1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.974
    Допаѓања:
    265.896
    Сите интервјуа му се вакви.
    Страшни.
    Вели артериите се стегат од страв од корона, а он што прави?
    Знаеме колку е страшен, ама и психата е битна.
    И јас деновите во грч, ќе излудев и уште се плашам. Знам колку е опасен, ама треба ли волкаво заплашување?
    Кому влијае, кому?
    Градот ни гори и ќе ни гори, а надвор забави. Им чуе за Жан. И не само на нас, сите гледам се забавуваат, а бројките секаде растат.
    Решение, има?
    Или во хаос сме, цел свет. Оти секаде е лудило.
    И Жан Митрев ако знае дека толку е страшен вирусот зошто наплаќа толку пари за лечење?
     
    На green.eyes, candy.cane, LejlaD и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.275
    Допаѓања:
    168.126
    Доктор без емпатија не е доктор.
    Жан можда е добар во технички изведувања, но му фали емпатија и однос.
    А за стравот на работа кој го имаат неговите вработени зборува ли? За влијание на стресот на работното место?
     
    На Konfetka, candy.cane, Ivan4e04 и 14 други им се допаѓа ова.
  3. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.545
    Допаѓања:
    38.810
    Пол:
    Женски
    Ќути, хелекс се напив и се тресам. Упм кај го гледав од паникава срцето ќе ме фати.

    За парите рече не бил тој крив што е скап третманот, баш со тие зборови. Ампулите за да се спречи згрутчување една била 1000 евра, еден циклус за крвта 2000 евра, вкупно 12 илјади ако се прави само еднаш. А лежеле и по 20 дена. Со други зборови недостижно за нас обичниот народ.
     
    На LejlaD, mal.ecka, buba4e89 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. VDT2906

    VDT2906 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.432
    Допаѓања:
    20.341
    Пол:
    Женски
  5. VDT2906

    VDT2906 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.432
    Допаѓања:
    20.341
    Пол:
    Женски
    Ако имаш пари ќе преживееш, туку не земајте све при срце реално Жан Митрев е кардиолог не е до толку компетентен за да кажува за вирусов. Тоа ти е како сега епидемиолозиве да земат и да објаснуваат за кардиолошките болести. Не дека не знае ништо ама пак ако слушаме секој на кој што ќе му текне да збори побрзо од страв ќе умреме него ли од коронава. Едни сзо не можат да му фатат крај на вирусов почнаа сите доктори експерти да се прават за се.
     
    На Ivan4e04, mkdvesna, mareane и 10 други им се допаѓа ова.
  6. elenaxbbg

    elenaxbbg Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    971
    Пол:
    Женски
    Доста сме потресени, уште вакви изјави ни фалат , како смак света да се ближи на есен.
    Дали е кардиолог,уролог,дерматолог - доктор е . Луѓево гледаат дека е доктор, нормално дека се водат по неговите изјави.
    Знаеме дека е страшно, дека ќе биде пострашно на есен , ама и тоа ,,страшното" нека го кажат на поинаков начин, зошто е доктор?
    Како сега на човек на раб на смртта да му речат а готов си, нема спас за тебе, ќе си умриш.
    Иначе матичен на мајка ми ја правеше будала што се плашела, и викаше многу се замарате, ништо не е , вирус ко вирус.
    Така да, не секој ,,доктор" е доктор.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Среќичка

    Среќичка Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2017
    Пораки:
    1.471
    Допаѓања:
    3.555
    Пол:
    Женски
    А ви текнува на почетокот на пандемијата што кажуваше?
     
    На tinka-mace, Nellie, kristina.k и 3 други им се допаѓа ова.
  8. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.041
    Пол:
    Женски
    Не знам кој шеф на клиника има некаков однос кон пациенти. Има ли некој таков на светов? :)
    Жан Митрев пред се е шеф на клиника. Работодавач.
    Страв на работа од Жан имаат оние кои често грешат па на визита не можат да се соочат со прашањата кои му се директни: Зошто ова го направи? Ама пак и за живот се работи мора да се малку повеќе внимателни на работно место, нели? Среќа Анѓушева ја префрли на дијагностички иначе сите злоби на светов може вода да и носат неа. Стресот на работно место иде од времето поминато на работа заедно со обврските и одговорноста. Мојот одеше во 7 наутро дома си идеше во 22ч. Ама пак работното место е лична желба или? На кој не му се свиѓа си заминува и оди каде што сака.

