Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Ang_ela

    Ang_ela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2019
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    1.179
    Пол:
    Женски
    Не потпишуваш дека си болен од корона, потпишуваш согласност да бидеш третиран како заболен од корона, а тоа е сосема различно. Не влегува пациентот во статистиката на заболени од корона, затоа и никој од неговото опкружување не оди во самоизолација. Тоа повеќе се однесува на протоколите околу потенцијалните заразени, првенствено изолација на пациентот, заштита на медицинскиот персонал и другите болни во институцијата, внимателноста со која треба да се вршат анализите. Не е ова само кај нас така. Статусот на потенцијален заболен завршува со негативен тест, освен во случаи каде пациентот има симптоми на корона, па се зема во обзир можноста за погрешен негативен тест.
    Многу дезинформации за жал се шират и од медицински лица што е страшно, болничари, сестри, па и доктори што го релативизираат вирусот.
     
    На rainbowmama, tinka-mace, LejlaD и 18 други им се допаѓа ова.
  2. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    Ова во Америка во Алабама барем нашата младина не е толку ретардирана како нив. Затоа и секој ден они имат +50000 новозаразени.
     
  3. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Седумнаесет можни вакцини против коронавирусот во моментов се тестираат на луѓе, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

    Од нив најмногу напредува клиничкото испитување на вакцината што ја разви британскиот Универзитет „Оксфорд“, соопшти организацијата на ОН на крајот од дводневната конференција за истражувања во врска со коронавирусот.

    Од СЗО велат дека остануваат оптимисти дури и ако тековните клинички истражувања не дадат плод.

    „Имаме широк спектар со четири различни видови вакцини“, рече Ана Марија Хенао Рестрепо, одговорна за истражувања и развој во Светската здравствена организација.

    Повеќе од 150 активни супстанци во моментов се анализираат во потрага по вакцина против вирусот.

    Вакцината АЗД1222 од Оксфорд е прва што влезе во третата фаза на клинички испитувања, што значи тестирање во големи размери на голем број луѓе за да се утврди дали вакцината е ефикасна и безбедна или дали предизвикува несакани ефекти.

    Пет супстанци се во втората фаза на клиничко истражување каде нивната ефикасност се изучува кај мал број пациенти за да се види дали воопшто имаат некакви ефекти.

    Во првата фаза, клиничките истражувања се спроведуваат на здрави лица за да се утврди нивната реакција на супстанцата која се тестира.

    Клинички испитувања на вакцини се во тек и во Германија, во компаниите BioNTech во Мајнц и во CureVac во Тибинген.

    Не е познато дали вакцината ќе биде достапна до крајот на годината, на што се надева главниот научник на СЗО, Сомја Сваминатан.

    Обично се потребни 10 до 15 години за да се развие вакцина, но глобалното ширење на вирусот ги натера научниците и фармацевтските компании да направат невидени напори за пронаоѓање вакцина.

    ©Makfax.com.mk
     
    На LejlaD, Dentina, Fifi84 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Директорката на Општа болница Куманово, Снежана Захариева, утрово на социјалните мрежи објави дека е позитивна на Ковид-19.

    „Како за добро утро, позитивен резултат од тестот за САРС-КоВ-2. Без маска само дома, 5 месеци работа-дома, но имунитетот попушти. Хроничниот стрес и премореноста си го направија своето. Чувајте се. Инаку, тестот го направив вчера на пладне, благодарност до МАНУ за брзиот резултат“, напиша таа.
     
    На tinka-mace, LejlaD, green.eyes и 4 други им се допаѓа ова.
  5. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.335
    Допаѓања:
    28.179
    Се шират невистини од медицински лица што воошто не ни работат со ковид. Важно све знаат. Не ги примале, не им давале терапија, ги умирале .
    Срамота.
    Поцркаа колегите нивни на работа , пола и поише заразени се, ама уште зборат прикаски без срам.
     
