1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.261
    Пол:
    Женски
    Србија ќе добие помош од ЕУ со 200 здравствени работници за да се справат со коронавирусот.
     
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    И сега кога ќе бувнат и тие што се дружеле со овие од 'фирмите'....
     
    На cresa-jagoda и LejlaD им се допаѓа ова.
  3. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.301
    Допаѓања:
    37.951
    Пол:
    Женски
    Да, деновиве ќе има голем број мислам. :(
    Лабаво е доста, кафичи, кафани, крштевки, домашни веселби... :|
     
    На cresa-jagoda, mal.ecka, noteforself и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.811
    Пол:
    Женски
    Kako ne napraviv jas krstevka koga imavme po 5 10 lica dnevno... sega na 200 ne ja ni mislam...sram da mi e:x:x:x:worried::worried::worried::worried:
     
  5. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.076
    Во многу фирми не се почитува носењето маски. После е касно. Се возат групно, кој комбе кој кола исто не носат маски.
     
    На anata, cresa-jagoda, noteforself и 8 други им се допаѓа ова.
  6. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.072
    Допаѓања:
    13.176
    Пол:
    Женски
    На 5 лица се затворија не ни можеше да се прави, сега можеш :rofl:
     
    На cresa-jagoda, tinka-mace, candy.cane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Што се чудиме на бројките не знам...
    Во Скопје за викенд се прават забави навечер, ни растојание, ни маски, ни 2ца на маса... туку ко порано на конопој накрцан млад народ пее и игра...
    Во сред Центар...

    Такада.....
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  8. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.661
    Допаѓања:
    20.967
    Пол:
    Женски
    Го полниме Широк Сокак ко да е секој ден велигден.
    Ден/ноќ нема игла кај да фрлиш. Паркови, кафани, игралишта такоџе преполни.
    Епа је*ига, ако сакам да се допазам треба да се конзервирам дома, а баш и не ми е то во план.
     
    На noteforself, WORRIED.BT, P.S.love и 3 други им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Не мора да се 'конзервираш'.
    Можеш да се дружиш со секој, со почитување мерки.
     
    На Frosty! и tinka-mace им се допаѓа ова.
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.258
    Допаѓања:
    166.137
    A MK?8-|
     
  11. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.661
    Допаѓања:
    20.967
    Пол:
    Женски
    Не носам никогаш маска кога сум со другарки или дечко ми.Едвај на две раце се бројат луѓето со кои се дружам од почетокот на пандемијата и од нив не се пазам.
    Со непознати не сум во контакт, ако сум била тоа било во некоја институција, заштитена секако.
     
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Со сите носам маска и одржувам дистанца.
     
    На cresa-jagoda, Nane2356 и christinnn им се допаѓа ова.
  13. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.700
    Допаѓања:
    13.142
    Со оглед на собиранките во последно време очекував по 300 на ден.
    Кај мене во паркот врие народ секој ден, ниеден не носи маска, а нема ни дистанца. Изгледа само на темава има страв и паника, а надвор ништо од тоа.
     
  14. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.360
    Допаѓања:
    7.810
    Пол:
    Женски
    Па денес има 198 а тоа е 200без двајца. А може се и повеќе. Јас очекувам другата недела да им мноогу. Кластер:митинзите
     
    На cresa-jagoda, tinka-mace, Mami3 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Stayy W

    Stayy W Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2018
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    883
    Пол:
    Женски
    Денес на едно гласачко место од полициските службеници нито едно од нив 4ца не носеа маски па ондак што се очекува од останатите луѓе .
     
  16. Nane2356

    Nane2356 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    609
    Допаѓања:
    1.507
    Пол:
    Женски
    Многу има кои се дружат со блиски, со другарки по 4-5 во групи и не носат маски. Мислат блиски се па нема потреба. Ама за жал со вирусов не можеш така да делиш, има и асимптоматски нели. Треба да научиме да се дружиме, да излегуваме но со почитување на мерките.
     
    На cresa-jagoda, mkdvesna, emiliana и 7 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Ги пријави?
     
    На g8lQQk му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.811
    Пол:
    Женски
    Pa zatoa vikam... da se raduvam ili da se spremamm:yawn:
     
    На ocicka2014 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.790
    Здраво на сите.

    Досега ве читав на темава, па се зачленив зошто сакам мојот став да го споделам, иако знам дека на добар дел од тука нема да ви се допадне со оглед на дел од мислењата.

    Навистина не ми е јасно како разумен човек може да верува дека е измислен вирусот. Основна микробиологија e, вируси во 5то или 6то одделение се учат по биологија. Не сакам да ве навредам, но просто неверојатно ми е дека луѓе можат да мислат дека не постои вирусот и дека е направена некоја глобална завера во која сите земји се согласиле, освен ти се молам Белорусија, Бразил и слични, да не треба на нив да се огледуваме? Велика Британија и Шведска нема да ги коментирам зошто сами признаа дека погрешиле.