    Дојдов на темава да прашам дали ќе гласате и Лилит ја прочитав (искача како само тебе да ти реплицирам на темава, а убаво си пишуваш и те читам каде налетам ;) )
    Ќе гласате?
     
    На candy.cane, buba4e89, Doozy и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Текстот е преземен од Д.р. Горан Кунгуловски, човекот кој го предводеше тимот кој го секвенционираше вирусот во Македонија.



    КОГА SARS-COV-2 НИ ЧУКНА НА ВРАТА И НЕПОКАНЕТ ВЛЕЗЕ ДОМА

    Уште од самиот почеток, се наоѓам во епицентарот на COVID-19 тестирањето. Но за иронијата да биде најголема, се осеќав СКОРО (пишувам скоро, бидејќи имав неверојатни алатки на располагање) беспомошно кога вирусот ми чукна дома!

    Majка ми работи во Swisslion (Агроплод). Знаејќи за нејзината работа и постојаното мешање и размешување на луѓе, недостатокот на дисциплина на носење маски, организацискиот капацитет на фабриката и општиот менталитет на просечниот ресенец, знаев дека ќе биде само прашање на време додека не почне да жежи коронавирусот и таму. Во овој случај, времето беше почетокот/средината на Јуни кога почна да се појавува кластер на коронавирусот во Ресен, што почна од некоја слава па се прошири во Swisslion (Агроплод).

    На 10-ти Јуни се појави првиот случај на коронавирусот во Ресен. Во понеделник на 15-ти Јуни моите ми кажаа дека мајка ми има блага температура, ужасна главоболка и општа омалаксаност. Имајќи ги епидемиолошките и симптоматолошките податоци, сигурен бев дека се работи за новиот коронавирус. Ама научник како научник, секогаш бара потврда. Во средата на 17-ти Јуни претпладнето ми започна супер во AvAv Happy Dog, славевме точно една година откако како накиснато гревче го најдовме и посвоивме Фрејето (најзабавното куче на свет).

    Неколку часа после тоа, тимот на ИЈЗ беше супер колегијален (голема благодарност), ги посети моите во Ресен и им земаше три бриса, два од мајка ми (еден за ИЈЗ, еден за мене) и еден од татко ми (за мене). Истиот ден накај 17:00 часот ги подигнав брисевите од ИЈЗ и тргнав накај нашата (на Био Инженеринг и Zan Mitrev Clinic) генетска лабораторија во Жан Митрев. Веќе имав спремни реагенси за брзата молекуларна метода којашто сам ја развив. Од моето влегување во лабораторијата и отворањето на брисевите, за 18 минути потврдив дека мајка ми е позитивна. Знаев и дека титарот на вирус е релативно висок. За еден час и 15 минути, знаев дека и татко ми (којшто не чувствуваше никакви симптоми) е позитивен. После неколку часа истите резултати се потврдија и со PCR, Ct 18 кај мајка ми (аналогно на милион вирусни копии во реакцијата) и Ct 28 кај татко ми (аналогно на 1000 вирусни копии). Ми јавија и од ИЈЗ дека брисот на мајка ми е позитивен, Ct 19. Им реков на моите дека мајка ми може да излезе од изолацијата на горниот кат и дека може да почнат да се дружат и пазат со татко ми.

    Бидејќи мајка ми веќе имаше симптоматологија, а татко ми беше сеуште без симптоми - имајќи ги епидемиолошките податоци, знаев дека него сме го фатиле во многу рана фаза и дека ако во наредните неколку денови не развие симптоми, ќе остане без симптоми (35% од пациентите се асимптоматски).

    Моети совети беа: 1) на неколку часа да се мери температура и доколку не е премногу висока, да не се зема парацетамол 2) Да се следи дишењето и да пријават веднаш доколку има проблеми 3) Да се купи пулс оксиметар и постојано да се следи сатурација со кислород. Ако се случи тренд на паѓање под 94% веднаш хоспитализација. На мајка ми и реков, дека според тековни научни студии, во најдобро сценарио симптомите треба да и траат меѓу 7-11 дена.

