1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    12.033
    Допаѓања:
    180.224
    Пол:
    Женски
    Певото вадење на цревото не го паметам.
    Само вториот пат.
    Фактички кога све заврши.

    Што и како било во меѓувреме нит прашував до толку нит сакам да знам, искрено.
    Знам само дека операцијата била тешка и едно време снемало дишење на лево крило и така настанала компликација. Ваљда коа прв пат ми го извадиле цревото.
    Па затоа ме интубирале по втор пат.
    Не знам точно
    А и маж не сака да ми објасни и да се присеќаме на тоа.
    Важно- пројде:sweat:
     
    На cresa-jagoda, candy.cane, LejlaD и 2 други им се допаѓа ова.
  2. magnolija09

    magnolija09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2020
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    860
    Пол:
    Женски
    da toa e najvazno sto pominalo
    izvini sto te zamarav i potsetiv
    vazno pominalo
     
    На LejlaD и Ahoy им се допаѓа ова.
  3. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.265
    Пол:
    Женски
    Комисијата во име на ЕУ потпиша меморандум за разбирање (МзР) со Северна Македонија за да го отвори патот за исплата на макрофинансиска помош од 80 милиони евра (МФП). Ова е првиот МзР потпишан како дел од пакетот за макрофинансиска помош во вредност од 3 милијарди евра што Комисијата го предложи за десет земји партнери опфатени со проширувањето и земји партнери во соседството за да им помогне да ги ограничат економските последици од пандемијата на коронавирусот.

    Средствата од МФП ќе бидат достапни во форма на долгорочни заеми по многу поволни услови. Средствата ќе придонесат за подобрување на макроекономската стабилност и создавање простор за распределување ресурси за ублажување на сериозните негативни социо-економски последици од пандемијата на коронавирусот. Вредноста на програмата за МФП за Северна Македонија достигнува 160 милиони евра.

    Паоло Џентилони, комесар за економија, рече: „Денеска потпишавме меморандум за разбирање со Северна Македонија отворајќи го патот за исплата на финансиска поддршка од 80 милиони евра. Ова е првиот МзР потпишан како дел од пакетот макрофинансиска помош од 3 милијарди евра за поддршка на 10 земји во соседството на ЕУ. ЕУ е посветена на борбата против пандемијата на коронавирусот и во рамките и надвор од нашите граници. Изразуваме солидарност со Северна Македонија: заедно сме посилни“.

    Исплатата на втората и последната транша ќе биде условена од спроведувањето на политиките договорени меѓу ЕУ и Северна Македонија и утврдени во МзР. Поточно, меморандумот за разбирање вклучува девет услови поврзани со политики за зајакнување на фискалното управување и транспарентноста, борбата против корупцијата, зајакнување на супервизијата на финансискиот сектор, подобрување на деловното опкружување и справувањето со невработеноста кај младите. Програмата за помош ќе биде достапна за период од 12 месеци.
     
    На WildMk и Ahoy им се допаѓа ова.
  4. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.265
    Пол:
    Женски
    Министерството за здравство информира дека е поставена монтажна општа амбуланта во состав на Универзитетската клиника за детски болести како дел од активностите за враќање на редовното работење на дел од клиниките, а со цел заштита од евентуално ширење на Ковид-19 кај најмладите пациенти.

    Во оваа монтажна амбуланта ќе се прегледуваат сите деца што не се закажани преку електронскиот систем „Мој термин“. Овие деца досега беа прегледувани во амбулантите во зградата на Детската клиника, а поради актуелната пандемија на Ковид-19, пациентите што ќе доаѓаат на преглед и физички ќе бидат дистанцирани од другите пациенти закажани во „Мој термин“ со цел заштита од ширење на коронавирусот меѓу пациентите.

    Во новопоставената монтажна општа амбуланта има соба за интервенции, соба за преглед на пациенти, сестринска соба, тоалет, шалтер и чекалница за пациентите. Објектот е комплетно климатизиран и ќе функционира во согласност со сите стандарди за безбеден третман на пациентите. Монтажната амбуланта на Детската клиника е донација од „Македонски телеком“.

    Од Клиниката за детски болести напоменуваат дека децата што се сомнителни или имаат симптоми на Ковид-19 и понатаму ќе се прегледуваат и хоспитализираат во Болницата за белодробни заболувања во Козле и на Инфективната клиника.


    ©Makfax.com.mk
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  5. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.248
    Допаѓања:
    49.358
    Пол:
    Женски
    Не. Јас на две операции бев само со маска, не бев интубирана. Зависи најверојатно од операцијата.
     
    На cresa-jagoda, magnolija09 и WildMk им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.338
    Уште влада нема составено, овие почнаа со кредитите.
    Колкава е каматата, да не знаеш?
     
    На tinka-mace, Spidy и g8lQQk им се допаѓа ова.
  7. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.265
    Пол:
    Женски
    Не знам точно, но симболична ќе биде најверојатно.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.338
    Чекав да ти кажам искрено, само не очекував толку брзо.

