1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.984
    Пол:
    Женски
    Ама преголема случајност е.

    @Tan4ence моиве примери се луѓе што биле во контакт со позитивен и на повеќе од еден тест се потврдило тоа. Баш сум збунета.
     
  2. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    27.882
    @Tan4ence Не би рекла дека е сосема на среќа, ама да, не значи дека секој контакт со заболен ќе резултира со инфицирање. Јас знам и такви и такви, и семејства со еден позитивен, и семејства каде сите се позитивни.
     
    На candy.cane и JuLleE им се допаѓа ова.
  3. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Информација 27.07.2020

    Во ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола и регионот кој го покрива (Битола, Кичево, Ресен и Демир Хисар) заклучно со 27.07.2020 година земени се вкупно 1926 брисеви за COVID-19 од нив 1108 по епидемиолошки индикации, 488 преку упатување од матичен лекар преку системот Мој термин и 330 брисеви од вработени во градинки за скрининг.

    Позитивни резултати за COVID-19 се добиени кај 401 лице, од кои 116 се со место на живеење во Битола, 118 во Кичево, 24 во Демир Хисар и 143 во Ресен. Според исходот на заболувањето кај 197 лица болеста е во тек и тоа 58 од Битола, 80 од Кичево, 36 од Ресен и 23 од Демир Хисар, 192 лица се оздравени и кај 12 лица болеста имаше смртен исход.

    Во Битола бројот на активни случаи е 58 од нив 18 лица се хоспитализирани, а 40 се на домашно лекување. Од вкупниот број на лица каде болеста сеуште е во тек, 19 лица не даваат податок за контакт со потврден позитивен случај, а останатите 39 активни случаи даваат податок за контакт и тоа: 19 лица се поврзани директно или индиректно со текстилна компанија, а останатите 20 лица се поврзани во помали фамилијарни/работни кластери.

    Денес се пријавени 2 нови случаи, меѓусебно поврзани, а и поврзани со претходно регистрирани позитивни случаи. Ново регистрираните се на возраст од 18 години.

    Во Ресен, Демир Хисар и Кичево денес нема регистрирано нов заболен, а е регистриран еден смртен случај кај лице од Кичево кое беше хоспитализирано.

    Во последниве 3 недели бројот на заболени лица во Битола, Демир Хисар и Кичево е во благ пораст. Поради тоа се апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од вирусот:

    - Носење на маска;
    - Одржување на физичка дистанца од најмалку 2 метри;
    - Одржување на лична хигиена;
    - Младите лица да ги почитуваат сите горенаведени мерки посебно во вечерните часови при излегувања во кафе барови и сл.
    - Да се одбегнуваат масовни собири, меѓу кои и приватните семејни собири како родендени, семејни слави, имендени, крштевки, погреби и сл.

    ЈЗУ Центар за јавно здравје - Битола
     
    На cresa-jagoda, WildMk, P.S.love и 5 други им се допаѓа ова.
  4. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.984
    Пол:
    Женски
    Не знам за другите градови, ама во Кичево не почитуваат м од мерки.
    Се си мислам дека има поголем број таму.
     
    На cresa-jagoda, WildMk и Ahoy им се допаѓа ова.
  5. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.208
    Допаѓања:
    3.982
    Пол:
    Женски
    Ни во Тетово.
     
    На cresa-jagoda, WildMk и candy.cane им се допаѓа ова.
  6. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.201
    Пол:
    Женски
    Само на форумов се почитуваат мерките, во реалноста нигде. Кој излегол од дома, знае...
     
    На oblace1, Ivan4e04, supergirlmb и 16 други им се допаѓа ова.
  7. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.166
    Допаѓања:
    42.081
    Пол:
    Женски
    Се очекува неделава да букне во Виница.
    Многу чекале за тестирање.
    Претежно од собиранки, веридби и слично.
    Јебем ви "животот мора да продолжи, во депресија ќе паднеме".
    Суртуци.
     
    На oblace1, cresa-jagoda, WildMk и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.588
    Допаѓања:
    17.853
    Пол:
    Женски
    Зошто ја отворив темава- не знам. Арно не ја отварав...

