Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.944
    Знам. Знам дека се лажира, не идеализирам. Не ми е смешно, само.
    Не знам како може такви нешто да ти е смешно, и како може да се ситите што се лажираат бројки. Нормално дека се лажираат, сезоната е побитна моментално. И тоа е тоа, сите го знаат. Барем се трудат да функционира дѐ останато и покрај короната.
    Ама не е смешно, ич не е смешно. И не е нешто за што треба да бидете среќни.
    Реков дека на море нема корона затоа што солта ја убива? Свесна сум дека се лажира. Свесна сум и дека не се тестираат сите. Има протокол за тестирање, се тестира само тие што мораат. Останатите се оставени да си прележат без да се дијагностицираат. И тоа е факт. Ама не е смешно.
     
  2. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.760
    Допаѓања:
    93.186
    Пол:
    Женски
    Ама кој рече дека е смешно ,ич не е.
    Кој се сити,зошто некој би се сител.:?:
    Само објективноречено лажат и не се справуваат добро.
    Еве кај им е полицијата да казува за протоколи или да ги спречи забавите во ноќните клубови?
    Ги нема.
    Бројов на тестирани па ептен е смешен,бетер од Албанија се.
    Зборевме за Србија,ама србиве после избори почнаа да тестираат,тестираме и ние максимум што можеме до 1900,ама да се фалат со 18 тестирани во жупанија не оди што не оди.И во Скопје направи 23 теста ке излезат 2 .
     
    На ohlalalala, ForeverYoung, oblace1 и 10 други им се допаѓа ова.
  3. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.975
    Допаѓања:
    265.917
    Сега ќе ги извртуваш муабетите дека се ситам? Ако е така и твоето ситење за кај нас.
    Мислам јас да се ситам со прележана корона и цело време бев во грч оти дома има хроничен.
    Не, туку ти ја идеализираше Хрватска и со потсмев гледаше за овде. А исто срање се, исто.
    Се смееше, па затоа ти враќав дека не е така како што зборуваш.
    Е сега друго зборуваш.

    Што е до мене, јас сакам никој да не се заразе. Ама ете бев свесна дека кога тогаш и на мене ќе ми дојде редот. И ми дојде. Вирус е, оди сопри го.
     
    На BoaVista, ohlalalala, ForeverYoung и 9 други им се допаѓа ова.
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.944
    Со потсмев гледам на Македонија? Тоа ли ти била маката?
    Да, само Македонија ме интересира, оти ебено таму живеам, даноци плаќам, нејзин државјанин сум. Оти тука сум за сега, ама пак сум за сѐ зависна од Македонија. И оти ебените институции македонски имаат куп протоколи кои не ги почитуваат и оти за еден бескорисен лист хартија ме тераат да се вратам во Македонија од ИНАТ, оти им се може, иако имаат ПРОТОКОЛ да не се носат документи лично туку да се праќаат по мејл.
    Оти од ебено жариште во Хрватска ќе дојдам и ќе го прошетам вирусот низ пола Македонија и ќе отидам за крај да им го однесам на моите во град кај што нема ни еден заболен.
    Имам секое право да пиздам за Македонија и да се нервирам, оти таму сум и таму ми е сѐ. Ебено кирија уште плаќам во Македонија. Без разлика што сум овде, освен локално нит знам што се случува во Хрватска, нит ме интересира. Од локално знам само дека сѐ е во курац и секој момент може да го фатам вирусот. Ова што сега сум случајно заглавена во Хрватска и што се обидов да си ја направам ситуацијата поднослива и горе/долу да продолжам со животот на крај краева ич не треба да те занима. Ама без гајле, еве ќе дојдат следна недела. Кафе да не сакаш да договориме?
    Ќе броиме тогаш колку ќе има од кластер "вратена од странство по еден ебан папир кој се издава по мејл".
     