    Се надевам дека експедитивни аудити и контроли ќе прави ЕУ, и нема на 'жими мајка' да им верува на нашиве.
     
    На g8lQQk му/ѝ се допаѓа ова.
  9. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.265
    Пол:
    Женски
    Нема од ЕУ пари без отчет каде секој цент оди :D
     
    На WildMk и redhead им се допаѓа ова.
  10. ivanamackica

    ivanamackica Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2018
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.071
    Пол:
    Женски
    Луѓе кажете предлог за приватна стоматолошка ординација која што работи за викенд, кај тој што идам не е приватен ама сум тотално разочарана! Два пати ме враќа затоа што пред преглед ми мери температура и се покажа 37 со 4, болката е неиздржлива ненормално, 3 недели не ме прима на преглед. Дома кога ќе стигнам си мерам температуа и 35,7, очигледно во апаратите за мерење е проблемот и не се точни. Немам контакт со други луѓе па да каже ај имаш температура си фатила корона. Ситуацијата е сериозна а болката неиздржлива плус ми прави други проблеми болката! Дали во приватните стоматолошки ординации се мери температура пред преглед?
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  11. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.199
    Допаѓања:
    27.456
    Ако ти покажува 35.7 тогај ништо чудно твојот да е расипан :)
    Едит. Може ти е нормално така, мене ми е чудно. Обично од 36 иде. Ама, гугл вика и твојата била нормална.
    Инаку секаде мерат температура.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  12. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    И мене ми измери мојот забар два пати 37, а во живот сум немала таква температура, нон стоп мо е 35.6 35.7 максимум 36 (на сите нормални мишка топломери). Тие чело топлпмерите, според мене врска немаат, по топло кога идеш покажува повеќе, особено мене ко шо ми се врели фацата, може и 40 да покаже, ништо чудно. :D
     
    На cresa-jagoda, candy.cane и ivanamackica им се допаѓа ова.
  13. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.333
    Допаѓања:
    15.583
    Пол:
    Женски
    Задолжително е да се мери температура сега. Кај мене на работа обично го оставаме пациентот под клима 5 минути за да се изрегулира температурата, ама и сум вратила неколку зошто не им паѓа температурата дури и по 15 минути.
     
    На cresa-jagoda, candy.cane, tina2018 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. magnolija09

    magnolija09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2020
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    860
    Пол:
    Женски
    stavi od kapkite zabollek , mene ko ke me zaboli zab odma mi pominuva od niv
    bar dodeka najdes nekoj sto ke te primi da ne te boli
     
    На ivanamackica му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Бисерка-С

    Бисерка-С Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2017
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Денес бев во маркет и имаше тројца внатре без маски. Ја прашав касиерката како им дозволува да влегуваат без маски, се направи дека не ме слушна. Каде може да се пријави непридржување до мерките?
     
    На SummerGirl, cresa-jagoda, eli25 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. janis

    janis Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2016
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Кај Бил Гејтс. За кога ќе ги чипира да внесе еден фајл основна култура и почит.
     
    На cresa-jagoda, Sofi.ja, Biljarkata и 3 други им се допаѓа ова.
  17. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.984
    Пол:
    Женски
    Леле мене до сега во 3 здравствени установи ми измерија 37 и нагоре. Во едната сакаше обезбедувањето да ме врати, па ајде сестрата уште еднаш измери, па даде сосема друга бројка и заклучија дека им е расипано и ме пуштија. А јас од топлото цела горев, ме чудеше и повеќе што не покажа.
    Друг пат пак, покажува 37, јас исплашена дека нема да ме примат ми вика уживај денес на сите вака им покажа а и не е многу.
     
  18. ivanamackica

    ivanamackica Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2018
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.071
    Пол:
    Женски
    Фала ви на одговорот, но што ако температурата е поради забоболката и воспаление на увото и потребно е да се интервенира под итно како во мојот случај. Нели може да се појави температура поради болка на забот. Што да се прави тогаш? Според одговорот заклучив дека работите во стоматолошка ординација. Дали мислите дека е добра идеја да се напијам апче за намалување на температура едно 15 минути пред да влезам во ординацијата? :|
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.338
    На клиника да пробаш?
    Ургентна стоматологија?
     
    На ivanamackica му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.333
    Допаѓања:
    15.583
    Пол:
    Женски
    На клиника ќе те примат во секој случај. Во приватна ординација има протоколи кои мора да се почитуваат. Ако се напиеш апче само за да пројдеш преку мерењето температура воопшто не е во ред. Жал ми е што имаш болка, но во моментов таква е ситуацијата, и мене да ми дојдеш со 37.5 температура не би те примила. Во стоматологијата моментално тоа правило важи насекаде низ светот,не само кај нас.
     
    На ivanamackica му/ѝ се допаѓа ова.