1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Сериозно не ми е јасно што се случува :shake:

    Тестот треба да не е постар од 72ч., односно брисот да е земен 72ч. пред влегување во Грција :!:, иако, со Македонски пасош во Грција не можеме никако да влеземе...

    Во тоа време ни Бугарија не нè примаше, ниту за транзит, а и на Бугарите им треба(ше) негативен ПЦР тест.

    Или забраниве важат само на медиуми или не знам :?:
     
    На tinka-mace, LejlaD и poi им се допаѓа ова.
  2. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.815
    Пол:
    Женски
    Gi potkupile.
    Najkratko i najjasno.
     
    На tinka-mace и LejlaD им се допаѓа ова.
  3. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
  4. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.265
    Пол:
    Женски
    Асимптоматските случаи на Ковид-19 носат иста количина вирус како и оние со симптоми, покажува јужнокорејска студија.

    Јужна Кореја можеше да ги идентификува и изолира асимптоматските случаи преку масовното тестирање уште на почетокот на март. Повеќе докази покажуваат дека овие случаи претставуваат значаен дел од инфекциите. Но, истражувачите не можеле да кажат колкумина од тие луѓе го пренеле вирусот.

    Луѓето со позитивен тест на коронавирус биле набљудувани во центар за лекување, што овозможило научниците да видат колкава количина од вирусот е детектирана во нивниот нос и грло. Тие редовно биле тестирани и биле пуштани само кога имале негативен тест.

    Резултатите од 1886 тестови покажуваат дека луѓето без симптоми во моментот на испитувањето, вклучително и оние што никогаш не развиле симптоми, имале иста количина вирусен материјал во носот и грлото, како и луѓето што имале симптоми.

    Студијата исто така покажала дека вирусот може да биде откриен кај асимптоматските луѓе за време на значаен период, иако се чинело дека се чисти од нивните системи малку побргу од луѓето со симптоми.

    Средното време (бројот кога половина од случаите биле повисоки, а половина помали) од дијагностицирање до добивање негативен тест траело 17 дена кај асимптоматските пациенти и 19,5 дена кај симптоматските пациенти.

    Поради природата на изолацискиот центар, студијата не вклучува луѓе со тешки случаи на заболување. Тие исто така биле помлади и поздрави од просечните.

    ©Makfax.com.mk
     
    На tinka-mace и poi им се допаѓа ова.
  5. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Пред да почнете да арлаучете за тој дека нелегално излегол од државата, а требал да биде во изолација, само да кажам дека има неколку случаи кои правеле тест за да излезат од државата и со позитивен резултат ја напуштиле веднаш по земањето на истиот (поради временската рамка од 48 часа) и одеднаш им се јавуваат отпосле со муабетот дека дошло до грешка, тестот е позитивен и да се вратат во самоизолација веднаш, а тие веќе таму некаде.
    Другар ми со негативен тест и без симптоми ја напушти веднаш државата и откога веќе стигнал таму, го барале дома и нормално не го нашле, со муабет дека дошло до грешка и е позитивен. Кога го нашле, му рекле дека ќе кренат постапка против него за нелегално напуштање на државата, а позитивен, доколку не се појави до крајот на денот дома (што е физички невозможно). Веднаш отишол да се тестира таму, тестот негативен, се ставил во изолација 14 дена, уште еден тест и тој негативен, на негов трошок нормално, за да има црно на бело дека НЕМА КОВИД за да не го казнат кога ќе се врати назад, ама не, завршена работа било тоа, морал да плати казна ради тоа што не почитувал одлука за самоизолација во Македонија. Да напоменам, татко му тестиран и негативен.
    Од кожа ме вади тоа што поради неинформираноста која што луѓето ја имаат околу НЕСПОСОБНОСТА на оваа држава да се справи со пандемија и ПОГРЕШНИ ТЕСТОВИ, за кои упорно се правите слепи, се покажуваат луѓе со прст, се разапнуваат на крст низ чаршиски муабети, а истите ни криви ни должни. Толку ли ви е ќејф секогаш да ја барате кривицата во сограѓаните кога и сами сте свесни во каква држава живееме?
     
    На Kitten, boo3, An-na и 2 други им се допаѓа ова.
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.975
    Допаѓања:
    265.917
    Пријавена за донирање на плазма, после 21 ден ќе ме испитуваат.
    Правев крвна слика, сите параметри се добри, аст, алт, црп, седиментација, се е негативно.
    Само д димери се мрднати, граница е 500, а мене ми се 523.1.
    Но ќе се средило ова, не е страшно.

    Се надевам и скептците дома и пријатели кои ме убедуваат се уште дека ми е згрешен тестот, конечно ќе се уверат дека имав корона.

    Тоа е тоа, секако плус испитување ме чекаат на инфективна поради плазмата.
    Друго да проверам матичниот смета нема потреба. Он дури се мрштеше и за кс. Д димери сама си испитав.
    Според него, еве во прво беше.
    Ама јас да сум мирна.
     
    На ohlalalala, Avery, oblace1 и 34 други им се допаѓа ова.
  7. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    27.882
    @DAngel Почнувам да се прашувам дали може не се толку неспособни колку што сакаат да глумат неспособни. Ако за тебе имало веднаш информација, како за него немало? Еве и да немал информација за тоа на друг пасош, како успеал да добие негативен тест од по лабораторииве? Или ги пуштиле да поминат и без тоа? Некои се малку поеднакви од другите :)
     
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.944
    Не знам. Јас своја борба борам со една наша институција над месец дена веќе затоа што ништо што прават им нема смисла и против уредби за спречување на ширење на пандемијата кои самите ги донеле одат, и ме тераат да си ризикувам здравје и да доведам во ризик едед куп луѓе заради нив. И чекам да помине ова, да видам кој ќе биде исходот ама со погрешна личност се фатиле. Едно што по портали ќе ги дознаат, друго ако не завршат работа буквално можат на повисоки инстанци да завршат. Па и вон државата. Барга неспособна, ми се гади од нив.
     
