Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Ништо не е 100%
    не постои без исклучок.
    Има бројни истражувања за филтрирање на крвта и како тоа го спречува ефектот на цитокинската бура, ама сметај дека тоа се употребува кај пациенти кои се во најтешка форма веќе, така да...
    100% не можам да знам ни дека здрава мислењево ќе го довршам, а не некој доктор да ти гарантира 100% за било што. Не постои тоа.
     
    На Dentina, LejlaD, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Не се разбравме. Работата е што, и да има починати кај Жан Митрев со методата, тие не се спомнуваат, а треба. Затоа што вака звучи дека они имаат откритие на векот. А има разлика во тоа да знаеш дека сите пациенти што се лекувале се здрави, и дека дел се, дел не успеале.
    Освен ако мислите дека е сосема во ред да се кријат тие податоци
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
  3. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Добро, разјаснивме дека во статистиката има и самоубици, со позитивен тест, што воопшто не ги прави заболени и умрени од ова. На страна тоа, стар муабет.
    Него, не мислев луѓево да земаат кредити, туку нашето здравство да се обиде да ја деприватизира конкретно таа метода, доколку покажува дека има некаква си (дури и да не е 100%) ефикасност.
     
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Има еден починат вчера кај Жан Митрев. Колку што знам, го кажаа.
    А за филтрирање на крвта и ублажување на цитокина бура со тие методи - има истражувања уште од април.
    Дека помага, тоа дефинитивно. Дека е 100% - ништо не е 100%. Не постои магичен еликсир.
    Ни од државните не видов дека објавуваат со која метода на лечење колку им умреле, не гледам зошто од приватна мора да го прави тоа. Кога веќе му дозволиле да лекува... И онака пред лечење секој си потпишува куп папирологија за да не одговара болницата/лекарот во случај да се случи нешто.
    Не знам дека некој потпишал до сега „100% здрав ќе излезам“ а знам луѓе од обична скршена нога што умреле.
     
    На Bratot, LejlaD и kolovoz им се допаѓа ова.
  5. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.673
    Пол:
    Женски
    Имаа пишано од клиниката на Жан Митрев дека ќе објават целосна студија за начинот на лечење, не само кај нас, туку и во странство. А реално, за толкав износ, мораат да објаснат детално колкави се шансите. Дали излечените досега се со тешка пневмонија, дали имаат излечено луѓе на кислородна подршка, дали имаат излечено некој што бил на респиратор.
    Јас по природа сум скептик, и за ова сум скептик најискрено, пошто кога се пари во игра се мати водата, мада сакам да ме демантираат и стварно да се докаже дека е успешна методата и за критични пациенти.
     
    На Dentina, Nausicaa, Bratot и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.668
    Допаѓања:
    192.491
    Кажува бе Кравче, си стои во текстот/ линкот што го ставив погоре:
    За жал, уште еден пациент почина вчера кој беше донесен на лекување од друга болница каде бил интубиран на респиратор повеќе од 10 дена и на кој немавме време да примениме никаков метод од нашето лекување.​

    Затоа прашав, на кој начин пациенти стигнуваат кај него, пошто пишува дека идат пациенти што биле болнички лекувани.
    Ако разбрав фино, они прават хемофилтрација на пациенти со индикација за респиратор, ама дека некого од респиратор опраиле не знам

    Кај нас на овој начин се третирани повеќе од 25 пациенти и повеќето од нив беа со индикација за вклучување на респиратор, но ние успеавме да го одбегнеме овој третман – нагласува д-р Жан Митрев.
    Само еден пациент моравме да го интубираме поради загрижувачки влошената состојба, но истот тој пациент кој 14 дена е на лекување кај нас, веќе од вчера е во фаза на подобрување
    .​

    Не да му праам реклама, чисто ме интересира кои се можни сценарија.
     
    На Spidy, lovestoneddd, LejlaD и 3 други им се допаѓа ова.
  7. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    Па постот ми е за 2те партии и 2те се исти само жално е што народот ги гласа истите цело време. Затоа здравството секогаш ќе ни биде какво е сега. Повеќе од докторите и мед.сестри заминаа за Германија и ќе заминуваат. Во цела Македонија имаме само 5 епидемиолози.
     
    На темјанушка, Bratot, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Затоа што во државна луѓето не плаќаат 15.000евра за ова, плус болнички трошоци. Транспарентност мислам дека заслужуваме.
    А за бројките дека и самоубијци запишуваат од корона, се согласувам. И веќе мислам дека ни е доста на сите од вакви вкупни застрашувачки бројки. Одамна требаше да се направи поделба на со и од корона. Сега веќе и не можеме, зафатен ни е министерот со кампањи, наместо пресови оди на митинзи и рекламира болници...

    @Biljarkata
    Уште еден? Колку биле значи вкупно?
    Немам ништо против клиникава, само се плашам од реклами за профит. Си размислувам да ми треба за близок не дај боже..
     
    На lovestoneddd, zhap4e, NovusOrdoSeclorum и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    Кој има 12000 евра за да се лечи на приватно со таа метода? Еве од Македонија(Освен политичарите и богатите тоа се 10-20%) да не случајно некој од нас на форумот би се лечел со неа. Затоа не се ни замарајте да дискутирате за тоа.
     
