Хм неразумна постапка што ги загрозува нив и сите нас, ќе ги примаат во штипското инфективно, си го видела? Не верувам дека е подобро од тамошните болници. Плус патувајќи се изложиле на зараза и да биле здрави.
Дурмо турс, хисар, радика, руле се само некои од турски и албански автобуси конкретно од местре а местре веќе има заболени Еве некои линкови од вчера и денес Погледнете https://mattinopadova.gelocal.it/re...6Tb29I9o_w7Hv6H8VZgdUdHN82t1Z1Ba723bRMaPgGBBM https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2501897230076162&id=1501552800110615 http://www.ansa.it/canale_saluteebe...ia-_cd6f6294-4a0d-4645-b087-6cc2049ecfff.html https://www.google.com/amp/s/www.re...02/25/news/coronavirus_toscana-249520102/amp/ За ова што пишував, од 100 заразени, 80 се дома со благи симптоми што поминуваат сами од себе односно оздравуваат, 15 луѓе имаат сериозни проблеми но под медицински надзор хоспитализирани се излекуваат успешно, и овде се другите 5 кои што се стари и изнемоштени луѓе по што умираат. Првиот линк е од вчера за тука кај мене ситуавијата , вториот е за ситуацијата односно месторо кадоњо каде што се под карантин третото и четветото се линкови од статистики.
Факт е дека нашата држава не е спремна за никаков вирус. Сите знаеме какви услови имаме во здравството. И веројатно се крена паниката, баш поради тоа што знаеја колку автобуси и авиони слободно си влегуваат во земјава овие два дена. Затоа што не знаат како да контролираат и спречат. Кај нас секогаш откако ќе се случи нештото, после се преземаат мерки. Читам итни апели за средства за дезинфекција и слично. Абре тоа во секое време треба да има. Најверојатно ќе дојде вирусот и кај нас ама да се надеваме дека брзо ќе помине идека ќе се справат добро. @vitamina поддршка до вас, колку што разбеав од твоиве постови,значи не е нешто до толку опасно, освен за стари и хронично болни така ?
Како што се сакати овие наши неписмењаци од доктори и докторки (со искучок на оние кои што навистина се труделе да станат доктори/ки) ме фаќа страв богами да не се испозаразам со тој вирус...
Не реков ниту дека е разумна постапка, ниту дека тука ќе има подобри услови за лечење. Не знам зошто не читате за да ја увидите поентата на мислењето пред да цитирате.
А извинете ама кажете што очекувавте вие? Прво во 21 век со морбили не можевме да се справиме, а со ова... Уште стојам зад тоа дека вирусот нема лесно да се прошири, ама сигурно од 2 полни авиона 1 ќе се најде заразен и тука сите ќе почнат да паничат ама ние таков народ сме ама во ред Исто јас мислам дека за тие што дојдоа требало да се направи проверка, а не така да си влезат.
Дезинформација ли беше тоа дека наводно во Србија имало двајца сомнителни со вирусов? Не знам кај ми испадна сабајле, не дочитав. Ама не знам ни кај да се информирам на порталиве. Кај читате вие, луѓе? Општо вака, ве молам дајте некој проверен извор што не сервира "шокантни наслови" со куп глупости од рекла-казала. Мене искрено многу повеќе паника ме фати вака од скролање по фб, само некои теории на заговор, а што убаво си бев смирена.
Сакам да кажам дека не можам да разберам некој колку и да е у паника со цел памет да се качи у автобус или авион и да оди у Македонија. Работава не оди на добро, се плашам дека веќе има кај нас.
Тоа то го мослиш ама верувај сите мослат дека се здрави и доаѓаат а и сите од нив се дојдени зашто се плашат за себе, своите деца итн. верувај дека повеќето од овие кој велат дека тоа не би го направиле ќе го направат секој од нас е храбар додека не му се случи истото.Секој го прави тоа што мисли дека е најдобро во овој случај да побегнат за да се заштитат.
Ама зар не се плашат дека ќе се заразат, па автобуси и авиони се добитна за ширење зараза, ако мислам дека сум здрава ќе одам да се тупнам со 100 луѓе.
А тек колку од нив се враќаат дома, кај своите деца, партнер,родители.. Нејќам да судам ама бар да имаат подлегнато на некои тестови да се осигураат дека не се носители, па после врати се дома. Ич не мора да ти е гајле за општеството, туку за домашните. Сепак со нив делиш ист дом.
Постои помала шанса дека ќе се заразат во авион отколку ако останат таму А мислиш дека ке дојде ако е заразен половина од луѓето не се ни свесни затоа што првите симптоми се јавуваат по 14 дена и ретко кој ќе открие во тие 14 дена Секој мисли сигурно јас не сум заразен затоа што не чувствува симптоми, и јас велам да се прават тестови ама во такви ситуации не секој размислува разумно
Еден поздрав до другарка ми @WildMk. Во врска со твоите неверување дека корона вирусот не бил западна измишљотина, еве нешто што проф. Ванковска го сподели на Фб. Се работи за книга, трилер-новела, издадена далечната 1981год чиј автор е американецот Dean Knootz. Чисто да видиш дека не е се теорија на заговор туку дека постоело во главата на нечии луѓе пред многу многу години. Случајност или не? Поздрав
Леле! Книга имало што во 81ва предвидела нешто во 2020та. Дај нека прочачка Ванковска по тоа списите на Нострадамус и Баба Ванѓа Ми го срами името... Кокошка
Абе кај нас се теорија на заговори. @Роберт 7 има илјадници книги што вакви работи предвиделе, а и серии пример Симпсонови така мислам нас А исто така од книгата до реалноста има голема разлика Од корона стапката на смртност е 0,2% а од вирусот во книгата е 100% смртност и уште многу разлики...