Неможеш да речеш "кокошка" за некој кој е признат етаблиран професор, без разлика дали го сакаш или не. Значи многу повеќе од мене и тебе создала што од дела што од пренесување знаење на студенти. Друго, ова е класична специјална војна која ја употребуваат големите сили како САД, Русија, В. БРИТАНИЈА итн, најпрвин се создава граѓанска напнатост кон одреден непријател преку книги, филмови, за по извесен период на создадена слика кон непријателот, лесно се спроведе медиумски напад кон истиот.
Добро. Така е. Во свет базиран на профит, на никој не му е во интерес да снема 'муштерии'. И кокошка е. Колку сака нека е професор.
За специјална војна немаш никогаш прочитано? Тоа го имаш во учебник за Оно во секое средно школо во Македонија од 90титепа навака, а истата Специјална војна е дел од сечија воена стратегија за напад и одбрана на секоја постоечка држава во светот. Лажните вести кои денес се најпознати како дел од специјалната војна јас ги учев во средно пред повеќе од 20 години
Имам ама начинот на кој ти се изјасни пред малку и сега не е исто пред малку на твојот пост ми звучеше како некој од оние кој мисли дека вирусот е планиран од тогаш... ама добро моја грешка
Незнам која ти е поентата да ја навредуваш или да бараш сличност со неа и кокошка, не е културно, не е во ред. Со што ти оставила впечаток дека има сличност со кокошка? Колку и да имам спротивставени ставови со некој професор, не е мое да го вреѓам, зашто на крај он е Професор а јас не. Ма нервиринава, не сакав нервози, чисто дискусија за вирусов, дека не е се така како што западните медиуми пласираат. Мене лично ист ми е ставот и према САД и према Русија, и не верувам ни на едни од нивните медиуми
Ама не верувам во теории на заговор. Што не ти е јасно? По дифолт е 'кокошка' некој што верува во нешто без докази. Нели, право на мислење...
Што е ненормално, шо кучиња јадат? Шо е куче поразлично од кокошка или свиња? Па уште и се лупаат демек најлош народ, јадел лилјаци. Па шо, и тоа е животно. Ти месото шо го јадеш на дрво ли расте? Тоа животно нема ли душа, мајка, не осеќа ли болка? Па и да те видам и ти таму да живееш и да јадеш земја и по депонии да копаш, дали нема да јадеш шо ќе ти дојде прво под рака. Па уште и колне, големата граѓанка, од вукојебина земала пишува. Па кутрата не можела да јаде цел ден. До толку стварно да те заболе, никад немаше никакво месо да ставиш у уста, а не тука да продаваш муда за бубрези.
ОК, сакаш да кажеш дека "во Вухан во Кина ќе се појави вирус опасен за човештвото во 2020" напишано од амерички автор во 1981 е случајност? Во ред, секој има право на свое мислење. И јас не верувам во теории на заговор освен кога ќе се појави некој факт кој неможе да се побие. Земјата е рамна плоча и сонцето се врти околу неа, се теории на заговор, и мене ми се смешни. Ама не и корона вирусот и падот на авионот на претседателот Трајковски
https://deca.mk/zoshto-noviot-koronavirus-pretezhno-gi-poshteduva-detsata/ И нa Business Insider ја има истава вест.
пфф Одете во 'Другата наука' и таму дебатирајте теории на заговор. Овде се зборува за реален проблем, со реален вирус, и како да се заштитиме од него, или како се лекува доколку се заразиме. Со вакви муабети, ја труете темата, која треба во моментите на паника која ја шири секој медиум, без ни грам совест, да биде место за информирање и едукација. Ама неее... мора секоја тема да се посе*е со небулози! Значи мо-ра! @RainBow Edit> И насловот да го смените. Доволно е: Корона вирус Не мора 'смртоносен'. Секој вирус е потенцијално смртоносен.
Еве јас како конзумент на кинеска храна од Пекингшка кујна гарантирам дека нит куче нит змија нит лилјак се готват. Ако на одредени места некој тоа го јаде незначи дека е тоа нивната кујна. Во Азија има земји како Малезија и Индонезија кои конзумираат змии и гуштери, ама сепак Кина е цел на напад како место каде се појавува вирусот. А да, МТВ1 има снимано документарец во Македонија, во кој се претставува начинот да опстоишво Македонија во шума, дивина и тоа со приготвување на скакулци, желки, змија-смок, жаби и сл. Побарајте во видео архивот на мтв го има сигурно, а може и на јутјуб е ставен
Istovo i jas go gledav ...i ovde vaka treba... A ne da si dremime na usite ...ni vlast ni minister za zdrastvo da go interesira ni nis plus i zbesnati luge za shetanje ...bravo
Најнова вест. 95% од народот спонтано оздравува. Треба да го намалиме алармот иако нели не е за потценување но сепак. Од 100 луѓе 80 оздравуваат спонтано, 15 се посериозни но се лечат и тие и само 5 луѓе умираат односно најранливите категории (орлите во италија што имаат над 90 години) а ги има многу. Процентот на заболени во италија се претежно стари и изнемоштени лица. Ниту маските не се потребни за здрави и прави лица освен за персоналот во болница и за лицата со здраствени проблеми. Еве ви вест. Да чилнеме малку сите. (Ова од погоре не е навреда де кон старите да неме сфатите погрешно) Разлаз .
