1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    27.882
    Едно прашање само, те читав дека и тука во МК онлајн треба да го извадиш документот, па не ми е јасно како е битно твоето доаѓање за нив, нешто лично се подигнува или? :^)
     
  2. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Се плашам и од морбили и од стомачен вирус и од пнеумонија од ред други причинители. Од се се плашам.
    И внимавам колку можам.
    Едно е да си внимателен, а друго е да си еретик.
     
    На zhap4e и azelea им се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.944
    По закон лично можеш да го извадиш само ако си на територија на државата :D
    Не знам по кој закон, сега пак ќе ги тормозам.
     
  4. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    27.882
    (facepalm) Немам зборови.
    Со среќа (fingers)
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.423
    Допаѓања:
    206.548
    Пол:
    Женски
    Дур не те промавтаат малце по шалтери, не ја бива работава. Можат, ама не сакаат. Ко да не знаеш со кој си имаш работа. Нешто правно да ги гониш, или слично, има опција?
     
  6. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.742
    Допаѓања:
    284.669
    Пол:
    Женски
    Докториве со нивните контроверзни ставови околу вирусов сакјаќи да се направат кој од кој познајни и ја створија оваа бура на недоверба ,заблуда,паника или крајна опуптеност ..
    Загледав некое видое со оној србинон Несторовиќ циркуз безпари...(facepalm)
     
    На cresa-jagoda, azelea и LejlaD им се допаѓа ова.
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.944
    Собирам адвокати, гледам опции.
    И тука има една таква што намерно ми кажа за документот дури овој понеделник, скоро два месеца покасно од што требало. Да ми кажеше кога беше посмирена ситуацијата и да дојдев и да направев нешто.
    Тогаш и амбасада ќе ми помогнеше оти беа затворени границите.
    Сега и амбасада не може, имаш начин да идеш и тоа е. Викаат иди сега, оти после ќе требаш наша помош, ќе се затворат граници само екот на сезоната да помине.

    Најмив јас адвокат по 2-3 недели оти сфатив дека ќе биде маткање. Тој еднаш отиде, бабава познаничка му била, повтори он 100 пати додека зборевме, беше еднаш кај неа и веќе не се јави. Го убедила дека го лажам нешто, или дека лажам, дека имам задни намери, што знам.. ми се јави уште два пати да ме праша дали сум сигурна за тоа што сакам и го снема :D ни можам, ни не можам, исчезна.

    Без разлика како се заврши ова овде, бабава ја давам на етичка комисија за државни службеници.
    А натаму ќе видам, ако не ми остане ништо ќе се вратам. Ама можно е да читате по портали ваму - таму.
    Тек ако фатам корона ќе се чита, ако можам и за загрозување на јавно здравје ќе ги тужам тогаш. За се што можам :D
     
    Последна измена: 22 јули 2020
    На cresa-jagoda, tina2018, Nightwish11 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    4.309
    Допаѓања:
    19.164
    Пол:
    Женски
    И твојата една другарка што ќе излезеш со неа може има друга другарка што не ти е тебе и она на само ќе излезе и со нејзе па и со тебе. И дечко/девојка има семејство и со еден човек да се гледа од време на време пак има ризик. Не велам дека не го правам и јас тоа ама не е никаква заштитна мерка тоа:) и ќе се шири вирусот и ќе биде кој како ќе помине, ќе помине. Зошто сите од со еден со еден, правиме круг.
    А, ова за кај брат ти, мислам не е во ред имаат потврден позитивен и одат на работа....не треба некаде да се пријави тоа?:?:
     
    На candy.cane, tinka-mace, Bezimenka90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.337
    Пак, еден човек не е исто со 10 одеднаш ако знаеш дека другиот исто не се гледа со други.
    И јас се гледам со дм само, он со никој друг освен домашните. Ако кај некој се појави симптом или нешто, веднаш ќе си кажеме.
    А ова кај брат ми знаат сите, шефот ли што и да е, колегите знаат.
    Луѓе што постојано работеле со позитивниот веќе се во изолација. Брат ми и останатите помалце биле во контакт со него, затоа за нив е помал ризикот па им рекле сепак ќе ги тестираат прво. Инаку со маски се цело време.
    Такви упатства добиле од работното место.

