1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.261
    Пол:
    Женски
    Неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 29 јуни до 5 јули 2020 година бележи намалување на бројот на новозаболени и починати, а зголемување на бројот на оздравени лица во споредба со претходната недела на известување.

    Во овој период направени се вкупно 8.422 тестирања, а регистрирани се 917 позитивни случаи на Ковид-19 што е за 186 случаи помалку од претходната недела. Во последните три недели бројот на новозаболени на неделно ниво бележи пад, како и процентот на позитивни случаи од тестирани. Во периодот од 29 јуни до 5 јули овој процент изнесува 10.9%.

    Регистрирани се случаи во 25 града при што најголем процент на новозаболени има во Скопје (45.9%) и во Тетово (10,3%). Во 17 града во земјата, за истиот период, бројот на новопотврдени случаи е под 20.

    Од новозаболените во овој период најголем процент се лица над 60 години 22,9%, потоа лица од 50-59 години – 19,8%, забележано е благо намалување во однос на претходниот период кај лица помеѓу 40–49 години и благо зглемување на процентот кај лица помеѓу 30-39 и 20-29 години. Најмал број на новозаболени има кај децата и тоа од 0-9 години – 3.1%, и од 10-19 години – 4.1% од вкупниот број на новозаболени.

    Од случаите во овој период кои се епидемиолошки истражени, хоспитализирани се 113 лица или 13,4% што претставува намалување за 4% во однос на претходната недела на известување, а кај 205 лица или кај 25% регистрирано е присуство на коморбидитети.

    Во периодот 29 јуни до 5 јули, регистрирани се 46 смртни случаи, што е 11 помалку од претходната недела на известување. Најголем дел од случаите се лица над 60 години, 67,4%. Кај 38 од смртните случаи (82,6%) регистрирани се претходни коморбидитети.

    Оздравени се водат 613 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е за 166 лица повеќе од претходната недела на известување (21-28 јуни). Ова е исто така важен и позитивен индикатор кој влијае на намалување на растот на активни случаи.

    Макфакс
     
    На DomD и Angie1432 им се допаѓа ова.
  2. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    Починал од ковид, и
    Позитивен на корона починал во сообраќајна несреќа не е исто.

    Неколку пати кажав - може да има статистика и за таквите случаи.
     
    На Sofi.ja, buba4e89, Bunny2 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.176
    Допаѓања:
    37.949
    Пол:
    Машки
    Тоа јасно, се сложувам, ама пола Дебар се зарази од погреб, вака барем ограничен им е бројот на присутни.

    Инаку ни мене не ми одговара да имаме најголема смртност.
     
    На candy.cane, oblace1, tinka-mace и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.176
    Допаѓања:
    18.817
    А кај се тогаш нејзините маж и родители да излезат јавно со резултати од биопсија и да си спремат една тужба против држава?
    Или што е проблемот? Вака ова не ми се свиѓа по форуми ние мало место се знаеме рекла казала не викам ништо дека лажеш или не ама не е убаво да се молчи
     
    На candy.cane и Anie93 им се допаѓа ова.
  5. Maslany

    Maslany Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2016
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    127
    Пол:
    Женски
    Другарка ми од Куманово ја знае родилата што почина, ми кажа уште тогаш дека свекор и, и свекрва и, и го донеле вирусот од странство, мислам дека рече и они починале. Не ми спомна дека причината за неа е сепса или нешто друго. Ама баш ќе ја прашам, можеби навистина е така.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  6. magnolija09

    magnolija09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2020
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    857
    Пол:
    Женски
    edna dobra vest ama dali i koga ke stigne kaj nas
    Израелски институт за биолошки истражувања објави антитело кое го неутрализира коронавирусот, дури и меѓу заразените.

    Израелскиот институт за биолошки истражувања (IIBR) и израелското Министерство за одбрана објавија дека е завршена фазата на развој на антитело што би било ефективно во неутрализирање на САРС-Ков-2, познато како коронавирус.

    Преку својот профил на Твитер, израелското Министерство за одбрана го потврди развојот на она што може да стане првиот противотров на ковид-19.

    Според субјектите, сега противотровот преминува од фазата на развој во фазата на прифаќање на фармацевтските компании, што ќе овозможи масовно да се произведува и комерцијализира.

    Научниот развој би бил направен на база на неколку протеини кои се штетни за човечкото тело и веќе е тестирано кај пациенти кои се ризични случаи на коронавирус.

    Израел тврди дека IIBR е првата институција што постигнала научен успех што ги исполнува сите три параметри:

    Прво, ново и рафинирано моноклонално антитело што содржи дефицит на штетни протеини. Второ, антителото може да го неутрализира коронавирусот и трето, антителото експлицитно било тестирано во агресивни случаи на коронавирус.

    [​IMG]
    Во меѓувреме, Владата на Израел најави целосно отстранување на ограничувањата за мобилност наметнати на граѓаните.
    https://vesti.mk/read/article/https://lider.com.mk/hronika/pochina-poznata-makedonska-novinarka/
     
    На Bunny2 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.176
    Допаѓања:
    37.949
    Пол:
    Машки
    Инаку, Жан Митрев ќе го споделат својот начин на лекување, т.е. хемофилтрација со светските научни портали како третман кој дава неверојатни резултати.
     