    Поминаа 7-денови, кај мајка ми немаше ни подобрување ни дијаметрално влошување на состојбата - освен физичко-психичкиот данок што го зема вирусот. Обично после првата недела, пациентите одат или во една или во друга насока. Татко ми сеуште без симптоми. Тогаш знаев дека веројатно ќе го помине вирусот на нога, без никакви симптоми. Комуникацијата со медицински персонал им беше минимална: никој ни се интересираше, нити даваше добри совети (лапај Сумамед е исклучително лош совет). Не можам да си замислам како им е на луѓето што немаат син што директно работи на SARS-CoV-2 тестирање, следи најнова литература и може да ги советува и одвлекува од лоши медицински пракси, секако консултирајќи се со врвни колеги од Македонија и странство.

    8-от и 9-от ден, мајка ми почна да се чувствува подобро, фреквенцијата на периоди со температура беше намалена. Татко ми, биљбиљ. Ова беше индикација дека работата оди на подобро. Случајно дознав дека тим на лабораторијата Авицена се наоѓа во Ресен и ги замолив доколку е возможно да земат крв и брисеви од моите. Голема благодарност за нивната колегијалност. Исто благодарност до Ординација Пашковски што ни излегоа во пресрет со епруветки за крв. Ужасно ме нервираше фактот што до тогаш, бев во неможност (пр. да испраќам тим од Жан Митрев клиника во Ресен, знаејќи дека се потребни тука на стотици луѓе секој ден) да им земам брисеви и крв за следење на параметри на секои два дена.

    Со нетрпение ги чекав брисевите и примероците со крв. Брисот од татко ми негативен, брисот од мајка ми позитивен со Ct 35, што исто така беше добра вест бидејќи значеше дека има 25 000 пати пониска концентрација на вирус во носот и грлото (според делта делта Ct методата). Исто така и направив и PCR тест на други 33 респираторни вируси и бактерии за да имам увид дали се случува секундарна бактериска инфекција (медицина базирана на докази). Знаев дека за неколку дена ќе биде PCR негативна.

    Резултатите од крв, кај татко ми одлични со умерено низок инфламаторен индекс, кај мајка ми зголемена глукоза (коронавирусот потенцира дијабетес), умерено висок инфламаторен индекс и CRP 80-кa. Ништо премногу алармантно. Нејсе, за да донесам одлука дали мајка ми треба да се хоспитализира или не, чекав резултати од деталното имуно профилирање - бидејќи хиперактивниот имун систем, наречен цитокинска бура како одговор на вирусот најчесто води до фаталитет. Од нив се утврди дека меѓу другото нивото на IL-6 (главниот про-инфламаторен диригент) е благо зголемено кај двајцата, но не се наоѓа во опасна зона. Тоа беше индикатор дека работата навистина оди на подобро. Уште подобар индикатор ќе имав доколку и претходно им направев детални тестирања како референца за тековните.

    И беше подобро, веќе после 11-от ден, мајка ми веќе не чувствуваше никакви симптоми и неколку дена после тоа се врати во нормала. После тоа, двајцата имаа по два последователни негативни PCR тестови. Официјално ОЗДРАВЕНИ.

    Прашањата коишто си ги поставив во текот на оваа одисеја се:

    1. Според алгоритмот (којшто според мене е катастрофален), татко ми не требаше да биде тестиран. И немаше да биде доколку немаше син што има лабораторија. Што значи дека поминувајќи асимптоматски - немаше да знае дали воопшто бил инфициран или не. Огромно психолошки бреме носи таквото незнаење кај многу луѓе, уште повеќе земајќи го обѕир дека солиден процент на асимптоматски пациенти немаат детектибилен IgG имун одговор (знак за мината инфекција).

    2. Комуникацијата со медицински персонал беше минимална и ради реда. Како обичен човек на домашно лекување би знаел дали состојбата му се влошува или не, ако кај истиот не се следат објективни и обични биохемиски и имуни параметри?! Како ќе знае што треба да направи, ако матичниот лекар не го советува како точно треба да се однесува? Како матичниот ќе следи стотици пациенти на ефективен начин кога нема софтверска алатка за истото? Како пациентот ќе знае дека ситурацијата му се влошува ако не мери сатурација (или нема син да му каже да мери кислородна сатурација)? Како ќе знае дали и каква пневмонија развил ако ни под разно не може да отиде во државна или приватна болница и да направи рентген? Колку луѓе заминаа прерано бидејќи немаме инфраструктура за објективно да ја следиме нивната клиничка состојба и веќе било доцна кога започнала хоспитализацијата?! Не е доволна причина што тие луѓе немаа синови и внуци што работат на frontline во најнапредни лаборатории и може да си дозволат најнапредни тестови коишто 1-2-3 дена унапред може да укажат во која насока ќе се движи болеста!

