1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.161
    Допаѓања:
    42.058
    Пол:
    Женски
    Беда и сиромаштија? А тоа што луѓе заболуваат и умираат пошто некој му текнало да се рашетува и не знае да си седи мирен?
    Владата па владата крива, отупевте со тоа, и една и друга влада не ви чини, идете вие оправајте државата.
    Да се почитуваа протоколи, да носеа сите маски, да не се правеше журки сред пандемија, бројките немаше да бидат тоа што се денес.

    Мисли бе некој на мене ако ме зарази? Не.
    Зошто па јас да мислам за другите?
    Ако немаш мозок у глава џабе ти е се.
    Ај владата е крива, ама владата ме тера да правам веридби, крштевки, родендени сред пандемија?
    Ајде бе луѓето оставете ги да живеат, катастрофа.
    Ми се блуе од тоа дека владата е крива а не се почитува ниту една мерка.
    Ама нели требало владата да казнува оној овој, владата ме учи на тоа дека е само обичен вирус и Бил Гејтс сака да не чипира или 5 џи теории?
    Ај ти се молам, најди друг аргумент освен владата е крива, оти ако заразиш а не си почитувал мерки никој друг не ти е крив.
    Има и некои што внимаваат и заболуваат поради други невоспитани стоки шо им текнало да се курчат.

    И реков претходно, нека работи се, само да се почитуваат протоколи.
    Ете Аватар затворен е, катанец на клубот, се ќе беше поубаво да се почитуваше, сега нека им.

    Дали ќе ја издржи се надевам да, ама со овие бројки друг излез не знам ,ете кажи ти.
    Да се немало осет.
    Пуштени од ланец.
     
    На cresa-jagoda, candy.cane, Hellobeautiful и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Ако народот не сака да живее во сиромаштија и беда може да носи маска и да оддржува дистанца, нели? Нене толкав проблем.
    Исто така не мора да прави свадби, крштевки, родендени со 20-30-100 гости, така?
    Ако не сакаат милум, може силум.

    Едит: Каква е таа лажна сигурност со 200 заболени секој ден?
    Не треба мене Филипче или Пендаровски да излезе да ми каже дека ситуацијата е лоша, сам ќе проценам.
     
    На Martka, Purplelilac, candy.cane и 9 други им се допаѓа ова.
  3. queen007

    queen007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2015
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    306
    Пол:
    Женски
    Да ама тука спаѓаме и ние кои почитуваме правила. Значи сите ние ќе го јадеме заради некои на кои им е до славење и журкање.
     
    На Martka, cresa-jagoda, Hellobeautiful и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.848
    Допаѓања:
    17.777
    Пол:
    Женски
    Зошто секогаш се бира кој е крив, владата или народот?
    Реалниот одговор е и владата и народот заедно. Првите за неспроведување на мерките, а вторите за нивно непочитување. Колективна катастрофа сме. Разбирливо ми е плукање и по едните и по другите. :D

    И јас мислам ова би било доволно за да се подобри ситуацијата.
     
    На Purplelilac, mkdvesna, tinka-mace и 3 други им се допаѓа ова.
  5. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    На сред пандемија си се одржуваат избори со митинзи и се тоа ама ајде да ги критикуваме младите што биле во дискотека што очекуваш од млади луѓе? Дека како вас од Март ќе седат дома затворени? Животот си продолжува 3те основни мерки се тие ако се почитуваат убаво ако не ќе си тераме вака. Ама во никој случај не е добро пак да затворат се.
     
    На orevokrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Епа не се почитуваат.
    Секоја чест на малиот процент на граѓани кои ги почитуваат.
     
    На cresa-jagoda, oblace1, tinka-mace и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.161
    Допаѓања:
    42.058
    Пол:
    Женски
    Тие бројки не се од митинзи само, туку и од журки, мекици, свадби, родендени, матурски, да продолжам?
    Нека работат само тие најпотребните сектори, со највисоки безбедносни мерки и протоколи.

