1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.545
    Допаѓања:
    38.810
    Пол:
    Женски
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    27.882
    А не е ни само викендов :( Имам блиски роднини во околината на Охрид, до маркет им е шубе да одат, преполно е изминатиот месец дури и надвор од градот. Протоколи непостоечки. Така што, не, немаат памет.
     
    На tinka-mace, elimkd и Ahoy им се допаѓа ова.
  3. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.975
    Допаѓања:
    265.917
    Не знам што да кажам. Удри бригу на веселје. Еве јас ништо од ова не правев и се заразив. Многу се пазев кога излегував со лица кои ете не ми се фамилија и пак бидна. Секаде е вирусот.
    Трулиот систем ја ниша довербата на народот.
    Еве седам дома затворена без симптоми повеќе од 20 дена, 5 дена чекам за резултати... Народот мисли дека играат со бројките.
    Објавуваат како ќе им текне.
    И со тоа ја поткопуваат вербата на народот кој си е склон да си прави приказни за теории на заговор.
    И цената ја плаќаме.
     
    На tinka-mace, темјанушка, azelea и 5 други им се допаѓа ова.
  4. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    2.006
    Допаѓања:
    2.280
    Procitav na portal.
     
  5. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    2.006
    Допаѓања:
    2.280
    Vo Охрид Дојран посебно таму мора да се појачаат Инспекции, полиција, контроли, да се казнува со големи парични средства за да држат некој ред.
    Иначе хаос ке биде таму.Мора јаки контроли.
     
    На Ahoy и Celltica им се допаѓа ова.
  6. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    27.882
    Точно така е.
    Не сакав да кажам да не идат луѓето, може така звучеше, кој сака нека оди, ама да има некој ред, прво самите плажи да се организираат. А и луѓето не знам како им се ризикува. Слики видов, Градиште е погужва него што било други години. И секако сите сме изложени, па крајно и ќе имаш некаква потреба каде си доста изложен. Не може се да се избегне, ама не мора да се прават потенцијални масовни кластери. Друго е 5 души инфицирани, друго е 50.

    А ти си негативна веќе ама ќе си почекаш светло на ден да видиш за жал дури стигнеш на ред. Хаос е секаде. Битно минало лошото :)

    А како оди тестирање во маливе градови, праќаат брисеви Скопје или има локално лаборатории? Не сум запознаена како е и кај нас.
     
    На tinka-mace, azelea, shz и 3 други им се допаѓа ова.
  7. The Saturdays

    The Saturdays Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2015
    Пораки:
    710
    Допаѓања:
    1.889
    Пол:
    Женски
    Шанкерот од Добри Вибрации нов пазар почина :u:
     
    На fana и Makedonka007 им се допаѓа ова.
  8. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    2.006
    Допаѓања:
    2.280
    А позитивна си?
     
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.975
    Допаѓања:
    265.917
    Јас веќе резултати од контролен чекам.
     
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.975
    Допаѓања:
    265.917
    Мене од дома ми зедоа, имаше групно тестирање за контрлен инаку одеш во друг град каде што има пунктови за тестирање и ги праќаат во Скопје. Цела Македонија праќа во Скопје.
     
    На WildMk, Ahoy и Celltica им се допаѓа ова.
  11. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    На Инфективната клиника во Скопје почина 27-годишно момче од Битола, кое претходно се лекувало од малигно заголување, потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК од Министерството за здравство.

    [​IMG]
    „Починатиот пациент 27 годишно момче, хоспитализиран бил на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од 27 јули. Пациентот како дете бил лекуван од малигна болест на крвта во ремисија десетина години. Станува збор за акутна миелоидна леукемија, болест која и после долгогодишна ремисија остава тешки имунолошки оштетувања кои се причина за ваква тешка ковид болест“, ни рекоа од Министерството за здравство.

    [​IMG]
    Пред да биде префрлено во Скопје, момчето беше лекувано и во Клиничката болница во Битола. Работеше во познато кафуле во градот, а по појавата на симптомите кај него, од кафулето објавија на интернет дека времено нема да работат.


    Ова е четврта жртва од Битола со ковид-19.
     
