1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.402
    Пол:
    Женски
    Свети Николе се чисти веќе готово. Секој ден оздравени над 10тина, вчера и денес ниеден, инаку завчера по 2ца имаше..ама полицијата овде сите што беа под карантини ги проверуваа. Плус све што беше болно со фамилии затворија.
     
    На Panda girl, mal.ecka, Nightwish11 и 9 други им се допаѓа ова.
  2. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.265
    Пол:
    Женски
    Седумнаесет пациенти во ЈЗУ Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ во Скопје се позитивни на коронавирусот.

    „На 3.8.2020 година добивме повратна информација од страна на Институтот за јавно здравје – Скопје за двајца пациенти позитивни на Ковид-19 по испратени брисови за обработка во рамките на едно одделение во одделот за геријатриска медицина. По добиената информација, веднаш е постапено во согласност со протоколите за изолирање на болните од преостанатите пациенти и спроведување епидемиолошка анкета на вработените за спречување ширење на инфекцијата и мерки за дезинфекција“, соопштија од болницата.

    Од таму велат дека веднаш бил спроведен скрининг на вработените од одделението и детектирани се тројца вработени позитивни на Ковид-19, кои веднаш се исклучени од работниот процес и пријавен е случајот во Центарот за јавно здравје – Скопје и во Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

    Од овој кластер до сега се детектирани 17 позитивни пациенти, двајца се со потешка клиничка слика и транспортирани се на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.
     
  3. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.404
    Допаѓања:
    28.419
    уште корона им фали на пациентите од геријатрија :(
     
    На candy.cane, LejlaD, Ahoy и 2 други им се допаѓа ова.
  4. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.525
    Пол:
    Женски
    Баш оттаму се големите бројки починати од некои западноевропски држави, од старските домови.
     
    На Biljarkata, candy.cane, LejlaD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.265
    Пол:
    Женски
    На време е реагирано, да се надеваме дека сите од тој кластер се изолирани и нема да има повеќе случаи.
     
    На candy.cane и green.eyes им се допаѓа ова.
  6. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.746
    Допаѓања:
    284.735
    Пол:
    Женски
    На вработените на геријатрија треба на секои 2 недели бриз да им се зема...
    Најранливи се таму.
     
    На oblace1, poi, candy.cane и 5 други им се допаѓа ова.
  7. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.265
    Пол:
    Женски
    Annotation 2020-08-07 201130.jpg
    A1он
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.760
    Допаѓања:
    93.186
    Пол:
    Женски
    Реакција на Германија,Италија и Словенија дека сите нови случаи им се увезени од туристи кои летувале на Паг/Хрватска .
    Одговорните од таму велат нема заболени,а во целата жупанија тестирале тројца од кој излегол позитивен еден.

    Монти Пајтон:rofl:

    Хрватска ќе биде феномен до октомври.

    Австралија пак паника за храна,со прогласениот полициски час.:o
     
    На Purplelilac, KateKane, fana и 7 други им се допаѓа ова.
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.975
    Допаѓања:
    265.917
    Мене ми се смеат овде кога велам дека бројките не се тие. На пример, еден ден Хрватска објави 35 заболени, а јас за една жупанија знаев дека се 90 само. Асимптоматски биле.
    Ама ај.
     
    На oblace1, KateKane, fana и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.760
    Допаѓања:
    93.186
    Пол:
    Женски
    Ама какво смеење, јавна тајна е тоа,и амбасадорите се запознати.Сами мајтап си играат на себе дека бројките се местат согласно смената на туристи,:D
    Еве чисто да не е само Охрид за 2 август.
    https://www.24sata.hr/news/nevjerojatne-slike-s-vira-krcato-kao-u-najboljim-danima-sezone-709975
     
    На KateKane, g8lQQk, LejlaD и 3 други им се допаѓа ова.
  11. poi

    poi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.197
    Допаѓања:
    2.405
    Пол:
    Женски
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.130
    Пол:
    Женски
    Нема термин. @poi
     
  13. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.199
    Допаѓања:
    222.305
    Пол:
    Женски
    Пред 2 3 дена луѓе од моја околина тука (8 души) се вратиле од хрватска сите комплет заразени.
    :|

    Во италија бројките се дигааат, се повеќе. Вчера во венето имавме 187 новозаразени( бројка што во март и април не идеше толку никогаш) 130 и кусур се мигранти, заразени, некна пак мигранти 120 имаше.
    50 60 новозаразени не се мигранти.