    И уште нешто, и мене не ми се допадна тоа со митинзите, во Штип допрва ќе е "весело" ама дека бројките се само од нив, не се.
     
    На cresa-jagoda, candy.cane, tinka-mace и 2 други им се допаѓа ова.
  8. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    Ама во случајот ти ама просечен македонец не гледа така на работите и зошто затварање на се да страдат сите? Нека ги казнуваат само тие што не почитуваат.
     
    На LejlaD и Ahoy им се допаѓа ова.
  9. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    Ок тоа ама зошто затварање на се заради поединци?
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Ама и јас сум за тоа.
    Ама ништо не се почитува.
    Видовме и слики и снимки.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  11. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    40.023
    Пол:
    Женски
    Исто како што воведоа задолжителна вакцинација за морбили, во спротивно детето не може да е дел од воспитно образовни установи.
    Зошто да не може и за корона ?
    Плус наговестија пред некој месец, со здравствените пасоши, нема да можеш да влезеш у одредена држава, ако не приложиш документ дека си прележал корона, у случајов, дека си вакциниран од истата.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  12. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    Поентата ми е зошто толку навреди кон младите кога кафичите се тие што треба да ги споведат протоколите. А за дискотеките и подобро може да се затворени.
     
  13. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.409
    Допаѓања:
    45.382
    Пол:
    Женски
    А зошто не навреди? Немаат мозок, деца од 2 години се?
    И едните и другите се криви.
     
    На cresa-jagoda, Ana-Marija24, Hellobeautiful и 2 други им се допаѓа ова.
  14. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.161
    Допаѓања:
    42.058
    Пол:
    Женски
    Порано ќе речев мал број се што не почитуваа дека повеќето се плашеа, сега обратно, премногу опуштање.

    1 - Ако букне во малите градови нема каде да се лекуваат, во болниците е преполно, посебно во Штип.
    Во некои мали градови нема карантински соби, посебно некои делови во болниците се затворени, не ме прашувај од каде знам освен ќе ти кажам дека сама се имам уверено.
    Плус здравствениот систем колабира, многу медицински лица заболеа, а со тоа и многу други лекувања од разни болести останаа на стенд бај па затоа бараа и помош од внатрешноста.

    2 - Не се почитуваа мерките за самоизолација, ноќните клубови исто така не почитуваа протоколи, да не спомнам и за останатите угостителски места.

    Се ќе беше во ред и немаше да постои причина за п.ч или лок даун ако се почитуваше се.

    Секој ден читам за неносење на маски, и се казнуваат.

    И мене не ми се допаѓа баш идеата и тоа шо ние совесните ќе трпиме ама не знам како да излеземе од оваа ситуација ако не ги почитуваме основните правила за мерка.

    Плус, секој има шанси да заболи, никој не е безбеден.

    И прашуваш за младите зошто толку навреди, па ете и пред да бидат отворени ноќните клубови правеа нон стоп собиранки и не почитуваа мерки.
     
  15. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    27.882
    Мојот впечаток е дека поединци почитуваат мерки, а не обратно.
    Инаку не сум за затворање од типот на карантините, сум за поголема контрола.

    А исто тоа со младите дека некој ги напаѓа ти го читам во речиси секое мислење, а спротивно на тоа, многу често се спомнуваат свадби, крштевки и други собири кои не се типични само за младите. Така што, не знам зошто селективно читаш.
     
    На mkdvesna му/ѝ се допаѓа ова.
  16. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.248
    Допаѓања:
    49.358
    Пол:
    Женски
    Брат ми има 19 години , и од март нема отидено во кафич или дискотека.
    И него му се шета ама совесен е пред се, а богами и страв му е.
    И не сме ние тетки престарени па да викаш можеме ние да седиме, гледам кон тоа алудираше. На сите ни се живее нормален живот ама не можеме и не смееме.
     
