1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Секако дека може да е нешто друго, 10% отприлика се позитивни од тестирани секој ден, ама симптомите се типични за корона, треската и температурата се главен индикатор, нека минимизира контакти и секако тест. :)
     
    На Sejfullai и Hellobeautiful им се допаѓа ова.
  2. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.392
    Допаѓања:
    21.045
    Пол:
    Женски
    Еднаш дали има искочено периодов, другите по дома излегуваме ама гледаме да сме максимално да сме заштитени, само чудно ми е како баш на неа истото по втор пат и се случува а на другите фала богу не ни е ништо.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.201
    Пол:
    Женски
    Можда само настинала два пати жената. Не е само короната болест.
    Луѓево се опседнаа со коронава па и да се удрат на ногарка ќе мислат корона фатиле.
     
    На Kitten, christinnn, lovestoneddd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.392
    Допаѓања:
    21.045
    Пол:
    Женски
    Па добро сега не мораше последнава реченица. Не е дека паничам за без врска, паничам за истите симптоми за кои првиот пат матичниот предложи тестирање. Како и да е, ќе намалиме контакт сите деновиве, да видиме како ќе се одвива состојбата.
     
  5. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.201
    Пол:
    Женски
    Не се однесуваше конкретно на тебе втората реченица, туку општо на повеќето шо активно се објаснуваат по темава. Влегувам да прочитам општо шо се коментира, но таква параноја владее тука просто се чудам и не ми се верува дека некој 6 месеци живее во стаклено ѕвоно, а во реален живот јас такви луѓе немам сретнато. Дали глумат и се тупаат во гради само онлајн, дали навистина се такви, не знам, ама ако се, алал да им е на психата и на тоа како издржуваат да не полудат.
     
    На Kitten, zhap4e, No Makeup и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.338
    Допаѓања:
    15.606
    Пол:
    Женски
    Сум се нашла во слична ситуација. Мојата логика е дека не сакам да имам контакти со луѓе со кои не сум секојдневно. Сум ги видела денес после цела година, и прашање е дали ќе ги видам пак во следнава година, сигурно нема да ги гушкам. Или дистанца од 2м+ или маска. Ако не се пазат со мене значи не се пазат со никој. Не сакам да имам физички контакт со некој таков, колку сака нека се лути.
    Си имам тесен круг на луѓе (фамилија и другарки) со кои се однесувам генерално нормално, но сепак се гледаме на отворено секогаш кога има шанса за тоа. Колку помалку физички контакти, толку подобро. Што сака нека зборат луѓето.
     
    На JuLleE, eli25, kikin и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
  8. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.638
    Допаѓања:
    18.398
    Пол:
    Женски
    Сега е период на вируси, исто и кај мене дома два члена од фамилијата кренаа температура во рок од еден месец проследено со стомачни тегоби. Доколку не се влошуваат симптомите и е физички активна нема простор за паника.
     
    На ubavka1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Затоа реков, скоро сите тестирани се со симптоми некакви а 10% испаѓаат позитивни, значи не е се Корона. Меѓутоа, симптомите се тие.
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    13.903
    Пол:
    Женски
    Au, физички контакт никаков
    Фала и на коронава ме поштеди од гушканици секако не сум мн гушкачка личност ии кога ќе се поздравуваше некој со гушкање ми идеше да го затепам.
     
    На No Makeup, DraganFem, Mami3 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.975
    Допаѓања:
    265.917
    @GirlRose доби ли резултати, до кај си?
     
  12. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.649
    Допаѓања:
    19.033
    Пол:
    Машки
    Јас се понадевав дека Биличо мисли на духовно богати, ама не било така.
    Бил Гејтс со нова прогноза: Пандемијата за богатите ќе заврши до крајот на 2020 година, за останатите ќе потрае уште цела година
     
  13. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    40.028
    Пол:
    Женски
    Колку што кредибилитет има Цветанка од Орман да зборува за вакцини, исто има и Бил Гејтс.
    Не ми се јасни луѓето кои се исмеваат со првиот тип на луѓе а го величаат вториов. Едно те исто се.
     
