Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.130
    Пол:
    Женски
    Јас се вратив на Малта, прво ќе ви кажам ништо не се знае, не знае кој пие кој плаќа.|(

    Прво на пасошка во Малта без проблем ме пуштија кога летав за Бугарија,ама на boarding pass ми правеа проблем.:envy: Пуштени граници, една носи маска,една не носи абе што да ви кажам. :o
    Околу пасошот требало во мај да си идам. Им викам епа врапче да ме земеше да ме пуштеше у Мкд арно ќе беше, се убедував таму нешто. Со малтешко Ај Ди се запнала да не ме пушти, ми се собраа пет жени и на крај имиграционо ми го викнаа. :worried: Океј,ниту еден закон не прекршив само сакав дома да си идам. После 5 мин го грабна токи вокито и кажа дека има уште еден патник. Се осетив ко криминалец, влагаш последен у минибус па у авион. Глупости. Маски носат ама забораваат за што. (facepalm)

    Абе ниту температура мерат ниту ништо. Имав закажано пасош по брза постапка, си извадив,се спасив :sweat: . Знам тука ви трубев околу тоа ама средив.

    Ниту на копнена граница се замараа,стај печат и терај,кој те врти.

    Е за назад, знаев дека ќе имам карантин и очекував. Си имав испланирано се,ама да ви кажам тест за транзит не правев. Немаше никаде термин и никаде не ми побараа, тоа многу ме зачуди. Ни мереа температура само и толку.

    Друго на аеродром овде исто ништо не ни рекоа за карантинот. Потполнивме формулари,дадовме и толку. Не ни кажаа ќе седите карантин или не. Ме збуни.:^)

    Иначе со 351 заболен да не се замараш еве не знам. Маската е задолжителна, не ја вадиш ни у вц кога идеш,а не се диши у авион со неа. :drunk:

    И тоа е, божем се замараат државиве,како не. :D
     
    На kukla21, mal.ecka, candy.cane и 10 други им се допаѓа ова.
  2. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.746
    Допаѓања:
    284.735
    Пол:
    Женски
    Ни наметнаа некако дека е нормално да има олкави бројки ,дека е нормално да има постојано смртни случаи дека е нормално и млади да се позитивни.
    И ние како народ кој верува нормално си се понашаме си се журкаме си правиме слави свадби:hai:...Полн е фб со такви слики верувајте...
    Нормално ќе биде и по некое дете заболено на училиште и кластери по домови и интернати..
    И се ќе биде под контрола.
    Далеку сум од тоа за пол.час по цели викенди или сл ама нешто некакви рестрикции,казни и сл мора да има.
    Оти никој ама никој не се разбира само од збор од препорака протоколи и сл.
    Овие бројки од 200 за ова население е многу многу...
    Секој човечки живот е битен тоа се нечии мајки,тарковци па и деца...;(
     
    На tinka-mace, mal.ecka, candy.cane и 10 други им се допаѓа ова.
  3. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    2.006
    Допаѓања:
    2.280
    Незнам али некакви мерки ѕтреба да има.
     
    На tinka-mace и mareane им се допаѓа ова.
  4. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.199
    Допаѓања:
    222.305
    Пол:
    Женски
    Те мислев, битно се си завршила, тоа е најбитно.
    Знам колку беше загрижена со месеци.

    Во пракса и јас знам дека е другчие, по медиуми е другчие.
    Ама сепак, стравот тука е.

    Мило ми е што си средила, сега уживај :).
     
    На LejlaD и buba4e89 им се допаѓа ова.
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.130
    Пол:
    Женски
    Така сите викаат се е океј. Имав и мејл од имиграционо каде што викаат дека за време на пандемија важат пасошите.
    Шипки,ништо не важи.

    Жално е што, додека не се формира влада нема да може да се организира мобилна екипа да дојде овде да ги сликаат овие што имаат проблеми. Тоа може да трае со месеци,а проблем може да настане и да ти истече личнат карта и да не можеш да направиш обнова и факт е дека после истекот си нелегално на Малта.

    Овде дека се прости,прости се.
    Сега може и од следната недела Еу да ги затвори границите за Малта поради петте кластери на заболени.
    Овој втор бран и влева страв во коски затоа што скоро 80.000 туристи стапнале на Малтешко тло.

    Јас за дома се тресев, не излегував многу, не ни кажав дека ќе идам иако имав луѓе со кои се немав видено одамна, бар со свест сум дека ги ставам во ризик моите.

    НО, да ви кажам да му се наплукам у се веќе преку глава ми е од коронава. Ама тоа е, ќе се издржи.