    Стварно и во реалноста така живеете? Во избезумена паника? Не излегувате никаде освен до маркет? Спремни сте да продолжите да живеете тапкајки во место, место да се адаптирате и да продолжите со животот?
    И проповедате што и како треба според вашите (и)рациоанлни стандарди на тие околу вас, и само тоа?

    Оти тука се трескате од земја за ситници, па потресувања, па па па...

    Не можам да сфатам на кој начин размислува некој кој се уште седи затворен дома, и не пушта нога надвор ако не се работи за храна и лекови.

    Ќе гледам да не ја отворам темава уште еднаш, оти тогаш јас ќе сум одговорна, нема да биде случајно.
     
    На Kitten, NovusOrdoSeclorum, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  9. magnolija09

    magnolija09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2020
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    860
    Пол:
    Женски
    Официјалните симптоми на коронавирусот се треска, кашлица и останување без здив, а неодамна Центрите за контрола и превенција на болести побараа да се додадат уште неколку симптоми на официјалниот список – тресење, болки во мускулите, главоболки, болки во грлото и губење на мирис и вкус.

    Првите симптоми обично се појавуваат од 2 до 14 дена по изложеноста на вирусот, а оние за кои е потребно веднаш да отидат на лекар се дефинитивно континуиран скратен здив, отежнато дишење, збунетост, болка во градите, синкава усна или лице.

    Сепак, постојат неколку други симптоми што некои пациенти ги развиле кои не се толку вообичаени за да бидат на официјалниот список, иако може да бидат добар показател за инфекција со коронавирус.

    Болки во мускулите

    Еден од симптомите што често се повторува кај лица со тешки респираторни заболувања е болка во мускулите (мијалгија).
    Мијалгијата претходно беше знак дека се развиле поголеми воспаленија во организмот.

    Според Светската здравствена организација, околу 15 проценти од сите пациенти со коронавирус имале болка во телото или зглобовите.
    Болката е предизвикана од хемикалии наречени цитокини, хемикалија која телото ја ослободува кога реагира на инфекција.

    Лезии на јазикот

    Лезии и дамки што се појавуваат во устата или грлото може да бидат нови симптоми на коронавирусот, се вели во новото истражување.

    Истражувачите откриле дека една третина од пациенти со Ковид-19 кои имаат осип на кожата, т.е. на рацете и нозете, исто така, имаат промени и во усната шуплина.

    Дамки и лезии на непцето обично се појавуваат две недели откако пациентите за прв пат имале симптоми на коронавирус, како што се треска или останување без здив.

    Екипа од Здравствениот дом „Рамон и Кајал“ во Мадрид соопшти дека лекарите и медицинските сестри треба да ги испитаат усните шуплини на пациенти кои се позитивни за коронавирус или сомнителните пациенти за да утврдат дали и тие ги покажуваат овие знаци.

    Депресивно расположение

    Истражувачите од Универзитетот во Синсинати ги испитале симптомите на 114 пациенти на кои им бил дијагностициран Ковид-19 и врз основа на собраните податоци дошле до изненадувачки податоци.

    Дури 47,7 проценти од учесниците пријавиле депресивно расположение барем неколку дена пред почетокот на првите симптоми.

    Тие, изјавиле дека страдаат од блага вознемиреност, а 10,5 проценти рекле дека имаат сериозна вознемиреност.

    Коавторот на студијата, д-р Ахмад Седахт, истакна дека знаците на вознемиреност и депресија се разбирливо поврзани со симптомите на Ковид-19, бидејќи болеста го напаѓа централниот нервен систем.

    Мирисот на урината

    Лекарите сега велат дека силниот мирис на урина може да биде аларм дека имате корона вирус.

    Урина со интензивен мирис и невообичаена жолта боја е знак на дехидрираност, која често се јавува поради инфекција со Ковид-19. Урината потоа добива особено непријатен мирис затоа што станува поконцентрирана, токму заради пониското ниво на течност во крвта.

    Затоа, секој што ќе забележи дека е дехидриран заедно со останување без здив, треба веднаш да се јави кај лекар.

    Воспаление на увото

    Научниците го откриле корона вирусот во ушите на двајца починати пациенти кои биле позитивни на Ковид-19, затоа студиите индицираат дека губењето на слухот може да биде редок симптом на инфекција.