    Хотелите ги заклучуваат штом се појави еден заразен, сите се под клуч на две недели од газда до персонал до гости и седат заклучени ако најдат заразен исто и со фирми.

    Затоа седам тука и не мрдам, и језоли стана заразно :|
    Римини исто:|
    Се зборува за локдаун, сакале да ја заклучат ломбардија ама не им дале.

    Каша попара сме, со еден збор. Не се ризикува да појдеш некаде, не се знае дали ќе се вратиш заразен, или ќе си створиш проблеми, или ќе те заклучат некаде.

    На автопатите почнале контроли со брисеви тие брзите.
    Не знам колку е точно ова, ама сепак само зборуваа до сега полиции контроли оти народот не е совесен, некој не се исплаши од заканите за затвор итн па сега лошо дечки епа лошо наместо да опнеа гранична полиција со словенија.

    Зборот ми е, не мрдам од тука, не сакам да се најдам во проблеми, не сакам да ризикувам, тешко е и страшно, на одмор да појдеш не знаеш како ќе завршиш на крај.

    Не се јадосувајте сите вие што не можете на одмор надвор од мк оти и да ве пуштат едно ќе се размислите дали да одите друго ќе бидете во страв од што би можело да се случи.
    Јас не мрдам од тука додека не се стабилизира светот не ми требаат дополнителни проблеми.:|

    Едно ќе кажам само, секаде е лошо, далеку од добро е.
    Гориме сите, сите сме во исти ќош.
    Ќорсокак.

    Секојдневно се дешава по нешто, појдеш некаде не знаеш како ќе завршиш низ европа.
    Плус инфото што го дават државите не секогаш е точно, или па многу работи не ги ни знаете оти на мк медиуми ретко доаѓаат до инфо.

    Вака седете си мирна глава. Раат.
     
    На tinka-mace, mira.mira, ohlalalala и 10 други им се допаѓа ова.
  14. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.265
    Пол:
    Женски
    @vitamina, а баш вчера постирав за Венето, па се прашував те нема нешто да не информираш за Италија :?:

    Ова како пак да почна да таласа.

    Во светот во последните 24 часа се регистрирани вкупно 278.291 нови случаи на коронавирус, а починале 6.815 лица, објави Светската здравствена организација (СЗО).

    Според податоците за петок, во светот досега се потврдени 18,9 милиони случаи, а повеќе од 709 илјади починале.

    Статистиката на СЗО се заснова на официјално потврдени податоци објавени од земјите.

    Наведено е дека Јужна и Северна Америка имаат најмногу потврдени случаи од почетокот на епидемијата, повеќе од 10,1 милиони.

    Во Европа се потврдени повеќе од 3,5 милиони случаи, а 215.640 илјади починале. Вчера биле регистрирани повеќе од 25.000 нови случаи, а 416 починале.

    Во Југоисточна Азија се регистрирани 2,4 милиони случаии повеќе од 50.000 починати.

    Најголем број случаи има во САД, Бразил, Индија, Русија, Јужна Африка, Мексико, Перу, Чиле, Колумбија и Иран.
     
    На vitamina му/ѝ се допаѓа ова.
  15. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.265
    Пол:
    Женски
    Германските здравствени власти открија ново жариште на коронавирус во дистриктот Гепинген, северно од Штутгарт. Станува збор за матуранти кои, како што јавуваат германските медиуми, се заразиле додека биле на одмор во Хрватска.

    Германскиот портал Т-онлајн.де пренесува дека коронавирусот е потврден кај десет матуранти по враќањето од Хрватска. Тие биле на островот Паг, а патувањето им било организирано од туристичка организација специјализирана за патувања за забава.

    Порталот пишува дека матурантите почувствувале симптоми по враќањето дома. На одмор биле 15 лица, а 50 нивни контакти се во изолација.

    Шефот на заводот за јавно здравје на дистриктот Гепинген, Хајнц Пехлер, рекол дека коронавирусот се почесто сè детектира кај лица кои се враќаат од Балканот.

    „Овој случај јасно го покажува ризикот од патување и организирање забави во ек на пандемија и тоа како вирусот може брзо да се прошири во една група“, рекол Велт.