    И кај мајка ми имаше позитивна во сосем друг оддел на зградата кај што работи, па само дел од колегите беа ставени во изолација, другите не.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.993
    Пол:
    Женски
    Стварно не ми е јасно како може некој 5 месеца затворен да е, добро не одите на работа, нешто документи, доктор, банка не ви затреба до сега? Искрено поголеми се шансите да го фатам од работа или од автобуси што сум секој ден или моите од работа да го донесат него од идење на кафе.
     
    На eli25, BloodElf, Bunny2 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    27.882
    Едноставно е, ризик имаш секаде.
    Поентата е дека се обидуваш да го минимизираш ризикот, затоа маска/дезинфекција/дистанца на оние места каде мораш да одиш.
    Одење на работа, во маркет, банка, доктор е потреба. На доктор и во банка одиш со неодложна потреба.
    Правење собири, журки, крштевки, свадби и слично, не се потреба.
    Кафитериите и рестораните нема да ги коментирам, од причина што јас не го чувствувам како потреба за себе, ама разбирам ако некој сака да седне да смени средина, без притоа да се групира.
     
    На cresa-jagoda, WildMk, Purplelilac и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.993
    Пол:
    Женски
    @Celltica ништо не е апсолутна заштита, и тука пишаа дека со максимално пазење се заразиле.Џабе носам маска и дезинфицирам кога пола и повеќе маски под нос носат.
    Е сеа до свадби и крштевки не сум дошла, во август имав блиска свадба ама ја откажаа.
    Ама ако не дојде вакцина во скоро време ќе ја прележиме сите, ако не сме и прележале веќе, ама ја тврдам дека мене ми е поголем ризикот од работа зашто некогаш сум во контакт и со по 50 луѓе дневно од кои пола не носат маска ко што треба иако јас сум со визир, него да седнам на кафе со 2-3ца, башка што се возам секој ден со автобус.
     
    На СуперДевојка, Celltica, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.848
    Допаѓања:
    17.777
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со двете. Иако нормално би било да избегнуваме контакти што е можно повеќе, кај нас ништо не е нормално.

    Џабе сето пазење, кога тие околку тебе не се пазат. А и да се пазат, голем дел неправилно ги носат маските.

    Ќе рече се пазев, ама оди со маска во автобус, доаѓа на работа и ја става под брада. Во меѓувреме се дави во алкохол, за дезинфекција. И на крај пак истата маска на лице за да влезе во автобус.

    Која е поентата? Таа маска веќе не е употреблива и станува чиста формалност за да се избегне казна, наместо за заштита.
     
    На Celltica му/ѝ се допаѓа ова.
  14. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.811
    Допаѓања:
    323.875
    Се пазари еднаш неделно со мадк и ракавици.
    Не ми доаѓа никој дома, не одимр никаде.
    Шетаме на Козланско Водно сами.
    Имаме апартман.на езеро, немаме комшии пак сме сами.
    Излагам од дома со дете да вози велоспиред и за се раздвижиме по слепи улички.
    Не одиме н љуњашки, нема играње со деца, жал ми е ама тоа е.
    Во банка сум немалс потреба, пари се вадат од банкомат со ракавици.
    Во кола и во чанта имам маски, ракавици и алкохол и се миеме на секое чепкање.
    Доктор ни затреба ама излезе од ординација да ни подаде рецепт , тој со мааска.ние со маски, рецептот се подигна од аптека со сите заштити.
    Значи нема.кафиња, родендени, крштевки, ручеци, кафани..
     
    На cresa-jagoda, WildMk, smooch и 11 други им се допаѓа ова.
  15. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.201
    Пол:
    Женски
    Што документ ќе беше тоа, формулата за лек за рак да не ја има?! :D
     
  16. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Супер.
    Некои мораат да одат на работа и да се мешаат со луѓе.
    И да испијат кафе среде работен ден или да јадат.
    И за нив не преставува диференција дали закачиле вирус работејќи или пиејќи кафе.
    Лесно е да се повикуваме на туѓата одговорност, кај луѓе кои баш и немаат можности за стаклено ѕвоно.
    :)
     
    На FancyGirl*, zhap4e, eli25 и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    27.882
    Да се надоврзам, мој член на семејството работи во средина каде што никој освен него не носи маска. Уште повеќе е во грч да јаде како човек или да се напие вода или кафе, знаејќи дека никој друг не носи маска, па неговото вадење маска е поризично. Тоа е туѓата одговорност.
    Инаку да, факт е дека и одењето на работа е ризик. Разликата е тоа што мораш да работиш за да преживееш, многу други нешта не мораш да ги правиш.
    И факт е дека колку и да пазиш можеш да се заразиш, ама тоа не значи дека треба да прекинеш да внимаваш alltogether.
     
