Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.587
    Пол:
    Женски
    Кога веќе бевме кај темата училишта и градинки. Би сакала да споделам нешто што многу ме разочара. Случајно на фб ме додале на некоја група, не знам точно како се викаше, нешто како демек идеи за подобрување на наставата онлајн. ОК, се заинтересирав, убава тема, убаво е нели да се мисли на подобрување на целиот тој процес. Читам постови, 20% идеи за онлајн настава, 80% беа најлошите гадости што можат да се прочитаат напишани од просветни лица.
    Јас би, во оваа прилика, да ја тргнам короната на страна како тема, затоа тоа што го прочитав ВООПШТО немаше врска со короната. Значи не е муабетов сега ризик или не, туку муабетиве од наставниците и воспитувачите. Постовите и коментарите беа нешто во овој стил:
    Што бараат родителите во училиште и градинка сега да им одат децата, или видоа како е сега без тоа и им здожежа. Неможат да си ги трпат децата дома, па бараат училишта. Ако нека видат како е да си ги трпат децата дома, а не пушти ги на училиште, ние да им ги трпиме, да им ги гледаме, тие да си одмараат.
    Ааааа, се жалат родителите оти треба да учат со децата дома, а нас како ни е секој ден што им ги учиме. Не сакаат дома да си ги гледаат, сакаат да се отарасат од нив по секоја цена, затоа бараат училишта и градинки. Па муабетот оти родителите велеле - е што ќе му правам сега дома? Па ете ние што им правевме кога беше училишна година, како ги трпевме, вие не можете да си ги трпите дома, родители, вакви такви онакви. Па една и одговара, така велат родителите оти едно работат, друго не можат да им помогнат по сите предмети на 1, 2 или 3 деца дома што ги имаат, затоа така велат, и родителите се на мака. И другава, ааа не, не е заради тоа, оти се мрзеливи и децата и родителите, затоа така велат, оти нашле па зашле со училиштата. Па еден куп сложувања, во право сте, секоја чест, се сложувам со секој ваш збор. Мизерии

    Да не должам многу, ја сфативте поентата. Не памтам се што прочитав, битно излегов од групата оти се изнервирав. СЕРИОЗНО, вакви луѓе ни ги учат децата? Сега испадна дека образованието е место за отарасување од децата за да одмори човек? Најважната гранка на општеството испадна ЛУКСУЗ кој родителите никаквеци го користат? Пандемијава го извлече најлошото од нас, дефинитивно. Сега испадна дека секој родител седи дома, со нозете во вис, не работат луѓево по минимум 8 саати, и плус СИТЕ треба да се експерти по математика, физика, биологија, англиски, германски, музичко итн, да можат да ги учат децата, а не да се луксузираат и да треба професионалец кој завршил факултет за тоа и зема плата да се жали дека тоа го работи? Мислам дајте... корона или не корона, вакви работи не смее да има. Училиштето и градинките некој ги смислил на ниво на ЦЕЛ свет, да сега наставниците излегуваат со муабетот дека училиштево е место кај што родителите се отарасуваат од децата оти не можат да ги трпат дома.
     
    На PoisonGirl, ohlalalala, candy.cane и 27 други им се допаѓа ова.
  2. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.337
    Ако ваквите вака зборат за нормалната настава, верувај ми за онлајн ич со прст нема да мрднат да се потрудат. Пошто се гледа од километар дека не си ја сакаат ама ич професијата да образуваат деца, не дека им е страв од ризик.
    Така да нема многу да се трудат да одржат квалитетна онлајн настава и тоа е грдата реалност, за жал.
    На крај децата ќе трпат, ни криви ни должни.
     
    На candy.cane, Annath, azelea и 3 други им се допаѓа ова.
  3. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.975
    Допаѓања:
    265.917
    Па види, кога наставниците/професорите се сметаат дека се најпаметните, најработните, со его до плафон, сите останати не работат ништо. Мизерија се голем дел од наставниот кадар. Со исклучок на поединици кои да ти е мерак дете да ти образуваат.
     
    На Herrera, Waverly Raven, lovestoneddd и 13 други им се допаѓа ова.
  4. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    18.019
    Допаѓања:
    123.992
    Пол:
    Женски
    Да да ... Ептен многу работат... До 12 часот, цело лето дома, пола зима дома :D
     
    На ohlalalala, lovestoneddd, azelea и 5 други им се допаѓа ова.
  5. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.900
    Допаѓања:
    139.413
    Пол:
    Женски
    А дали се свесни дека се платени од буџет кој го полнат родителите на децата. Не бе не. Се подлабоко си тонеме и ќе си тонеме .. и така децава беа полунеписмени од Кембриџов сега и ова па ќе се чудиме што не снашло.
     