Видеото е ставено со цел да ја подигне свеста. Да, можеби морале да се хранат со кучиња, мачки и лилјаци за да опстанат, и еве сега цел свет е во паника и умираат луѓе кои можеби и не пробале месо никогаш. И ние дома сме имале празен фрижидер. Мајка ми го ваѓала залакот од уста и ми го давала, ама никогаш не сме јаделе куче. Последно парче леб да ми е, ако имам гладно животинче до мене ќе му фрлам делче. Свестете се, природата не е само на нас. Како што се однесуваме со неа, така и ни враќа. И да, веган сум.
Uste edna brain control operacija.Kolku e lesno na lugeto da im vsadis paranoja i strav.Prvin bese globalno zatopluvanje pa zagaduvanje na vozduhot i sega Korona virus.Drzi ja masata konstatno vo strav.Toa nosi profit
@Роберт 7 Дали си 100% сигурен дека е ова релевантен извор и референца? Ако да, овде станува збор за сериозно планирана операција за пуштање биолошко оружје на сила. Ако не, тогаш дефинитивно нешто не е во ред со изворот на информации на Ванковска. Како и да е, ќе истражам денес подетално и пишам за што конкретно станува збор. Исто не би било лошо да ја оставите книгата во pdf формат преку линк во прилог. Оф топик - Некој ги спомна Симпсонови. Друштво, тие фотографиите кои кружат, (бар поголемиот дел) е измама и фотошоп. Што значи дека не се 'автентични' и направени во 90-тите за време на снимање на серијалот како што некои тврдат. Туку овие фотографии, со Трамп пример, всушност биле фотошопирани во време кога првин се одиграле одредени настани. Патем, Трамп како моќен и популарен човек во време на 80-90 е нормално да биде прикажуван како потенцијален претседателски кандидат кога и сам тврдеше дека ќе се пријави за кандидатура еден ден. Затоа е потребно внимателно да ги проверувате информациите и референците кога читате конспирации. https://www.snopes.com/collections/the-simpsons-didnt-predict-that/ https://www.google.com/amp/s/www.businessinsider.com/the-simpsons-trump-university-episode-2016-9?amp
Луѓе, вчера купив 4 шишиња гел за раце и алкохол. Малтежаниве откако разбраа за тој/таа во Палермо масовно се снабдуваат со ресурси. Откажани се летови кон најкритичните земји, а и кажано е да не се патува во Италија. Нејсе, вчера бев да гледам филм во кино и жив човек немаше. Моментално сум на работа, се чисти се ама и се одвива животот нормално. Е сега читав дека маркетите Лидл, Пама и Пави се речиси празни ама мислам се шири паника безвезе иако овде нема регистриран случај. Мајка ми почесто ми звони, да сме се враќале да не сме се глупирале ама не сакам. Се осеќам безбедно за сега овде. Не велам дека не се плашам ама сепак мислам ќе се надмине ова.
Донекаде ги разбирам овие што со трчање дојдоа овде. Паника, страв. Ама може бе малку да се размислува и поинаку. Зошто ако ете има некој заразен да донесам вирус во друга држава. Со катастрофа здравство. Плус, кај најблиските. Барем нека седат дома во карантин некое време. Имам една комшивка мажена е во Италија баш таму во северниот дел. Овде е од јануари и вика не си одам сега, не ми е страв од дома штто ќе отидам да седам,туку на аеродром се плашам да не фатиме нешто со детето. И претпоставува дека можно е удар кон кинезите во Италија, бидејќи многу се рашириле таму.
Само што авторот во 1981ва вирусот го викал Горки-400, и е направен во Горки во Русија. Во некое од изданијата од крај на 90тите години кога студената војна заврши и поинтересна стана Кина како опасност (тогаш Русија беше ептен слаба), некој издавач го сменил во Вухан-400 и го сместил во Кина. https://www.ctvnews.ca/world/no-dea...-coronavirus-in-1981-thriller-novel-1.4822194