Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Министерството за здравство информира дека Институтот за јавно здравје денес го објави неделниот извештај за периодот од 6 до 12 јули 2020 година, кој што покажува значително зголемување на бројот на оздравени лица, а намалување на бројот на починати во споредба со претходната недела.

    Во периодот 6-12 јули регистриран е рекорден број на оздравени лица – 1017 кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е за 404 лица или 40% повеќе од претходната недела на известување (29 јуни – 5 јули).

    Изминатите три недели бројот на оздравени лица расте за околу 40% на неделно ниво. Ова е важен и позитивен индикатор кој влијае на намалување на бројот на активни случаи.

    Во дадениот период направени се вкупно 9995 тестирања (1573 повеќе од периодот 29 јуни – 5 јули) и регистрирани се 1073 позитивни случаи на Ковид-19 што е за 156 случаи повеќе од претходната недела. Споредбено, процентот на позитивни од тестирани случаи е благо намален, 10,7% позитивни од тестирани за периодот 6-12 јули, наспроти 10,9% за претходната недела. Во последните четири недели процентот на позитивни случаи од тестирани на неделно ниво бележи пад.

    Новозаболени се регистрирани во 26 града при што најголем процент на новозаболени има во Скопје (42.3%) и во Тетово (8,9%). Во 16 града во земјата, за истиот период, бројот на новопотврдени случаи е под 20.

    Од новозаболените во овој период најголем процент се лица над 60 години 22,8%, поголем број новозаболени се регистрира кај лица помеѓу 30-39 – 20,1%, потоа кај лица од 50-59 години – 19,3% и помеѓу 40–49 години – 18,8%. Најмал број на новозаболени има кај децата и тоа 0-9 години – 3.7%, и од 10-19 години – 3,3 % од вкупниот број на новозаболени.

    Од случаите кои се епидемиолошки истражени, хоспитализирани се 114 лица или 11,5 % што претставува намалување за 2% во однос на претходната недела на известување, а кај 270 лица или кај 27,2% регистрирано е присуство на коморбидитети, што е за 2% повеќе од претходната недела.

    Од вкупниот број на епидемиолошки истражените новозаболени 42,6% имале контакт со потврден случај на Ковид-19, а 22 лица имале историја за патување во странство во минатите 14 дена.

    Во периодот 6 до 12 јули, регистрирани се 36 смртни случаи, што е 10 помалку смртни случаи од претходниот период. Најголем дел од случаите се лица над 60 години, 69,4%. 35 од случаите се починати во болнички услови, а 1 вон болнички. Кај 29 од смртните случаи (80,6%) регистрирани се претходни коморбидитети. Во последните три недели константно се намалува бројот на смртни исходи на Ковид-19.

    На 12 јули 2020 година, според извештаите од болниците КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, ИБЗД Козле, Клинички болници Битола и Штип, Општи болници Прилеп, Куманово, Велес, Струмица и Гостивар, хоспитализирани биле 350 лица позитивни на Ковид-19, од кои 118 се на кислородна поддршка, а 4 на механичка вентилација.
     
    На JuLleE, g8lQQk, magnolija09 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.265
    Пол:
    Женски
    Светот во догледна иднина нема да се врати во некогашната нормала, оцени Светската здравствена организација (СЗО), еден ден по рекордните 230.000 нови случаи на коронавирус во светот.

    „Вирусот останува јавен непријател број еден, но постапките на многу влади и луѓе не го рефлектираат тоа“, изјави за медиумите генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, додавајќи дека „премногу земји одат во погрешна насока“. Затоа смета дека „нема враќање во поранешната нормала во блиска иднина“.

    Додека многу земји, особено во Европа и Азија, ја ставаат епидемијата под контрола, како што посочи, премногу други земји гледаат како вирусот се движи во погрешна насока. Тедрос ги критикуваше политичките водачи за различни пораки за епидемијата, што ја намалува довербата, но не именуваше ниту еден.

    Тој ги повика земјите да усвојат сеопфатна стратегија за борба со голем број заразени во голем број земји, истакнувајќи дека околу половина од сите нови случаи сега доаѓаат од Америка. Тедрос рече дека е направена мапа на пандемијата и дека никогаш не било доцна да се контролира нејзиното ширење дури и на места со експлозивен пренос.

    ©Makfax.com.mk
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    18.010
    Допаѓања:
    123.963
    Пол:
    Женски
    Ступидната сзо и нејзините оцени :inlove:
    Кјут
     
    На Konfetka, Bunny2, zhap4e и 9 други им се допаѓа ова.
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.944
    Светот има време Тедрос да го чека :D
     
    На zhap4e, fana и JuLleE им се допаѓа ова.
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.972
    Допаѓања:
    265.896
    Леле СЗО, пародија станаа. Дали некој ги смета веќе за релевантни?
     
