Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.016
    Допаѓања:
    81.357
    Пол:
    Женски
    Еве ова, сликава нека им се врти во глава на сите кои викаат "абе ништо не ми е, место не ме фаќа, само да се раздвижам малкуцка"....од Лисиче до Влае пеш два пати на ден.
    FB_IMG_1584043151130.jpg
     
    На Ivan4e04, MysteriousQueen, Peperutce1115 и 35 други им се допаѓа ова.
  2. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.218
    Допаѓања:
    181.526
    Пол:
    Женски
    Луѓево се однесуваат ко да немаат постари родители, баби, дедовци, пријатели итн. Повеќе е жалосно, отколку страшно :(
     
    На MysteriousQueen, Love 83, ku4ence и 24 други им се допаѓа ова.
  3. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    И мене ме интересира истото.
     
  4. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.366
    Пол:
    Женски
    Уште никој не сфаќа сериозно, посебно во внатрешноста на МК. Луѓето се дружат многу многу повеќе отколку во Скопје.А тоа дека не сме сите исти , доволен податок е дека во институција гел за дезинфекции слабо се празни од што никој не го користи.
     
    На Angie1432 и темјанушка им се допаѓа ова.
  5. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.625
    Пол:
    Женски
    Го мразам ова однесување на 'МИ СЕ МОЖЕ' од страна на поедини локали и фирми.
    Вртев на два броја инспекциски не се јавуваат, ве молам ако знаете број што е во функција пуштете ми го.
     
    На KateKane, cresa-jagoda, Elaine и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Sejfullai

    Sejfullai Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2019
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    14.788
    Пол:
    Женски
    3D230EBF-1BBD-4D4F-9B8D-ED2B38378744.jpeg
     
    На Ivan4e04, Peperutce1115, Love 83 и 22 други им се допаѓа ова.
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.016
    Допаѓања:
    81.357
    Пол:
    Женски
    Не кажале некој број специјално за пријавување на овие господата што не го почитуваат работното време до 18 часот, а би требало да има нешто вакво.

    Меѓутоа, пробајте да пријавите во полиција. Јас така направив, баш пишав во другата тема пред малку.
     
    На cresa-jagoda, Elaine, Nigredo Odor и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Demiii

    Demiii Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2020
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    541
    Пол:
    Машки
    Рaзгoвaрaв сo еден пoзнaник денес нa oвaa темa, ми oдгoвoри кaкo не мислел декa ќе дoнесе грип дoмa и сегa истo билo. Акo билo дa не зaрaзи никoј немaлo ни пoрaнo дa се дружи нaдвoр.
     
  9. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.625
    Пол:
    Женски
    Што одговор доби од нив Мишелке?
    Јас знам дека ако пријавам во полиција џабе ќе е, пошто како пипци се фатени со овие што се уште отворени.
    Затоа барам број од инспекција
     
  10. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    21.181
    Се јавив на броевите,требало во полиција да се пријави.
    Во полиција ако пријавам,пријавата не верувам да биде анонимна,а и ако имаат врски,џабе ќе е.

    Баш ме нервира,денеска се вратила од Германија
     
  11. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Баш ме израдува со ова. Ќе пријавам
     
    На cresa-jagoda и Mishela им се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.119
    Допаѓања:
    67.124
    Пол:
    Женски
    Ве замолувам да не пишувате теории на заговор во темава, и така е многу обемна, нема потреба да се оптеретува и со такви мислења, исто така тука спаѓаат и постови поврзани со политика, има друг подфорум за тоа.
    И само пријавувајте такви мислења, нема потреба да реплицирате. Внимателно ја читам темава, но доста брзо се одвива, па се случува да ми промкне пост, помагате со пријавувањето. :)
    Нема телефонски број, само кликнете на копчето Пријави под постот.
     
    На Ivan4e04, smile:), ku4ence и 14 други им се допаѓа ова.
  13. Demiii

    Demiii Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2020
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    541
    Пол:
    Машки
    Рaбoтaт лoкaлите пoлнo е луѓе oвa гo кaжувaм зa внатрешноста и мнoгу луѓе имa пo улиците.
     
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.016
    Допаѓања:
    81.357
    Пол:
    Женски
    За чудо се разбравме. Не познавам никој инаку, или имав среќа или биле на арните денеска.
    Малку бев опнат пиштол, ама стварно им го собирам два дена на овие.
    Ми кажаа ќе прателе некој на терен и вистина пратија кола и се разбраа изгледа, затвори локалот, луѓето заминаа.
     
    На cresa-jagoda, Elaine, dayla и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.625
    Пол:
    Женски
    Се трудат ама имаат пропусти бајаги.
    На аеродромите има контрола да, ама што е со граничните премини ?
    Знам за мини комбе стасано денес кај нас, од Белгија.
    Никаква контрола, никаков прашалник.
     