  5. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.975
    Допаѓања:
    265.917
    Аха, сега Хрватска е ебано жариште. Ок. Врати се назад со мислењата, па може да дискутираме.
    Ич не ми е проблем ова што го зборуваш за Македонија оти ебано знам дека е така и дека протоколи има само на хартија, а во пракса е хаос.
    Муабетот тогаш и сега е дека секоја земја е во хаос, ама не претходно меревме кои држави како се справуваме. И пак ќе ти кажам никој не се сити на ништо. Како што твоето семејство е заглавено овде, моето е на граница до Хрватска.
    А за кафе кога сакаш ќе пиеме, и кластери ќе броеме ако треба:).
     
    На BoaVista, ForeverYoung, oblace1 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.944
    Да, јас сум во ебено жариште кај што се 70% од пријавените случаи на дневно ниво.
    Отвори шампањ за славење сега.

    Сега сфаќам зошто некои нормални форумски ликови никогаш не ја посетуваат темата. Како на претходните страни што реков, тотално бескорисна е. Таман работа да сакаш некоја корисна информација да добиеш.
     
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.131
    Пол:
    Женски
    има ли многу хоспитализирани и такви што се со лоша клиничка слика таму кај што си?
    Ќе пројде, можеби и полесно од тоа што си го мислиш. Сигурно ли нема никаков начин да го решиш проблемот со документот на поинаков начин? Да креваме џева од тука? На сфаќана моја, сори @Emy867 шо спомнувам, им пиша на Бугарине за документ и и' го пуштија тука у амбасада. Мора од цел куп лудаци да има и некој нормален да заврши работа.
     
    На LejlaD, ivi1987 и Emy867 им се допаѓа ова.
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.975
    Допаѓања:
    265.917
    Да славам дека си во жариште?
    Сериозно ме сметаш за толку злобен човек, да посакувам некој рандом лик заболи од корона?
    Ниту те знам ниту пак си ми фактор во животот, да ти посакувам вакво нешто.
    Овде доаѓам на темата и споделив дури и детали од крвна слика со цел некому да добие информации, да помогнам со искуството или да прочитам нешто, а не да се ситам и да се радувам дека некој е заразен или живее во жариште.
    Срамота, до кај одете со коментарите.
    Претходно муабетот беше за држави кои кријат бројки и лажираат, ете тоа беше, а не некој да е среќен заради тие бројки.
    Оти секаде сосотојбата е слична и лоша, не само овде.
    Ама сега ќе ми препишуваш дека сум среќна и дека се ситам.
    Предалку отиде!
    Искрено ти посакувам никогаш да не дојдеш во контакт со вирусот, ако ти треба нешто овде сум. Еве да бев у Скопје ќе ти го извадев и тој ебан документ и ќе ти го пратев. А ако ти е од ФОНД може и од овде да ти помогнам.
     
    На ohlalalala, oblace1, Sejfullai и 6 други им се допаѓа ова.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.944
    Немаше многу, 8 само, ама последните два дена влезе во старечки дом и ги хоспитализираат сите стари што се, за набљудување.
    Голема разлика е од првиот пат, тогаш 40 случаи вкупно имавме и без смртни случаи, сега 500 и 5 смртни.
    Има и локална трансмисија, горе-долу мислам ја исконтролираа таа ама пак не е сјајно. Воглавно проблем им е тоа што им влезе во домот и што имаат и медицински лица заболени.
    Среќа во несреќа е што сѐ функционира и покрај ситуацијата, (нели, она смешното, сѐ работи,) м.м. заврши на непланирана операција од други причини измеѓу двата брана и супер помина. Максимална грижа, за операција која во Македонија пуштаат за 3 дена го држеа повеќе од 1 недела. Буквално додека не се опорави целосно не го пуштија. Е сега, посети нема, го видов од кога излезе од дома да иде на итна, па следен пат кога се врати, ама да беше во Македонија ќе пиеше апчиња против болки и ќе трпеше до следен пат, оти не е итна операцијата. Ќе можеше да почека...
    Документот, долга и широка е... Не сакам сѐ да откривам оти не сум завршена со процедурата уште ама ми беше кажано дека да сум го побарала директ преку врски ќе сум го добиела без проблем, дека таа одговорната сѐ инатела сега па не сакала да го издаде оти "кога рекла не може, не може. Која сум јас да пробам пак, требало да се откажам".
    Дури и референтот од тука по службена должност и го побара, му врати одговор на Македонски и на кирилица, копиран од истиот мене што ми го прати. Кажа човекот дека се чувствувал понижено после одговорот од нејзе, буквално како да сакала да му каже дека е неписмен.
    Амбасада го вадела истиот документ кога биле затворени границите, сега не сум имала пречка да идам сама да си го извадам. Не била дипломатска работа, приватна била. Ако заглавам на граница на враќање со задоволство би ми помогнале за да ме пуштат во државата.
    Тоа лекција за друг пат, ако сакате нешто во Македонија - само преку врски.
     