    Истражувањата покажаа дека вирусот исто така може да ги зарази увото и мастоидната коска веднаш зад увото.

    Ова не е првпат корона вирусот да се поврзе со инфекции на ушите или проблеми со ушите. Студија објавена во април откри дека Ковид-19 кај возрасни пациенти предизвикува отитис медиа, воспалителен процес во кој тапанчето станува воспалено.

    Лезии на нозете

    Иако несаканите ефекти на коронавирусот или болеста Ковид-19 варираат од личност до личност, шпанските експерти сега ги испитуваат лезии на нозете што се појавиле кај некои пациенти во раните фази на болеста.

    Имено, станува збор за лезии што личат на сипаници, се наведува во извештајот на Советот на Универзитетот во Поддијарија (експерти за болести на нозе).

    Според нив, во Италија, Франција и Шпанија, бројни случаи на пациенти со корона вирусот имале лезии на нозете, за што сведочат дерматолозите.

    Овој симптом беше особено изразен кај тинејџери и деца, но и некои возрасни, исто така, имале слични знаци на нозе.
    https://vesti.mk/read/article/https...govarame-so-site-partii-za-vlada-osven-so-dui
     
    На cresa-jagoda, WildMk и Ahoy им се допаѓа ова.
  10. magnolija09

    magnolija09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2020
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    860
    Пол:
    Женски
    Сања Глишиќ, научен советник од Институтот Винча, изјави денес дека најновите научни истражувања покажале дека симптомите на заразените со корона кои носеле маска се значително послаби од оние заразени кои не носеле хируршка заштитна маска.

    Истражувањата исто така покажаа дека вирусот не се пренесува само со капки, туку и со аеросол, односно воздух.
     
    На cresa-jagoda, WildMk, tinka-mace и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.337
    Ако се пренесува преку воздух, тогаш џабе е дистанцата. Барем така е кај други вируси кои се пренесуваат преку воздух. То ест зависи колку може да лебди.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Преку воздух се пренесува претежно во затворени простории, не надвор. Ова колку што имам читано јас.
     
    На cresa-jagoda, WildMk, tinka-mace и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    27.882
    Арно ама аеросоли не се формираат со дишење, кашлање и зборување, јас колку што знам. Инаку секако дека би се пренел преку аеросоли ако тие постојат, бидејќи лебдат подолго, само како би се создале тие аеросоли со нормално зборување/дишење не знам.
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  14. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.984
    Пол:
    Женски
    Да беше преку воздух, мислам пострашно дека ќе беше.
     
    На oblace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.993
    Пол:
    Женски
    Од симптоми уште колено да те боли немаат пишано.
    Не знам како од главни симптоми ко температура и сува кашлица испаднаа и главоболка, болка во грло, кивање, дијареа, а сега и воспаление на уво и депресија, сериозно?
    Да се побудали човек барајќи симптоми, до сега ме фати грло 5-6 пати сигурно, глава ме боли скоро секој ден и поткашлувам од цигари нонстоп.
    Да се уплаши човек од едно кивање работава, толкава паника има...
     
    На 1209, Tajnaotrovna, christinnn и 5 други им се допаѓа ова.
  16. magnolija09

    magnolija09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2020
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    860
    Пол:
    Женски
    ozbilno?
    a kako se formiraat?
     
  17. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Тоа е општо земено, под "болки во целото тело, т.е. мускулите" :rofl:
     
    На Monna.Monna му/ѝ се допаѓа ова.
  18. magnolija09

    magnolija09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2020
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    860
    Пол:
    Женски
    izgleda virusot cel organizam napaga
    nz ne sum ja ekspert , sammo prenesov sto procitav
     
    На cresa-jagoda и Ahoy им се допаѓа ова.
  19. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    27.882
    Па од тоа што имам чуено при интубација на пример. Или на забар од машините.
    Мислам постоеше некоја ваква дискусија на почетокот во јавноста. Може некој што се разбира повеќе од мене може да објасни, ако имаме на форумов :)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Сигурно може и преку воздух, затоа Вухан и каде беше, Италија мислам, ги дезинфицираа улиците и јавните површини.
     
    На cresa-jagoda, candy.cane и magnolija09 им се допаѓа ова.