Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.748
    Допаѓања:
    14.429
    Пол:
    Женски
    За Водно не сум ни јас. Посебно возење со жичара :worried:

    @Kimberly11 планирате таму да патувате?
     
    На smile:) и crimson им се допаѓа ова.
  2. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.628
    Допаѓања:
    3.907
    Ете јас можам да ти одговорам, мислам до сега не се пријавени случаеви за Волос, барем не сум слушнала на вести за сега....
     
    На koritsaki и Kimberly11 им се допаѓа ова.
  3. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.239
    Пол:
    Женски
    Не туку близок пријател на татко ми вчера се вратил од таму и му забранив да се гледа со него ми рече добро :D
     
  4. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.730
    Допаѓања:
    322.853
    Водно е широк поим.
    Божем само жичарата постои.
    Само едно е најважно: никакви допири со предмети!

    Една осамена прошетка со тротинет или велосипед нема да штети на здравјето, напротив, ќе дојде како оддишка на 24часовното седење во затворена просторија.

    Најважно е да нема собиранки, игри, топки, љуљашки, гушкања и бацувања.

    Покрај сите негативности со вирусов да ја погледнеме и светлата страна- ќе се дружи најтесната фамилија и ќе поминуваат повеќе време заедно САМИ.

    Да се надеваме дека секој од нас ќе испочитува до крај да нема групни собири и хигиената да ја дигнеме на највисоко ниво, 90% од времето да седиме изолирани дома, да пријавуваме неаовесно однесување ,да ги слушаме препораките на СЗО и мислам дека ќе биде во ред.

    ДО НАС Е!!
     
    На Ivan4e04, Nausicaa, Elaine и 23 други им се допаѓа ова.
  5. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
  6. Calla

    Calla Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    1.517
    Од понеделник на мтв1 со почеток од 11:25 и реприза од 16:30 часот. :)
     
    На Elaine, fana и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  7. bambina carina

    bambina carina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2015
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Не сакав да го коментирам вирусов ама јас сум навистина загрижена, не ми е јасно како да знаеме кој има корона кој обична настинка? Надвор секој втор човек кашла а не се затнати, незнам дали до сега немам обратено пажња ама прв пат приметив толку кашлање. Вчера гледав дебата на телма двајцата гости закашлани и ај сега мислиш секаде е. Меркел ненормална и останатите европски лидери не можеше од јануари да воведат строг карантин, сега го плаши народот вели 60 до 70 % од вас ќе се разболите. Путин пред месец дена забрани влез за кинески државјани во Русија, им запре трговска размена ама џабе кога европјаниве се дегенерици. Дозволија и вирус и паника да се прошири, ако не од корона психосоматски ќе се разболиме.
     
    На Mrs. Lovett му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Јас сакам да ви кажам да си седете дома. Толку ли не можете да се воздржите од прошетки во парк, на кафе, на Водно?
    Поарно 2-3 недели да се затворам дома отколку после да носам нечиј живот на душа.

    Сакам да ви кажам од дома поубаво нема!!!! Сега е идеално време за да си ги прочитате омилените книги, да спремате испити, да ги гледате омилените серии. Па барем во 21ви век е лесно и муабет да направите ако имате потреба од тоа. Наместо да идете на кафе по кафичи, направете си кафе дома и заедно со пријателката пијте го додека се гледате на камера. Излезете на тераса, во двор, до продавница, ама баталете прошетки на кафе и до Водно. Значи воздржете се 2-3 недели, не сме животни побогу.

    Сами себе сме си најголеми непријатели. И не размислувајќи за последиците, дури кога ќе ви удри вирусот по најмилите тогаш ќе се свестите. Само тогаш ќе биде касно. Свестете се додека е време.
     
    На Ivan4e04, Elaine, Billy Idol и 17 други им се допаѓа ова.
  9. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.223
    Допаѓања:
    8.751
    Пол:
    Женски
    Прочитав дека во Бугарија Борисов предложил да се воведе вонредна состојба и се да се затвори. Освен што имаат 23 случаи и еден смртен случај, наводно неколку лица кои биле сомнителни за корона вирус избегале од болница..
     
    На Elaine, cresa-jagoda, smile:) и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Моите се помлади, интелектуалци, да ти кажам мајка ми шо работи, ептен е упатена во тематиката... :tmi:
    Одговорот беше, НИШТО не е, ќе го контролираат.

    Децава од фамилија окапаа по „излети“ у природа, пак се збираат по класови. Не биле внатре, надвор шетале. Додека не ја затворија теретаната, одеа и таму.

    А двете баби не можат да бидат поризични... :(

    Мислам, не дека се по кафиња рашетани и по ресторани, ама дефинитивно не се нешто потресени. Да фанам да пријавувам, треба прво нив да ги пријавам :D

    Или ние сме улави или некој друг е улав, ви викам.

