Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Информација COVID 19 (29.07.2020)

    Денес во Битола се регистрирани 5 позитивни лица, на возраст од 1, 4, 38, 39 и 45 години. Сите лица даваат податок за контакт со друго позитивно лице и се поврзани во фамилијарни кластери. Од контактите на новорегистрираните лица, за 8 лица е даден предлог за здравствен надзор и домашна изолација до ДСЗИ (Државен санитарен и здравствен инспекторат- ПО Битола). Вкупниот број на активни случаи во Битола изнесува 63. Денес се регистрирани 4 оздравени лица и еден смртен случај кај лице на возраст од 73 години кое беше хоспитализирано во ГОБ “8 ми септември”- Скопје.

    Во Демир Хисар денес е регистрирано едно позитивно лице на возраст од 70 години, а од неговите контакти за 2 лица е даден предлог за здравствен надзор и домашна изолација до ДСЗИ. Новорегистрираното лице не дава податок за контакт со друго позитивно регистрирано лице. Вкупниот број на активни случаи во Демир Хисар изнесува 25.

    Во Ресен денес има еден регистриран случај на возраст од 56 години, а регистрирано е и едно оздравено лице. Новорегистрираното лице не дава податок за контакт со друго позитивно регистрирано лице. Од неговите контакти за 1 лице е даден предлог за здравствен надзор и домашна изолација до ДСЗИ. Вкупниот број на активни случаи во Ресен изнесува 32.

    Во Кичево денес има регистрирано 11 позитивни лица од кои 4 на возраст од 41-50 години, 3 на возраст од 51-60 години, 2 на возраст од 21-30 години и по еден во возрасните групи 11-20 и 61-70 години. Лицата не даваат податок за контакт со друго регистрирано позитивно лице. Вкупниот број на активни случаи во Кичево изнесува 79. Денес се регистрирани 14 оздравени лица.

    ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.338
    Леле бе... дечињава :(
     
    На cresa-jagoda и Ahoy им се допаѓа ова.
  3. Fifi84

    Fifi84 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    3.564
    Пол:
    Женски
  4. DomD

    DomD Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Машки
    De be ovie od kicevo od 11dusi Nieden nemal kontakt so pozitiven,a vcera od 5pozitivni 6kontakti so preporaka za izolacija.Pa samo u domot imaat uste 15-20.Se utepaa od lazenje I krienje ebate narodot.
     
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.348
    Допаѓања:
    278.926
    Лол.
    Пациенти никогаш нема да дозволам да ми прават ред.
    Та бројчиња, та прибелешки.
    Ама не се расправам.
    Ако не им чини си имаат служба за заштита на права на пациенти.
    Нит им коментирам, нит се расправам.
    За агресивни постои обезбедување.

    Јас си ја работам работата како што треба, и да, чекаат и по 5 саати, ама јбг, можат и на др. место да одат.

    Пола Македонија нема исполнето термини, сите се тепаат во Скопје да дојдат.
    Епа, нема простор за сите.
    Никој не е вратен, ама освен тие со закажано, сите до еден чекаат.
     
    На Kitten и Anie93 им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.338
    Не е муабетот за тоа колку време чекам.
    Ќе чекам и 5 саати, ама кој е на ред, треба вие да регулирате, а не пациентите.
     
    На cresa-jagoda, Miss666 и g8lQQk им се допаѓа ова.
  7. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.337
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.348
    Допаѓања:
    278.926
    Па ти праша зашто не се бунат.
    Нека се бунат колку сакаат.
    Персоналот е тој што е, капациететите се тие.
    Ние правиме тријажа и ако сметаме дека Петко треба да влезе пред Трпе, Петко и ќе влезе пред Трпе, без оглед дали Трпе дошол пред 3 саати.

    Јас немам проблем да направам ред, имаат проблем тие што мислат дека се посебни и нивниот проблем е најголем.
    Бунеле не бунеле, кај мене нема тоа.
    Во соодветен сектор ќе си се бунат.