    Идам да си легнам толку ме држат очиве.
    Чувај се што е можно повеќе. :inlove:

    П.С. Ти благодарам што помисли на мене. :)
     
    На green.eyes, MissDior, Celltica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    КОГА ЛУМПУВАТЕ СО СТОЛИЦИ У ВИС, ПОМИСЛЕТЕ НА 523 ИЗГУБЕНИ ЖИВОТИ - Јанкуловски од Центарот за јавно здравје

    Граѓаните веќе го препознаваат како Космонаутко, бидејќи е облечен во скафандер и без речиси ниту еден слободен ден откако почна епидемијата со коронавирусот, секојдневно зема брисеви од граѓани кои имат симптоми и бараат тестирање.

    Станува збор за Денис Јанкуловски, кој е вработен во Центарот за јавно здравје, денеска излезе со нов, многу сериозен и емотивен статус кој се однесува на граѓаните кои не ги почитуваат мерките за заштита од КОВИД-19. И на самиот стаус е потпишан како Космонаутко. Го боли бројот на 200 новозаболени само денеска, но и на 523 изгубени животи досег од коронавирусот.



    „200 новозаболени....боли. Секојдневно боли што има речиси ист или приближен број на заболени. Боли што не можеме да се разбереме, немаме комуникација, нема слушање, нема почитување на мерки.

    Многу повеќе боли 523 починати. Тоа се 523 лица нечии роднини, нечии браќа и сестри, мајки, татковци баби и дедовци, пријатели, комшии, другари, нечии ортаци од патија шах во парк. 523 раскажувачи на приказни од минатото на своите внучиња. 523 родители на наши најдобри другари.
    523 насмевки, прегратки, радости за родендени, свадби, крштевки.
    523 Добро утро и Лека ноќ.
    523 наши луѓе, сонародници, сожители, соседи.
    Боли и еден загубен живот. А 523?!?! Сакате и со зборови?
    ПЕТСТО ДВАЕСЕТ И ТРИ!!!!!!!!!!!!
    А дали знаете дека тоа се 523 лица кои и не морале да заболат и починат? Но ете, ја имале таа несреќа да живеат во средина со многу мангупи, мангупи кои од почеток кријат за својата состојба а положиле Хипократова заклетва, мангупи на кои им е побитна свадбата отколку општото здравје, мангупи кои не сакаат да носат маска, не почитуваат дистанца, тие мангупи и непромисленици НЕ МОЖАТ без денска шема, одмор со крајно нехумано однесување, тие едноставно не можат без Viski i dzin to je sada in, за нив препораките од Министерството за здравство се гола вода затоа што се лага и превара освен веродостојните информации од edikojsibezvrska.poglupsajtdanemozedabide.com и кои ги прифаќаат толку лесно и безрезервно да не можеш да поверуваш.
    Иако можевте многу порано сеуште не е доцна - покажете доблест, покажете малку човечност ако ја има во вас. Имајте милост кон хроничните болни, кон оние кои се ослабен организам и имунитет, можеби вие мислите дека немате такви во близина ама знајте дека и не се така далечни.
    Ако веќе не се грижите за себе тогаш имајте милост кон останатите кои со ништо не згрешиле да се ваши жртви додека вие лумпувате со столици у вис.
    Во ова време невреме децении наназад се зголемува бројот на луѓе кому овој и вакви вуриси и бактерии се потенцијален exitus letalis или СМРТ!!!!СМРТ....СМРТ....СМРТ....
    Не знам како не ви значат овие бројки и како мислите на пример да заврши ова? Ќе дојде некој Хари Потер и ќе рече expecto patronum corona ciao? Дајте совземете се, чукнете се повеќе пати и размислете. Знаете дека и вие може да се заразите или еден на некој линк рече дека сте заштитени?
    Сите имате некој близок кој е во ризична група, а како што гледате не се само старите лица. Речете си еднаш во овие 6 месеци, чекај бе, може имаат право. Па и нека е вештачки, нека е и направен во некоја лабораторија, нека е се масло на Бил или некој неБил. Што е тоа битно или пресудно? Ако знаете дека е направен во АРЕА 51 помирно ќе спиете? Еве ок, вештачки е?
    И сега? Што? Ќе смениме нешто во концепцијата на однесување? Има различен settings за природен и вештачки? Полесно е ако е едно а не е друго? Не знам, затоа прашувам.
    Уф, многу се нервирам што ќе го кажам ова после месеци и месеци ама еве ајде со надеж дека некому ќе светне сијаличката:
    Корона вирусот е тука и присутен, каков и да е. Дали се со симптоми, лесни, благи или потешки, дали се асисмптоматски - позитивни се сакале да верувате или не. И до вас се, доволно е да погледнете малку подалеку од вашето раме.
    А заклучно со денес 523 лица за жал тоа го осетија на своја кожа, неповратно. Бог да ги прости.
    А вам не ви простувам за однесувањето, извинете вака. Па и да не ми извините, исто ви е, го завршува Јанкуловски својот статус.


