1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.975
    Допаѓања:
    265.906
    Јас пак секаде читам дека и обична платнена маска, ако ја носеш правилно штити.
    Не можам да купувам од овие другите постојано.
    Вака носам, и ја перам секој ден, по секое носење. Ако ја вадам, ја ставам во ќесенце, а не во џеб. Строго за ластикот ја држам.
     
    На Biljarkata, cresa-jagoda, fana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    27.882
    Те разбирам. Едно прашање, какво ти е работното место ако сакаш да споделиш, имаш контакти? Јас сум за сега од дома, ама ако почнуваме се мислам каква да носам таму, сега секако и со маската држам дистанца во маркет и слично.
     
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.276
    Допаѓања:
    168.141
    Зошто би сакала да споделам? Од какво значење е за форумов?
    Без разлика какво и да е, ако имаме контакти треба да се чуваме.
    Имам среќа што сите протоколи се на највисоко ниво и контролата е беспрекорна што и тоа дава ниво на сигурност, но како поединци не се заштитиме залудно е се. Од комуникација со луѓе мислам дека само неколку фирми толку се грижат. Зборувам до поединечно работно место, средства за заштита, хигиенски средства, утврдени протоколи, ама се, се, се, до танчина.
    Но сепак, еден да е жртва на некој кој крие, па не знае дека бил изложен на ризик, сите сме изложени па и да сме у стаклени меури сите.
    Се додека има такви што не се транспарнетни, сите сме загрозени што и да преземаме.
     
    На cresa-jagoda, LejlaD и JuLleE им се допаѓа ова.
  4. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.837
    Допаѓања:
    145.578
    Да, ќе го пуштам. Ако не секој ден, неколку денови во неделата. Јас и сега избор немам. Не сум во администрација, не сме ослободени со мм.
    Не ги ставам сите во ист ќош, ама најголем се такви.
    Има решенија за да тргнат. Редуцирани групи, скратени часови без одмор, да седат одалечени, да одат во смени.
    Секаде почнаа школите и градинките. Ама тука имаше избори кои беа побитни и се немаше време да се направи план.
     
    На Ivan4e04, Angelceto, cresa-jagoda и 12 други им се допаѓа ова.
  5. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    27.882
    Зошто спомна дека не носиш маска на работа, затоа прашувам. Ми падна чудно, претпоставив дека немаш воопшто контакти.

    А во однос на другиот дел да, се согласувам. Но немаат сите среќа да работат во фирма со супер имплементирани протоколи, а немаат ни средства за кн95 маските нон стоп. Прашував за искуство само.
     
    На Lilit и WildMk им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.338
    Не почнаа сегде.
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  7. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.837
    Допаѓања:
    145.578
    Ама тука можеше да се почне. Со оглед на тоа како сите се понашат.
    Ама ок, изборите и митинзите не беа проблем, ни кафичите и журките, ама децата се.
     
    На cresa-jagoda, BlackNight, deskarada и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Igle

    Igle Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.728
    Допаѓања:
    18.443
    Пол:
    Женски
    Да се направат протоколи особено за училишните деца и тоа како може. Седење сам на клупа, редовна дезинфекција на раце и предмети, па макар оделе една недела една половина од класот една половина другата, проветрување простории после секои 40тина минути итн
    Начини има, но на нашиве им е најлесно онлајн и терај, а добро знаеме колку тоа онлајн кај нас не функционира, па и оди научи прваче да чита и пишува онлајн, аха важи.
    Голем дел деца сега се дружат со другарчиња, некои родители ги носат и на лулашки и маркети, дури има такви кои слават роденден, па замислете не сме слушнале за огромна трансмисија и кластер деца што се дружеле, на било која возраст.
    Родителите одат на работа и вршат обврски, потоа се враќаат кај своите деца и ги гушкаат...зошто да не се отворени образовните институции кога опасноста е секаде околу нас, но секако се штитиме самите и нашите деца ако ние носиме маски и почитуваме мерки?
    На крајот, безбедни ќе бидат сите деца на училиште доколку ние возрасните дома доаѓаме здрави зошто надвор сме носеле маска и сме држеле дистанца.
     
    Последна измена: 18 јули 2020
    На Bibi30, cresa-jagoda, Biljarkata и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    12.209
    Допаѓања:
    145.401
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.276
    Допаѓања:
    168.141
    Не дека воопшто не носам, туку кн95 и н95 дека не носам, туку обични мислам дека се ок.


    На почетокот кн95 за смешни пари со филтер ги купував и носев само таква, ама сега се скапи за секојдневна употреба.
    Фирми со протоколи треба да носат, камо ли тие со лабави...
     
