1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.338
    Кога почна пандемијата, МОН им рекол дека секое школо ќе си одбери на кој начин ќе ја одржува онлајн наставата. Немаа национална стратегија.
    Некои одлучија, воошто да не предаваат.
    И после тешко им е на родителите, епа тешко им е, кога тие мораа да бидат наставници, а наставниците без работа плата земаа.
    Да повторам по 100ти пат на темиве: Од 12 предмети, само еден им предаваше на ќерка ми.. еден.

    Затоа се толку уплашени од онлајн наставата, оти сега за нив 'онлајн настава' значи наставниците да не предаваат, туку тие самите.

    А тоа што беше, не ни беше 'онлајн настава'. Фарса беше.
     
    На tinka-mace, EuHenIa, Spidy и 5 други им се допаѓа ова.
  2. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.900
    Допаѓања:
    139.413
    Пол:
    Женски
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.338
    Ете, тоа се чека!
    Според сите статистики, паралелно на пазарот ќе излезат повеќе вакцини.
    Само уште да го 'средат' производството и дистрибуцијата, и толку ќе биди од пандемијата.

    Затоа ко ќе речи некој: Вечно ќе седиме дома? - повторувам дека не е вечно

    Вирусот ќе остане да живее меѓу нас вечно, пандемијата, не.
     
    На ostoun, NPN и Ahoy им се допаѓа ова.
  4. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Продолжува трендот на намалување на бројот на новозаболени и починати лица, а се бележи и значително зголемување на бројот на оздравени лица во однос на претходната недела, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 27 јули до 2 август, 2020 година. ИЈЗ известува дека R0 факторот на преносливост на вирусот покажува позитивен тренд на намалување, кој изнесува 0,9, а во континуитет речиси еден месец е околу 1.

    Во овој период се направени вкупно 9.709 тестирања (146 повеќе од периодот 20–26 јули) и регистрирани се 912 позитивни случаи на Ковид-19, што е за 4,6% помалку од претходната недела.
    Во периодот на известување благо намалување има и во процентот на позитивни од тестираните случаи, кој изнесува 9,4% (претходната недела 10% од тестираните беа позитивни).

    Новозаболени се регистрирани во 28 града, при што најголем процент на новозаболени има во Скопје (27,9% - бележи благо намалување три недели по ред), во Штип (12,2%) и во Гостивар (11,2%). Во 19 градови во земјата, за истиот период, бројот на новопотврдени случаи е под 20 лица.

    Во однос на старосната структура на новозаболените во овој период најголем процент се лица над 60 години – 22,9%, а поголем број заболени се регистрира и кај лицата на возраст меѓу 30-39 години - 19,4%. Во возрасната група 40-49 години се 17,9% од новозаболените, а во групата 50-59 години - 17,8%. Најмал број е регистриран кај децата од 0 до 9 години - 3,1% и 10-19 години 5,0%. Од случаите кои се епидемиолошки истражени се хоспитализирани 136 лица или 15,7%, а кај 277 лица или кај 32,2% регистрирано е присуство на коморбидитети.

    Од вкупниот број епидемиолошки истражени новозаболени 38,1% имале контакт со потврден случај на Ковид-19, а 21 лице (исто како и претходната недела) имале историја за патување во странство во минатите 14 дена.

    Во периодот 27 јули – 2 август се регистрирани 1.032 оздравени лица, кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е за 378 лица или 36,6% повеќе од претходната недела на известување (20 - 26 јули). Во периодот 27 јули до 2 август се регистрирани 29 смртни случаи, што е намалување од 14,7%, во однос на минатата недела. Најголем дел од случаите се лица над 60 години - 75,9%. Во болнички услови се починати 24 од случаите, а пет вон болнички. Кај 23 од смртните случаи (79,3%) се регистрирани претходни коморбидитети.
     
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.338
    Само да не го преполовеа бројот на тестирани.
     
    На redhead му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Денес очекувам пак над 1000 тестирања.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.338
    Ама продолжениот викенд, ептен ја успори работава.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.900
    Допаѓања:
    139.413
    Пол:
    Женски
    Денес типувам на 150 нови регистрирани минимум. Со оглед дека беше продолжен викенд, и се се успори, дебес утре и задутре чекам високи бројки. Се надевам дека грешам.
     
    На fana и Ahoy им се допаѓа ова.
  9. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.825
    Допаѓања:
    17.246
    И јас ги читав коментарите во групата и се фрапирав,какви коментари од просветни лица:puke:.
    Ако има една работа зошто најмногу сакам да се иселам од државава ,тоа е баш ради образованието,да можам на децата да им обезбедам квалитетно образование,е тоа најмногу го сакам.
     
    На Kitten, jacqueline.s, JuLleE и 5 други им се допаѓа ова.
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.900
    Допаѓања:
    139.413
    Пол:
    Женски
    R0 факторот на преносливост на вирусот покажува позитивен тренд на намалување кој изнесува 0,9, а во континуитет речиси еден месец е околу 1.

    Продолжува и трендот на намалување на бројот на новозаболени и починати лица, а се бележи и значително зголемување на бројот на оздравени лица во однос на претходната недела според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје објавен денес за периодот од 27 јули до 2 август 2020 година.

    ИЈЗ известува дека во дадениот период направени се вкупно 9709 тестирања (146 повеќе од периодот 20–26 јули) и регистрирани се 912 позитивни случаи на Ковид-19 што е за 4,6% помалку од претходната недела. Во периодот на известување благо намалување има и во проценотот на позитивни од тестирани случаи, кој изнесува 9,4% (претходната недела 10% од тестираните беа позитивни).