    На Angie1432, elenaxbbg, NPN и 2 други им се допаѓа ова.
  8. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Може пак да се воспостави протокол за погреб на заразено лице и да не е починато од корона. Да се води починато со Корона а не ОД. Само интереси се у прашање.
    Проблемот е во евиденцијата, затоа што создава искривена слика за вирусот и состојбата. Сам Караџовски рече дека добра половина од починатите не се починати од Корона. И вам тоа ви е ок. Неверојатно.
     
    На candy.cane, NovusOrdoSeclorum, jacqueline.s и 2 други им се допаѓа ова.
  9. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Треба да си луд во држава во која правото е мисловна именка да фрлаш пари за тужби и да се малтретираш по судови. Плус се тужиш со државата, пиши пропало одма.
     
    На No Makeup, tina2018, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.176
    Допаѓања:
    37.949
    Пол:
    Машки
    Реков дека не ми е ок тоа што изгледаме како најцрна земја на Балканов, скоро и во Европа.
    Сигурно дека е подобро да издадат така некој протокол, ама вака му е полесно |(. Иако јас сум за сите погреби да бидат со макс. 5 луѓе, во ова доба.
     
    На tina2018 и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  11. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.176
    Допаѓања:
    18.817
    Не си во право. Нека излезат јавно на тв и нека поднесат кривична не им треба пари за до толку. Битно народот нека дознае дека сме преваранти и дека не умрела од корона.. после понатака не мора тужба да поднесува ако нема пари за адвокати и сл... Језда се во несреќа ама ако е како што велиш заслужуваст оштета...
     
  12. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Нека бидат со само куќните, нормално и разбирливо е.
    Проблемот е што системот на ваков начин е исперен од секаква одговорност. Претходно, т.е лани кога имавме црн период, кога им испоумреа десетици родилки од сепса, сите прсти беа вперени кон докторите. Сега имаме неколку исто од Сепса, прстите се вперени кон корона. Нормално дека им е полесно вака.
     
    На NovusOrdoSeclorum, jacqueline.s, Bunny2 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.169
    Допаѓања:
    234.968
    Поточно со докторите. Една пресуда имаме за лекарска грешка. За докторот од Велес. Толку.
    И во светски рамки состојбата не е подобра. Магистрирав на темата. Многу добро знам што се случува.

    Инаку, ЕУ, Германија истражувале кои држави лажирале податоци. Хрватска, меѓу другите.
    Али кога зборувавме неколку членки, ќе ја тагнам @Lilit, беше смешно. Ама ете, сите држави се во исто г*омно, справувањето со вирусот ги погоди сите. Ама ете некои ликуваа дека само Македонија потфрли.
    Барем не кријат бројки.
     
    На candy.cane, oblace1, green.eyes и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.176
    Допаѓања:
    37.949
    Пол:
    Машки
    Имаш линк? Ако не ти е проблем. :)
     
  15. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.179
    Допаѓања:
    23.857
    друга е родилката со сепса не е таа од куманово
     
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Јас касно со вестите сум.
    За Србија да кажам очекувано беше ова, само неочекувано беше полицијата да биде насилна. :x
     
  17. dev08

    dev08 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2020
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    459
    Пол:
    Женски
  18. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.176
    Допаѓања:
    37.949
    Пол:
    Машки
    Во последните 24 часа се направени 1794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19 во:

    -Скопје 87
    -Куманово 7
    -Дебар 2
    -Штип 10
    -Прилеп 3
    -Тетово 16
    -Струга 8
    -Охрид 1
    -Кавадарци 1
    -Демир Хисар 1
    -Гостивар 8
    -Струмица 1
    -Кратово 1
    -Свети Николе 9
    -Кичево 3
    -Ресен 5

    Починати се 8 лица, шест пациенти од Скопје, еден од Дебар и еден пациент од Тетово.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 230 оздравени лица од:
    -Скопје 126
    -Куманово 31
    -Штип 11
    -Прилеп 1
    -Тетово 45
    -Велес 7
    -Кавадарци 1
    -Гостивар 1
    -Кочани 1
    -Свети Николе 2
    -Ресен 2
    -Неготино 2

    Досега во земјата се направени вкупно 71.220 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7406, бројката на оздравени пациенти е 3554, на починати е 359, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3493.
     
    На bicycle му/ѝ се допаѓа ова.
  19. bicycle

    bicycle Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    4.754
    Допаѓања:
    40.213
    Пол:
    Женски
    Ете, тестирањата се тие, бројките се тие.
    Поздрав до сите што мислеа дека ќе се кријат бројки и ќе се намалуваат тестирања пред изборите.
    Ние не сме Србите.
    Ме радува големата бројка на оздравени.
     
    На candy.cane, eli25, oblace1 и 17 други им се допаѓа ова.
  20. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.760
    Допаѓања:
    17.266
    Пол:
    Женски
    А дали кажуваат колку луѓе се хоспитализирани дневно? Мислам таа бројка најреално ја дава сликата. Едно време кажуваа колку што ми текнува.