    На Biljarkata, KuklickaSk и Celltica им се допаѓа ова.
  9. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
  10. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.870
    Пол:
    Женски
    Сакам да одам во Бугарија, дали после враќање назад треба да бидам во изолација 14 дена?
     
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.130
    Пол:
    Женски
    Не.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Информација COVID-19 (07.08.2020)

    Денес на регионот за ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола се регистрирани 8 нови случаи на COVID-19 :

    - 1 во Битола (лице на возраст од 61 година, не дава податок за контакт со позитивно регистрирано лице);
    - 4 во Демир Хисар (лица на возраст од 38, 65, 69 и 71 година).
    - 3 во Кичево (лица на возраст од 42, 63 и 67 години)

    Вкупниот број на активни случаи на регионот за ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола изнесува 228:

    - Битола 69
    - Кичево 102
    - Ресен 23
    - Д. Хисар 34

    Во Ресен нема новорегистрирани лица.

    Денес регистрирани се и 3 оздравени лица (1 од Демир Хисар и 2 од Битола).

    ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола
     
    На LejlaD и redhead им се допаѓа ова.
  13. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.671
    Допаѓања:
    5.421
    Пол:
    Женски
    Ако патувам Турција или Египет, без да имам позитивен или негативен тест на корона, морам да бидам во државен карантин после патувањето 14 дена?
     
  14. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Не.
     
    На Miss666 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.729
    Допаѓања:
    5.715
    Пол:
    Женски
    Кај нас е хаос , со овие денес 75 активни има

    20200807_160753.jpg
     
  16. Fifi84

    Fifi84 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    3.564
    Пол:
    Женски
    Бројки има за денес?
     
  17. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.200
    Допаѓања:
    27.458
    Во последните 24 часа се направени 1845 тестирања, а регистрирани се 155 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 51 -Куманово 11 -Дебар 2 -Штип 13 -Прилеп 4 -Тетово 10 -Струга 3 -Битола 1 -Охрид 6 -Кавадарци 14 -Гостивар 22 -Гевгелија 1 -Пробиштип 1 -Демир Хисар 4 -Македонски Брод 5 -Виница 2 -Кичево 3 -Неготино 2 Починати се 2 лица, пациент од Скопје и пациент од Штип. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 127 оздравени пациенти од: -Скопје 40 -Куманово 17 -Штип 22 -Прилеп 6 -Велес 2 -Битола 2 -Гостивар 5 -Радовиш 10 -Крушево 1 -Пробиштип 5 -Демир Хисар 1 -Македонски Брод 3 -Кратово 1 -Свети Николе 12 Досега во земјата се направени вкупно 111791 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11554, бројката на оздравени пациенти е 7607, на починати е 519, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3428.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Во последните 24 часа се направени 1845 тестирања, а регистрирани се 155 нови случаи на ковид-19 во:

    -Скопје 51
    -Куманово 11
    -Дебар 2
    -Штип 13
    -Прилеп 4
    -Тетово 10
    -Струга 3
    -Битола 1
    -Охрид 6
    -Кавадарци 14
    -Гостивар 22
    -Гевгелија 1
    -Пробиштип 1
    -Демир Хисар 4
    -Македонски Брод 5
    -Виница 2
    -Кичево 3
    -Неготино 2

    Починати се 2 лица, пациент од Скопје и пациент од Штип.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 127 оздравени пациенти од:
    -Скопје 40
    -Куманово 17
    -Штип 22
    -Прилеп 6
    -Велес 2
    -Битола 2
    -Гостивар 5
    -Радовиш 10
    -Крушево 1
    -Пробиштип 5
    -Демир Хисар 1
    -Македонски Брод 3
    -Кратово 1
    -Свети Николе 12

    Досега во земјата се направени вкупно 111791 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11554, бројката на оздравени пациенти е 7607, на починати е 519, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3428.
     
    На tinka-mace и GirlRose им се допаѓа ова.
  19. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.404
    Допаѓања:
    28.419
    @JuLleE браво.
    За жал, во помали градови ретко кој почитува правила и носи маска. Затоа се такви бројките, се повеќе заразени во помали градови.
    Ние во Дојран одиме често, само скопјани носат маски.
     
    На candy.cane, LejlaD, Poppins и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.439
    Пол:
    Женски
    И мене ме шокираше фактот што во помалите градови не се носи маска ич..
    Дури и во маркети и тие мини бусеви така им дозволуваат да влезат... :o
    Во едно мало продавниче у Охрид баш се побунив зошто пуштија луѓе без маски, као не ви е страв да не се заразите и вие прашувам на каса, ми вика ги знам мештани се, немаме ние тука вирус, Скопјани нека си се пазат... :drunk:

    Во Скопје бар до сега се носат маски по улица и во автобуси и маркети во голем број. Се надевам така и ќе продолжи народот. Можеби тука сме повеќе исплашени дека голем број активни имаше од Скопје па... Ама сепак тоа не треба да е изговор и за во другите градови да не носат...
     
    На MrenaRiba, ohlalalala, eli25 и 4 други им се допаѓа ова.