    На Doozy, M.B., Ivan4e04 и 18 други им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.309
    Во целиов хаос со пандемијата, ова е оној дел што ми влева надеж.
    Веднаш, сите научници во светот се обединија и несебично разменуваат информации за ковидот и се поврзано со него.
    Соработуваат и преку граници и независно од тоа на која компанија или институција припаѓаат.

    Доказ, колку сме помоќни ако сме обединети.
     
    На rainbowmama, tinka-mace, elenaxbbg и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Stache

    Stache Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    815
    Пол:
    Машки
    Дефинитивно, но научниците соработуваа и претходно само никој не им даваше никакво значење. Е сега, изненадување би било да почнат да соработуваат државите, ама слабо некако..
     
    На KuklickaSk и WildMk им се допаѓа ова.
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.977
    Немој, ќе се насолзам од толку сплотеност и убавини.
    Земјите се сплотуваат само ако имаат сопствена корист, сиромашните земји ќе се последна рупа на свирало.
     
    На oblace1, Ivan4e04, Bratot и 21 други им се допаѓа ова.
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.501
    Допаѓања:
    260.685
    Ама и од таа Инфективна им се муабетите.
    Дека е страшно е, ама зошто цело време излегуваат вакви муабети?
    А за спремноста на лекарите долволно знам колку не ги бива и не се замараат.
    Сама си ја буквално открив автоимуната, а за втората пак сама.
    Немаат доверба луѓето во здравството оти за жал сите имаме по некое лошо искуство.
     
    На lovestoneddd, LejlaD, KuklickaSk и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.002
    Допаѓања:
    164.563
    Јуле, не ја споредувај автоимуната. Конкретно твојата имам многу приказни читано од секаде по светот особено тешко ја откриваат кога симптомите не се изразени и не се типични, тоа не значи дека докторите секогаш не чинат. Ние имаме проблем со примарното здравство. И тоа голем. Иако и секаде во светот иста е ситуацијата државно наспроти приватно, читам искуства и блогови. Едните не те тестираат за да заштедат пари, другите те тестираат за са платиш и оп случајно че откријат нешто. За жал.

    Тврдам дека веза немаат трачевиве. Со чест на исклучоци и нека ми прости некој ако се навреди, ама кај нас медицинските сестри и болничари веза немаат, последниве години го издигнаа и нивното образование на ниво на факултет, ама тоа од претходно и што останале со средно медицинско, 90 посто се попикани само зошто се дефицитарни. Ништо повеќе. И еве, трачарат. Луѓето им веруваат, се олабавуваат и после имаме проблем. Умираат луѓе, за жал.

    Девојчено Ангела убаво објаснило погоре.
     
    На Annath, tinka-mace, Ang_ela и 8 други им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.309
    :rofl: Колку си цинична!
    Ќ'умрам! :rofl:

    Да, не се алтруисти, ама и инфото за пронајдоците, претходно беше сторго чувана тајна по корпорациите.
    Сега не е.
    Не ти изгледа ко чекор напред (налево-надесно.. не знам како глеаш ти)? :D
     
  12. Igle

    Igle Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.728
    Допаѓања:
    18.443
    Пол:
    Женски
    Дури и да има вакцина до крајот на годинава, тоа не ветува ништо. Масовно производство ќе треба веднаш да се органозира(ако тоа не го прават паралелно со изнаоѓањето).
    Последниве години, во тренд е антивакцина кампањата низ целиот свет, и половина популација условно нема да сака да се вакцинира. Ќе има и таквии кои обично вакцинираат, но со доза сомнеж ќе пристапат на вакцина спакувана за 9 месеци....
    Оние кои ќе сакаат да се вакцинираат..... ќе видиме дали ќе имаат можност, особено на земјите од третиот свет (во кои неофицијално не бројат и нас) којзнае кога ќе им биде масовно достапна истата....па каков ќе и е квалитетот итн итн
    Јас би рекла, да се работи на изнаоѓање ефективна терапија која вклучува третман, препарати што и да е, ќе е многу покорисно отколку вакцина....
     