    Последна измена: 4 август 2020
    На ohlalalala, candy.cane, azelea и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.766
    Допаѓања:
    19.854
    Мене ми беше најјако кога другарка во средно предава ми се убиваше жалење како и е тешко на Зум да се пали и да предава , па децава на вибер во ниедно време домашни и праќале, па она за неа немало одмор ...Боже господе. Ја 10 саата сум работела дневно тешка психичка работа, на столле од 8 до 18ч сум заглавувала а она бе оди во 10 се враќа во 13ч дома и иста плата иаме. Не ми е чудно ова што го пиша стварно они така размислуваат дека се негователки. И цело лето ми се жали даа ама ние одиме на работа и лето. Шо одите бе? Од 8 до 10? Не сте виделе раблжота чест на исклучоци ама грото така си проаѓаат
     
    На ohlalalala, azelea, noteforself и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.253
    Допаѓања:
    205.003
    Види, јас кога ја носев ќерка во јасли, реков за милион евра оваа работа не се исплати. Мали човечиња, кое плаче, кое вреска, кое се покакало, you know the drill... Ама затоа јас не сум се амбицирала да работам со деца, секој според афинитетите. Шо мислеле ко се вработувале, дека јаболки ќе бројат:^)... Мислам за јаболки броење, на друго место требало да се пријават|(
    Страшно, страшно немање ниво, ни срам, ни перде:x
     
    На oblace1, candy.cane, azelea и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.337
    Мене ме интересира дали професорите меѓу себе пробуваат да се договорат за најдобар начин да се изведе наставата или општо и секој посебно да смисли уникатен креативен начин па да го предложат до МОН или нога врз нога дома чекаат некој да им каже?
    Језда МОН треба да одлучи што како, ама и они треба малце да се вклучат поактивно.

    Имав професор во средно кој сам наоѓаше интересни начини да нѐ научи. Лично нѐ водеше на места надвор од школо каде се применува неговата струка. Е вакви ми се за секоја почит.
     
    На noteforself, Milaаа991, tinka-mace и 2 други им се допаѓа ова.
  9. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.587
    Пол:
    Женски
    Пак се заинтересирав за групата, ја побарав, моја грешка, не била за идеи за онлајн настава туку поддршка за да има онлајн настава за престојната учебна година. Групата де состои од професори кои не сакаат физичка настава, туку онлајн да биде. Сега ми е појасно зошто толку исфрустрирани постови имало. Јас мислев се собрале идеи да споделуваат, тие се собрале да си ги кажуваат маките на физичкото присуство во училиштата што го имале. Па ќе им колабирале деца, ќе им припаѓале на училиште, дома на нивните деца ќе им пренеселе корона (оти другиве што работат не се на ризик, нејсе). Јас сум по професија професорка, не го работам тоа, јеби га, не бев во партија не ме примаа по училишта, се снајдов во друга работа. Ама искрено, некако ми личи како да им се заубави дома на наставнициве. Значи во ред е, разбирам, пандемија, ризик, се тоа и се сложувам дека е комплексна темава, многу работи се за разгледување и решавање... Ама па до толку да не сакаат да работат, од авион се гледа.
     