    Да и јас верувам дека не ни се прикажуваат работите онакви какви што вистина се во целост. 100% реална статистика не ни може да се извади со оглед на тоа дека не се тестира целото население никаде во светот. Сигурно тука се помешани многу интереси и пари, како и за било што друго во светот. Сигурно се прават манипулации со бројки до одреден степен. Дали заради тоа комплетно го отфрлам постоењето на вирусов што има потенцијално фатални последници? Не. Одбирам да верувам повеќе на статии кои ги патем не ги читам на нашиве порталчиња, многу повеќе отколку на Јадранка Бибан и членовите на Здравје преку игла на влегува, за кои сметам дека е легитимно да им се забрани било каква дејност поврзана со здравје.

    Сега, ако сакате да се верувате дека е измислено и не постои, повелете. Јас на крајот на денот прифаќам сечие мислење, се дури не ме засегаат директно последиците. Барем да се има осет за други луѓе кои внимаваат. Од внатрешноста сум, една мерка не можам да кажам дека се почитува во мојов град. Вработени во маркети со маска на брада. Луѓе ти дишат позади тебе во врат. И да носам маска џабе е, кога тие не носат. Да не зборуваме стоење во ред на дистанца и слично. Јасно ми е дека самиот маркет треба да си обезбеди минимум услови за почитување на протоколите, ама џабе е сето тоа изгледа, зошто закон во оваа држава не важи за сите подеднакво.

    И имаше прашање "Навистина со никој ли не се дружите?". Да, навистина со никого не се дружам четврти месец веќе, баш од таа причина што на повеќето надвор од моето најтесно семејство не прифаќаат дистанца и маска. Да, знам дека и за дел од вас тука ќе бидам мета на потсмев, и дека ќе ме сметате за параноична, но го прифаќам тоа, бидејќи знам дека не сум го минимизирала ризикот за моите најблиски пред се. Затворена дома не сум, секој ден излегуваме, пешачиме, се релаксираме во природа, правиме пикници, организираме домашни филмски вечери, без да се гледаме со други луѓе. Совршено не можам да кажам дека ми е. И мене ми фалат блиските луѓе, пријателите. Имам моменти каде навистина стресно ја доживувам ситуацијата.Сепак, го правам тоа што сметам дека е исправно. Јас сосема почитувам доколку друг смета дека тоа не е правилно, се дури не ме загрозува мене. На пример, се случи да дојдат ненајавени гости дома, па моравме да објаснуваме како не се гледаме со луѓе, па лутења како тие не се болни... Мислам, стварно не мора да се усложнува на другиот што избрал поинаку.

    И навистина не ми е верно, не познавате никој болен што поминал потешко? Јасно познавам неколку, не зборувам за фатален исход, туку потешко прележување, некои со потреба од хоспитализација. А од мал град сум, па просто ми е неверојатно како не познавате ниту еден таков човек, па ете нека е макар и само заболен кога постои толку голема трансмисија во моментов. Додуше, познавам човек кој го дијагностицираа како позитивен со претходни симптоми кој одби да се самоизолира после контакт со заболен човек зошто не му постоел вирусот, се било лага. Мислам дали се озбилни луѓево, еве не ми е јасно? И тоа дека плаќале кеш за да се пишат корона, мислам, не ни сакам да го коментирам...

    На крај, го имам тој бенефит да работам од дома, што ја олеснува ситуацијата. Навистина ми е жал за оние кои мораат да се физички присутни на работа без обезбедени барем минимални услови за заштита. Колку и да внимаваат, пак ќе зависат од совеста на другиот. За жал, и со големо разочарување во целава ситуација, сфатив дека општото ниво на свесност е за жал на многу ниско ниво во народецов, па макар и кај луѓе кои ги сметав за интелектуалци.

    Извинете ако мислењево беше предолго. Најискрено се надевам дека брзо ќе пројде ситуацијава, иако свесна сум дека уште долго ќе тераме вака. Барем нека е со што помалку последици, и на физичкото и на психичкото здравје. На крајот на краиштата тоа е најважно.
     
    На anata, cresa-jagoda, Doozy и 22 други им се допаѓа ова.
  20. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.072
    Допаѓања:
    13.176
    Пол:
    Женски
    Чекај сега после избориве може да не стават две недели карантин, да испливаат гом*ава од избориве од штабовите колку има заболено :(

    Ама ти пак биди си спремна ако чекате во ресторан мислам дека ти е сугурна реализација не верувам пак да ги затворат доволно долго беа затворени.
    Јас се спремам полека, само полициски час да не ме зафркне :D
     
    На Mami3 му/ѝ се допаѓа ова.