1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.252
    Допаѓања:
    204.983
    А не беше Малта колонија на кралицата?:?: Мислам, не можеш на газдата да му забраниш да си дојде у фирма.
    Инаку таман ти е споредбата, пошто ниту УК ниту ние не знаеме колку активни случаи имаат моментално. Не ќе се замараат со глупости
    upload_2020-7-15_16-48-43.png
    Дали даваат пари за пласман во финале, не би знаела:|
     
    На KuklickaSk, candy.cane и mkdvesna им се допаѓа ова.
  2. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.157
    Допаѓања:
    42.040
    Пол:
    Женски
    Денес слабо бројки ќе објават или ќе ја тупат цело време за гласање насловните на медиумите?
     
    На mkdvesna му/ѝ се допаѓа ова.
  3. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    5.072
    Допаѓања:
    54.040
    Пол:
    Машки
    Ете ги објавија, 198 нови:doh:
     
    На cresa-jagoda и Stache им се допаѓа ова.
  4. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.201
    Пол:
    Женски
    А шо ви менуваат бројките?
    Сериозно верувате уште во тие објавени бројки?
    Опседнати сте со бројките...
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    12.033
    Допаѓања:
    180.224
    Пол:
    Женски
    14% од тестираните значи.
    Лошо!!

    Св Николе за три дена цело ќе е заболено:(
     
    На fana, eli25, KuklickaSk и 2 други им се допаѓа ова.
  6. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.157
    Допаѓања:
    42.040
    Пол:
    Женски
    Благодарение на тие бројки никаде во Европа и светот немаме дозвола за патување.

    @John Snow видов сега, лошо. :(
    И малку оздравени.
     
  7. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    5.072
    Допаѓања:
    54.040
    Пол:
    Машки
    Последен слободен викенд ќе ни биде овој што доаѓа, карантинче се спрема од наредна недела
     
    На cresa-jagoda, poppie, tina2018 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.337
    Кога кажаа ова?
     
  9. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    0 на 15ти? :^):worried:
     
    На tinka-mace, green.eyes, bicycle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    5.072
    Допаѓања:
    54.040
    Пол:
    Машки
    Мое мислење Тане, знаеш дека ние копи пејст од Србија со меркиве сме. Ете и таму сакаа карантин ама се случија протестите..
     
    На Stache, bicycle и Tan4ence им се допаѓа ова.
  11. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.402
    Пол:
    Женски
    Денес има нешто околу заболени или???
    Или само избори..
     
  12. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.265
    Пол:
    Женски
    Милиони луѓе се соочени со нови рестрикции, додека расте бројот на заразени со коронавирус во светот, но надеж пружа почетокот на завршната фаза од тестирањето на вакцината против ковид-19 на американската компанија Модерна.

    Владите на земјите во поголем дел од светот повторно воведуваат мерки за ограничување на новиот бран на ширење на коронавирусот, додека бројот на случаи во светот надмина 13,2 милиони, со над 576 илјади починати од ковид-19.

    Делови на азиско-пацифичкиот регион, кој досега беше мошне успешен во справувањето со епидемијата, поради порастот на новозаразени, повторно воведе рестрикции. Хонгконг денеска повторно ги затвори кафулињата, теретаните и салоните за убавина, а ги забрани и собирите на повеќе од четири лица, во борбата против новиот бран на заразата, откако со месеци успешно го држеше под контрола вирусот. Многу жители на Хонгконг од почетокот на пандемијата, доброволно носеа маски, но сега тие станаа задолжителни во јавниот превоз. Вонредна состојба е прогласена и во Токио, каде властите предупредија дека бројот на заразата достигнува нови рекорди.

    Индиската сојузна држава Бихар, во која живеат 125 милиони луѓе, објави 15-дневен карантин, кој почнува утре.

    Австралиските власти денеска ги повикаа граѓаните да држат физичка дистанца, додека околу 5 милиони жители на Мелбурн уште од минатата недела се во изолација од останатиот дел од земјата, за да се спречи ширењето на коронавирусот опд тоа жариште.

    Секој ден во САД се пријавуваат нови десетици илјади заразени, а државните и локалните власти повторно воведуваат мерки кои веќе беа укинати. Според универзитетот „Џонс Хопкинс“, само вчера во САД биле заболени 63.000 луѓе.

    Сепак, надеж влева најавата на американската компанија Модерна дека на 27 јули, ќе бидат изведени завршните испитувања за вакцина против ковид-19. Се работи за трета, клучна фаза во испитувањето на вакцината мРНА-1273 на луѓе. Клиничкото испитување ќе го води Националниот институт за здравство, а американската влада во тој проект на Модерна вложила близу половина милијарда долари. Се смета дека оваа компанија отишла најдалеку во глобалната трка за развој на вакцината. Иако оваа студија би требало да трае до 2022 година, прелиминарните резултати би требало да бидат познати многу порано.