    На lovestoneddd, LejlaD, GirlRose и 5 други им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.309
    Не мора сите да се вакцинираат.
    Битно е да има вакцина.
    Кој сака да ризикува, нека ризикува слободно.

    А дека треба време за да стигне до кај нас, треба.
    Прво треба да се направи масовно производство на истата, и секако, земјата каде што ќе ја откријат, прво нивните луѓе ќе ги снабди со вакцини... Другите ќе преговараат после.
     
    На tinka-mace, HaleemO, g8lQQk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.661
    Допаѓања:
    192.397
    Кое инфо за пронајдоци било тајна?
    Ако е пронајдок, тепачка е кој прв ќе го патентира за да го собере медот:)
    Затоа и се тепаат кој прв ќе најде вакцина. За малите земји, кому како ќе се падне. Само јас не би трчала по кинеската, штознам:?:
     
    На LejlaD и Dentina им се допаѓа ова.
  15. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.335
    За ова што го кажа поназад дека секој во болница излегува позитивен.
    Не знам дали слушаше на вести минатава недела.
    Семејство од Струмица немале никој заболен во близина. Женава ја скршила ногата, ја носат во болница и им прават тест за корона, испаѓа позитивна и цела фамилија мора во изолација со решение. Па луѓево молеле да се повтори зашто никој немал симптоми ниту познавале заболен во потесен круг. Прават брзо нов тест, оп негативен. Прават трет, оп и тој негативен. Па ајде чекале решението да се укине.
    Или за човекот чие дете имало потрес на мозок и по некој случај испаѓа позитивно на корона, без симптоми и контакт. И не сакал никој да дојде да го прегледа детето со потрес и недајбоже крварење да има.
    Жената што паднала од коњ иста ситуација беше.

    За овие првите од Струмица среќа се открило дека е згрешен тестот, намерно или ненамерно.

    Ај овие се обични луѓе што се искажале, не мора да значи дека е вистина.
    Ама знаеме за скандалот со градоначалникот на Куманово.
    Или некој кажа за постара жена што два три месеци буквално не излегла од дома да биде позитивна.
    Дали не внимаваат при спроведувањето на тестовите, еве не знам.

    А дури и да немаш симптоми, којзнае кој психички терор е да знаеш дека си позитивен и да се плашиш на кој си го пренел. Па да ти дојде некој и ти вика - уживај, грешен тест.
     
    На lovestoneddd, LejlaD, GirlRose и 3 други им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.309
    Не заебавај, ако напрај РНК секвенца(пример) некоја корпорација, туку-така немаше шанса да го предаде тоа знаење на друга која и' е конкуренција на пазарот.
    Затоа и индустриската шпионажа цвета.
     
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.661
    Допаѓања:
    192.397
    Нема да го предаде. Затоа го патентира:nod:.
    Незнам кој какви информации споделува денес, освен општи информации за цели да добијат дополнителни фондови. Стручни/профитни информации сигурно никој не споделува.
     
    Последна измена: 3 јули 2020
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.309
    КРИСП-от е веќе патентиран, шо ќе му патентират на секвенцта?
    Не ја произведоа тие

    Вакцината ќе ја патентират.
    Лек евентуално ако најдат.
     
  19. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.795
    Допаѓања:
    41.891
    Пол:
    Машки
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.016
    Излегуваат зашто конспирациите се поинтересни од реалноста.

    Никого не пишуваат со корона ако ја нема, никого не плаќаат за позитивен тест, и арно со скршена нога да примат некој, ќе го третираат како сомнителен се' додека не добијат негативен тест.

    А дека бујна фантазија имаат - имаат.

    Да, колеги мои не веруваат во корона.
    Ако е некој здр. работник не значи дека две чисти има.
     
    На tinka-mace, Ang_ela, LejlaD и 4 други им се допаѓа ова.