Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.984
    Пол:
    Женски
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  2. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    Дечки ај ќе ве замолам без апокалиптични сценарија.
    Листата се менува на секои две недели, верувам дека наскоро бројот драстично ќе падне и ќе се најдеме на списокот.
     
    На candy.cane, referentka и Ahoy им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.013
    Намерно најкритичните се праќаат во 8ми.
    Им фалат анестезиолози но и друг персонал, од внатрешноста веќе има доктори и сестри дојдено, мислам дека уште ќе доаѓаат.
     
  4. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.348
    Допаѓања:
    19.863
    Пол:
    Женски
    Како намерно за да умрат...? Скоро сите кој се починати од Скопје се од 8ми и на инфективна се лечат пациенти и таму нели е фулл, како почнаа луѓево ќе почнат и за други болести да ја одбегнуваат болницава од страв. Излегува дека болницава е најлоша но баш напротив многу добри и искусни доктори има и сеуште си држи правила како кога беше под воена.
     
    На candy.cane и g8lQQk им се допаѓа ова.
  5. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.348
    Допаѓања:
    19.863
    Пол:
    Женски
    Најверојатно се менуваат сигурно не одат секој ден без прекин на работа ни робот не би издржал така.
     
  6. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.051
    Допаѓања:
    10.513
    Аман бе за да умрат...
    Во моментов 8 Септември функционира како инфективна болница и тријажен центар за ковид на ниво на држава. Тоа веројатно значи дека таму ги носат најкритичните затоа што така се организациски поставени со опрема, ресурси, ротации и слично. Аман, никој никого не умира намерно! Боже луѓе.

    Колку што знам во моментов таму ротираат и доктори од државна, за од КАРИЛ сигурно, не знам од другите одделенија.
     
    На oblace1, Any05, Ivan4e04 и 21 други им се допаѓа ова.
  7. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.611
    Допаѓања:
    63.473
    Пол:
    Женски
    Се можам да слушам, за антени, за вакцините дека од Сатаната се направени, за тоа дека коронава е превара, буквално на се сум отрпната периодов.

    Али коа ќе истропа некој дека докториве намерно ги умирале пациентите за пари (?) ми се ежи секое влакно на телово. Така е бе златни, учат луѓето 6 години минимум, плус специјализација, плус семинари, плус еден куп пракса за да можат да реагираат во вакви ситуации за намерно да ве умрат вас. Затоа што не им е битно за репутацијата ни за човечките животи, за тоа што може кривична да им лупне некој, умирале луѓе за пари...

    А да, да се даваа пари за да те пишат од корона кај нас луѓево ќе ги лижеа шипките на автобусите, ќе тераа да им кашлаат у фаца како што си има некои пациенти.

    Ама најлесно е да се земе у глупости да се верува наместо да се седне и да се прочита нешто корисно за да го направиш оној bare minimum за да придонесеш за надминување на ситуацијава.
     
    На Any05, dunika, Ivan4e04 и 30 други им се допаѓа ова.
  8. elenaxbbg

    elenaxbbg Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    971
    Пол:
    Женски
    Плус тоа што се лечат дома, и одат на лекар веќе во многу критична состојба.
    Гледаме и по датумите - хоспитализиран на 27 јуни , починал на 29ти.
    Уште не сфатија дека не може секој еден заразен да се излечи со парацетамол.
    Имам пријателка вработена во аптека,
    ми вика доаѓаат бараат антибиотици без рецепти, парацетамоли, не знам некакви си апчиња за грло.
    Разбирам дека има и настинки и се' тоа,
    ама во време на пандемија со вирус, секој симптом треба да се сфати посериозно отколку да се лечиме сами со парацетамоли.

    Од друга страна, јасен ми е и стравот на луѓево.
    Се додека постојат дотични како таа погоре што ја имавте постирано, што викаат дека секој што ќе стапне во болница умира, дека респираторот ти е билет за смртта, или па дека земале пари докториве за секој смртен случај.
    Не сите размислуваат разумно сега.
    Не зборувам за овие што не веруваат ни во вирус ни во доктори.
    Зборувам за луѓе што се исплашени,испаничени од вирусов, што внимаваат.
    Ем исплашени па уште да слушаат дека намерно ги умирале, дека пари земале.
    Па и уште дека нарачувале намерно респиратори за што повеќе луѓе да стават на респиратор бидејќи земале пари за секој еден пациент на респиратор:headbang:
    На сила ги ставале на респиратор , им давале седативи за да не можат да се противат.
    Еве , еден да ја знае постапката за аплицирање на тубус, јас рака давам.:fubar:
    Мислам, не можат сите медицински лица да се, ама прочитај , првин информирај се пред да тропнеш глупост.
    И да , јасно ни е дека респираторот е последна надеж, не мора на секое да напоменуваат по статуси на фб.
    Можда чита некој чиј близок е на респиратор.
    Не се за сите социјални мрежи .
     