    На prominent, candy.cane, Tan4ence и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Ambrosia

    Ambrosia Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2020
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    1.799
    Пол:
    Женски
    Мене уствари не ми е јасно што се крстат во ГеЦ луѓево, ко нема ни М од медицина?!
    Или имам нешто пропуштено
     
  15. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.980
    @lovestoneddd
    Дa имa Цветaнкa билиoни кoи ги влoжувa вo фoндaции кoи дoнирaaт и институти зa истрaжувaње и рaзвoј, меѓудругoтo и зa рaзвoј нa вaкцини, мoже и ќе мислевме декa не збoри oти прoчитaлa нa фoрум туку е вo центaрoт нa случувaњaтa зaеднo сo еден куп експерти. Мoже и би влoжувaлa Цветaнкa вo фирми кaкo Мекдoнaлдс и Стaрбaкс зa дa ги врти пaрите дa не и стoјaт пoд перницa, aмa сo oглед нa тoa декa мoже дa ги купи aкo сaкa, вaљдa ќе бaрa пoгoлеми предизвици кaкo нa пример -вaкцини. Амa штo знaеме ние.
     
    На CameliaMiller, темјанушка, oblace1 и 10 други им се допаѓа ова.
  16. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Продолжува трендот на помал број новозаразени и починати, зголемен број на оздравени од Ковид-19


    Министерството за здравство информира дека трета недела по ред продолжува трендот на намалување на бројот на новозаболени и починати лица, а се бележи благо зголемување на бројот на оздравени лица според податоците во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 3 до 9 август 2020 година.

    ИЈЗ известува дека во овој период се направени вкупно 9.543 тестирања (1.8% помалку од периодот 27 јули –2 август) и регистрирани се 816 позитивни случаи на Ковид-19, што претставува намалување за 10.5% споредено со претходната недела.

    Во периодот на известување повторно намалување има и во процентот на позитивни од тестирани случаи, кој изнесува 8,6%, во споредба со последните две недели кога 9,4%, односно 10% од тестираните беа позитивни.

    Новозаболени се регистрирани во 26 градови, при што најголем процент на новозаболени има во Скопје (31,4%), во Штип (11,3%) и во Гостивар (10,4%). Во 16 градови во земјата, за истиот период, бројот на новопотврдени случаи е под 20. Во однос на старосната структура на новозаболените и во овој период најголем процент се лица над 60 години – 25,9%, а поголем број на заболени се регистрира и кај лицата на возраст меѓу 30-39 години – 18,4%.

    Во возрасната група 40-49 години се 17,9% од новозаболените, а во групата 50-59 години – 17,2%. Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 години – 1,6% и 10-19 години 4,0%. Од случаите, кои се епидемиолошки истражени, хоспитализирани се 78 лица или 13,6% од новозаболените, а кај 196 лица или 34,3% е регистрирано присуство на коморбидитети.

    Од вкупниот број на епидемиолошки истражените новозаболени во овој период 34,8% имале контакт со потврден случај на Ковид-19, а 8 лица (13 помалку од претходната недела) имале историја за патување во странство во минатите 14 дена. Во периодот од 3 до 9 август се регистрирани 1.038 оздравени лица, кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е благо зголемување во споредба со претходниот период. Во периодот од 3 до 9 август, регистрирани се 25 смртни случаи, што е намалување од 13,8%, во однос на минатата недела, кога исто беше забелжано намалување на бројот на смртни случаи.

    Најголем дел од случаите се лица над 60 години – 56,0%.

    Во болнички услови се починати 21 од случаите, а четири вон болнички. Кај 19 од смртните случаи (76,0%) регистрирани се претходни коморбидитети.
     
  17. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    40.028
    Пол:
    Женски
    Така кажи. Парите се у вакцините ;)
     
  18. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.337
    Испаѓа небитно колку се разбираш или не се разбираш од некоја област, битно пари имаш и можеш за сВе да збориш и сите ќе те слушаат и ќе ти се клањаат.

    Бил го чувме.
    Илон Маск што ќе каже?
    А Трамп? Додуша од него видовме.
     
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.980
    И? Мислиш пaри му фaлaт?
     
  20. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    40.028
    Пол:
    Женски
    Па статусот на најбогат човек на свет, нема да се одржува сам од себе. Бил е само одличен бизнисмен, претприемач.
    Тоа што одлучил да инвестира у научните фондови, не го прави научник и не знам како е компетентен да полемизира за вакцини, поготово у време кога луѓе кои животот го посветиле на науката, молчат.
     
    На Lalalala99919, jacqueline.s, Ambrosia и 2 други им се допаѓа ова.