Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.189
    Допаѓања:
    27.427
    Мислеш дека решение е масовен, физички протест?
    Да, и јас сум против полициски и тие рестрикции. Да имаше петиција или нешто слично ќе учествував. Ама, да се мешам со 1000 луѓе- не, фала.
     
    На Ahoy, mkdvesna, Emilija97mk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.778
    Пол:
    Женски
    Пола од овие што се дерат, не знаат ни зашто се излезени (или па си идат со политичка позадина).
    Само слушајте што извикуваат „Косово је Србија!“.
    Во кој контекст и каква врска има тоа со епидемијава, останува знак прашалник.

    Па ај што излегле тие, туку и деца влечкале со нив.
    Без маски еден куп тука, урлаат ко во џунгла да се пуштени, полиција на влез нормално кога има такво понашање и деца незаштитени и вие на ова викате паметни биле.
    Едно е протест по улици на кој секако имаат право (иако и тоа не е за оправдување при ваква состојба), а друго е да упаѓаш во јавна институција ко говедо и да бараш никој да не те спречи.
    Далеку од здрав разум и поимање на нештата.
     
    Последна измена: 8 јули 2020
    На Mishela, GirlRose, Dentina и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Корнелија

    Корнелија Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    1.121
    Пол:
    Женски
    Вие шо мислите дека Србите сд луди, очигледно не следите шо се дешава во Америка :) Луѓето си ги знаат нивните права, и не потклекнуваат врз мејнстрим медиа. За жал кај нас народот многу лесно можи да се манипулира (и јас сум во тие) па имаше и такви шо сами бараа да им ја одземат слободата и да ги затворат дома во карантин ( боже ме сачувај)
     
    На lovestoneddd, No Makeup, Zaljubena26 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.189
    Допаѓања:
    27.427
    Бреј кај се најдовте вие најпаметните тука.
    Да бе. Во Италија најрпостаци живеат оти седеа поголем дел затворени 2 месеци. Таму изгледа најизманипулирани се.
    Ако толку сакате протести организирајте си. Имате си право за се.
     
    На Ahoy и elenaxbbg им се допаѓа ова.
  5. Корнелија

    Корнелија Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    1.121
    Пол:
    Женски
    Девојко во Италија немаше класичен карантин како во Македонија, свесна со за тоа?
     
  6. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.397
    Пол:
    Женски
    Да, немаше, во Италија не смееа да мрднат освен за на лекар или маркет и тоа строго контролирано, ти за тоа свесна си :)
     
    На Mery92, Mishela, Sejfullai и 8 други им се допаѓа ова.
  7. queen04

    queen04 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2019
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    785
    Ако сте толку воодушевени од протестите, зашто не организирате протест или марш за деца кои се убиваат по улици и се лежи 3 години, а за косата на Шеќеринска 4 години(не сум политички определена, ниту пак го пишувам ова со политичка наклонетост).

    Се буневте за карантини зашто во фалел витамин Д, али тој по кафичи и прослави не се фаќа. Таа е силата на државата не може тотален локдаун, не сме економски поткрепени. Институциите треба сите да се координирани.

    И позадината на сите овие протести не е корона верувајте.. Косово е Србија не се извикува заради полициски часови.
     
    На темјанушка, Ahoy, nevermet18 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.769
    Допаѓања:
    21.492
    Пол:
    Женски
    Ајде ние прости шо не сакаме да бидиме затворани ко овци во штала ради неспособноста на владата да ја менаџира ситуацијата. Ама вие шо самите барате да ве затворат пошто нели, малоумни сме сите и треба да чекаме на филипче и заев, вие какви сте?
     
    На lovestoneddd и NovusOrdoSeclorum им се допаѓа ова.
  9. Корнелија

    Корнелија Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    1.121
    Пол:
    Женски
    А ти свесна си дека ние ни тоа го немавме? Очигледно НЕ си (facepalm)
     
  10. queen04

    queen04 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2019
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    785
    Како се менаџира успешно? Владата да додели административец раце да им мие и маска да им става на луѓето. Или пак да им ги откажува прославите. Како еднаш не признаеме дека сме криви. Болниците се полни зашто Филипче ги канеше на мекици и ифтари, тој им кажуваше дека нема корона и дека пари зимаат за секој позитивен и умрен. Владата носи препораки и закони, а народот почитува. Во споротивно казни.

    Ајде ако знаете мерки нови за справување со корона пишете просвѐтлете не и нас овците...
     
    На Dentina, JuLleE, mkdvesna и 2 други им се допаѓа ова.
  11. queen04

    queen04 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2019
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    785
    Нашата економија со 6-7 затвореи викенди и полициски час од 19 часот едвај прекрца. Дај ве молам глејте ја целата слика,не само делови што ви одговараат за вашите ставови.
     
