Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.337
    Уште ли се збори дека пропадната економија не е страшно? Мислев го научивме тој дел.
    Тек ако пропадне економијата, нема да ни е гајле за други. Нема културно да чекаме ред пред маркет со маска и на дистанца, туку ќе гледаме први да се бутнеме и да грабнеме пакет брашно или да ја земеме последната табла јајца. Пропадната економија ќе значи огромен пад на производството и увозот. И тој што има пари ќе страда.
    Затоа најоптимално е оние што може да работат со протоколи, да работат. Оние што не можат да добијат помош или да им се најде привремено друга работа, ако е можно.
     
    На christinnn, redhead, oblace1 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. queen19

    queen19 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    1.845
    Пол:
    Женски
    Бремени жени го потценуваат вирусот не знам што да кажам ја се пазам за родители а не па за свое дете еден ден :x
     
    На Ivan4e04, Hellobeautiful, spacegirl92 и 12 други им се допаѓа ова.
  3. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.848
    Допаѓања:
    17.777
    Пол:
    Женски
    Во кризата во 2008 беа највеќе погодени берзите. Ние немаме некоја берза, па не ја ни почувствувавме толку.

    Се согласувам, домино систем е. И една земја да има криза ќе има влијание, а не па цел свет.

    Затоа јас викам мора, барем во најмала рака, да се заштитат основните сектори.
    Кај нас знаеме како ќе биде.
    Што ќе се замараат да казнуваат несовесни работодавачи, не е интересно од тоа да се полни буџет. Вака едно кредитче ќе си подигнат, па ќе до исплаќаме сите со се камати. Дали било што функционира нормално, не е битно. Менаџирање со криза на ниво.
     
    На Bunny2 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.338
    Ако продолжиме вака, со непослушност и без мерки по фирмите, дефинитвно кон пропаст одиме.

    Предвидувањата се дека од септември-натаму буџетот ќе имал кратења и од основните работи.

    Да не се 'изнасмееме' сите кога ќе почнат од администрација да отпуштаат.
     
    На azelea, cresa-jagoda, Ahoy и 2 други им се допаѓа ова.
  5. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Па да не ме плаќа некој па да седам и да полемизирам на темава овде, место да си бркам работа. 5 минути се дури и превише.
    Има луѓе што можат да умрат и од ентеро вирус ради сјебан имунитет, па сигурно кога си го закачила лани преклани не си се м'кнела со маска по маркети.
    Како бе сите станавте одеднаш толку одговорни за јавното здравје. Ако е така, е баш свака част. :D
    Уште две минути потрошени на короната, идам по сладолед и боза, заборави ме.^_^
     
  6. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    27.882
    Ентеро вирус не се појавил во пандемиска форма, башка не е респираторен. За свинскиот не носев маска, ама пројавив симптоми и се изолирав од цимерките што живееја со мене.
    А ќе те заборавам секако без гајле :D Ај на здравје боза :)
     
    На Purplelilac, cresa-jagoda и NovusOrdoSeclorum им се допаѓа ова.
  7. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.199
    Допаѓања:
    27.456
    Се додека има луѓе што:
    -не ја сфаќаат сериозноста
    -не носат маски
    -не дизенфицираат
    -се мешаат во гужви
    -присуствуваат на ОРГАНИЗИРАНИ масовни дешавки
    -знаат дека се позитивни и пак одат на работа
    Нема да не биде.
    Носите ја таа маска. Не е 5 тона, не знам шо ќе ве кошта. Можеби живот?
    Ако имате сили да си го тестирате колку ви јак имунитетот и изгледа свесно се изложувате на корона, супер.
    Иначе со мислењава се докажува и гледа оти дел се до коска исплашени а еден дел се ноншалатни и оти имаме по 200+ заболени.
     
    На Martka, GirlLove, Ivan4e04 и 13 други им се допаѓа ова.
  8. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.483
    Допаѓања:
    8.924
    Пол:
    Женски
    Стаповите од Индија се најбоља мерка :).
    Точно изборите требаше да се одржат уште во мај, бар поверојатно ке беше мерки да вратат, сега тешко, не верувам. Бар со локалите да преземат нешто и групирањата. Мада народот е веќе преопуштен.

    Наќе реши да собира политички поени со тотална инертност, на сметка на ширење на вирусот, ама кога веќе полицијата не реагираше никако, Пендаровски можеше да ја пушти војската да ги преземе работите во свои раце.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.338
    Како прајш ти, сенкир е избор то дали има, или нема корона.

    Нема жив човек на планетава што ужива во ситуацијава.
    Сите би сакале да нема пандемија.