    На WildMk и Purplelilac им се допаѓа ова.
  18. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.163
    Допаѓања:
    42.065
    Пол:
    Женски
    Во последните 24 часа регистрирани се 137 нови случаи на заболени од Ковид-19. Резултатот е добиен по изработени 1437 тестa.


    Истовремено, 131 пациент се излекувани, а починаа 10 пациенти позитивни на Ковид-19.

    Аман више, до кога ќе умираат? :( 10 нови.
     
    На cresa-jagoda, tinka-mace, Ahoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1437 тестирања, а регистрирани се 137 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-64, Куманово-7, Штип-19, Прилеп-1, Тетово-7, Струга-14, Велес-1, Битола-2, Охрид-5, Гостивар-6, Радовиш-2, Крушево-1, Демир Хисар-1, Свети Николе-3, Кичево -4.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 131 оздравен пациент од: Скопје-41, Штип-10, Тетово-11, Струга-25, Велес-3, Охрид-36, Гостивар-5.

    Починати се 10 лица, пет пациенти од Скопје, двајца од Куманово, по еден пациент од Тетово, Гостивар и Радовиш.

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на 66 години.

    Во ГОБ „8 септември“ починати се пет лица на возраст 79,76, 82,61 и 72 години.

    Во Институтот за белодробни заболувања Козле почина 81 годишен пациент. Во ОБ Куманово е починат пациент на возраст од 80 години. Во ОБ Гостивар е починат пациент на возраст од 63 години, во Филип Втори е починат пациент на 67 години.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9547, бројката на оздравени пациенти е 5071, на починати е 442, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4034. Од вчерашните тестирања, два се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

    • Скопје 4413, активни 1909
    • Куманово 940, активни 252
    • Дебар 175, активни 112
    • Штип 659, активни 333
    • Прилеп 313, активни 56
    • Тетово 962, активни 297
    • Струга 391, активни 184
    • Велес 209, активни 27
    • Битола 96, активни 51
    • Охрид 250, активни 99
    • Кавадарци 32, активни 18
    • Гостивар 321, активни 207
    • Гевгелија 19, активни 8 (*6 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 2 на Богданци)
    • Струмица 31, активни 22
    • Крива Паланка 22, активни 8
    • Радовиш 28, активни 23
    • Крушево 14, активни 9
    • Кочани 90, активни 22
    • Пробиштип 46, активни 29
    • Демир Хисар 19, активни 17
    • Македонски Брод 10, активни 6
    • Пехчево 6, активни 0
    • Берово 4, активни 1
    • Валандово 6, активни 0
    • Виница 4, активни 1
    • Делчево 1, активни 0
    • Кратово 12, активни 7
    • Свети Николе 205, активни 190
    • Кичево 105, активни 86
    • Ресен 141, активни 57
    • Неготино 23, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 1437 теста се преку: ИЈЗ-410, ЦЈЗ Скопје-29, Авицена-136, Биотек-158, МАНУ -135, Жан Митрев (Филип Втори)-322, Систина со PCR метода -164, Судска медицина -12, ЦЈЗ Битола-59, Инфективна клиника-5, ГАК-7. Досега во земјата се направени вкупно 89703 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 80 пациенти. На кислородна поддршка се 33 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

    Во болницата во Козле се хоспитализирани 17 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 7 позитивни деца, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот.

    Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 91 пациент. На респираторна машина се 6 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 33, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 125 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
    • Чаир – 275
    • Аеродром – 200
    • Бутел – 140
    • Гази Баба – 206
    • Центар – 162
    • Карпош – 174
    • Сарај – 115
    • Кисела Вода – 158
    • Ѓорче Петров – 120
    • Студеничани – 109
    • Шуто Оризари – 105
    • Арачиново – 33
    • Илинден – 25
    • Петровец – 22
    • Чучер Сандево – 11
    • Сопиште – 20
    • Зелениково- 13
    • Странец – 7
    • Нераспределен- 14
     
    На cresa-jagoda, GirlRose, simonka93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.587
    Пол:
    Женски
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.