Наводно јаделе живи стаорци и од таму потекнува вирусот.Оваа година е годината стаорецот според кинескиот хороскоп па изгледа некое суеверие е да го јадат животното. И така се заразиле и сега се шири. Настрана што они јадат се што трча, лета и ползи.
Страшно звучи. Некој да сподели какви последици има? На вести кажаа дека е како грип, повеќето преживуваат, постарите лица и оние со слаб имунитет се со потешка слика и се бележеле смртни случаи. Не знам дали така кажаа да го смират народот.
Респираторен вирус со тешка анамнеза, но не нужно смртоносен, симптомите се третираат. Ризикот за смртност секако постои, но доколку внимавате и притоа немате премногу чувствителен имун систем не би требало да има кобни последици. Ќе се смири и оваа епидемија за некој месец, кога бројката на загинати ќе надмине неколку стотини жртви. Ваквите биолошки оружја вообичаено се пуштаат тогаш кога наталитетот ќе предизвика полуција, особено во олкави градови и провинции. Статистиката покажува дека во Вухан последните неколку години има рапиден раст на наталитетот. Тоа може да е една од централните причини за создавање или мутација на овој вирус, додека ваквите мерки иако се најлош морален чин за ,,прочистување" за жал се покажуваат како морални и ,,ефективни". http://worldpopulationreview.com/world-cities/wuhan-population/
Младите не верувам да се фокусирани на таква исхрана. Веројатно имаат повисок етички и хигиенски кодекс. Ова веројатно постарите... Reminder - и бубашваби и змии јадат.
Прилично сум сигурна дека е намерно пуштен.Решени се да не истребат,тоа е јасно.Пред 1-2 години читав дека Земјата била ,,многу населена" итн.А и не за џабе фармацевтската индустрија е најјака.Како што за ракот има лек што е 5 пари,а не го кажуваат бидејќи САМО од хемотерапии се добивале вртоглави суми годишно.Не се сеќавам точно колку да не зборам од памет.
Да постоеше лек за ракот од него ќе добиваа уште повртоглави суми. Стив Џобс имал 10 МИЛИЈАРДИ долари кога умрел и сигурно би ги дал сите за лекот. Ама не, не се праеле парите од лекови туку од хемо.
Уствари сите мислат дека лек за рак е што знам раствор од сода бикарбона или некоја тревка што на сите ни расте во двор. Мислам секој пат излегува нешто ново па поминува. Ете и фамата со амигдалинот помина. А ни хемотерапија не се дава така едноставно, за сите иста. Има разлика од рак до рак и терапијата што се прима.
А колку луѓе имаат 10 милијарди на сметка и можат да си дозволат да дадат некоја вртоглава сума? Еве јас немам. А тоа за хемотерапијата не го измислив јас,побарај статии
Ти немаш ама има луѓе што имаат па сепак тие или нивни блиски умреа од рак иако нели лек постои но го кријат за пари. А статии ќе побарам секако, само да дочитам за рептилите и двојникот на Пол Макартни.
Луѓе ова е страшно со коронавирусот.Пред малку читав дека бројката на заболени во Кина била многу повеќе (некаде околу 20 000 заболени) отколу што објавуваат кинеските власти.