Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.587
    Пол:
    Женски
    @JuLleE епа тоа баш ми е муабетот. Зошто кај нас за разлика од други држави има толку починати. Во глобала сите со претходни здравствени проблеми, и во глобала починати на болница. Не верувам дека е до некоја си македонска мутација на вирусот. Како што кажуваш сама, има многу дрски доктори, егоистични што од его ако му кажеш дека не ти одговара терапијата, нема да смени... Има такви што не знаат, ама нема ни да се распрашаат или да прочитаат да дознаат (пак да не ми речете, не генерализирам, ниту посочувам некого конкретно, зборувам дека има такви, нормално не се сите). Мора да има контрола над сето тоа, инаку ќе продолжат да се прават истите грешки.
     
    На lovestoneddd, orevokrsacka, GirlRose и 2 други им се допаѓа ова.
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.975
    Допаѓања:
    265.917
    Па на неговиот доктор тоа му е и работа. Мислам и он си се вклучени во борбата.
    Плус неговиот лек се испитува како терапија.
    Инфектологот не може да знае.
    И овде е проблемот.
    Ние имаме доста болен народ, мора малку да се ангажираат и другите доктори, да се изработи протокол за хронични пациенти. Не може да спиеме на тоа уво нов е вирусот. Не, не е нов веќе. И не, не се заразува лесно како шо трубат. И не, има начин како да се спречи да не се влоши, а тоа е навреме да се реагира.
     
    На candy.cane, orevokrsacka, azelea и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.337
    Знаеме порано кога ќе починеше родилка колку се создаваше бес кај народот.
    И сега, во пандемијава почина родилка од сепса, препишаа на корона. Не знам ни таа дали беше позитивна, ама како што знам сепса не настанува од корона, уште помалку па баш за време на пороѓај. Може не е ни вина на лекарите, не знам. Ама така лесно сѐ оставивме на страна, ништо друго не е битно.

    Стварно неќам да грешам душа, ама со коронава ќе се исперат куп лекарски грешки што досега знаеме во јавноста како распалуваа.

    Едит - сакам да кажам, настрана работата со лековите, ако недајбоже почине од лекарска грешка, никој ама никој нема да се заинтересира.
    Фокусирани сме само да не сме дел од бројката на заразени и починати од корона.
     
    На candy.cane, lovestoneddd, azelea и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.222
    Пол:
    Женски
    За κоρоната веќе и не пρатам многу вести а и не ми е гајле многу веќе. Битно е да се спазуваат меρκите и да се оди споρед заκонсκите меρκи и да се дρжи дистанца. Збоρовите се само пρазна слама во ваκва ситуација. Ми се чини само κај нас во Маκедонија се замаρаат луѓето. Во светот не обρќаат многу внимание на новине.
     
    На referentka и WORRIED.BT им се допаѓа ова.
  5. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    18.127
    Допаѓања:
    137.028
    Пол:
    Женски
    Едноставно....
    Вистинските херои носат маски.
    Screenshot_20200805-124928_Chrome.jpg
    Се досетиле од едно студио вака да го потсетат светот.Камо светот да почне да слуша...
     
    На candy.cane, ElenaOfRivendell, tinka-mace и 4 други им се допаѓа ова.
  6. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.265
    Пол:
    Женски
    46 годишен штипјанец по вторпат е заразен со коронавирусот. Првиот пат болеста ја прележал асимптоматски, без поголеми проблеми и во јуни имал два негативни тестови. Но, деновиве е повторно заразен, како член на семејство од познатиот штипски текстилен кластер. Неговата состојба во овој случај е посериозна и е хоспитализиран на Инфективното одделение во штипската Клиничка болница.

    На Инфективното одделение се лекуваат 34 пациенти со коронавирус, 11 се сомнителни и ги чекаат резултатите, повеќемина се од Штип, но има и од останатите градови во источниот регион. На инфективното помагаат и кардиолози и анестезиолози.

    Во ковид центарот имаат и неколку пациенти на кислородна поддршка, досега ниту еден од респираторите не е вклучен, а денеска во болницата пристигна и нов ваков апарат, кој има и други функции.

    Инфектолозите и епидемиолозите се борат за секој човечки живот веќе шестти месец ја бијат битката со вирусот. Бројките на заразени пополека се намалуваат во штипскиот регион, денеска Центарот за јавно здравје имаат регистрирано 10 позитивни случаи, на пунктот со упат од матичен лекар имаат земено над 55 брисеви, а денеска Штип има нова жртва станува збор за 58 годишен маж, кој по професија е свештеник.

    Tелма
     
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.944
    Ова повеќе ми ја доведува во прашање веродостојноста на тестовите. Не е можно првиот пат навистина да бил негативен, а вториот позитивен? :?:
     
    На Estranged му/ѝ се допаѓа ова.
  8. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.265
    Пол:
    Женски
    Кој знае, а од јуни до август можно е ако не внимавал пак да закачил. :?:
     
  9. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.337
    Или може во јуни воопшто да не ни имал корона па тогаш да бил лажно позитивен тестот. Башка бил асимптоматски тогаш.
    Некако брзо е пак да се зарази.
     
    На candy.cane, lovestoneddd, ostoun и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    27.882
    Или можно е да не развил имун одговор, да не формирал организмот антитела. Особено ако бил асимптоматски, болеста воопшто не се развила, па може не се формирале ни антитела.
    Сепак, секако стои дека може да не се сосема точни тестовите.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.975
    Допаѓања:
    265.917
    Па мислам дека досега требало да провери антитела.
     