    Новозаболени се регистрирани во 28 града при што најголем процент на новозаболени има во Скопје (27,9% - бележи благо намалување три недели по ред), во Штип (12,2%) и во Гостивар (11,2%). Во 19 града во земјата, за истиот период, бројот на новопотврдени случаи е под 20.

    Во однос на старосната структура на новозаболените во овој период најголем процент се лица над 60 години – 22,9%, а поголем број на заболени се регистрира и кај лицата на возраст помеѓу 30-39 години - 19,4%. Во возрасната група 40-49 години се 17,9% од новозаболените, а во групата 50-59 години - 17,8%. Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 години - 3,1% и 10-19 години 5,0%.

    Од случаите кои се епидемиолошки истражени, хоспитализирани се 136 лица или 15,7%, а кај 277 лица или кај 32,2% регистрирано е присуство на коморбидитети.

    Од вкупниот број на епидемиолошки истражените новозаболени 38,1% имале контакт со потврден случај на Ковид-19, а 21 лице (исто како и претходната недела) имале историја за патување во странство во минатите 14 дена.

    Во периодот 27 јули – 2 август регистрирани се 1032 оздравени лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е за 378 лица или 36,6% повеќе од претходната недела на известување (20 - 26 јули).

    Во периодот 27 јули до 2 август, регистрирани се 29 смртни случаи, што е намалување од 14,7% во однос на минатата недела. Најголем дел од случаите се лица над 60 години - 75,9%. 24 од случаите се починати во болнички услови, а 5 вон болнички. Кај 23 од смртните случаи (79,3%) регистрирани се претходни коморбидитети.
    Извор официјална страна на министерот за здраватво Др В.Филипче
     
    На fana и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  11. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.587
    Пол:
    Женски
    Ете што си споделуваат нашите просветни работници. Се повеќе сум разочарана.
    Screenshot_20200805-125151.png
     
  12. ostoun

    ostoun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2019
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    194
    Пол:
    Женски
    И јас сум член на таа група, и не се членови само просветни работници. Од каде знаете дека баш членот што го споделил е просветен работник?
     
  13. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.587
    Пол:
    Женски
    Може не се сите, не знам. Видете, дали ќе почне школската година или не, мене не ми менува. Моите деца се мали. Мене ми смета што се омаловажуваат родителите кои стварно немаат избор.
     
    На candy.cane, fana и azelea им се допаѓа ова.
  14. ostoun

    ostoun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2019
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    194
    Пол:
    Женски
    Оваа шега на фотографијата е направена пред пандемијата, греота е да се генерализира, во секоја професија има секакви. Има прекрасни просветни работници, што се грижат за учениците како за свои деца. Јас мислам дека доколку се започне со настава со физичко присуство, ќе има огромни последици по сите, мора да се изнајде некој начин.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  15. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.200
    Допаѓања:
    27.457
    А, професорите место да стават вакви хехенце мемиња нели може да си организираат еден митинг на Зум? Па бура на идеи да си направат. Секако ќе се најде начин. Нели гледаат од МОН мува не ги лази, нели знаат каде живееме. Вака изгледа скроз незаинтересирани за учениците.
     
    На candy.cane, WildMk, Amellie13 и 6 други им се допаѓа ова.
  16. ostoun

    ostoun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2019
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    194
    Пол:
    Женски
    Колку што гледам, просветните работници во групата веќе имаат споделено идеи за начинот на одвивање на наставата.
     
  17. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Во последните 24 часа се направени 1507 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19 во:

    -Скопје 23
    -Куманово 8
    -Дебар 2
    -Штип 10
    -Прилеп 3
    -Тетово 2
    -Струга 11
    -Велес 2
    -Битола 3
    -Охрид 8
    -Кавадарци 1
    -Гостивар 4
    -Струмица 1
    -Македонски Брод 4
    -Виница 2
    -Свети Николе 2
    -Кичево 2

    Починати се 6 лица, две пациентки од Скопје , пациент од Куманово, пациент од Гостивар, пациент од Тетово и пациент од Штип.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 113 оздравени пациенти од:

    -Скопје 57
    -Дебар 1
    -Штип 11
    -Прилеп 8
    -Тетово 11
    -Велес 1
    -Гостивар 2
    -Кочани 4
    -Демир Хисар 1
    -Свети Николе 10
    -Кичево 2
    -Ресен 5

    Досега во земјата се направени вкупно 108384 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11289, бројката на оздравени пациенти е 7221, на починати е 511, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3557.
     
    На koritsaki, Tan4ence, fana и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.760
    Допаѓања:
    93.180
    Пол:
    Женски
    Добра бројката денес,како што и се очекуваше ,опаѓа бројот .
     
    На koritsaki, fana, NPN и 4 други им се допаѓа ова.
  19. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.813
    Допаѓања:
    323.888
    https://www.facebook.com/1819203381720020/posts/2455701104736908/
    Фала Богу што грешиш:D
    Опаѓа а?
    Којзнае..
    Да не е затишје
     
    На tinka-mace, buba4e89, LejlaD и 2 други им се допаѓа ова.
  20. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.975
    Допаѓања:
    265.917
    Понеделник само контролни имаше, а уште нема резултати. Конкретно на пункт во Штип, 130 контролни беа земани.
    Ако и утре е под 100, тогаш ќе верувам дека паѓа бројот.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.