    Ако некој почне да ми наредува, просто го игнорирам. Не ми паѓа на памет пациенти за ред правење да слушам.
     
    На Anie93 и Spidy им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.348
    Допаѓања:
    278.926
    Да де, само уште да видиме кој ќе им даде пари за нивниот живот да го спасат.
    Или и без леб се може.
     
    На Ahoy и g8lQQk им се допаѓа ова.
  10. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.265
    Пол:
    Женски
    188 нови случаи, 5 починати и 1971 тестирани...ова нели е рекорно дневно тестирање ?
     
    На green.eyes и Ahoy им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.338
    Сестрата вели: Не ти давам бројче, влези преку ред кај докторот, побарај потпис.
    Влегувам, докторот вели: Кај одиш преку ред?
    Му одговарам: Сестрата ми рече да влезам преку ред да ми потпишете за да ми даде бројче.
    Тој мене: Јас сум доктор, или сестрата?
    Одам кај сестрата: Докторот ми рече да ми дајш бројче. Не си прајте протоколи преку грбот на пациентите.

    Ова за тебе е во ред?
    Ти не се договараш со докторот која е процедурата за да се направи ред кој, по кој пациент ќе се прима, или ги пушташ пациентите да шетаат од една врата, до друга; од еден шалтер до друг?
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    :o браво за бројов на тестирања. :clap:
    Вака и процентуално не е лошо.
    Колку има излечени?
     
    На g8lQQk му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Во последните 24 часа се направени 1971 тестирања, а регистрирани се 188 нови случаи на ковид-19 во:
    -Скопје 44
    -Куманово 21
    -Дебар 1
    -Штип 18
    -Тетово 24
    -Струга 21
    -Велес 1
    -Битола 5
    -Охрид 6
    -Кавадарци 3
    -Гостивар 23
    -Крива Паланка 1
    -Кочани 1
    -Пробиштип 2
    -Демир Хисар 1
    -Македонски Брод 3
    -Кичево 10
    -Ресен 1
    -Неготино 2
    Починати се 5 лица, пациентка од Скопје, пациент од Битола, пациентка од Куманово, двајца пациенти од Тетово.
    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 268 оздравени пациенти од:
    -Скопје 105
    -Куманово 23
    -Дебар 2
    -Штип 1
    -Прилеп 1
    -Тетово 41
    -Струга 22
    -Велес 5
    -Битола 3
    -Охрид 19
    -Гостивар 12
    -Радовиш 1
    -Пробиштип 3
    -Демир Хисар 1
    -Св.Николе 12
    -Кичево 13
    -Ресен 4
    Досега во земјата се направени вкупно 99615 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10503, бројката на оздравени пациенти е 5931, на починати е 476, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4096.
     
  14. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.265
    Пол:
    Женски
    268 има оздравени пациенти, ама си пишал погоре :D
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.525
    Пол:
    Женски
    268 се излечени :)
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.933
    Пол:
    Машки
    Лични пари и приватен сектор.
     
  17. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.337
    Не те сфатив што сакаше да кажеш ама небитно.
    Уште мислам дека државата треба да најде решение за луѓево.
     
  18. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Нели баравме поголем број на тестирања?
     
    На eli25 и g8lQQk им се допаѓа ова.
  19. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.265
    Пол:
    Женски
    Некој прашуваше за возраста на починатите зошто не пишуваме, па еве: пациентка од Скопје (62), пациент од Битола (74), пациентка од Куманово ( 78 ), двајца пациенти од Тетово (61 и 76). Од нив, четворица починале во болнички услови, а еден вонболнички.
     
    Последна измена: 29 јули 2020
    На cresa-jagoda и Ahoy им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.348
    Допаѓања:
    278.926
    Па јасно ми е зошто протестираат, на нивно место и јас ќе протестирав.
    И тие треба да се прехранат како и сите останати.
     
    На Tan4ence и Ahoy им се допаѓа ова.