    Извор: Фактор.мк

     
    На Annath, tinka-mace, 1112 и 11 други им се допаѓа ова.
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.130
    Пол:
    Женски
    Добро утро

    Денес ќе звонам на бројот да видам за карантинот. Прашав по групите, некој седи, некој не. Каша попара е направено. (facepalm)

    А инаку утре треба да не тестираат, јас баш сакам и што е сигурно,сигурно си е. Бесплатен е тестот па ќе видиме.
     
    На LejlaD и green.eyes им се допаѓа ова.
  8. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.979
    Допаѓања:
    21.188
    Филипче се отепа фалејќи се како многувтестирале и откриле ГОЛЕМ број на асимптоматски случаи :^)
    Па ме интересира, ако знаете, како ги откриваат, бидејќи преку МТ сеуште се тестираат само оние со симптоми, а и оние кои имале контакт со позитивен ( блиски негови) не се тестираат ако не пројават симптоми?
    Каде е заслугата на Филипче и на МЗ тука? Освен ако ги рачуна дека ги " откриле" оние случаи кои сами си отишле на приватно, си платиле 3-4000 бидејќи живеат со позитивен или биле во контакт почесто додека да дознае дека е позитивен, ама никој не ги вика на државно да се тестираат бидејќи немаат симптоми. Па за да се сигурни, сами одат се тестираат и излегуваат позитивни.

    Ако се фали со тоа, БРАВО ФИЛИПЧЕ :clap:

    Или можеби стварно почнаа да ги тестираат и оние без симптоми?
     
    На babydust, kukla21 и DAngel им се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.277
    Допаѓања:
    168.180
    Тестираат и асимптоматски по лична иницијатива. Нормално, асимптоматски е, како би имал индикатор за тестирање освен на личен сомнеж?
    Некои ги тестираат и домашните, некои не - како ќе се стигне, немаат ресурси, луѓето што го работат тоа не се роботи.
    Но сите што имале контакт имаат решенија за самоизолација, ако развијат симптоми, тоа е тоа. Не знам што е чудно?!

    Што мислиш како се справуваат другите земји? Полошо. Ете фамозната Хрватска пример. Позитивна колешка. Тие што се у контакт им викаат, абе позитивна е, од утре (не од денес) одете у самоизолација (немаат ни решение, ни ништо, значи...одат и седат дома успат и шетаат, ама нема врска). Сопругот на жената не е тестиран, ама развива симптоми, не го тестираат во ниту еден момент, знаат - тоа е тоа, ни па него му прават контролни.
    Меѓувремено искачаат и други позитивни, кои НЕ ги тестираат, САМИ плаќаат.
    После болеста искачаат од државата, се враќаат, без пцр тест, без ништо.
    Хрватска не ги ни рачуна асимптоматските кои докажано шират ист степен на зараза како и другите.
    Државјаните на Хрватска да ги прашаме дали се задоволни... друг ќе биде муабетот. Не дојденците, државјаните кои гласаат и си ја знаат државата
    И да, кај нив нема мерки од државата и имаат пари од ЕУ за поддршка. Ние немаме.
    Кај нас не ми се допаѓа што државата спроведува мерки, а не дава пари за тоа, ама разбирам и зошто - нема пари зошто нема пари.

    И сега тоа е...
    Доста препукавања, сите сме у исти лајна. Доволно е лошо за да мериме стапови.
    Знам дека има инаети на темава, па им се обраќаат на некои дека биле не знам какви, а самите не ставаат прст на чело какви се они самите. Ок е, човек може да смени мислење, да признае дека се случуваат промени, не мора со глава у ѕид.

    Дур ние млатиме празна слама, вчера имаше една свадба, а денес некој Матео е крстен, никој со маска.
    Ние сме шитот, ние граѓаните. Што да ни прават?! Да имаме три чисти у главата нема уште да зборуваме на темава.
     
    На LejlaD, mareane, JuLleE и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.277
    Допаѓања:
    168.180
    Може си имал контакт, кога масовно ќе те тестираат уште да не покаже добро тестот. Да се нема вгнездено.
    Не знам колку е логистички извидливо. И да има тестови, кој ќе го спроведе тоа?!
    Размислете логично, сите знаеме од страна добро како треба, но во пракса...и да обезбедат пари, луѓе нема за тоа да се изврши.
     