    3. Која е причината што на многу COVID-19 пациенти им се препишува SUMAMED (силен антибиотик) без никакви докази за секундарна бактериска инфекција - туку превентивно?! Ради реда или дека така се прочитало на некој портал? Антибиотикот, доколку нема индикација за него, само може да ја уништи твојата природна бактериска флора којашто и тоа како го држи кревкиот баланс во организмот. Кога се дава терапија кон недоволно познат инфект, сите одлуки треба да бидат на контролирани систематски студии и секојдневно следење на литература.

    4. Кој ќе одговара за лошата структурна организираност во Swisslion и мешањето на персонал од различни сектори во тек на пандемија? Common sense е дека треба да се минимизираат непотребни контакти.

    5. Кој од тие што имале симптоми (губење на мирис и вкус; температура) ќе одговара за неодговорното и недисциплинирано одење на работа во тек на пандемија?! Дали е доволна казна товарот што ќе го носат за цел живот бидејќи директно соучествувале во нечие страдање и смрт?

    За крај, научете ги матичните лекари да ги поставуваат вистинските прашања и вистински, а не про-форма да ја следат состојбата на пациентите.

    Направете софтверска алатка во којашто пациентот ќе може да внесува податоци на дневно ниво и од нив ќе може да се увиди дали состојбата се влошува или не. Нешто што е мерливо, објективно и временски-зависно. Еден матичен лекар не може ефективно да следи десетици пациенти. Не сме во камено доба.

    Организирајте се со сите јавни и приватни лаборатории и направете инфраструктура за редовно следење на крвни, биохемиски и имуни параметри на пациентите на домашно лекување. Лесно е да на дневно ниво да се испраќа тим за земање на крвни анализи, посебно во мали места. Прекрасните односи со ИЈЗ (јавна институција) и Авицена (приватна институција) со мене, Био Инженеринг и Жан Митрев клиниката се доказ дека сите можеме заедно да функционираме и да си помагаме меѓусебно.

    Информацијата е секогаш моќ. Информација плус, уште поголема моќ. Само така ќе знаеме повеќе за реалната состојба на пациентот. И аман тестирајте ги сите што биле во контакт со позитивен, не кошта ништо.

    А јас конечно ги посетив моите, со негативен тест пред и после посетата. Тие поминаа со лесно земајќи го поголемиот контекст на ситуацијата. Им посакувам на сите мои сограѓани лесно опоравување, а на останатите дисциплирано и одговорно следење на препораките за носење на маски, негрупирање и физичка дистанца.
     
    На green.eyes, candy.cane, *Ench@nted* и 10 други им се допаѓа ова.
  10. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    „КОВИД-19“ ОД 2020 ГОДИНА ВО НАРЕДНИТЕ ДЕЦЕНИИ ЌЕ СЕ КЛАСИФИЦИРА КАКО НАЈГОЛЕМ И НАЈКРИМИНАЛЕН СОЦИЈАЛЕН ЕКСПЕРИМЕНТ ВО ИСТОРИЈАТА.
    - Пуштете еден вирус во оптек со наметнување на погрешни протоколи за третман од страна на СЗО, така да локаните власти бидат ослободени од одговорност.
    - Медиумите во кампањата вршат чист психолошки тероризам, поттикнувајќи го до максимум стравот на луѓето од умирање, кој е најголемиот исконски страв кој го има човечкото суштество.
    - Спречете ги обдукциите на мртвите тела, направете труповите да исчезнат или предадете ги на фамилиите во запечатени сандаци, спречувајќи да се разбере вистинската причина за смртта.
    - Инсистирајте на сомнежот дека секој што ќе го сретнете може да биде причина за вашата смрт, така што луѓето ќе се судрат со истите луѓе што до претходниот ден им биле најмили.
    - Побарајте од луѓето да се контролираат и да се пријавуваат меѓусебно, создавајќи поделба, страв, паника и чувство дека се набљудувани.
    - Уништи ги социјалните врски, и оневозможија спонтаноста на емоциите.
    - Затворете им ја устата на луѓето со некаква "заштитна" маска, истовремено велејќи дека вирусот не се пренесува преку воздухот и оневозможете им на луѓето да се смеат едни на други, спречете ги луѓето да се прегрнуваат едни со други така да не си ја пренесуваат онаа витална енергија која го одржува животот на оваа планета, и на крај ставете ги во ситуација хоспитализираните луѓе да умрат од срцев удар или осаменост поради тоа сто не можат повеке да ја чувствуваат љубовта од страна на своите роднини.
    - Лекарите по светот велат дека вирусот исчезнува, но се продолжува со кампањата од страна на медиумите, велејќи дека тој ќе се врати посилен од порано, иако се свесни дека не се сигурни во она што го објавуваат.
    - Социјален експеримент каде што се повредени основните човечки права и се гази по Уставот, каде што се демонтирани образованието, здравството, економијата, каде што се одземени достоинството, правото на работата и слободите.
    - Социјален експеримент за масовна контрола во кој се тестираат човечките граници и се гледа до колку и од што, под притисок на стравот, човекот е подготвен да се откаже за некоја привремена безбедност.