    На Ivan4e04, WildMk, candy.cane и 10 други им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.013
    Не да умрат.
    Туку најтешките случаеви ги праќаат пошто физички е попрактична од инфективна, односно каков доктор и да им затреба е тука во истата зграда, за 3 минути може да стигне.
    Зборам за луѓе кои веќе имаат куп други болести и потреба од други специјалисти.

    Попрактична е во таа смисла болницата.

    Неколку души и преживеаа респиратор во 8ми, не е дека некој не чини, напротив.

    Има и друг момент, ако да речеме хоспитализиран некој со ковид, со средна слика еве, има потреба слепо црево да оперира, а пациентот лежи на инфективна, ќе го транспортираат во 8ми пошто цела 8ми служи како ковид центар.
    Друго, пациенти на хемодијализа кои се позитивни на ковид одат во центарот за хд во 8ми, без оглед каква им е сликата. Па ако им треба хоспитализација, во 8ми ги хоспитализираат, не на клиника.

    Бидејќи другите клиники освен инфективна не работат со ковид позитивни, а сите специјалности во 8ми работат само со ковид позитивни.
     
    На Ivan4e04, WildMk, Alishan30 и 13 други им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.013
    Се менуваат сестрите, болничарите, хигиеничарите... специјалистите доктори најретко одат, обично 1-2 неделно.
    НО, анестезиолози, анестетичари, инфектолози и пулмолози, како и други интернисти, повеќе се на работа него дома.
    Не секоја сестра/болничар работи со ковид, прво зошто многу од нив се постари (60+), второ имаат автоимуни заболувања поради кои дел се ослободени од работа, а дел не работат во ковид туку на др. места.
    Сепак, и онака има премалку персонал, и во нормални услови, затоа се носат од др. градови.
     
    На WildMk, Alishan30, happygirl и 6 други им се допаѓа ова.
  11. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.582
    Пол:
    Женски
    Денес во возот со свекрва ми се возел човек со скршена рака. не го примале на болница :( Го испратиле директно за СК... човек со скршеница.... тргнал, сиротиот, со воз, немал како друго. Возот се расипал, возот мислам дека уште е расипан, и стои ин д мидл од ноуере, а човекот со скршена рака во возот... otи нејќат да го примат во сопствениот град... е што направи таа корона :(
     
    На Ivan4e04, Broken♡, Konfetka и 10 други им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.013
    А зошто не викнале ИМП?
    Мислам, скршена рака е...
     
    На WildMk и fana им се допаѓа ова.
  13. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.582
    Пол:
    Женски
    Не знам, мм отиде со кола да ја врати свекрва ми, да не седи со саати во возот. Му рекле на човекот да го вратат со колата, рекол не можам, морам Ск да одам, не ме примаат инаку кај нас.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  14. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    Антонио Милошоски хоспитализиран на инфективна клиника со покачена температура.
    Состојбата е стабилна.
     
    На Stache му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Stache

    Stache Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    815
    Пол:
    Машки
    Нека се лечи дома, што има да зафаќа место на инфективна. Овие политичариве привилегирани е**ни к**ви..
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.525
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    И "обични" луѓе примале со лесни симптоми, имаа пишано членки на темава.

    Туку дали е дел од предизборна кампања? :sweat: Не ги следам баш, а гледам поглавните како се расшетани по народот.
     
    На candy.cane, Ahoy, Stache и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Stache

    Stache Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    815
    Пол:
    Машки
    Само ако можеш да се држиш на нозе те примаат, ако не можеш да се подигнеш од температура - послабо. Од искуство ова..
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.538
    Допаѓања:
    17.623
    Пол:
    Женски
    Нов тип свински грип избил во Кина, со шанса да мутира и да стане поопасен од веќе познатиот, и да се прошири. Се пренесува од свиња на свиња, но може и на човек, и досегашните вакцини не дејствуваат.
    Ова инфо е од вести на тв.

    Не знам што им е на Кинезиве, ама нема да е лошо да размислат што прават.
     
    На candy.cane, Nane2356 и Ahoy им се допаѓа ова.
  19. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.398
    На лекарите плус им е забрането да ја напуштаат Македонија, не знам дали на сите комплет, нека каже некој, за на клинички центар знам дека е така, претпоставувам и 8 септември, не знам дали и од поликлиники. Да ги плукаш оние кои постојано ротираат на дежурства, имаат максимален ризик и плус не смеат да заминат никаде зашто ќе одат во затвор, е малку неписмено.
    Оние жени па као Тања Царовска ми се и мене нејасни. Што ли им се дешава ,,наеднаш се избезумуваат од теории на завера, па по цел ден постираат глупости, а самата кажува дека ќерка и е ризична, и на крај пак ќе ги бара истите доктори. Одличен музичар, светска кариера, а толку површна..
     
    На WildMk, candy.cane, KateKane и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.687
    Допаѓања:
    25.268
    Пол:
    Женски
    Треба да напраат некој ред за седење и кај приватните автобуси многу се накрцани