    Ама ете, има.
    Факт, је*и га.

    Или ќе се адаптираш, или ќе умреш.
    И социјално, и економски, и физички и секако.
     
    На Purplelilac, Tajnaotrovna, green.eyes и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.337
    Во Индија татко и син биле силувани и убиени од полицијата зашто го затвориле дуќанот 15 минути покасно откако започнал полицискиот час:) (не е за насмевка емоџиво)
    Белким нема и тоа да сака некој да го примениме.

    Парични казни - да
    Тепање - не.
     
    На GirlLove, The Saturdays, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  11. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.404
    Допаѓања:
    28.418
    Едвај чекам да им се скрати нешто на овие што мислат на дрво растат парите што ги зимаат плата.
     
    На Nausicaa, bicycle, azelea и 3 други им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.338
    Поврзано е.
    Едните од другите земаме.
    Немаме никаков реален раст со години.

    Од наредната година, ако не ни 'шприцнат' странците некој кредит, или некаква помош, ојдовме јабана.
     
  13. poi

    poi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.197
    Допаѓања:
    2.405
    Пол:
    Женски
    Според мене полицискиот час не е најдобра мерка од неколку причини. Прво, како што рековте погоре, работниците се погодени. Второ, не е целта сите да се движиме во едно време, па потоа се да е празно (напротив целта е да се поделиме). Ова се однесува на маркети, кафичи и слично. Е сега ќе речите воглавно навечер се излегува по кафичи или па диска. Затоа тука има други мерки што ќе ги спомнам подолу. Трето, не дај боже има секакви итни случаи во полицискиот час. Навистина има дозвола за движење, но кој ја добива? Тие со врски... Па и секако ништо не работи. Сигурна сум дека има и други причини, но не ми текнуваат. Главната е што ствара притисок врз психата.
    Навистина е лето и со маските не се деши, особено ние со наочари... Но ете докажано е дека помали се шансите да се заразиш со маска, мора сите да издржиме. Треба да се носат во затворен простор и каде има толпа луѓе, а баш во овие толпите не се носат. Јас би предрожила да нема собири, да се забранат забави и сл. Значи кафичите нека работат, но до определено време. Сега ќе речите „до 6 короната не шетала, после шетала“, ама поентата е што тие забавите се навечер, ретко има денски забави сега. Во однос на родендени, свадби, крштевки и мерка да има нема како да се контролира во домашни услови, така што тоа е на самите луѓе оставено.
    И сакам нешто важно да кажам: пред се' треба да ни работи свеста и да тргниме од себе, така што ние за себе ќе се грижиме. Ние што „пцуеме“ по власта и мерките нема ништо да смениме така, да се држиме ние настрана од сето тоа и ќе биде во ред се надевам. (Иако еве јас не одам ни по журки ни по такви настани, не одам во кафичи, шетам со маска итн. па се сомневам во корона.) Значи да повторам, ако има мерки од власта е како на сила да го контролираат нашиот живот, нели? Па да почниме да се грижиме сами за себе и за најблиските бе луѓе, ве молам... Ако 90% од населението е примерно ќе помине брзо.
    Ние, младите и оние без сериозни имуни заболувања, ќе го победиме вирусот. Но што ако несвесно го пренесиме на родителите, пријателите и сите оние за кои би бил критичен? Јас не ги жалам оние кои поминуваат дома без симптоми, ги жалам оние на респиратори и за жал не сакам да коментирам за тоа како им е нив и на нивните семејства.
    Значи постот е долг, но ете имав потреба да го пишам ова. Ова е само мое мислење, ве молам без непотребни хејт коментари, така остануваме само назад... Да се трудиме сите заедно за подобро утре и ве молам ако не се сложувате со туѓото мислење искажете го тоа на мирен начин (ова важи за секоја тема на форумов), барем почитувајте ги туѓите мислења.
    Ви благодарам на вниманието!
     
    На Bunny2 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Текстот е превземен од д.р. Горан Кунгуловски, докторот кој го предводеше тимот кој го секвенционираше коронавирусот во Македонија.


    Кога се прави тест за новиот коронавирус SARS-CoV-2, резултатот покрај негативен, може да биде позитивен или "позитивен."

    Што тоа значи? Се зависи од вирусниот титар (концентрацијата на вирус во примерокот). Методот на RT-PCR е високо сензитивен и тоа претставува еден од најсилните и воедно најслабите атрибути на оваа технологија. Методата теоретски може да детектира неколку вирусни честици во самата реакција (ултрасензитивност) и да даде резултат којшто е позитивен, ама неговата концентрација е најверојатно недоволна за да зарази друго лице [секако треба и големи контролирани студии за да се потврди ова].