    Во овој момент не е важно ЗОШТО и КОЈ стои во позадината на сето ова што се случува во нашето општество. Најважно е сега да секој човек почне да го наблудува без предрасуди она што се случува во и околу него.
    Само така можеби ќе примети дека СИТЕ ние, ден по ден, се одрекуваме од нашата суштина, нашата хуманост, добротворност и од љубовта .....
     
    На MarchelineAmaru, buba4e89, lovestoneddd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.974
    Допаѓања:
    7.767
    Пол:
    Женски
    Jas odam kaj Angjuseva na pregledi. Doktorkata mi deluva dosta strucna i fina.
    Bas me iznenadu tvojov komentar deka e tolku zlobna.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.275
    Допаѓања:
    168.126
    На темава дојде да прашаш дали ќе се гласа?!
    Ако не може да ги води работите како треба, нека си плати менаџер.
    И знам што зборувам,и не се работи за луѓе кои грешат, туку нешто сосема друго.
    Пак ќе речам, на корона тема дојде да прашаш дали ќе се гласа?
     
  13. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.041
    Пол:
    Женски
    Да, може ли? Само не тепај аман извини еве што прашав.
    Ти ќе му кажуваш како да ја води клиниката од негови пари и знаење:rofl:
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
  14. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.041
    Пол:
    Женски
    Постручна и спремна од неа во Македонија не знам ни дали има воопшто. Жената е знаење во движење. Али така малку лошичка како шефица е.
     
    На candy.cane и riba79 им се допаѓа ова.
  15. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.980
    Намерно би преувеличувал за да привлечи пациенти. Профитер.
     
    На oblace1, Konfetka, tinka-mace и 4 други им се допаѓа ова.
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.944
    Жан Митрев викаше само инхалации се доволни, ама и тоа му го заборавивме :D
    Викам јас, меморијата никако не ни е јака страна.
     
    На Konfetka, candy.cane, M.B. и 6 други им се допаѓа ова.
  17. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.974
    Допаѓања:
    265.896
    Не знам ова, али еве сите знаеме колку е опасен и страшен вирусот. А неговите интервјуа се страшни буквално за слушање.
     
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.275
    Допаѓања:
    168.126
    Па можда не јас, ама законот за мобинг - да.
    Инаку, не може. Имаш тема каде. Фала што праша.
     
  19. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Доста паѓате на ратни профитери шо збореле бе. Од шо е страшен вирусот многу ептен, затоа 90% дома преседоа со болки во лево колено, ебате.
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
  20. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.041
    Пол:
    Женски
    Жан Митрев работи преку 20 години на истиот начин. Закон за мобинг има исто така и пресуди. Што чекаат твоите? Ајде бујрум уште денес на адвокат и нека повлечат постапка?
    Се е само на уста во таа земја. У риалити само шит.

    Добро чим не може. Оти од аспект на короната ме интересираше дали луѓето искачаат или се плашат. Ама чим ти викаш не може да си одам додека не сум те налутила уште повеќе.
     
    На kukla21 и DAngel им се допаѓа ова.