 97 Активен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2019
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    499
    Zhenishta so se zbesna ti za shetanje da si seda doma za 8mi mart oti svetot nema da propadni ako ne pojdat tie...snosti niz grupine na fb pisuvaat duri i so gordost deka ne odat..niv nikoj ne smeel da im zabrani ]:) mora italija da pojdat inace kako ke dojdi ovde virusot tie neka go donesat....
    Ne daj bozhe ovde da dojdi virusot so ova zdrastvo nema eden da ostani
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.559
    Допаѓања:
    201.695
    Пол:
    Женски
    Колку си сигурен/на дека сето ова е вистина? И овие видеа може да бидат дезинформации.
     
  3. smile:)

    smile:) Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2019
    Пораки:
    802
    Допаѓања:
    2.644
    Пол:
    Женски
    Не е.
    Инаку вака може и јас и да зборувам и сите ќе ми веруваат.
    Јас ако досега верував на се што имам видено на интернет крајот којзнае каде ќе ми беше.Не велам дека не е вистина ама реално луѓето стравуваат за својот живот и уште видеа ќе снимаат која полза од тоа?
     
  4. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Не знам дали забележувате, но доста пациенти од 'обичен' грип се веќе заболени во земјава. Бројката расте од ден на ден, иако е ова карактеристично за овој период од годината.

    Родителите на форумот нека пишат по колку ученици има во паралелките на нивните деца. Колку големи фирми со по двеста вработени имаат недостаток на персонал неделава. Ова не се чини безопасно, иако како што пишав - е само грип.

    Претходната недела дете на познаници со одличен имун систем крена температура 39,2 по што панично го пријавија на инфективно одделение во Скопје, каде сеуште му вршат анализи.

    Поентата е дека епидемија од вирус може да се прогласи и на локално/државно ниво, не мора на светско, и нужно да е корона.
     
    Последна измена: 25 февруари 2020
    На theowndemon, Nausicaa, WildMk и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    2.054
    Допаѓања:
    6.546
    Пол:
    Женски
    Dva polni avioni od Milano doshle. Ovie nashite od Piacenza, gi fatilo panika, site idat tuka.
    Na infektivno otishlo devojce so treska,Se dojdeno od Milano. Se ceka do utre da se znae dali e korona.
    -Strumica :(
     
    На slobodka, smile:), hermosa и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.338
    Допаѓања:
    26.477
    Требаше пола Италијанци да отидат во други држави?
    Само нашиве Македонци доаѓаат во Македонија кога се во тесно.|( Иако им е кажано да не ја напуштаат Италија. А кога сме пак ние слушале што кажуваат оние на телевизија, многу па знаат они!
     
    На Mencia, Nausicaa, Gosh и 3 други им се допаѓа ова.
  7. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.432
    Допаѓања:
    38.422
    Пол:
    Женски
    @Nigredo Odor и лани беше исто со грипот. И свински грип имаше. Секоја година овој период има толку заболени од сезонски грип.
     
    На WildMk, Annath и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  8. fluffym

    fluffym Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2019
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Никаде не посочив дека сум сигурна, само покажав од каде ми се информациите, не ви наметнувам мислење, само го споделив своето. И како што реков, јас одбирам да верувам на оваа слика директно од Кина, во однос на филтрираните вести од светски медиуми. Во видеата има луѓе што паѓаат на улица од ништо, луѓе што се плашат за својот живот поради слободен говор, сестри и доктори на раб на енергија, мртви низ ходници во болници. Сето ова барем мене ми претставува реална слика на град од 11 милиони во карантин во безизлезна ситуација. Кинезите сигурно не изградија болница за помалку од 10 дена, и не ставија толку градови и луѓе во карантин затоа што ситуацијата е под контрола.

    Мене ми е очигледно дека целта е да се превентира глобална паника. Доволно е тоа што Македонија сега се алармира, откако вирусот ја зафати Италија, до пред две недели претпоставувам многу луѓе не беа свесни за опасноста и ситуацијата во Вухан. Ама сметам дека со замачкување очи на светската јавност дека нема глобална закана од вирусот, само се зголемува опасноста од негово ширење, што е случај во Италија.
    Во Кина владее комунистичка партија која ги забранува социјалните мрежи кои јас и ти ги користиме секојдневно, како и гугл, јутуб. Покрај тоа, прави контрола на информациите што се пуштаат на нивните мрежи, односно граѓаните немаат право на слободен говор. Овие видеа се пуштени од поединци со цел да види светот што точно се случува периодов. Не за џабе направија казна затвор за луѓе што пуштаат ”несоодветни” информации на интернет.
     
    На smile:), emiliana, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.967
    Допаѓања:
    219.466
    Пол:
    Женски
    Ја глеавте Оливера на сител дека баш пристигна од венето од тревизо во ск во неделата без никаква контрола иако се знаеше за вирусов тука од петокот?
    Филипче слушнал не слушнал од петокот или гајле му било та у неделата кога знаел дека има летови не стаил камера никаква.
    И не немало никакви контроли и камери се додека ние тука не кажавме дека нема и дека луѓе патуваат.
    Знаете дека тука каде што е аередромот во тревисо падова мира венеција колку е близу а има баш жариште?
    Знаете колку автобуси има местре скопје?
    Јас знам. 5 автобуси има секојдневна рута местре скопје.
    Со тапија кажувам ова.
    Плус комбиња и автобуси до струмица виница и остали.

    Вчера кажуваа баш на вести дека пристигнале еден или два авиони од милано. А милано и покрајна се најризични и таму е покос.


    Официјално има 322 заболени и 11 мртви.