  12. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.455
    Пол:
    Машки
    Белорусија направила 1,1 милион тестови на 9 милиона популација. Земја која одлично се справи со Корона вирусот, а немаше никакви полициски часови и рестрикции.

    https://tass.com/world/1177035
     
    На ALISA0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Информација COVID 19 (01.08.2020)

    Денес во Битола се регистрирани 5 позитивни лица, 2 на возраст од 61-70 години, 2 на возраст
    од 51-60 години и еден во возрасна група од 41 – 50 години. Од новорегистрираните лица, 2
    даваат податок за контакт со друго позитивно лице и се поврзани со фамилијарна трансмисија.
    Вкупниот број на активни случаи во Битола изнесува 67. Денес се регистрирани 6 оздравени
    лица и еден смртен исход на позитивно лице на 27 години кое починало на Клиника за
    инфективни болести во Скопје.

    Во Демир Хисар денес се регистрирани 2 позитивни лица на возраст од 44 и 83 години. Вкупниот
    број на активни случаи во Демир Хисар изнесува 29. Денес се регистрирани и две оздравени
    лице.

    Во Ресен денес нема регистрирано нови заболени, а регистрирани се 3 оздравени лица.
    Вкупниот број на активни случаи во Ресен изнесува 28.

    Во Кичево денес има регистрирано 3 позитивни лица а регистрирани се 7 оздравени лица.
    Вкупниот број на активни случаи во Кичево изнесува 88.

    ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.534
    Допаѓања:
    69.366
    Пол:
    Женски
    Каква трагедија. Се изборил со леукемија, во ремисија бил, да почине на толку млади години од вирус.:(
     
    На fana, tinka-mace, Ivan4e04 и 25 други им се допаѓа ова.
  15. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.455
    Пол:
    Машки
    За жал, Корона вирусот ако се спушти на белите дробови партал ги прави. Плус, драстично го ослабнува имунитетот, па така инфекциите лесно се шират.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  16. INEEDLOVE

    INEEDLOVE Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    190
    Пол:
    Машки
    Се гледаме после 1 месец ... Кој ќе го сопре Corona Ohrid јас не знам :(
     
    На tinka-mace и LejlaD им се допаѓа ова.
  17. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Во последните 24 часа се направени 1621 тестирања, а регистрирани се 138 нови случаи на ковид-19 во:

    - Скопје 47
    - Куманово 17
    - Дебар 10
    - Штип 16
    - Прилеп 2
    - Тетово 2
    - Велес 5
    - Битола 5
    - Охрид 2
    - Кавадарци 1
    - Гостивар 10
    - Крива Паланка 1
    - Кочани 5
    - Пробиштип 1
    - Демир Хисар 1
    - Македонски Брод 6
    - Виница 2
    - Кратово 1
    - Кичево 3
    - Ресен 1

    Починати се 7 лица, две пациентки од Скопје (64 и 67 години), пациентка од Македонски Брод (53г.), пациентка од Кичево (41г.), пациент од Битола (27г.), пациент од Дебар (78г.) и пациент од Штип (64г.). Шест пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 144 оздравени пациенти од:

    - Скопје 105
    - Штип 9
    - Прилеп 2
    - Тетово 4
    - Велес 1
    - Битола 5
    - Гостивар 1
    - Кочани 4
    - Пробиштип 1
    - Демир Хисар 2
    - Берово 1
    - Кичево 7
    - Ресен 2

    Досега во земјата се направени вкупно 103938 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10891, бројката на оздравени пациенти е 6698, на починати е 493, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3700.
     
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.898
    Допаѓања:
    139.390
    Пол:
    Женски
    Е тоа е. Сакаа олабавување на мерки во кафичи и клубови. Ете. Греота.
     
    На tinka-mace, oblace1, kukla21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    18.163
    Допаѓања:
    191.626
    утре во Охрид и Дојран игла нема да можеш да фрлиш од што ке биде гужва
    резултатите ке ги видиме после една недела
     
    На tinka-mace, NPN и Ahoy им се допаѓа ова.
  20. Бисерка-С

    Бисерка-С Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2017
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Не знам колку е вистина, ама пред некој ден прочитав во група на фејсбук дека во некој од поголемите маркети во Битола и покрај тоа што биле заразени, четири продавачки оделе на работа повеќе од петнаесет дена. Ангрото кај Јавор или во новиот пазар е затворено? Баш денес поминав покрај Ангрото кај Јавор, ама не приметив дали работи.