Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.759
    Допаѓања:
    172.999
    Пол:
    Женски
    FB_IMG_1584031908742.jpg

    Во склоп на муабетот гледам кружи по фб..
    Може ќе им текне на луѓево да го уклучат тоа копчето у глава и да им проработи свеста..
     
    На Ivan4e04, Lolipop23, Peperutce1115 и 23 други им се допаѓа ова.
  2. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.092
    Допаѓања:
    77.166
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20200312-171444.png Screenshot_20200312-171246.png

    Италија предупредува, Италија моли.
    Ама нема кој да разбере очигледно.
    И не, не се криви децата, криви се родителите што ги пуштаат од дома и им даваат пари за пијачки и искачанки.
    Приберете си ги дома децата, приберете се и вие дома, не бидете себични и несовесни.
    Сите имате двор или тераса. Не се умира од седење дома, ама од вирусот и те како може да се умре.
    Не дозволувајте да бидеме Италија.

    Се надевам само дека ќе затворат кафичи, игротеки и ресторани инаку маф ни е работата.
     
    На Ivan4e04, Lolipop23, Peperutce1115 и 35 други им се допаѓа ова.
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.015
    Допаѓања:
    81.354
    Пол:
    Женски
    Јас стварно не разбирам, до толку ли е дојдено нож до коска, па мора да се седи надвор по кафичи.
    Па напрај си кафе и седи на балкон, седи на прозор, не знам...

    Пензионериве го окупираа ЈСП, младите испоседнати на кафе, страшно. Ако не дај боже се прошири вирусов, друг ќе им биде крив. Срамота!
    Ми се чини дека следно ќе биде затварање на кафичи, ресторани, казина, кладилници. Оти народов не се разбира кога му кажуваш со убаво, па ќе мора ко шерифи, со забрани, казни и слични глупости. Да не ти се верува.
     
    На Ivan4e04, Lolipop23, Peperutce1115 и 36 други им се допаѓа ова.
  4. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    21.181
    Не неможам да дочитам што сте пишале сите,на броевите кои сте ги ставиле можам ли да пријавам лице кое е дојдено од Германија,а кое не планира да седи во изолација,туку ноншалантно ќе се врати на работа?
    На аеродром ја провериле,како што ја провериле,иако пробала да ги избегне,зошто нели,од кај баш таа ќе била заразена,немала ништо,па затоа и планира да си оди на работа.
    Можам ли да ја пријавам и дали ќе биде принудена да остане дома,или џабе?
     
    На Purplelilac, Nellie, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Hunger

    Hunger Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2020
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Женски

    Можеш. Пријави.
     
    На cresa-jagoda, Elaine и Chantal им се допаѓа ова.
  6. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    За надвор не е толку проблем.
    Додека не се гушкаат/бацуваат.
    Прееска бев на Вардар на саат време сонце да ме фати, игралиштето беше полно со деца баскер играа, и фудбал играа некои.
    Имаше и стари лица кои по 2-3ца собрани пешачеа, кои внуци шетаа, имаше и родители со деца од бебиња па до 3-4 год.
    На отворено и не е толку страшно освен ако не си дишеме у фаца.
    И вчера вечерта бев искочена.
    Пешки од дома идев еден километар да не идам со автобуси, седев надвор на клупа со уште 3ца (сите сме здрави фала богу).
    До друго маало пак пешки и тоа поише од километар идев.
    Пак надвор седев.
    И до дома пак пешки.
    Господ ме дал здрава права.
    Ако не е ладно навечер боље ќе седам на клупа саат-два да ме фати воздух место по кафичи, таман пари нема да фрлам.И пешки ќе си одам на еве вака мали дистанци.
    Завчера идев пешки од Зебра до Нерези во 1 саатот па никому ништо.
    тие што сте здрави и прави терајте пешки
    Прееска мислам 22ка беше (Од Вардар ја гледав) од старите, не сте свесни колку беше ПРЕПОЛНА.
    Како последен ден да е па мора со автобус..
    Не ми се веруваше.
    Над 50 души имаше сигурно
     
    На LejlaD, cresa-jagoda, emiliana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.759
    Допаѓања:
    172.999
    Пол:
    Женски
    Подобро седи на балкон или во двор ако го имаш :)
    Чисто превентивно, не знаеш кој седел на таа клупа пред тебе и дали бил 100% здрав :) видовме дека се задржува на површини некое време..

    Чисто добронамерен совет, да не ми земеш за зло :)
     
    На Peperutce1115, ku4ence, Purplelilac и 12 други им се допаѓа ова.
  8. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.971
    Допаѓања:
    219.548
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20200312-185411_Samsung Internet.jpg

    5113 заболени, 1016 мртви!!!
    Плус 188 за еден ден.
    Ломбардија, 8725 позитивни, од вчера до денес плус 1445 заболени, 744 мртви само во Ломардија, значи од денес плус127.

    Екстремно зголемен бројот на пациенти во болниците, болниците се борат со многу тешко.

    Ќе имаме до лето!!!

    Ова се зборови на надлежните на пресот.