    На LejlaD, JuLleE и Ahoy им се допаѓа ова.
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.900
    Допаѓања:
    139.419
    Пол:
    Женски
    Лилит само гласно размиалувам зашто вервај ме нерви веќе немам со ова. Најмногу сум разочарана кај нас што имавме шанса да се сплотат партии на еден ист фронт, имавме техничка влада, да спроведат мерки и казни, за 2 месеца ќе се ставеше под контола. Ќе бевме со по 50 луѓе дневно.. ама нее они очи си копаа. Прв пат не излегов да гласам. Најискрено се разочарав од сите. Мин за здрвство кажува мерки, Мин за внатрешни ти кажува не казнувам сиромашни се. Само за г'з во фотеља да сместат. Ги заболе за народот. Се коцкаа со здравје и човечки животи за да добијат гласови. А за тестови, кој има пари ќе си плати и ќе се тестира кој не господ нека го чува.
     
    На Annath, tinka-mace, Panda girl и 4 други им се допаѓа ова.
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.975
    Допаѓања:
    265.917
    Од искуство, домашните без симптоми нема зошто да се тестираат. Секако се дома и не шират, а заземаат термин на некој со симптоми. Јас ги тестирав, маж ради терапија. Негативни беа. Од мојот кластер без симптоми беа тестирани повеќе лица.
     
    На Lilit, Mami3, Ahoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.199
    Допаѓања:
    222.305
    Пол:
    Женски
    Се согласувам на оваа тема со тебе лилит. Плус одамна ни е зборувано.
    Баш погоре пишав, сите сме во исти говна.
    И шо ако имам море?!
    Знаеш колку е гужва, отвори на автопатот камерата да видиш?!
    Последен пат кога бев пијани тинејџери после 4 часот дојдоа, се распослаа, го распослаа секое слободно место, земаа кофичка за деца, напунија вотка и со цефки пиеја и играа и се бањаа пијани!
    Глетката на овие малолетници не повеќе од 16 год беше страшна. Оти не знаат за усул.
    Доаѓаа чуварите од плажа овие мајтап си играа со нив, се заебаваа и се смееја.
    Овие 3 јца што ќе напраат зборуваа зборуваа и си отидоа кренаа раменици.

    Зборот ми е овде има некои "мерки" не дека не, се поштува нешто од нешто еве како мостовите што се забраните на плажите веќе кажав АМА што друго се поштува?
    Мислам не дека поштуваат не знам што. Баровите од 18 мај крцаат, се запиваат кај ќе стасат, куп собрани се смеат пијат, играат се лижат (извини на израз)
    Тако даље.

    Знаеш што е најлошо што секаде е така. Да не се залажуваме, младите секаде се млади со хормони до плафон.
    Ретки се луѓето што навистина почитуваат нешто и се пазат првенствено за себе си. Некаде ги има помалку некаде повеќе ама генерално исти сме ко народ секаде.

    Погоди зошто денес ми е ужасно топло и седам дома притоа при море?
    Бидејки сабота и недела поготово август сите се загубени со паметот, автопатот кон морето е редици и редици.
    На плажа со маска нема шанси, пробав не се дише, ако треба да седам со маска не одам оти не бива не можам воздух да вдишам.

    Плажите се со колци ко франција да, ама тоа за фамилии и кога не е сезона ко сега август, навидум се е океј имавме дистанца, некој ред контрола. Ама меѓутоа плажите пред само море се слободни плажи без чадор, младите таму не знаат на кој свет се наоѓаат .

    Јас сеуште се чудам зошто ли имаме мали бројки на овој народ стварно не ми е јасно?!

    И секогаш што сум требала да критикувам критикував, што не пофалував.
    Еве за пофалба на пример се контролите на плажи се тоа осмислено со закажување и се ама меѓутоа знаеш колку се почитува?!
    Покрај толку народ се губи смислата и контролата врз луѓето.

    Пак да кажам вака ко пишувам, не е ништо црно или бело. Се е сиво би рекла.
    Кој еден нешто контролира вистински некаде и каде тоа некаде има 90% совесен народ?!
    Никаде би рекла.

    Се освестив и јас кога едно време еднаш идеализирав тука. Ама не е за идеализирање повеќе бев очајна за мене за нас за сите тука оти бевме жални тажни и очајни па може затоа осеќав да "бранам" некого оти бев емотивна на се што ни се случи.

    Зборуваат и тука за бонуси и помош, ретки се оние што земале.
    Ние ништо не земавме не сме ниту аплицирале.