    Министерката за туризам и спорт на Хрватска, Николина Брњац, кусо изјави дека нема докази дека матурантите се заразиле во Хрватска. :^)



    ©Makfax.com.mk
     
  16. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.199
    Допаѓања:
    222.305
    Пол:
    Женски
    Не сум те прочитала.
    Почна следејки на фб да ми одѕвонува во глава дежа ву на се што ни се деси.
    Само сабајле 17 новозаразени во падова (facepalm) почна и саклет да ме фаќа.
    Значи полошо сме од што бевме во март, венето почна да ја шие ломбардија :|
    Што ќе правиме не знам.
    Плус проблеми далеку полоши од корона.
    А може и не не знам.

    Не сакаа да работат, да стаат контроли сега се припотуваат и се молат, битно вирусот пак се разнесе.

    Болцано исто, полошо било и од нас.

    Овој народ освен контроли на влез излез секаде поставени да си ја вршат работата ништо не може да ги спречи.
    Јас не знам светот што народ ќе беше.
    Океј, сите сакаме да шетаме ама сега ли бе?!
    Секој втор се враќа од некаде заразен :|

    Не знам веќе што да кажам.
    И на што пропрво да мислам.

    Важно ништо не е добро, одиме кон февруари годинава, дежа ву, чекај март фали уште да ни се повтори не знам од кај ќе се фрламе од очај ;(
     
    На ohlalalala, green.eyes, Hellobeautiful и 6 други им се допаѓа ова.
  17. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.265
    Пол:
    Женски
    Читам во Јапонија последниве 24 часа имало рекорден број новозаразени.
    Ејјј, Јапонија, поим за ред и дисциплина.
     
  18. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Хрватска веќе привршува и со вториот бран :D:rofl:

    received_313602273122254.jpeg
     
    На emiliana му/ѝ се допаѓа ова.
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.944
    Не ти се смеам, само ти реков дека е малку психопатски да се радуваш дека на некои други не им иде или кријат. И стојам на тоа.
    Премногу ентузијасти се за тоа што се ширела заразата од Хрватска. Премногу.
    Да почнам смајлињата поврзани со Хрватска да ви ги бројам?
    И да, јавна тајна е дека на море нема корона, солта ја убива. Тоа сите го знаеме, не сте откриле ништо револуционерно. А факт е дека сите кога тргнале на одмор знаеле кој ризик го преземаат.

    За жупаниите и разликата, никој не е луд да крие ОД КОГА објавила жупанијата, се крие уште на локално ниво, пред да објави. Разликата помеѓу дневно објавените на жупаниско и државно и тоа што 2-3 жупании (можам одма да ти кажам кои) објавуваат податоци наутро во 8, значи се што е стигнато претходниот ден, а на државата и даваат податоци до пладне, значи и други што им стигнат. Така, ако на жупаниско тој ден објавиле повеќе позитивни, веројатно на државата и дале повеќе позитивни претходниот ден.
    Не е тајна дека се разликуваат бројките објавени на стожерите и државните, излезе нашиот стожер и си кажа зошто е така. Тоа тетки без работа со теории на заговор си седат и исто бројат секој ден со колку се разликува, и табели објавуваат на интернет. Може слободно на ФБ страната официјална да идете и да видите. Под секоја табела стои разликата меѓу жупанија и дневно објавените. И секој ден прашуваат зошто е така, иако е веќе објаснето истото.
     
  20. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.760
    Допаѓања:
    93.186
    Пол:
    Женски
    @DAngel
    Хрватска лажира.Се рекламира како корона безбедна земја.
    За да спаси сезона,иако не е ни пола од лани.
    Стожерот добро ја обработува пропагандата.
    Не се криви туристите,не оделе на ризик,туку на сигурно.
    Мерки скоро никакви,што се вика вчера беше воведено да се се носат маски во јавен превоз и затворен простор.
    Забави и свадби уште се прават.
    Милион туристи,никој не заболен.
    Стварно веруваш во ова?.
    Во тоа што стожерот го кажува?
    Јас сум хрватски државјанин,па не ги идеализирам ко ти.
    Пола фамилија ми е таму ,доктори во болниците во Карловац,Вараждин,Пула и сите тврдат дека бројките се фарса,дека многу малку се тестира.
    Еве имаат починат во Пула долгогодишен карцином болен.
    Фатил сега корона и умрел.
    Ќе го пишат дека умрел од последици од карцином.
     
    На BoaVista, oblace1, mal.ecka и 7 други им се допаѓа ова.