    1258 оздравени и испуштени од болница, плус 213 од денес.
    Ама како што калкулирам има скоро жртви со оздравени на дневно ниво, вчера пак бројката на мртвите беше дупла за разлика од оздравени.

    4427 се во болница, бројката на денешниве случаи во болница изнесува 395, на интрнзивна нега се вкупно 605 лица, од вчера плус 45.

    Мерките ќе вродат со плод да се надеваме после една до две недели. Се уште завзема бројот на заболени од претходните недели кога беше се нормално.

    Фабриките протестираат, велат ни ставате нож под грло.
    Ситуацијава ескалира, секојдневно се повеќе.
     
    На ludoto19, senjorita-v, Ava.84 и 11 други им се допаѓа ова.
  9. Среќичка

    Среќичка Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2017
    Пораки:
    1.470
    Допаѓања:
    3.554
    Пол:
    Женски
    А кај можам да го пријавам ова. Трудна 19+ денес три пати ме враќаат и зафркаваат од болница во мојот град. Оди кај овој доктор па кај оној за на крај не можеме сега дојди утре. Значи буквално цел ден ми помина во шетање по болници и лабараторија... Да си пукнеш од мака е работава. Место одма да земат да завршат работа тие не се замараат.Дури ми е криво што во вторникот не си отидов на трансфузиологија во Скопје.
     
  10. BY<3

    BY<3 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    779
    Допаѓања:
    2.218
    Денес се смејат и се разонодуваат си го сфатија вирусов зафрканција, мислат обична настинка! Утре ќе плачат и рикаат ако ни се случат трагедии...
    Италија така на почетокот се зафркаваа...видете до кој степен стигнаа! Сега е касно кај нив за секакви мерки, ситуацијата излезе надвор од контрола.
    Македонија и така и така нема способност ни доволно респираторни апарати, само се надевам ќе се свестат со време и ќе седат дома сега, а не од кога ќе има жртви (Дај Боже да нема, ако имаме среќа) (facepalm)
     
    На Peperutce1115, ku4ence, Alishan30 и 6 други им се допаѓа ова.
  11. emiliana

    emiliana Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    3.527
    Допаѓања:
    41.997
    Пол:
    Женски
    Внимавајте и на отворено, вирусот опстојува на површини. Не знаете кој седел пред вас, се допрел, кивнал и сл. Јас сум само за во двор кој има или балкон.
    Мораме да издржиме некое време заради наше добро.
     
    На Peperutce1115, ku4ence, Purplelilac и 11 други им се допаѓа ова.
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Да, министерот на пресот рече "да".
     
    На cresa-jagoda, JuLleE и Tajnaotrovna им се допаѓа ова.
  13. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.684
    Допаѓања:
    35.580
    Пол:
    Женски
    Знам, те разбирам. Таквите, со полиција ко во Кина, да ги влечат по улици.
    Па на ФБ, кај отворив денес, мајки гордо изјавуваат дека ич не им е гајле за вирусот, они биле млади, здрави, децата нивни големки (9-10) не можеле дома да седат, штом не било критично за нив, слободно ќе ги пуштале со другарчињата. Во превод, ич не ми е гајле за ризичните категории, битно јас ќе се спасам. Е за ваквите :@
     
    На ku4ence, Purplelilac, SuperGirl24 и 6 други им се допаѓа ова.
  14. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Признавам, сликата со кафичов ми дојде малку... невкусна, да речам. :)
    Џабе се мерките ако свеста ја нема. И јас сум за да се издржи периодов, better safe than sorry.
    Официјално денеска ќе кажам браво за министерот. Омилен ми стана. :)

    Прошетките на отворено не мислам дека би биле проблем. Пак ќе кажам, зависи каде, како, со кого. :) Јас денот си го поминав на тераса, таман огреана од сонце цел ден, уживанција. И кафе најдобро сама си правам :)

    Гледам да се дистанцирам барем од социјалните мрежи деновиве, хаос е, секој си пишува што ќе му текне, не се знае ни кој пие ни кој плаќа.

    И цело време ми е во глава фактот дека паниката и стравот влијаат лошо на имунитетот.
    Освен тоа, кога е испаничен човек, не може да дејствува како што треба. Се кочи целосно и носи одлуки што се граничат со лудост.

    Пак ќе си повторам јас, претплазливост да, паника никако.
     
    На senjorita-v, KateKane, Love 83 и 8 други им се допаѓа ова.
  15. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.613
    Допаѓања:
    43.187
    Пол:
    Женски
    Абе само затворање му е мајката, онака нема разбирање до нив.Вајда сите спијат на тоа уво дека Франција, Германија и Шпанија имаат повеќе заболени а ништо не е затворено, па кај нас ли за 10 души да се крева паника.
    Моите колеги се без душа тука, со ум кај своите, колешката прееска се расплака, вика дома седат не смеат ниту да делат ништо ниту да се бакнат, не ги има видено со месеци и сега мислите и се само дали ќе преживеат, мајка и е со хронична болест. И таа самата вели, ѓубриња се, никој не почитуваат затоа до тука стасавме. Мада цел свет е вака, другарка ми во Минхен вика никаква паника не приметувам, луѓето абер си немаат се е пуно, така да не сме само ние.
    Не знам што да кажам стварно, на крај заслужуваме така сите да се испозаразиме па кој преживи причаче.
     