    Завршните клинички испитувања ќе бидат извршени на 87 локации, сите во САД. Ќе бидат вклучени околу 30.000 возрасни лица кои имаат големи изгледи да се заразат со коронавирус. За време на испитувањата ќе се спореди бројот на новозаразени меѓу лицата кои ја примиле новата вакцина и меѓу оние кои добиле плацебо.

    Водечкиот американски експерт за епидемии, Ентони Фаучи првите резултати од вакцината на Модерна ги нарече охрабрувачки. Тој минатата недела предупреди на прераното укинување на мерките против коронавирусот, нагласувајќи дека многу Американци се премногу неодговорни.

    ©Makfax.com.mk
     
  13. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Во последните 24 часа се направени 1382 тестирања, а регистрирани се 198 нови случаи на ковид-19.

    - Скопје 83
    - Куманово 12
    - Дебар 1
    - Штип 21
    - Прилеп 2
    - Тетово 9
    - Струга 3
    - Велес 2
    - Битола 11
    - Охрид 3
    - Гостивар 10
    - Радовиш 7
    - Кочани 1
    - Пробиштип 2
    - Демир Хисар 3
    - Свети Николе 27
    - Кичево 1

    Починати се 4 лица, еден пациент од Скопје, двајца од Прилеп и еден од Тетово.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени лица.
    - Скопје 71
    - Штип 7
    - Тетово 12
    - Велес 1
    - Битола 1
    - Кочани 1
    - Пробиштип 1
    - Кичево 1
    - Ресен 2

    Досега во земјата се направени вкупно 80774 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8530, бројката на оздравени пациенти е 4565, на починати е 393, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3572.
     
  14. P.S.love

    P.S.love Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    1.080
    Допаѓања:
    9.350
    Пол:
    Женски
    И Битола почна да се разгорува :(
    Денес, рекордни 11.:|
     
  15. Stache

    Stache Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    815
    Пол:
    Машки
    Ништо не е тоа, ко што ќе каже Филипче 1/15 од фамилија.

    Да се нашалиме малце.
     
  16. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.265
    Пол:
    Женски
    Хрватските болници ќе имаат голем проблем затоа што веледрогериите ќе ја стопираат испораката на лекови и потрошен материјал од понеделник поради долгот, кој моментно е 4,2 милијарди куни, пренесува „Јутарњи.хр“.

    Од таа сума, дури 3,6 милијарди се доспеани за плаќање, а бидејќи немаше реакција на минатомесечното предупредување за неодржливоста на таквата состојба, Здружението на веледрогерии на Хрватскиот сојуз на работодавци реши утре наутро да испрати известување до болниците дека од понеделник нема да има достава на лекови и медицински материјал сè додека проблемот барем делумно не се реши.

    Веледрогериите посочуваат дека повеќе немаат поддршка од банки за кредитирање, а производителите не сакаат да испорачуваат лекови без плаќање, пренесува „Јутарњи“.

    „За првпат во 98 години работење на ’Медика’ сме принудени да ја прекинеме испораката. Не добивме никаков одговор на сите наши писма до министрите и до премиерот, а нашите магацини се празни“, рече директорот на „Медика“, Јасминко Херцег.

    Ова може да предизвика многу проблеми, имајќи предвид дека во Хрватска започна пикот на вториот бран на коронавирусот.

    ©Makfax.com.mk
     
  17. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.201
    Пол:
    Женски
    Ок, но го напишав во друг контекст. Бројките се многу поголеми, има многу што не се тестираат за да не седат во изолација, имам и порано пишувано. Живеам во такво место и ја гледам реалноста, не овој розев свет пласиран на форумов. Затоа и не верувам во објавените бројки, за мене не се релевантни. Само пазење и тоа е.
     
    На candy.cane и JuLleE им се допаѓа ова.
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.974
    Допаѓања:
    265.899
    Знам, баш со роднини зборев. Проблемот настана што газдата на конфекцијата ги тераше да одат на работа, иако имаше многу заболени.
     
    На candy.cane и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  19. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.741
    Допаѓања:
    284.641
    Пол:
    Женски
    А јас пак вечитиот песимист сега упорно сум оптимист дека ќе се намалуваат бројкиве...:(
    И постојано се разочарувам:(
    Ај барем смртноста нека се намали...
     
    На green.eyes, candy.cane, Среќичка и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.402
    Пол:
    Женски
    И не само тоа, туку Ангел газдата изјави дека ќе размислувал после 16ти дали ќе ги враќа на работа....
    Јас сум од Св.Николе и знам. Уште треба и да ги тестираат, ама и во МИК Св.Николе има заболени..
     
    На candy.cane, cresa-jagoda и JuLleE им се допаѓа ова.