    На Konfetka, zhap4e, LejlaD и 3 други им се допаѓа ова.
  6. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.265
    Пол:
    Женски
    За само 5 дена, еден милион заразени во светот. Машала !
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. queen04

    queen04 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2019
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    785
    Не е битно дали има решение или не. Била во контакт со заразен и плус тестирање има. Не знам дали е според нејзина желба, но ако не е тогаш има индикации да е позитивна. Затоа што сите контакти не ги тестираат. Во секој случај треба да работи нејзината совест и да се изолира. Дали вреди плата повеќе од предизвикување компликации кај колеги и пријатели. На крај со закон е регулирано дека додека се чека тест мора да си изолиран. А во случај да не и даваат слободен ден додека не и дојдат резултатите, постои инспекција.
     
    На Cosmic Girl, Spidy, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.972
    Допаѓања:
    265.896
    Не смееш да излегуваш додека чекаш резултати. Претходно не, еве јас сум без решение. И можам слободно да шетам.
    Ова воопшто не ми се допаѓа.
    Оставено е на совест, а гледаме колку сме совесни.
     
    На noteforself, LejlaD, elenaxbbg и 6 други им се допаѓа ова.
  9. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.984
    Пол:
    Женски
    Не знам како некои членки може да се толку без совест и без емпатија.
    Да сум била јас во контакт со позитивна личност, нема да сакам исто веце да делам до друг човек не па да одам на работа и да сум ризик за многу други.

    Ќе се вртиме во круг - дали затоа што надлежните си имаат други поважни работи, дали затоа што народов уво го боли за некој друг..
     
    На Ivan4e04, noteforself, Martka и 11 други им се допаѓа ова.
  10. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.403
    Допаѓања:
    28.418
    Кој кажа дека е нормално да умираат 24 годишни? И за кого е смртта само статистика? За мене сигурно не е.
    А за тие кои короната ја едначат со грип не знам баш.
     
    На tinka-mace, LejlaD, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  11. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.403
    Допаѓања:
    28.418
    Уште еден неверни Тома станал покојни Тома..
     
    На buba4e89 и Ahoy им се допаѓа ова.
  12. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Вечер.мк дознава дека Насер Зибери, кандидатот на ДУИ за премиер на Македонија е позитивен на коронавирус. Засега е непознато каде се заразил.
     
    На Stache му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Igle

    Igle Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.728
    Допаѓања:
    18.443
    Пол:
    Женски
    Кластер избори, реди ту старт?

    А мислев, можеме подобро:rofl:

    П.с гледам починати на инфективна нема последно време, на ГОБ 8ми септ се скоро сите, дали ваму ги третираат по болните или инфективна знаат што прават и прават подобро?
     
    На zhap4e, LejlaD, KuklickaSk и 3 други им се допаѓа ова.
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.944
    Не треба да работи нејзината СОВЕСТ.
    Треба нејзиниот работодавец да добие наредба да таа биде во самоизолација.
    И да, дали вреди плата плус, или работно место... Мислам, дали сте работеле барем ден во животот или сте се издржавале сами? Како можете да кажете вреди ли плата плус? Некому е таа плата еден единствен начин да ПРЕЖИВЕЕ. Вие не сте нормални...
     
    На jacqueline.s, orevokrsacka, zhap4e и 9 други им се допаѓа ова.
  15. queen04

    queen04 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2019
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    785
    Многу рано почна кластерот, барем избори да завршеа...
     
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.944
    Најтешките случаи се примаат само во ГОБ 8ми Септември.
     
    На Igle му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Трагикомедија (facepalm)

    А овие што можат подобро си поминаа по редот пред некоја недела, кога беше :rofl:
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  18. queen04

    queen04 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2019
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    785
    Да сум работела. Според која логика треба да оди на работа. Видовме до сега тие што не се изолираат само го шират вирусот. Јас го разбирам економскиот фактор, но во тие моменти поважни се здравјето сопствено и на околината...

    Да работи некој на твое работно место би го оставила и не би му сугерирала да се изолира?
     
    На tinka-mace, nextredstyle и candy.cane им се допаѓа ова.
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.944
    Не го разбираш економскиот фактор.
     
    На Stache и fana им се допаѓа ова.
  20. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.984
    Пол:
    Женски
    Економијата ќе трпи се дур се случува хаосов. Дали ќе трпи пократок период или подолг е работава.
     
    На fana и Ahoy им се допаѓа ова.