    На candy.cane, Bitter-Sweet, azelea и 7 други им се допаѓа ова.
  10. poi

    poi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.197
    Допаѓања:
    2.405
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам нешто на темава со наставниците. Значи мајка ми е професорка и како прво таа и со физичка и онлајн настава се залага работата да е сработена како што треба. На работа оди од 7:30 и дома е после 1-1:30 зависно колку часа имала. Дома прави ручек и седнува да пиши распределенија, дневни, дневници итн за следниот ден, да прегледува тестови. Значи работата на професорите не е само во училишните клупи, туку продолжува и дома. Преку лето има 20 и нешто дена одмор како секој вработен. Другите дена е по 3-4 часа на работа и секој ден има некоја обврска, а неколку недели и поминуваат и во правење распоред за огромно школо и тоа си во платата. Класна прв пат беше лани и еве две години и искрено се труди за децата и со активности и да биде на нивна страна и се' тоа. Во однос на ситуацијава таа лично е за да има онлајн настава бидејќи од самиот почеток се плаши од вирусот, не излегува никаде (ретко по роднини) и со право пошто е во ризичната група. Значи не е проблем физичката настава, проблем се децата што скитаат секаде и кој ќе гарантира дека е безбедно? Јас лично сум за да почниме, бидејќи психички не можам да го поднесам ова. Додека беше онлајн наставава таа секој ден им испраќаше на децата за работа, им објаснуваше се' како што треба и често времето го поминуваше зборувајќи со нервозни родители од типот зошто детето да има слаба оценка, а од небо се гледа дека "тестот" го препишал. Тестови правеше неколку и од почеток им кажа дека се за самопроверка, а таа си знае кој колку учи и гледа кој колку работи.
    Е сега да додадам и дека навистина има многу професори што воопшто не си ја работат работата како што треба, но ве молам не ги ставајте сите во ист кош.
     
    На LejlaD, Laufinam, Spidy и 4 други им се допаѓа ова.
  11. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    18.166
    Допаѓања:
    191.668
    не се траскате
    градинки и школи почнуваатнод љ септември
    ова е сигурно инфо
     
    На nena2010 и Mami3 им се допаѓа ова.
  12. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    18.019
    Допаѓања:
    123.992
    Пол:
    Женски
    Хммм .... Инфото и за јуни беше сигурно па..:|
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    18.166
    Допаѓања:
    191.668
    од мене?
     
  14. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.587
    Пол:
    Женски
    @poi таман работа сите ако се такви :) збораме за тие што се. Какви наставници и професори сум имала во животот, да им се поклониш до земја, алал да им е.
     
    На ElenaOfRivendell, LejlaD, poi и 3 други им се допаѓа ова.
  15. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    18.019
    Допаѓања:
    123.992
    Пол:
    Женски
    Не, од на телевизија.
     
    На Mami3 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    18.166
    Допаѓања:
    191.668
    ова што го пишав е точно и ми е инфо од високи кругови
     
    На nena2010, tina2018, Mami3 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. poi

    poi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.197
    Допаѓања:
    2.405
    Пол:
    Женски
    Другарка рече дека денес кажале на вести комесијата рекла да се почне. Јас си викам да почекаме ете околу 10ти за официјални и точни информации. Има многу причини и ЗА и ПРОТИВ и тоа отвора скрос нова дискусија што инаку е во други теми. Се надевам на исправна одлука и нешто возможно за условите во нашиве училишта.
     
  18. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.333
    Пол:
    Женски
    Повеќето училишта се чистат и кречат, се спремаат за почнување од септември. Се чека официјално да излезат и кажат како ќе биде со големите паралелки кај малите деца.

    За градинките нема ни трага, ни глас. По градовите не знам како е, ама во Скопје повеќето групи по градинките се големи, буквално немаат каде да стават креветче за дете да легне кога е време за дремка. Да не зборам за масичките што ги ставаат како пирамида една врз друга за да наредат креветчиња за спиење, глетката е језива.
    Во група порано кај ќерка ми по две деца во едно мало креветче лежеа наредени како сардини.
    Во пандемијава искочи на површина се што се буткаше под тепих. Од лоши услови, мали занимални а преголем број на деца. Затоа се тапка во место и не можат крајот да го најдат.
    Анкетите се мизерија невидена. Да се пријавеле тие на кои им треба згрижување на дете. Ако отворат градинките се укинува седењето дома и сите ќе имаат потреба од градинка. Кој работодавец би оставил дома родител да седи при отворени градинки?
     
    На candy.cane, noteforself, redhead и 10 други им се допаѓа ова.
  19. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.265
    Пол:
    Женски
    Анкетата е за да видат како просторно ќе можат да обезбедат услови според бројот на децата. Без неа, тешко ќе можат да планираат било што. Мора од негде да почнат.

    А да обезбедат соодветен простор за да ги задоволат безбедностните протоколи е најголемиот и најгорливиот проблем.
     
    На oblace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Laufinam

    Laufinam Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2020
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    295
    Пол:
    Женски
    е па, нека држат настава во фабриките - затворени се или во просториите на јавната администрација - ионака ништо не работат.
    а најдобро час во природа со разгласен систем... така и полуписмените случајни минувачи можеби ќе научат нешто...:)
     
    Последна измена: 5 август 2020
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.