    На Martka, WildMk, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  17. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    Браво за вас ама па другите од 16-25 си мислат дека лесно ќе го поминат и не се замараат. И нивното такво размислување неможе да го промени никој едноставно такви им се годините. Ќе видат 4-5% смртност и тоа за нив не е ништо голем дел и не се замараат со бројки.
     
    На темјанушка му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Институтот за јавно здравје денеска го објави неделниот извештај за периодот од 13 до 19 јули, во кој се евидентира намалување на бројот на новозаболени и оздравени лица, а зголемување на бројот на починати лица во однос на претходната недела.

    Во дадениот период направени се 8.161 тестирања (1.834 помалку од периодот од 6 до 12 јули, што се должи и на еден дополнителен неработен ден) и регистрирани се 1.038 позитивни случаи на Ковид-19, што е за 35 случаи помалку од претходната недела, соопшти Министерството за здравство.

    Новозаболени се регистрирани во 26 града, при што најголем процент на новозаболени има во Скопје (39,9 отсто) и во Штип (14,4 отсто). Во 17 града во земјата, за истиот период, бројот на новопотврдени случаи е под 20.

    Во овој период се забележува промена на старосната структура на новозаболените во однос на претходните недели, при што најголем процент се лица на возраст од 40 до 49 години (21,1 отсто), потоа лица над 60 години (20,6 отсто), поголем број новозаболени се регистрира кај лица од 30 до 39 (20,4 отсто) и кај лица од 50 до 59 години (19,7 отсто). Најмал број новозаболени има кај децата на возраст до девет години – 2,2 отсто и од 10 до 19 години – 3,5 отсто од вкупниот број новозаболени.

    Од случаите кои се епидемиолошки истражени, хоспитализирани се 88 лица или 9,5 отсто од новозаболените, што претставува намалување за два отсто во однос на претходната недела на известување, а кај 275 лица или кај 29,5 отсто регистрирано е присуство на коморбидитети, што е за два отсто повеќе од претходната недела.

    Од вкупниот број на епидемиолошки истражените новозаболени 38,6 отсто имале контакт со потврден случај на Ковид-19, а 12 лица (10 помалку од претходната недела) имале историја за патување во странство во минатите 14 дена.

    Во периодот од 13 до 19 јули регистрирани се 545 оздравени лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е за 472 лица помалку од претходната недела на известување (6 – 12 јули). Пред ова намалување од 40 отсто на неделниот број на оздравени лица, три недели бројот на оздравени лица бележеше раст за околу 40 отсто на неделно ниво.

    Во периодот од 13 до 19 јули, регистрирани се 44 смртни случаи, што е за осум повеќе од претходниот период. Најголем дел од случаите се лица над 60 години (81,8 отсто). Четириесет и еден од случаите се починати во болнички услови, а три вон болнички. Кај 35 од смртните случаи (79,5 отсто) регистрирани се претходни коморбидитети.

    На 19 јули, според извештаите од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, ГОБ „8 Септември", Болницата во Козле, клиничките болници во Битола и Штип, општите болници во Прилеп, Куманово, Велес и Гостивар, хоспитализирани се 392 лица позитивни на Ковид-19, од кои 102 се на кислородна поддршка, а пет на механичка вентилација, стои во извештајот на ИЈЗ.
     
  19. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.248
    Допаѓања:
    49.358
    Пол:
    Женски
    Зарем тие немаат дома родители, баби, дедовци кои можеби нема лесно да го поминат, неодговорност и себичност, не се годините во прашање.
    Годинава брат ми беше матурант, не славеа, не се ни собраа од клас да прослават, ни дома прославија моите, баш ми е жал и криво зашто еднаш во животот се матуранти, а овие со родендениве, крштевкиве, свадбиве може и догодина да прослават, ама не бе памет кога се нема џабе е. :x
     
    На Martka, WildMk, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки