1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.338
    Да бе.
    Пред 30 години беа подобри вакцините, отколку сега.
    Во кој свет?
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.338
    Јас.

    Може да се придружи кој сака.

    #MeToo
    #OccupyWallStreet
    #BlackLivesMatter
     
  3. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.337
    А знаете во историјата колку само утки имало со лекови?
    Се прави некој лек, се гледа на стаорци ахам има ефект, се пушта во продажба и луѓе го зимаат. Арно ама по кратко време голем дел од тие умираат или добиваат тешки последици, се утврдува дека е некој невиден ефект од лекот и се повлекува од продажба.
    Знам за ваков пример каде лекот бил токсичен само зашто молекулата на едно соединение во лекот имала обратна стереоизомерија.

    И пак ќе кажам, антиваксер не сум, ама воопшто. Се имам карано во темана. Ама друго е кога некоја вакцина со години се користи, друго е сега некоја нова излезена.
     
    Последна измена: 29 јули 2020
    На candy.cane, ohlalalala, Kitten и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.691
    Допаѓања:
    25.282
    Пол:
    Женски
    у нашиов
     
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.338
    Се согласувам потполно.
    Затоа реков: Ќе видиме.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.944
    Не, не ја стекнале ос алтруизам, ама и на темава имаш луѓе кои се фрлаат по вработени кои би требало да се во самоизолација, а не се во стил: „до таа ли плата ти е дојдено“. Мислам, таа плата за голем дел од македонските семејства е преживување, а за фин дел од газдите дел минус.
    Знам сопственици на конфекции кои кога отидоа во самоизолација ги затворија конфекциите, иако не беа ни потврдени позитивни, нити биле во конфекциите во период кога би можеле да бидат заразни. По одреден период конфекцијата се врати во работа, газдата заразен се уште неја посетуваше. Тој случај така заврши. Сопственикот оздраве, ни еден заразен плус од него. Со него се прекина нишката.
    Ама избор на сопственикот беше да ја затвори фирмата, ни епидемиолозите не рекоа дека треба затоа што само во самоизолација мораше. Дури после излезе позитивен тестот.
     
    На tina2018, Celltica и WildMk им се допаѓа ова.
  7. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    27.882
    Јасно ми е, и не е дека го оправдувам одговоров на епидемијава или дека сметам дека е во ред :) Сосема во право си дека е оставено на свеста на поединецот.
    Истото го коментирав и јас погоре мислам (а може и да не го пратив мислењето, ама сакав) во однос на вработениве што мора да одат на работа. Лично познавам случаи што законски се ослободени заради бременост, хронична болест или чување дете кои одат на работа, зошто не можат да дозволат да изгубат работа. А повикани се специфично од работодавачот.
    Сосема се согласувам и не сметам дека е во ред нормално, само не гледам дека нешто би се сменило во иднина. Барем не блиска иднина.
     
    На tina2018 и WildMk им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.338
    Слушајте го Ноам Чомски.
     
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.944
    Па ако ги критикуваме вработените затоа што одат на работа, ако ги критикуваме сиромашните затоа што се сиромашни, тогаш дефинитивно нема да се промени.
    Ко на човек кој нема што да јаде да му кажеш да касне нешто.
    Фокусот мора целосно да ни се промени, и критиките и свесноста.
     
    На mimiiiii, tina2018, Dentina и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.337
    И така и по темава и по вести и сегде, сфаќам дека све е отидено у три лепе.
    Појма немам што е вистина, што не.
    Она дека лебдел во воздух со денови беше врвот.
    Или дека ќе се заразиш ако не ја пребришеш со алкохол ќесата со макарони кои ти стојат во кујна една недела.
    Или дека вирусот ќе се телепортира од ѓонот на патиката во вашиот нос.
    Али ваквиве ми се само друга екстрема, освен оние што не веруваат

    Ако некој стварно сака да истреби све живо и диво со вештачки вирус, треба мнооогу појак вирус да направи од овој.
     
    На candy.cane, Kitten и redhead им се допаѓа ова.
  11. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.587
    Пол:
    Женски
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.253
    Допаѓања:
    205.002
    @KuklickaSk сподели интерпретација на научно истражување.
    Интерпретацијата базирана на слободен превод, пишува со извичници (!) и проследена со слободно толкување (последниот копиран пасос)

    Научната студија, фала богу содржи:
    limitations. The findings are not validated for the use in pediatric patients 18 years and younger. They also do not represent patients during acute COVID-19 infection or those who are completely asymptomatic with COVID-19.
    и
    findings indicate the need for ongoing investigation of the long-term cardiovascular consequences of COVID-19.
    Не вели сите ќе умрете. Тоа е разликата меѓу науката и спекулацијата.
    И нигде во оригиналниот текст не најдов детерминанта од 2 месеци.