    На LejlaD, zhap4e и fana им се допаѓа ова.
  11. Albona

    Albona Активен член

    Се зачлени на:
    7 август 2020
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Денеска уште немаат објавено бројки изгледа бројките ќе бидат огромни.
     
    На Fifi84 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    150+ сигурно.
     
  13. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.337
    Леле дај не сте интересни со нагаѓањава.
    Се натпреварате кој ќе погоди? Не сфаќам стварно. Ќе чекаме, ќе видиме.

    Ниту па нешто ќе постигнете после ако ми пишете, аа ти реков дека ќе се толку. Ок и што ако сте ми рекле? Не реков нит малку, нит многу дека ќе се.
    Оставете да пишат.
     
    На fana, WORRIED.BT и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  14. Albona

    Albona Активен член

    Се зачлени на:
    7 август 2020
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Вака кога објавувале доцна преку 170 обично било.
     
  15. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Ќути да не нагаѓаме, забрането било |(
     
    На tinka-mace, Waverly Raven, eli25 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Во последните 24 часа се направени 1828 тестирања, а регистрирани се 200 нови случаи на ковид-19 во:

    - Скопје 65
    - Куманово 14
    - Дебар 6
    - Штип 21
    - Прилеп 3
    - Тетово 12
    - Струга 5
    - Велес 12
    - Битола 7
    - Охрид 4
    - Кавадарци 7
    - Гостивар 14
    - Струмица 1
    - Крива Паланка 1
    - Радовиш 4
    - Кочани 5
    - Пробиштип 3
    - Демир Хисар 2
    - Македонски Брод 4
    - Свети Николе 3
    - Кичево 6
    - Неготино 1

    Починати се 4 лица, пациент од Скопје (70г.), пациент од Гостивар (58г.), пациент од Куманово (51г.) и пациент од Македонски Брод (66г.). Два пациенти се починати во болнички услови, два се починати вонболнички.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 15 оздравени пациенти од:

    - Велес 2
    - Битола 6
    - Демир Хисар 1
    - Македонски Брод 1
    - Кичево 3
    - Ресен 2

    Досега во земјата се направени вкупно 113619 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11754, бројката на оздравени пациенти е 7622, на починати е 523, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3609.
     
    На LovelyGirl3 и poi им се допаѓа ова.
  17. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.265
    Пол:
    Женски
    200 има нови и 4 починати ..аиии, пак расте бројкава, ама се очекуваше ова.
     
  18. Igle

    Igle Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.728
    Допаѓања:
    18.443
    Пол:
    Женски
    Скопјани се вратија од Охрид, па ај на тестирање:@

    Значи да и јас ќе одам понатака до Охрид ама нема да се гушкам на градиште со сите околу мене:devil:
     
    На mal.ecka, Hellobeautiful, azelea и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Полоша статистика оддамна немало... како бе само 15 оздравени?
     
  20. poi

    poi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.197
    Допаѓања:
    2.405
    Пол:
    Женски
    Одимеее на подоброо! :D

    Иронично кажано, без замерки.
    Охрид очекував многу повеќе после продолжниот викенд. Нешто ми чудно тука. :?: Ајде тешки навистина да се толку, па да се смири. Другите градови хаос...
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.