    На cresa-jagoda, LejlaD, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. queen19

    queen19 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    1.845
    Пол:
    Женски
    И утре детето ми е позитивно школото е криво, учителката е крива, учителката не носела маска, другарчето е криво, мајката на другарчето е криво затоа што била позитивна ама обична настинка и било, Петко и Трајко ќе се криви ако утре вашето дете се зарази во школо. А зa споредбата кафиќ/парк со школо, кафиќ или парк е избор на поединецот/родителот а училиштето е задолжително.
    Edit: да не зборам за изостаноци што ќе се прават со решенија за самоизолација по цел месец чекаат луѓе за негативни тестови, баба дедо тато мама вујна вујче тета позитивен некој контакт и ајде 14 дена дома, а некој па ако крие контакти за детето само да му оди во школо полошо
     
    Последна измена: 18 јули 2020
    На Martka, Ivan4e04, oblace1 и 13 други им се допаѓа ова.
  12. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.984
    Пол:
    Женски
    За мене и 60 годишен е млад. Сарказам беше за некои што мислат дека млад е само ако има 20 години.

    Вајлд, не правам муабет за прекршување на закон по дома или тајни локали. Зборувам за кафичи, ресторани, кафани и слично кај што секој ден требаше да има инспекција. И кај што кога одеше инспекција, не казнуваа затоа што не било во нивна надлежност.
     
    На ..barbie.., cresa-jagoda, LejlaD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    18.014
    Допаѓања:
    123.971
    Пол:
    Женски
    Вие веројатно НЕ разбирате дека на некои родители единствени опции им се градинка или отказ.
    Вие СИГУРНО не разбирате дека со една плата не се живее.

    Се молам никогаш да немате потреба да ви се разјасни ова.
     
    На DAngel, Ivan4e04, Sofi.ja и 16 други им се допаѓа ова.
  14. queen19

    queen19 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    1.845
    Пол:
    Женски
    Мерката за ослободување важи уште за деца кои оделе во градинка
    А ако почнеш да расправаш како не ги пуштаат газдите има каде да пријавиш таков прекршок
     
    На Martka, cresa-jagoda, candy.cane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    2-3 месеца да ги ослободи може секој, ама еве како тргнало цела година, никој не може да плаќа за седење дома ќе најде друг вработен...
    На крај на удар се родителите или ќе загубат работа или нема да можат да се вработат, другарка по толку време најде работа по струка ама не може дека детето нема каде да го остави.
     
    На azelea, candy.cane, fana и 4 други им се допаѓа ова.
  16. queen19

    queen19 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    1.845
    Пол:
    Женски
    Знам ама може да ротираат едниот родител една недела другиот родител друга недела или да ја завршува работата од дома ако има услови
     
    На Martka и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  17. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Еве колега на маж ми побарал да го ослободат, директорот му рекол важи ама ќе бидеш трајно ослободен. Башка и медицинските лица не се ослободени а и тие имаат деца.
     
    На azelea, LejlaD, fana и 4 други им се допаѓа ова.
  18. magnolija09

    magnolija09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2020
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    860
    Пол:
    Женски
    95 +maramce+platnena? kako voopsto mozes da dises ?
    jas imam edna so filter no pisuva M3 i mn teko se dise so nea, sega bas probav i platnena vrz nea no nema sansi ke se zadusis (dobro nemam probano n95 moze preku niv lesno se dise)
    no i ovaa 3m i n95 se za zagaden vozduh i kazaa dokolku se koristat za virusot da se koristat za edna upotreba ko hirurskite maski, ne smeat da se perat ni dezinfeciraat da, no nema sansi da ne ja dopres , kako ke pritisnes zicata na nosot?
    jas i ne ja nosam od taa pricina i si nosam samo platnena
     
  19. queen19

    queen19 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    1.845
    Пол:
    Женски
    Ја немам никаков проблем со отварање на градники само кажав дека мерката уште важи и дека ако не сакаат да ги пуштат да пријават и секако има некои постручни што одлучуваат за отварање градинки
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  20. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.406
    Допаѓања:
    5.912
    Пол:
    Женски
    Да, само и тоа како е важно на повисоките класови да им се одржи квалитетна и интерактивна настава. Физика, хемија, напредно ниво математика и стручни предмети по средниве и тоа како го бараат тоа. Друго е училница, работна атмосфера, секое дете да праша за појаснување, па да учат едни од други при испрашување, а друго е дома да слуша предавање, а лонци и тенџериња да тропаат во позадина дур мама што не оди на работа исто така, готви ручек. Па некому му закочил
    компјутер, интернет, а родителите ниту се стручни, ниту треба да се стручни во сите научни области и да ги супститутираат наставниците. Во светот се уште трае наставата и се компензираат пропуштените месеци. Што ако ова потрае, или во иднина не дај Боже и пострашно дојде. Родителите вечно ќе седат дома и други ќе работат за нив, а децата без образование ќе останат? Целта беше во што пократок период да се создадат услови за настава со скратени часови и дистанца, ротирања, смени со поделба на одделение и слично, а не неколкугодишен прекин на истатад целосно не исчезне вирусов. А медицина и електро и машинска струка што измислуваат вежби и пракса како ни се изучувале он лајн? Страшно.
     
    На Sofi.ja, cresa-jagoda, azelea и 5 други им се допаѓа ова.