1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.277
    Допаѓања:
    168.178
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  2. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.991
    Допаѓања:
    66.498
    Во последните 24 часа се направени 1356 тестирања, а регистрирани се 102 нови случаи на ковид-19 во:

    -Скопје 39
    -Куманово 11
    -Штип 13
    -Прилеп 3
    -Тетово 2
    -Струга 2
    -Битола 6
    -Охрид 3
    -Кавадарци 3
    -Гостивар 8
    -Радовиш 1
    -Кочани 1
    -Демир Хисар 1
    -Македонски Брод 1
    -Виница 1
    -Свети Николе 3
    -Кичево 4

    Починати се 5 лица, пациент од Скопје, пациент од Кичево, пациент од Куманово, пациент од Прилеп и пациент од Штип.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 99 оздравени пациенти од:

    -Скопје 49
    -Штип 2
    -Тетово 10
    -Струга 17
    -Охрид 15
    -Гостивар 2
    -Струмица 1
    -Кочани 1
    -Кичево 1
    -Ресен 1

    Досега во земјата се направени вкупно 97550 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10315, бројката на оздравени пациенти е 5663, на починати е 471, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4181.
     
    На elenaxbbg и Ahoy им се допаѓа ова.
  3. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.939
    Допаѓања:
    15.106
    Пол:
    Машки
    Во Битола, лека-полека си расти бројот. За разлика од Скопје, во Битола ретко кој носи маска, еве претходнава недела бев, абе никој. Ниту во продавници, бев на бербер таму никој не носеше(џанам со закажвање да се избегни гужва, ама џабе). Кафичите преполни, во Камарите свирка луѓе топ, како ништо да не е.
     
    На cresa-jagoda, WildMk, LejlaD и 3 други им се допаѓа ова.
  4. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.166
    Допаѓања:
    42.085
    Пол:
    Женски
    Исто и во Виница почна да расте бројот, претходно немавме случаи, ретко еден ќе се најдеше, дали во еден месец по еден.
    Сега 4 активни у рок од една недела.
    Нз што ќе се прави и како прават.
    Премногу се опуштија луѓето ваму.
     
    На cresa-jagoda, WildMk и Ahoy им се допаѓа ова.
  5. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.809
    Допаѓања:
    52.996
    Ех Виница, кога пишував овде за забавите будала ме правевте. Што да ви кажам...
     
    На cresa-jagoda, WildMk, eli25 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Па ок е, процентот е 7,5% и 2 помалку активни случаи :lol:
     
    На Zaljubena26, elenaxbbg, Igle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.166
    Допаѓања:
    42.085
    Пол:
    Женски
    Не е од забави, од фабрики е, една од конфекција, двајца од фабрика, последниов од денес нз од каде е.
    Пред некоја страна баш пишав околу тоа.
    Нема да откривам имињата на фабриките ама многу вработени на тие места чекаат тестирање.

    Исправка, со овој денес заболен двајца од конфекција, и двајца од различни фабрики.
     
    Последна измена: 28 јули 2020
    На cresa-jagoda и WildMk им се допаѓа ова.
  8. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.811
    Допаѓања:
    323.875
    Гледав инсерт од КОД ноќен клуб.
    Доста дрско од газдите.
    Незнам,никој не се побуни за тоа што тутма беше таму па и се снимале:fubar:
     
    На cresa-jagoda и WildMk им се допаѓа ова.
  9. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.166
    Допаѓања:
    42.085
    Пол:
    Женски
    Казна попија, плус клуч на ноќниот клуб.
    Всушност тука има интересна приказна околу тоа.
    Инспекторот од Виница бил зет на газдата на ноќниов клуб и не сакал да го затвори, незгодно му било.
    Ондак дошле инспекции од Скопје, газдата на ноќниот клуб ем парична казна, ем клуч а инспекторчето разрешување од функција за невршење на работа.

    Едит, тројца од конфекција, еден од друга фабрика.
    Двете од вчера од свадба во Штип заразени.
    Ноу комент.
     
    Последна измена: 28 јули 2020
    На cresa-jagoda, WildMk, LejlaD и 6 други им се допаѓа ова.
  10. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.587
    Пол:
    Женски
    Во Битола расти бројот на тестирања, затоа и поголеми бројки. Еден куп фабрики и фирми масовно ги тестираат своите вработени, затоа е така.
     
    На cresa-jagoda и LejlaD им се допаѓа ова.
  11. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Починати се 5 лица во изминатите 24 часа по компликации од ковид-19, и тоа пациент од Скопје (70 години), пациент од Кичево (72), пациент од Куманово (64), пациент од Прилеп (48 ) и пациент од Штип (76) Сите пациенти се починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.
     