    Во меѓувреме и фамозниот интерпретатор се едитира, како не бил правилно разбран, и како студијата се однесува на можни проблеми кај луѓе со изразен степен на симптоми. Уште некој извичник да пишеше, поправилно ќе го разберевме:devil:.
     
    Последна измена: 29 јули 2020
    На DAngel, jacqueline.s и WildMk им се допаѓа ова.
  13. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
  14. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
  15. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.337
    Дали кај нас се формираше ваков фонд воопшто за да им се помогне на тие што останаа без работа?
    А битно скратија поврат на ДДВ, битно бараа граѓани да донираат за државата.
     
    На ohlalalala, cresa-jagoda, orevokrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.587
    Пол:
    Женски
    Сиромавиот донира на богатиот. Ова ми е ко да треба да им донирам јас на Кардашијанциве, оти послабо им тера бизнисот за време на корона... пример велиме :D
     
    На Kimberly11, ohlalalala, oblace1 и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.253
    Допаѓања:
    205.002
    Е така де, нели Систина има државни субвенции, пошто им трпел бизнисот(facepalm)
     
    На oblace1, cresa-jagoda, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Министерството за здравство информира дека Институтот за јавно здравје денес го објави неделниот извештај за периодот од 20 до 26 јули 2020 година, којшто покажува намалување на бројот на новозаболени и починати лица, а зголемување на бројот на оздравени лица во однос на претходната недела.

    [​IMG]
    Во дадениот период направени се вкупно 9563 тестирања (1402 повеќе од периодот 13–19 јули) и регистрирани се 956 позитивни случаи на Ковид-19 што е за 82 случаи помалку од претходната недела. Во периодот на известување 10% од тестираните се позитивни на Ковид-19.

    Новозаболени се регистрирани во 29 града при што најголем процент на новозаболени има во Скопје (37,3% - благо намалување во однос на претходната недела) и во Штип (16,1% благо зголемување во однос на претходната недела). Во 17 града во земјата, за истиот период, бројот на новопотврдени случаи е под 20.

    [​IMG]
    Во однос на старосната структура на новозаболените во овој период најголем процент се лица помеѓу 50–59 години 22,3%, а поголем број на заболени се регистрира и кај лицата помеѓу 40-49 и над 60 години - 19,6% во двете групи. Најмал број на новозаболени има кај децата и тоа 0-9 години – 2,6%, и од 10-19 години – 4,7% од вкупниот број на новозаболени.

    Од случаите кои се епидемиолошки истражени, хоспитализирани се 127 лица или 14,2%, а кај 279 лица или кај 31,3% регистрирано е присуство на коморбидитети.

    Од вкупниот број на епидемиолошки истражените новозаболени 44,4% имале контакт со потврден случај на Ковид-19, а 21 лице (9 повеќе од претходната недела) имале историја за патување во странство во минатите 14 дена.

    Во периодот 20-26 јули регистрирани се 654 оздравени лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е за 109 лица или 20% повеќе од претходната недела на известување (13 - 19 јули).

    Во периодот 20 до 26 јули, регистрирани се 32 смртни случаи, што е 12 смртни случаи помалку од претходниот период. Најголем дел од случаите се лица над 60 години, 84,4%. 29 од случаите се починати во болнички услови, а 3 вон болнички. Кај 26 од смртните случаи (81,3%) регистрирани се претходни коморбидитети.
     
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.338
    Обилно ова???
    Добро, дали се нормални?!?
     
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.253
    Допаѓања:
    205.002
    Овде имаше некој пишано, не знам за озбилно. Ама не би ми било чудно, пошто нормални одамна не се:|
    За озбилно било изгледа. ЕВЕ
    Клиничката Болница ,,Аџибадем Систина’’ ги исполува сите услови кои беа предвидени за мерката Субвенционирање на придонесите за вработени и затоа е дел од поддршката, велат од менаџментот на болницата. Главниот извршен директор Ѓун Ѓунсој вели дека имаат право како и сите компании кои биле погодени, да аплицираат и да добијат парична помош. Додава дека болницата има околу 1.000 вработени и во време на кризата кога приходите биле намалени за повеќе од 70 отсто не отпуштиле ниту еден вработен. Во болницата во исто време, имало намален интензитет на работа, со екстремно зголемени трошоци за медицински средства и опрема кои се зголемиле за над 300 отсто.
     
    На oblace1, cresa-jagoda, Ahoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.