    Што да речам друго освен дека сме во фаза сивила на епидемија.
    Далеку далеку сме од идеала ко свет целокупно никогаш нема да бидеме, и не, не можеме да кажеме дека некаде таму е идеално оти не е.
    Од една страна викаме еве ова е позитивно океј е ама од друга страна друго штрчи и не штима и се така до недоглед.

    Се распишав....
     
    На azelea, Cka, JuLleE и 6 други им се допаѓа ова.
  14. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.900
    Допаѓања:
    139.419
    Пол:
    Женски
    @vitamina ти зборуваш за огромна земја. Ние сме шака народ. И да не можеш да исконтролираш шака народ е срамота!! Ужасна срамота. Кога имаше рестрикции се загрозувале правата на движење, не знам ова не знам она, а моето право на живот?? А бе ајде.
     
    На ohlalalala, azelea, tinka-mace и 8 други им се допаѓа ова.
  15. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    18.127
    Допаѓања:
    137.032
    Пол:
    Женски
    Претходно кажаа дека претежно тестираат лица со симптоми.Асимптоматските се откриени оти биле тестирани како примарни и поретко секундарни контакти,и дел сами се јавиле.
    Подоцно со скринингот рекоа ќе бараат асимптоматски оти им се зголемува бројот.
    Ај,не било постапено баш исто секаде.
    Дека има потфрлања,има.Предоцно тестирани,премногу се чекаат резултати,а може(море и сигурно) уште има неоткриени.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  16. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.199
    Допаѓања:
    222.305
    Пол:
    Женски
    Нена, се согласувам со тебе. Сум пишувала и јас и сум давала и јас примери "вс" ако си читала.
    Мвр ништо не работи. Овде работеа. Уствари јас немам излезено од дома да не видам полиција тука, тука има многу полиција и истата фунционира.
    Дискотеките, не коментирам низ струмица.
    Од истата нефунципналност во мк не си ни дојдов а можев милион пати ама не ми се ризикува нити ствара без потребни проблеми.
    Нема крај ако почнеме да зборуваме за мк и нејзините политичари, барем мене ме знаеш каков став имам за мк, не за џабе сум 13 та год исселена.
    Нема врска. Битно се разбираме. Сакам да знаеш дека никого не бранам. Се крстев и јас на слики и видеа дома со маж и со викав дека не сме нормални.
    Таму знаеме одамна дека ништо не фунционира.

    Сакав само да кажам дека не го ниту идеализирам странството.
    Сите каде што живееме си имаме дупки. Секогаш сум пишувала за позитива вс негатива.
    Секогаш сум била барем реална.

    Мк не ни може да се спореди со еу земји, нема трошка капацитет тоа сите го знаеме. Ниту сум споредувала.

    Се чудам само како мк не стана ломбардија при толку заразени, само што сега знам дека вирусот е ослабен ваљда па затоа
    Исто како што се чудам за италија толку народ на едно место толку фешти а бројките се мали.
    Вирусот е ослабен тоа ми е објаснување.
     
    На tinka-mace, buba4e89, Ahoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.900
    Допаѓања:
    139.419
    Пол:
    Женски
    Дај боже бар да е ослабен. Мала утеха во ова време невреме.
     
    На LejlaD, vitamina и Ahoy им се допаѓа ова.
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.900
    Допаѓања:
    139.419
    Пол:
    Женски
    А тие што ете како @CameliaMiller и @JuLleE го поминале како стомачен вирус. Замисли да не работеше Ками кај што работи, мислиш ќе се тестираше? Или Јуле да не беше свесна сама да се изолира и да прати симптоми. Така да има многу кои го поминале а не ни знаат дека го имале.
     
    На LejlaD, CameliaMiller, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  19. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.975
    Допаѓања:
    265.917
    Да, но јас имав контакт и затоа ме тестираа и побарав тест.
    Случајно да откријат е потешко, еве знам на пример случаи кои се тестираат за влез во друга држава и излегуваат позитивни.

    Има и многу луѓе со стомачен вирус. Кај мене, а и кај Каме, разликата е што јас немав баш течна столица.
    Не знам колку е и возможно секој со стомачен да се тестира.
    Инаку може според кс да се открие.
    Имало параметри кои се покачувале кај корона, не е само д димерите. Ама тука треба матичниот да е спремен.
     
    На LejlaD, nena2010 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.356
    Допаѓања:
    278.982
    Да не работев кај што работам и да не требаше сабајлето да одам на работа, немаше на крај памет да ми падне да се тестирам најискрено.
     
    На nena2010, JuLleE, candy.cane и 2 други им се допаѓа ова.