  12. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.344
    Допаѓања:
    44.472
    Кај мм на работа до Декември најмалку ќе бидат на " корона" режим, т.е. работење од дома плус ротации во канцеларија по два дена.
    Малку сум љубоморна дека не може тоа за мојата професија ниту па поентата е тоа, ама им рекле ќе целат во иднина така да се работи и кога ќе нема корона.
    Тектонски промени за некои, за некои business as usual..
    Мене ме потресува дефинитивноста на ситуацијата , која некако мислев како свинсли грип или сарс или ебола, ќе стивне еднаш...
     
    На cresa-jagoda, babydust, WildMk и 4 други им се допаѓа ова.
  13. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.465
    Допаѓања:
    111.334
    Пол:
    Женски

    Ќе кажат деновиве што ќе биде од 1ви август :wasntme:
     
    На mimiiiii, buba4e89 и Ahoy им се допаѓа ова.
  14. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.975
    Допаѓања:
    265.917
    Штип дневно тестираат по 100 лица, им праќаат и од Св. Николе, а они биле под Центар за јавно здравје Велес.
    И сега гужва ќе е, плус пациенти реагираат за долгото чекање на резултатите.
    Вчера хаос било, јас треба петок да одам.
    Човек таму ќе се разболи мислам.
    Како е на другите пунктови низ државата?
     
    На cresa-jagoda и WildMk им се допаѓа ова.
  15. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.199
    Допаѓања:
    27.456
    @JuLleE како иде за контролен?
    Преку матичен или?
    Извини шо те замарам малку :wasntme:
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Wahnsinn

    Wahnsinn Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2015
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    2.459
    Пол:
    Женски
    Како е во Словенија состојбата?
    Инаку пред малку дознав дека најверојатно студентите кои ќе се вратат во Словенија во Септември ќе треба да седат карантин, кој што сами треба да си го најдат и да си го плаќаат.
    Некој нешто околу ова плус да знае ..?
    Фала!
     
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.253
    Допаѓања:
    205.002
    Нормално натаму ке се цели, помалку рентање простор, пониски сметки за деловни трошоци- повеќе профит. Чиста петка:)
     
    На cresa-jagoda, WildMk и Dentina им се допаѓа ова.
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.975
    Допаѓања:
    265.917
    Не, не, преку епидемилогот кој те води, оној кој ти правеше анкета. Он ти закажува, не одеш преку термин.
     
    На cresa-jagoda, WildMk и GirlRose им се допаѓа ова.
  19. Maslany

    Maslany Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2016
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    127
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не постои човек кој не го потресува и колку и да сакаш не можеш да се навикнеш дека на неодреден временски период животот нема да биде онаков ко што бил. Не знаеме до кога ќе трае тоа, ни недостига фамилијата, пријателите, ни недостига одмор и море...
    Иако сето ова звучи како кукање, себичност, и треба да сме среќни што сме живи и здрави и да мислиме за доброто на другите.. колкав период е тоа? Никој не знае и јас попуштив. Почнав да се гледам со некои одбрани пријатели, бебето да го мешам конечно со некои луѓе. Секогаш на отворено сме, можеби не треба да се мешаме, но кој сака нека суди.
     
    На WildMk, eli25, Nevenche26 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Информација COVID 19 (28.07.2020)

    Денес во Битола се регистрирани 6 позитивни лица, на возраст од 16,31,65, 70,71 и 73 години. Од новорегистрираните 2 лица се поврзуваат со веќе постоечки фамилијарни кластери, а 4 лица не даваат податок за контакт со позитивно регистрирано лице. Од контактите на новорегистрираните лица, за 21 лице е даден предлог за здравствен надзор и домашна изолација до ДСЗИ (Државен санитарен и здравствен инспекторат- ПО Битола). Вкупниот број на активни случаи во Битола изнесува 64.

    Во Демир Хисар денес е регистрирано едно позитивно лице на возраст од 39 години, а од неговите контакти за 4 лица е даден предлог за здравствен надзор и домашна изолација до ДСЗИ. Новорегистрираното лице не дава податок за контакт со друго позитивно регистрирано лице. Вкупниот број на активни случаи во Демир Хисар изнесува 24. Од вкупниот број на активни лица, 13 лица даваат податок за контакт со друго позитивно лице, меѓусебно поврзани во помали фамилијарни кластери.

    Во Ресен денес нема нов регистриран случај, а регистрирани се 4 оздравени лица.

    Во Кичево денес има регистрирано 5 позитивни лица на возраст од 19,41,42 (х2), 63. Само едно лице од новозаболените дава податок за контакт со друго регистрирано позитивно лице. Од контактите на новорегистрираните лица, за 6 лица е даден предлог за здравствен надзор и домашна изолација до ДСЗИ. Вкупниот број на активни случаи во Кичево изнесува 82. Денес се регистрирани 3 оздравени лица и еден смртен случај кај лице на возраст од 72 години кое беше хоспитализирано во ГОБ “8 ми септември”- Скопје.

    ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола
     
    На cresa-jagoda, WildMk, eli25 и 2 други им се допаѓа ова.