  12. Корнелија

    Корнелија Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    1.121
    Пол:
    Женски
    За жал, мерките на владата врска немаа. Затоа сме на ова дереџе. Прво, зошто не се забрани меѓуопштинско движење, како во секоја држава? После 19 часот короната беше на најјако пуштена или шо беше филмов? И плус за која економија зборуваме, кога Македонија нема економија 30 години, кој дојди укради ги парите, народот трпи глад, деца и болни умираат зошто немаме нормално здравство. Ако мислите дека ова е држава, и дека сите мерки беа ок, алал да ви е.
     
    На tinka-mace и tina2018 им се допаѓа ова.
  13. Afrodite¥

    Afrodite¥ Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2017
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    2.979
    Пол:
    Женски
    Абе седете си дома, затворете се, пратете што кажува Филипче-кога ќе добиете дозвола да живеете, а кога да се изолирате и стојте на страна од нас грешниците што мислиме дека власта манипулира со бројките.

    А, и многу ми е интересно како се смеете кога ќе прочитате дека давале пари за да се вбројат починати лица како починати од корона.
    Смејте се, другар ми пред 2 недели потпиша изјава дека дедо му, кој што почина од рак, е починат од корона. Медицинските лица му кажале ај бе и така не може да го вратите, вака барем пари да си земете.
    Вие уште не верувајте, а пред очи ви е.
     
    На Frosty!, christinnn, lovestoneddd и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Корнелија

    Корнелија Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    1.121
    Пол:
    Женски
    Епа кога ќе сфати овај народ дека лечењето преку мобилен одзема невини жртви (дете 7 години почина, зошто не го прима на болница и го лекуваа преку мобилен, плус посетил матичен сабајлето пред смртта) и кога ќе разбери дека медиумите се тука да пласираат невистина, тогаш ќе не биде. До тогаш, доживотен карантин за овај народ, малку е!
     
  15. Emilija97mk

    Emilija97mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    602
    Допаѓања:
    579
    Пол:
    Женски
    А за што се всушност протестите и немирите во Србија?
     
  16. NPN

    NPN Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2015
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    Против полициски викендов.
     
    На Emilija97mk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека епидемијата на коронавирус се забрзува и дека се појавуваат докази за пренесување на Kовид-19 преку воздух, откако 239 меѓународни експерти предупредија за ваквиот начин на заболување.

    „Признаваме дека се појавуваат докази во оваа област и затоа треба да бидеме отворени за таа можност и да ги разбереме импликациите“, рече Бенедета Алегранци, една од водечките фигури во СЗО на видеоконференција.

    „Можноста за пренесување на вирусот преку воздух на јавни места, особено ако се преполни, не може да се исклучи. Сепак, доказите мора да се соберат и толкуваат“, предупреди Алегранци, препорачувајќи ефикасна вентилација и проветрување на затворените простории и физичко растојание.

    „Тогаш кога тоа не е можно, препорачуваме да носите маска“, додаде Алегранци.

    Повеќе од 200 меѓународни научници ги повикаа СЗО и меѓународната медицинска заедница да ја признаат можноста дека вирусот се пренесува преку воздух во статија објавена во списанието Clinical Infectious Diseases на Оксфорд.

    СЗО веќе беше критикувана дека задоцнила со препораките за носење маски, а сега е обвинета и затоа што одбива да ги разгледа сè поголемиот број индикатори за пренесување на вирусот преку воздух.

    „Епидемијата се забрзува и сè уште не го достигнавме врвот на пандемијата“, предупреди генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

    „Се чини дека бројот на жртви се стабилизира на глобално ниво, а во реалноста некои држави постигнаа значителен напредок во намалувањето на смртноста, но во други бројот на починати се зголемува“, рече тој.

    ©Makfax.com.mk
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.786
    Допаѓања:
    176.352
    Пол:
    Женски
    Ако дојде 601 нормално нема да го вратат, ќе го превземе друг колега.
    Не е можно појќе од 600 пациенти месечно бидејќи помалку од 15 мин за преглед на пациент е навистина прекратко време. Каков преглед ќе му пружиш на тој човек?!:(
    Појќе од 30 пациенти дневно бива само ако сите се за препис на терапија.
    Ако се за преглед, е*ате прегледот што ќе го добијат:doh:

    Значи, во внатрешноста поголеми плати земаат:$
     
  19. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.337
    Допаѓања:
    28.179
    И во Шпанија исто.
     
    На Mantub и JuLleE им се допаѓа ова.
  20. magnolija09

    magnolija09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2020
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    860
    Пол:
    Женски
    e kako nisto neim daooa 40% na platata od tie kartickite i malku im e? ili ne e vo red zosto ne se pari? neznam koja imase komentirano,nisto ne bilo toa
    na luge i so 3000 den im bese od pomos ne pak 40% na doktorska plata ama tie ne razbiraat deka narodot edvaj vrzuva kraj so kraj

    neka mi gi dadat mene kartickite nisto ne bilo toa
     
    Последна измена: 8 јули 2020
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.