  12. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    27.882
    Искрено не верувам дека некој оди да се тестира серолошки после двата негативни. Со оглед на тоа дека и со симптоми не се тестираат, за после прележување па ич не ми се верува.

    Да се надополнам, знам случај кој беше опфатен со скринингот за градинки и серолошкиот тест му беше негативен и после прележана болест, со симптоми. Што точно е причината не може со сигурност да се знае веројатно, ама може да шпекулираме секако :)
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.975
    Допаѓања:
    265.917
    Скринингот беше со ПЦР тестови, а не серолошки. Инаку матичен дава за проверка на антитела, за ако може да се дарува плазма.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    27.882
    Не сум запознаена со сигурност за скринингов, човеков рече дека му земале примерок од крв, па претпоставив серолошки дека се. А инаку за плазма, ептен разочарувачки и мизерно ако е точно, ама баш спомнаа пред некое време дека нема голем интерес за дарување. Колку што знам е доброволно. Се надевам дека сум грешка и дека има навистина голем интерес за дарување плазма.
     
  15. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.200
    Допаѓања:
    27.458
    На g8lQQk, JuLleE, Celltica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.975
    Допаѓања:
    265.917
    Јас ќе се пријавам секако.
     
    На riba79, LejlaD, g8lQQk и 3 други им се допаѓа ова.
  17. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.265
    Пол:
    Женски
    „Поддршка на доењето за поздрава планета“ е годинешното мото на Светската недела на доењето, што традиционално се одбележува од 1 до 7 август.

    Од Комитетот за доење при Министерството за здравство (МЗ) посочуваат дека во согласност со препораките на СЗО и УНИЦЕФ, мајките треба да ги дојат своите бебиња и доколку имаат Ковид-19 бидејќи придобивките го надминуваат ризикот од зараза. СЗО препорачува мајките кај кои постои сомневање или е потврден Ковид-19 да бидат охрабрени, како и сите други мајки, да почнат или да продолжат со доењето. Многубројните предности од доењето за новороденчињата и за децата значително го надминуваат потенцијалниот ризик од зараза со Ковид-19.

    Од МЗ додаваат дека досегашните научни истражувања покажуваат дека новиот коронавирус не се пренесува преку мајчиното млеко. За време на доењето и контактот со бебето треба да применуваат респираторна хигиена, доколку е можно да носат маска; потребно е да ги мијат своите раце пред и по допирање на бебето со сапун и вода или дезинфициенс на база на алкохол. Миењето на рацете треба да биде најмалку 20-30 секунди во согласност со препораките и техниките за правилно миење на рацете, како и редовно чистење и дезинфицирање на површините што ги имаат допрено.

    „Доењето е еден од најважните начини за унапредување и чување на здравјето. Тоа е најдобриот начин на исхрана на доенчињата, ја поставува основата за добро здравје не само во периодот на детството туку и во адултната возраст, воедно носи и голем број бенефити за мајките и за општеството во целост. Во согласност со препораките на СЗО доењето треба да е ексклузивно во првите шест месеци од животот, да трае до две години и подолго, паралелно со воведувањето други видови храна по шестиот месец“, велат од МЗ.

    Стручни совети од Комитетот за доење: одговори на најчесто поставувани прашања од мајките што се пред породување и во страв од инфекција, нивна или на нивното бебе:

    1. Дали може да се пренесе вирусот од мајката на бебето?

    Одговорот е дека постојат студии што се контроверзни, тие што пронашле вертикална трасмисија на вирусот се со мал процент од 7 до 10 проценти, а бебињата се без симптоми или со лесна клиничка слика.

    2. Дали мајките што се суспектни или позитивни на коронавирусот може безбедно да ги дојат своите бебиња?

    Одговорот е да, треба и пожелно е да ги дојат своите бебиња бидејќи ако се престане со доењето, ќе се намали и количеството мајчино млеко, а со тоа и заштитните фактори што ги содржи. Мајчиното млеко содржи антимикробни фактори: секреторен ИгА, ИгМ, ИгГ, олигосахариди, лизозими, леукоцити и таканаречени цитокини и антиинфламаторни фактори.

    3. Дали во мајчиното млеко кај позитивна мајка на Ковид-19 може да го има SARs- CoV?

    Реализирани се повеќе студии во разни региони од светот и во ниту една од нив не е докажано присуство на вирусот во мајчиното млеко. Тоа значи дека единствен начин на кој мајката може да му го пренесе вирусот на своето дете е преку респираторните патишта. Поради тоа, неопходно е одржување на личната хигиена и задолжителна употреба на заштитни маски при доењето. Во случај кога мајката е со потешка клиничка слика, која бара нејзина хоспитализација, пожелно е ако постојат услови, да се искористи нејзиното измолзено млеко со помош на медицински сестри. А во случај да е со исклучително тешка клиничка слика, може да се користи измолзено млеко од мајка донор.

    Исто така, според СЗО и УНИЦЕФ, суспектна или позитивна мајка во првите моменти од раѓањето треба да го стави бебето на своите гради не само заради млекото, туку и заради таканаречениот контакт skin-to-skin, исклучително значаен за емотивната и психолошката поддршка како за бебето така и за мајката.
     
    На rainbowmama и jacqueline.s им се допаѓа ова.
  18. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.944
    За странци на македонска граница бараат ли негативен тест?
    Втор пат прашувам, ништо корист од темава :D
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  20. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.837
    Допаѓања:
    145.578
    Не. Само за одредени држави.
    Србија, Косово и уште некој.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.