    На Mishela и Sejfullai им се допаѓа ова.
  16. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Дајте престанете со тоа пијте топла вода за да го уништите вирусот. Постариве не ме чуди во ова да веруваат, ама вие бре? :fubar:
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.685
    Допаѓања:
    35.582
    Пол:
    Женски
    Ти пријави, биди упорна, мислам дека е анонимно.
     
    На cresa-jagoda и Purplelilac им се допаѓа ова.
  18. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.339
    Допаѓања:
    170.924
    Пол:
    Женски
    Кај нас казината ќе си работат цела ноќ.
    Си се рекламираат плус.
    Мува не ги лази.
    Нема да не биде!
     

    Прикачени фајлови:

    На cresa-jagoda, LejlaD и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  19. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.971
    Допаѓања:
    219.548
    Пол:
    Женски
    https://video.mattinopadova.gelocal...XuzA5ODjC9idWpBaVYp0iVPJtQe-SuFgj4RtTlO73OQyM

    Видео од камионите ид Италија за Австрија кај Бренеро.
    Комплетна блокада дури и на транзитот со трговија.

    Го копирав тука текстот.

    Македонка во Милано: Учете од нашите грешки, здравствениот систем на Милано е еден од најдобрите во светот, но нема место за сите во болниците
    Здраво на сите,
    Првенствено фала на сите мои пријатели кои ми пишаа и сакаа да се информираат како е ситуацијата во Милано!
    Да, живеам во Италија – Милано,
    и затоа се решив да споделам со вас како се одвива животот овде во овие тешки денови и како мислам дека треба и мора да научите од грешките.
    Во моментов сме во карантин.
    Не може да се излегува на улица,
    Ако излезеш без валидна причина Полицијата може да те казни!
    Сè е затворено!
    Бизнис, Трговски центри, Продавници,
    Сите улици без жива душа,
    Чувството е како да дошол крајот на светот!
    Италија, а Милано посебно секогаш бил симбол за добриот живот и тој живот се претвора од момент во момент, во едно темно место….место на војна!
    Тоа е реалност која никогаш не сум помислила дека ќе ја доживеам пак после 90-тите години со распаѓање на Југославија.
    Луѓето се збунети, тажни, вознемирени, беспомошни и претежно не разбираат како оваа реалност била присилена врз нив и кога ќе заврши целиот овој кошмар.
    Голема грешка беше тоа што, на почетокот сите постираа статистики да покажат дека вирусот е полесен него еден обичен грип, и луѓето продолжија да ги водат своите животи како и обично и работеа од дома, а всушност сите беа на улици, уживајќи го убавото време и чувствувајќи го моментот како еден вид на одмор, собири по паркови, гледање со пријатели, големи фамилијарни собири. Сите згрешија па дури и јас!
    Ве молам, внимавајте ова не е шега.
    Заштитете ги вашите најблиски, родителите, бабите и дедовците!
    Болеста е опасна за нив.
    Тие умираат! Бројката дневно овде е дека губиме по 200 луѓе, а 2000 нови случаеви се регистрирани.
    Не дека здравствениот систем во Милано не е добар (тој е еден од најдобрите во светот), но зошто умираат?! Затоа што нема место за секого во болниците!
    Лекарите избираат кој ќе умре!
    И тоа само заради несериозноста на граѓаните, и нашата свест и одговорност кон самите нас и цивилното општество!

    Ве молам, ве молам научете од грешките, ние сме мала земја која може да заврши во голема трагедија. Доволно ја сакате да ја заштите!

    Слушајте ги упатствата на Министерството за здравство
    (Не е момент за препукувања но сложност и обединет пат – непријателот е еден вирусот)
    Бидете на дистанца од еден метар на секоја личност.
    Не се приближувајте, не се гушкајте и бакнувајте.
    Помогнете им на експертите да го спречат ширењето [​IMG]
    Во Италија целата земја е во карантин
    60 милиони луѓе се во карантин !!
    Ова можеше да се спречи доколку од почетокот се слушаа упатствата
    Грижете се за вас и животот на вашите сакани!
    Ви праќам еден цртеж кој моите деца го направија за една кампања која оди низ цела Италија со слоган СЕ ЌЕ БИДЕ ВО РЕД! И така и ќе биде доколку сите седиме ДОМА!



    Мошне добро менаџираш со темава и тоа е за пофалба, имам една замерка а тоа се безбројните офф топици и четувања, некако не успеваме да се задржеме на важните работи околу темава :).
     
    На Ivan4e04, Peperutce1115, L.i.n.a.a и 13 други им се допаѓа ова.
  20. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.625
    Пол:
    Женски
    И кај нас.
    А знаеме сите дека нај шлајм од луѓе иде таму.

    Не ли смеат да ги чепкаат што ли е работава ?
     
    На KateKane, cresa-jagoda, Elaine и 1 друга личност им се допаѓа ова.