    На Peperutce1115, KateKane, Alishan30 и 7 други им се допаѓа ова.
  16. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.282
    Допаѓања:
    5.549
    Пол:
    Женски
    За жал и кај нас и покрај ова има некои кои не го сфаќаат серозно и викаат како ти било пишано.:worried:
     
    На LovelyGirl3, BY<3 и emiliana им се допаѓа ова.
  17. teaiva

    teaiva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    524
    КОРОНАВИРУС – КРАТКО ИНФО

    Ако ви тече носот и искашлувате кога имате настинка, не може да сте заразени од новиот вид на коронавирусна пневмонија, затоа што коронавирусната пневмонија е сува кашлица без течење на носот.
    Ова е наједноставниот начин за идентификација.
    Ве молиме, кажете им на пријателите дека доколку имаат повеќе медицинско знаење, ќе имаат и повисока свест за идентификација и превенција.
    Вирусот од Вухан не е отпорен на топлина и ќе биде убиен на температура од 26-27 степени. Затоа, пијте повеќе топла вода.
    Можете да им кажете на пријателите и роднините да пијат повеќе топла вода за да го спречат вирусот. Одете на сонце. Неодамна беше студено, а пиењето топла вода е исто така многу пријатно. Тоа не е лек но е добро за организмот. Пиењето топла вода е ефикасно за сите вируси.
    Обидете се да не пиете мраз, запомнете!
    Совети на докторот за коронавирусот:
    1. Тој е прилично голем во големина (ќелија та е со дијаметар од околу 400-500nm), така што секоја нормална маска (не само со карактеристика N95) треба да може да го филтрира. Меѓутоа, кога некој што е заразен кива пред вас, ќе бидат потребни околу 3 метри (околу 10 стапки) пред вирусот да падне на земја и повеќе да не е пренослив преку воздух.
    2. Кога вирусот ќе падне на метална површина, тој живее најмалку 12 часа. Па запомнете, ако дојдете во контакт со каква било метална површина, темелно измијте ги рацете со сапун.
    3. Вирусот може да остане активен на ткаенина 6-12 часа. Нормалниот детергент за перење би требало да го убие вирусот. Зимската облека, што не бара секојдневно перење, можете да ја излуфтирате на сонце за да го убиете вирусот.
    За симптомите на пневмонија предизвикани од коронавирус:
    1. Прво ќе го зарази грлото, така што во грлото ќе имате суво чувство на болка кое ќе трае 3 до 4 дена
    2. Тогаш вирусот ќе се вгнезди во носната течност, ќе се спушти во душникот и ќе влезе во белите дробови, предизвикувајќи пневмонија. Овој процес ќе трае од 5 до 6 дена.
    3. Со пневмонија, доаѓа до висока температура и отежнато дишење. Назалната конгестија не е како нормалната. Се чувствувате како да се давите во вода. Важно е да одите веднаш да побарате лекарска помош ако вака се чувствувате.
    За превенција:
    1. Најчестиот начин за зараза е да ги допирате нештата во јавност, затоа мора често да ги миете рацете. Вирусот може да живее на вашите раце 5-10 мин., но заразата може да се случи во тие 5-10 мин (може да ги истриете очите или несвесно да го истриете носот).
    2. Покрај честото миење на рацете, можете да правите и гаргара со бетадин за болното грко за да ги елиминирате или минимизирате бактериите додека тие сè уште се наоѓаат во грлото (пред да се спуштат до белите дробови).

    Затоа, внимавајте и пијте многу вода.

    Доц.д-р Методија Трајаноски,сци.мед.
    Специјалист по Социјална Медицина и Јавно Здравје и
    Специјалист по Применета Епидемиологија и Медицина Базирана на Докази

    Резохин како лек за превенција и лекување
    500мг дневно возрасен -10 дена
    250мг дневно за деца-10 дена
    https://panchugov.blogspot.com/2020/02/blog-post_26.html
     
  18. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.282
    Допаѓања:
    5.549
    Пол:
    Женски
    Ако се млади здрави, и ќе ги пуштеле со другарчињата, нека се држи настава само за нивните сосе другарчињата, а они здрави и орни назад на работа. Ставаат дамка на родителите кои доследно ја спроведуваат мерката.
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  19. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.684
    Допаѓања:
    35.580
    Пол:
    Женски
    Абе, колку арогантна беше госпожата :envy: прашува вирусов дали бил опасен за деца, и одговорија не, и тогаш паметнава вика: "Ич не ми чуе, ќе го пуштам детево со другарчињата, штом не е опасно за него” А тоа што тоа исто дете може да зарази некој кој спаѓа во ризичните категории, не е важно!
    Себичност, глупост, ароганција, простотилук!!!
     
    На ku4ence, SuperGirl24, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  20. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.500
    Пол:
    Женски
    Пишуваше дека овие информации се тотално неточни, особено делот за резохин и луѓето не смеат да земаат лекови на своја рака.
     
    На Elaine, Mantub и cresa-jagoda им се допаѓа ова.