    И ја не сум за паничење ама МОРА да бидеме прво СВЕСНИ, потоа СОВЕСНИ и на крај информирани дека е посериозно отколку шо мислиме.

    Значи не сфаќаат дека моментално, не е прашање на време ДАЛИ ќе го има вирусот, туку прашање е КОГА.

    А за концертот на Жељко, откажан е уште од пред една недела, една другачка моја му е пратечи вокал... уште во понеделникот или вторникот го откажаа, кај тргнале ненормалниве :tmi:
     
    На Ivan4e04, Nausicaa, Elaine и 23 други им се допаѓа ова.
  11. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    48.154
    Пол:
    Женски
    Па на Водно е побезбедно ако не се фаќа ништо секако, отколку во продавноца. Од кога затворен простор полн со луѓе е безбеден? 8-|
     
    На jacqueline.s, candy.cane, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Додека стигнеш до Водно нели треба да чепкаш кваки од влезна врата, од зграда, од автомобил?

    Значи дај бидете сериозни барем вие постарите тетки. Какво црно Водно? Демек цел живот го поминавте на чист воздух па сега кога конечно не е толку загадено пак на Водно. Вразумете се бре жени, никој не сака дома да седи!!!!
     
    На ocicka2014, Sejfullai, SuperGirl24 и 8 други им се допаѓа ова.
  13. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    48.154
    Пол:
    Женски
    Тетка? Не сум тетка на 29 години извини.
    Кваки и се останато може да се дезинфицира а што правиме со близок кпнтакт во продавница , пари, производи, не биди контрадикторна. Јас не искачам никаде пишував понапред , ама продавница ако е соодветен избор мало морген. До продавница ако одиш ќе летнеш, не отвараш кваки?
    И не сите живеат во згради.
     
    На jacqueline.s и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  14. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Ок, па и на 29 години веќе си изградена личност, претпоставувам со деца и своја фамилија, треба да ставиш прст на глава и да размислиш зошто цел свет е во таков и хаос и паника и дали стварно е неопходно сега да идеш до Водно?

    Инаку до продавница е НЕОПХОДНО да отидеш, ако не еднаш во трите дена, тогаш еднаш во неделата, инаку ќе трпиш за глад. А до Водно пак ќе кажам, не е неопходно да одиш, посебно не сега, кога воздухот и не е толку загаден.

    Ако не живееш у зграда, живееш во куќа со двор. Кваки пак сигурно имаш. Дополнително на тоа имаш и ограда со порта. Од кај знаеш кој чепнал додека ти си спиела?

    Ако имаш двор, ќе седиш во двор и ќе уживаш. Немаш потреба за Водно.
     
    На Sejfullai, Mrs. Lovett, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  15. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Имате накај брана Козјак еден куп по пат места каде може да се застане, да се подиши воздух и да се потроши енергија на деца. Луѓе нема, а каде нема луѓе нема вируси. Брави, клучеви, лифтови... луѓе ве молам, и во Ломбардија живеат може 10м луѓе, па ни половина од нив не се заболени.
    Почитувајте ги препораките, ќе биде во ред. Паниката и опсесијата ќе ви го нарушат здравјето.

    Еве интервју со раководителот на Институтот за епидемиологија и биостатистика со медицинска информатика. https://www.fakulteti.mk/news/13032...ntervju-so-prof-dragan-danilovski-epidemiolog

    Што значи контакт со инфицирано лице? При каков контакт се пренесува вирусот?

    - За близок контакт се смета: поминување повеќе од 15 минути лице в лице со инфицирано лице; живеење во ист дом со инфицирано лице.

    Овој вирус (САРС-КоВ-2) се пренесува преку капков пат и преку уста, со помош на контаминирани раце, предмети (со назофарингеален секрет или измет).

    Што доколку сме биле во контакт со лице за кое се сомневаме дека е инфицирано или знаеме дека е инфицирано. Што конкретно да преземеме?

    - Изолирајте се веднаш од други луѓе! Тоа значи, појдете во некоја посебна, добро вентилирана просторија, останете сами. Имајте со себе и телефон.
    Јавете се на еден од телефоните на центрите за јавно здравје или Институтот за јавно здравје. Почекајте да дојде медицинска екипа со епидемиолог, а потоа ќе бидете замолени да останете во домашна самоизолација во тек на 14 дена.

    Останатото може да го прочитате на линкот.