    На Mery92 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Мислам дека Жан Митрев го прават сето ова за долготрајна научна слава.
    Цело време имаат соработки со лаборатории, колку следам. И развој на тестови за корона кои би можеле самостојно дома да се прават, и декодирање на геномот, сега ова.
    Ќе биде истражување и за ефектите од ова лечење. Среќа, приватна клиника се. Имаат и време и финансии, затоа и си го наплаќаат третманот вака солено.
    Систина и скандалот со тестовите некако брзо е заборави :?: Едноставно, изгледа нашиве приватни клиники не мора никому да полагаат мерки. И тоа е...

    Забораваме дека во капитализам живееме и на некому апсолутно не му е проблем да ја извади таа сума, па шта буде нека буде. Тој секогаш ќе има предност и привилегија пред оној што треба кредит да земе за лекување. И на државна да е, пак така ќе биде.
     
    На candy.cane и Dentina им се допаѓа ова.
  11. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    10 дена бил интубиран на респиратор, умрел.
    Искрено се надевам дека многу брзо ќе дое денот кога респираторите ќе ја доживеат судбината на рајф машините, кои демек лечеле рак, а 90% умреле од пациентите.
    Него СЗО мафија, нема да се откаже толку лесно.
     
  12. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.673
    Пол:
    Женски
    Долготрајна научна слава, озбилно веруваш во ова?
    Пари, пари и само пари. Жално е, ама во државава никој не те есапи без пари. Да беше за афирмација на знаење и можности во клиниката, доброволно без надомест(или надомест за реални трошоци) ќе правеа ,,експеримент,, врз критични пациенти од клиника. Толку млади испоумреа. Може и подобра реклама ќе им беше, ако спасеа некој така. Вака, сумљиво до крај.
     
    На elenaxbbg и JuLleE им се допаѓа ова.
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Мислењето ми завршува со „Забораваме дека во капитализам живееме“
    Мислиш дека некоја од приватните клиники се подобри? Апсолутно се се врти околлу пари, не реков дека онаа „слава“ нема да им донесе пари, ама се работи за многу поголеми средства и подолготраен поглед од „ќе спасиме 25 луѓе од корона во Македонија“
     
    На Biljarkata и Dentina им се допаѓа ова.
  14. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    6.264
    Овие од Жан Митрев прават како топла вода да измислиле. Уште пред еден месец на CNN беше детално објаснат тој процес на чистење на крвта и внесување на кислород преку неа. Дека распираторот не помага зошто само прави притисок на дробовите кои се веќе уништени. Ама кај нас кој гледа CNN па Жан Митрев може да си прави сензација од тоа дека излечиле човек кој имал 38 тт и благи симптоми.
     
    На Bunny2, H.VAGA, lovestoneddd и 5 други им се допаѓа ова.
  15. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Јас коментарот на Кравче повеќе го гледам во насока на муабетот на претходна страна...ако е успешна методата и луѓе се спасуваат, чак и критични со куп други претходни болести, да се субвенционира и да се примени пошироко. За такво нешто, се слагам, треба прво да има одреден тест-период во кој ќе имаат стварно добар успех во проценти на излечени критични случаи и подетална студија кога функционира, кога не.. За во државно како ги лечат..ваљда се методи по препорака на СЗО кое па препорачува по претходни студии на применети методи од други држави.
     
    На LejlaD, candy.cane, Bezimenka90 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Има веќе објавени студии еден куп жабо
    https://www.google.com/search?q=hemofiltration coronavirus&rlz=1C1PRFI_enHR895HR896&oq=hemo&aqs=chrome.0.69i59j69i57j35i39j0l4j69i61.1335j0j4&sourceid=chrome&ie=UTF-8
    И филтри 3-4 врсти нови развиени и одобрено од FDA во Америка за лекување, и се по ред.
    Се сложувам дека Жан Митрев не измислиле топла вода, само кај не се збори за напредокот при проучувањето на вирусот, уште е вирусот „нов и непознат“.

    Мене ме интересира со озонската терапија нашите на државно што направија :?:
     
    На Bezimenka90, Ahoy, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.453
    Пол:
    Машки
    Македонија не е држава. Македонија е само територија. За да бидеш држава треба да имаш функционален систем, институции, правна држава итн. Ние немаме ништо од тоа.
     
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.668
    Допаѓања:
    192.491
    Двајца наводно, заклучно со овој, 25 излечиле. Е сега во каква состојба биле тие 25 е прашање...
     
    На LejlaD и kravce им се допаѓа ова.
  19. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.948
    Допаѓања:
    53.222
    Пол:
    Машки
    Ко што прочитав 25 пациенти у тешка состојба. Ама што знам, ако толку е ефикасен методов ќе стане универзален лек против корона а не да умираат луѓе а лекарите го "имаат" лекот.
     
    На LejlaD, Schkolska, elenaxbbg и 2 други им се допаѓа ова.
  20. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    И на инфективна и во другите ковид центри има излечено многу народ кој можеби стигнал до респиратор, ама се извлекол. Не можеме да ги занемариме и тие бројки. Всушност идеална статистика би имале, кога ќе ги издвојат тие со корона и тие од корона што починале. Вака сме за нигде.
     
    На LejlaD, candy.cane, zhap4e и 2 други им се допаѓа ова.