    Бидејќи за зараза потребна е одредена инфективна доза на вирус (којашто најверојатно се мери во илјадници активни вирусни честички, а не десетици), не сите пациенти со "позитивен" наод за коронавирус се инфективни [иако треба повеќе контролирани студии за да го подржат ова].

    Поради оваа ултрасензитивност, некогаш има нескладност на резултатите меѓу лаборатории. Замислете ова, да речеме дека вирусот е зрнце ориз и прагот на детекција на методата е едно зрнце. Имате сад со 1 L вода во којшто фрлате 10 зрнца ориз; oд тој сад, со мала чашка земате примерок на вода (аналогно на земање на брис) - два од десет пати во чашката ќе има зрнце ориз и тие два пати ќе детектирате позитивен резултат, а осум пати негативен. И од тука доаѓа нескладноста на резултатати кај некои пациенти, кога се работи за примероци со ултранизок титар на вирус.

    Доколку во садот со вода има милијарда зрнца ориз, многу е веројатно дека со секое земање на вода од садот вие ќе опфатите и стотици/илјадници зрнца ориз (што значи дека во сите лаборатории резултатот секогаш ќе биде позитивен). Затоа секогаш има складност помеѓу лаборатории кога се работи за примероци со висок титар.

    Титарот е највисок 1-2 дена пред појава и 1-3 дена после појава на симптоми, затоа е најдобро тогаш пациентот да се тестира. Исто така, според мене треба на секој резултат да се пишува приближната концентрација на детектиран вирус.
     
    На cresa-jagoda, poi, WildMk и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.252
    Допаѓања:
    204.992
    Сега прочитав инфо, во Шпанија и на плажа се носеле маски, т.е. сегде надвор и внатре во движење, освен во вода и на лежалка:?:. Имаше една членка во Шпанија, може ќе ни каже нешто повеќе.
     
    На cresa-jagoda и Ahoy им се допаѓа ова.
  16. magnolija09

    magnolija09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2020
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    860
    Пол:
    Женски
    znae nekoj sto moze da se pie zamena za aspirin (bez recept) i toj dr lek sto e spomnat apronaxa nesto protiv zgrutcuvanja na krvta (preventivno da se pie )

    ne kritikuvajte tuku ako znate kazete mi, preventivata e sekogas vazna
    poznato e ova odamna no sepak ke go kopiram

    ковид-19, кој не е ништо друго туку „вообичаена интерваскуларна коагулација (тромбоза)“, објави српски „Интермагазин“, повикувајки се на thelogicalindian.com , кој објавува и докази во вид на документи од италијанското министерство за здравство. Оваа сензационална вест ја објавија италијанските лекари по извршени обдукции на повеќе пациенти кои наводно починале од ковид-19. Нивните обдукции покажале дека кај починатите пациенти вените биле проширени, крвта била згрутчена, а вените и артериите биле полни со крвни згрутчувања кои оневозможуваат нормален проток на крв, а со тоа и кислородот до сите органи, пред сè до мозокот, срцето белите дробови, и пациентот на крај умира.

    Врз основа на оваа дијагноза, италијанското Министерство за здравство веднаш ги измени протоколите за лекување од ковид-19 и почна да им препишува „аспирин“ од 100 мг и „апронакса“ на сите заразени пациенти.
     
  17. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.815
    Пол:
    Женски
    I ti bi go piela?
    Znaes deka aspirin ne e preventiva?
     
    На 1209, candy.cane, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.252
    Допаѓања:
    204.992
    Превентивата се вика имунитет.
    И да е вистина веста, (а не изгледа баш така- ковид е тромбоза, мислам дај молимте(facepalm)), нема превентива за да не те фати вирус, можеби е препорачана терапија ако имаш позитивен тест.
     
    На candy.cane, cresa-jagoda, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.742
    Допаѓања:
    284.661
    Пол:
    Женски
    Очекував многу поголема свест и подлабоко размисување за состојбиве и превенцијата од младиве ама :|
    Штета...
    Среќа има исклучоци.
     
    На Martka, Ivan4e04, LejlaD и 13 други им се допаѓа ова.
  20. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.545
    Допаѓања:
    38.810
    Пол:
    Женски
    Не смее превентивно такви лекови да се пијат. Инаку и кај нас им даваат на заразените таква терапија кај што има потреба.
     
    На LejlaD, Среќичка, candy.cane и 2 други им се допаѓа ова.