    Без бацки, гушки лигавења, хигиена на ниво, ќе бидеме во ред :hug:
     
    На Elaine, mimiiiii, cresa-jagoda и 10 други им се допаѓа ова.
  16. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    48.154
    Пол:
    Женски
    Девојче, не идам јас на Водно премногу далеку ми е без грижи а и така не би одела. Прочитај ме вчера пишав дека се дома седиме со син ми и ми се смеат за тоа. Во однос на кваки, и тоа го пишував, не само сега, јас кваки, телефони секогаш сум дезинфицирала од таа страна сум си мирна. Во установи сум отварала со марамче, со лакт, погадно од квака нема за мене.:puke: Целата поента ми беше дека побезбедно е надвор отколку во продавница да ми се залепи некој на каса и да ми кива.
    Кога веќе затупевме за кваки и до она неопходно идење до продавница мора да се фатат, затоа само дезинфицирање(fingers)
     
  17. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Епа девојче штом ти не идеш до Водно не знам зошто толку те погоди мојот коментар. Браво за тебе, ти си совесен граѓанин на Република Македонија.

    И не, не е побезбедно на Водно. Дома е најбезбедно.
     
    На cresa-jagoda и CoCoGiiiRL им се допаѓа ова.
  18. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.223
    Допаѓања:
    8.751
    Пол:
    Женски
    Веќе со години некои работи што сега ги препорачуваат ги правам, па сега не ми е тешко ништо од препоракиве да правам. Не ме сфаќајте погрешно, немам намера да се фалам, само сакам да предочам дека има луѓе што им е природно да пазат на хигиена, личните контакти и здравјето и свое и на другите, без разлика на ситуацијава со вирусот. Еве на пример јас сум носела маска секогаш кога само јас сум била болна дома и сум се изолирала во соба колку се можело, за да не пренесам на децата и домашните. Пред 3 недели бев настината ама морав да го однесам детето на контрола закажана месец дена порано. Ставив маска, зошто знаев дека одам меѓу здрави деца, меѓу други луѓе, а плус и заради моето дете кое беше здраво. Во чекалната сите ме гледаа како ненормална, мислеа дека сум некоја паничарка заради вирусов (немаше тогаш ниту еден случај кај нас тогаш). Докторката само имаше разбирање...
    Избегнувам во принцип јавни собири, одам во кино вон сезона на настинки, ретко значи..
    Години не одам за сметка да платам на шалтер. Еелектронско плаќаме сметки и јас и мм. Не само што помала провизија давам, не чекам во ред, си штедам лично време (зашто си го ценам), а еве според ситуацијава штитам свое и туѓо здравје.
    Со точак веќе една година одам на работа, кога не е времево за точак, одам и пешки (на дожд обожавам да си одам со чадор).
    Во принцип немам навика да се чепкам по фаца надвор од дома, мајка ми со нејзините хипохондрични тенденции ми го всади тоа во глава од мала. Јас и брат ми уште од 4-то одделение сме се движеле сами низ градов со автобуси и уште од тогаш ми објаснила како микроорганизмите се пренесуваат од рачките во автобусот на нас. А денес читам некои прашуваат дали постои вирусов?!.
    Раце мијам цело време, дури и после садови миење дома, просто неможам да се трпам себе си ако не ми се скроз чисти од масното. Раце мијам после фаќање свежо месо, после сечење нокти..Во 21ви век сеуште има луѓе што после ВЦ не мијат раце, се чепкаат во уста, нос па се фаќаат сегде по кваки и копчиња. Јас навистина се надевам дека оваа ситуација ќе ги научи луѓето бар редовно да се мијат раце.
     
    На Elaine, Purplelilac, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.367
    Пол:
    Женски
    Шведска исплашени, очекуваат да им се случи Италија во Април.
    Само Македонија бесмртни
     
    На SuperGirl24, tetoviranta, темјанушка и 5 други им се допаѓа ова.
  20. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Тие што живеат во куќа со двор можат таму да седат. За тие што живеат во зграда излегување малку на воздух без социјален контакт не е толку лоша работа. Па и самиот министер тоа го кажа. УВ зраци и воздух се многу позитивни за имунитетот на човекот.
    Имајте во предвид дека ова не е само 2 недели, и на 23.03 вирусот магично ќе исчезне и на 24ти ќе можеме и родендени да славиме, и на ручек во кафана да одиме, и на викенд во Охрид. Не, ова ќе трае подолго и треба апсолутно да се почитуваат препораките, и да избегнуваат социјални контакти, но психоза не помага. Токму затоа и мерките се воспоставуваат постепено.
    Македонија дај Боже да нема нови случаи (се сомневам бидејќи тек следи тестирањето од контактите на славната докторка), но проблемот ќе се реши кога и кај нас и во останатите земји ќе стивне епидемијата, или ќе се најде соодветна терапија и вакцина.
     
    На Ivan4e04, Nausicaa, Elaine и 19 други им се допаѓа ова.