    Ситуациите со празните рафтови и сличните се наоѓаат САМО во местата каде што се жариштата на вирусов како Vò euganeo тука кај мене во падова codogno кај милано, вакви селца што се во потполна изолација се околу 11 иначе се останато фунционира сем јавни собири и училишта. Бо училиштата ионака се затворени на распуст.

    Во овие селцава стои полиција и ниту се влага во нив ниту излага и се е затворено. А роба по маркетите нема бидејки се отсечени и се во карантин 2 недели не ни одат на работа дома се сите.

    Ќе пробам линкови да ви ставам да видите.
     
    На theowndemon, Nausicaa, smile:) и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Точно така Кристина. Тоа е и поентата всушност. Паника секогаш ќе има и вирусот секако дека ќе стигне доколку не ги затвориме границите најдоцна до петок.

    Но, паниката нема да помогне. Запомнете дека јака подмукла пневмонија може да ве убие исто колку и корона! Influenza A и Legionela исто така. И кај овие два 'вируси' и бактерии има слични симптоми... Не си правиме услуга вака, знаете нели?

    Во кратко - не читајте секакви информации, внесувајте витамини, минерали, превентивно вакцинирајте се против сезонски грип ако е толку фрка и ќе биде во ред. И короната ќе ја 'прележиме' ви ветувам. :)
     
    На theowndemon, smile:), Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.432
    Допаѓања:
    38.422
    Пол:
    Женски
    @Nigredo Odor се надевам. (fingers) Се согласувам за паниката целосно со тебе.
     
  12. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Една комшика се врати во петоков од Италија, никаква проверка не им направиле на аеродром :envy:
     
  13. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.085
    Пол:
    Женски
    Зошто сте вакви бе луѓе? Сфаќам дека сте испаничени ама имајте разбирање. Многу нормално дека ќе сакаат да дојдат тука. И ти да беше во сред жариште ќе сакаше да побегнеш и немаше да мислиш на човештвото ако потенцијално си носител.
     
  14. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.967
    Допаѓања:
    219.466
    Пол:
    Женски
    Баш преска читав дека пола од државиве во светов имаат ставено карантин за државјани од ломбардија и венето конкретно или воопшто се затворени самите летови.

    Починатите се луѓе над 70 год веќе со патологија за други болести, сите жртви се измемоштени старци башка и со по 90 год.
    Причина за олкава паника и нема со оглед на тоа што оваа инфлуенца е грип од кој 80 посто не се ни хоспитализарани и се во домашен карантин со благи симтоми, останатото е во болница под медицински надзор со кој што успеваат да им ја смират состојбата а 2 посто се жртвите.

    Сега читав на италјански медиуми.
    Таа е вистината.
     
    На candy.cane, fairy88, cresa-jagoda и 10 други им се допаѓа ова.
  15. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.338
    Допаѓања:
    26.477
    Грешка си. Немаше да дојдам. Зошто?
    Бидејќи со тоа го разнесувам вирусот во друга држава. Зошто животот на другите луѓе да биде загрозен заради мојата себичност?
     
    На Mencia, Puffy2019, candy.cane и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.085
    Пол:
    Женски
    Абе сите сме мајки терези на сигурно.

    Не само што ги разбирам тие што доаѓаат од Италија сега, туку и тие од карантин што бегаат. Не ги оправдувам ама ги разбирам. Кога мислиш дека си здрав меѓу болни сè ќе направиш за да избегаш од таму.
     
    На ElenaOfRivendell, Bratot и Rabbit 97 им се допаѓа ова.
  17. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.388
    Пол:
    Женски
    пре би останала таму за не дај боже ако фатам таму да ме лечат, неголи во мкд.
     
    На simona_baby, cresa-jagoda, Nausicaa и 16 други им се допаѓа ова.
  18. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.433
    Пол:
    Женски

    Oвде во Мкд, и да си здрав како дрен, ќе те разболат. :)
     
    На candy.cane, cresa-jagoda, Nausicaa и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Луѓе факт е дека голем број патници од критичните подрачја ни влегоа во државата.

    Пропустот дека е направен, направен е. Ниту граници затворени, ниту прегледи на аеродром или граничен премин, ниту флаери кои се разбирливи за народот во Македонија (колку што разбрав, флаерите на аеродром биле на Албански јазик). Ниту има доволен број на маски во државава. Тие што земаа, земаа. Ниту има доволно средства за дезинфекција. Ништо.
    Останува сами себе да се заштитиме колку можеме.

    Не излегувајте од дома, освен ако е неопходно, избегнувајте гужви, редовна лична хигиена, следете ги препораките на претпоставените (пак колку толку, според капациетот на државата).

    Инаку очекувам дека нема да не одмине вирусов. Жалам што го велам тоа, ама така е. Чувајте се и не паничете :) .

    Ако сте надвор од Македонија, некаде во Италија, не се изложувајте на таков ризик, во екот на рапидно ширење на вирусов да патувате назад во Македонија. Првенствено заради вас самите и вашите најблиски, а потоа и заради другите. Со тоа што ќе трчате да дојдете во Македонија, не значи дека ќе се спасите. Напротив, уште поголем е ризикот да се заразите.
     
    На goddess.Of.chaos, slobodka, theowndemon и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Rabbit 97

    Rabbit 97 Активен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2019
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    499
    Ovde ako beshe zharishteto ke dojdea? Ne shto baraat neli ...epa i sega nema shto da baraat kazhano e od vlasta vo Italija da sedat doma i da ne patuvaat a ne kuferot v raka i ovde...Ovde nema ustanova shto ke mozhe da ne primi vo slucaj na korona virus a tamu barem imaat bolnici i postrucen kadar
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.