1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.975
    Допаѓања:
    265.917
    Се смири откако пола од народот го помина или имаше контакт со вирусот.
    Секој втор кој случајно се тестира е позитивен, асимптоматски.
    Инаку периодот ретко кој е со потешка клиничка слика. Па и бројот на починати е во пад и бројот на хоспитализирани.
     
    На azelea, Cosmi, Ambrosia и 3 други им се допаѓа ова.
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.975
    Допаѓања:
    265.917
    Порано народот бараше да се тестираат, а сега се кријат.
    Кога ескалираше велевме племето се крие. Еве и нашиве исто. Среќа ослабен е вирусот, оти после ќе се чудеме зошто толку млади со тешка клиничка слика.
     
    На candy.cane, azelea, Cosmi и 3 други им се допаѓа ова.
  3. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.468
    Ц ц ц... Освен што се неодговорни за своето здравје, па и другите ќе страдаат покрај нив. :doh: Штом сега одбиваат тест и самоизолација, ако им се влоши состојбата не треба да ги примаат на лекување. :talk: Па нека си бараат помош во Охрид во Градиште.
    И со вакви паметњаковци очекуваме да заврши состојбава.:shake: Ооо, ќе си почекаме уште долго.
     
    На candy.cane, azelea, Плавуша123 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. emiliana

    emiliana Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    3.902
    Допаѓања:
    44.441
    Пол:
    Женски
    Не знам како се толку неодговорни. И да го поминат тие лесно, дома имаат родители, баби и дедовци кои сепак се поризични.
    Да треба да плаќаат ајде, сега им нудат без пари пак не сакаат.
    Ќе си тапкаме долго во место вака.
     
    На oblace1, Плавуша123, JuLleE и 3 други им се допаѓа ова.
  5. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.168
    Допаѓања:
    42.097
    Пол:
    Женски
    Во Виница денес 7.
    Пред три недели бевме нула активни.
    Пола и повеќе се од фабрики и конфекции.

    Морале да се групираат за време на пауза и не можеле да носат маски.|(
    И дел од бројките има и од Охрид.

    Племенце неизживеано, депресија ќе фатат ако не отидат некаде, пу.
     
    На candy.cane, oblace1, azelea и 4 други им се допаѓа ова.
  6. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.199
    Допаѓања:
    222.305
    Пол:
    Женски
    Секој еден што се врати од Хр беше позитивен тука.
    Е од денес имаме нов закон, тест задолжителен на врата пред италија кога влегуваш.
    Мојата пријателка (италјанка) е во хр, и кажав да внимава, она не знаеше ништо оти нели у хр криеле. Вика фала што ме просветли не ни знаев дека заразата е голема еве од тебе слушам и така.
    Од денес брисче за хр за грција за малта и за шпанија сега за сега.

    Значи не се отвараат државиве туку се затвараат напротив.
     
    На mira.mira, Cosmi, LejlaD и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.760
    Допаѓања:
    93.187
    Пол:
    Женски
    Премалку тестираат.
    Ова фризирање што со месеци го прават е лошо за сите,и за туристите ама и за домашниот народ,ни тие немаат појма ни кој е болен ни кој е здрав од дојдените туристи,а милион прошетале и биле на одмор,тие што ке се вратат ке си прошираат во државите од каде што дошле.
    Многу лоша стратегија,за разлика од нив Грција многу посериозно пристапи.
     
    На tinka-mace, azelea, g8lQQk и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Fifi84

    Fifi84 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    3.564
    Пол:
    Женски
    Ах таа наша прекрасна младина.
     
    На tinka-mace, emiliana и Ahoy им се допаѓа ова.
  9. CoverGirl10

    CoverGirl10 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    2.937
    Пол:
    Женски
    Поминаа веќе неколку дена откако добив резултат дека сум позитивна на ковид. Се уште не ме исконтактирале ЦЈЗ за контактите, но одма им јавив на тие неколку луѓе со кои сум била во контакт. За среќа, сите успеаја да се тестираат, кој на приватно кој на државно, и сите се негативни.

    Нека не ве изненадува тоа што не се намалува бројот на новозаразени. Колку што се луѓето кои не внимаваат на мерките за обвинување, толку е и неорганизираноста на државата.

    И не, не сум била во Охрид, ниту на свадба, матурска или што и да е. Немам идеја како се заразив, работам од дома...
     
    На candy.cane, Hellobeautiful, tina2018 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.900
    Допаѓања:
    139.419
    Пол:
    Женски
    Е како си се заразила? Ако не си била во контакт со никој? Е од вакви коментари дома седам се заразив.. не е така. Мора да си имала контакт, ти дошол некој асимптоматски и готово.
     
    На kukla21, noteforself, Frosty! и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Laufinam

    Laufinam Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2020
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    295
    Пол:
    Женски
    дали ти пишаа некаква терапија?
     
  12. CoverGirl10

    CoverGirl10 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    2.937
    Пол:
    Женски
    Е ради вакви мислења милион пати се премислив дали да напишам во темава или не. Едвај чекајте да пише некој за да му се фрлите. Не ми „дошол“ никој асимптоматски зашто точно знам со кои луѓе сум имала близок контакт во последните две недели. Не реков дека седам дома цело време, туку дека работам од дома. Ако мора да погодувам, сум се заразила или од контакт со инфицирана површина (ми стигнуваат пратки секоја недела), или од теретана. Иако одам кога нема гужва, сум со маска и држам растојание, постои шанса зашто е ризично место.

    И не пишав тука за да се правдам на некој, туку да споделам искуство и разочарување од ЦЈЗ.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  13. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.265
    Пол:
    Женски
    Властите во кинескиот град Шенжен соопштија дека преку анализа утврдено било присуство на коронавирус на увезени пилешки крилца од Бразил.

    Слична ситуација се случила вчера и во градот Вухан, каде што анализата утврдила дека ракчиња увезени од Еквадор биле контаминирани со коронавирус, јави Би-би-си.

    И двата случаја ги зголемија стравувањата дека увезената храна може да предизвика нов бран на ширење на коронавирусот, а властите во Шенжен ги повикаа граѓаните да ги преземат неопходните мерки на претпазливост за да се избегне нов бран, кој би се проширил преку увезени прехранбени производи.

    :?:
     
  14. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.900
    Допаѓања:
    139.419
    Пол:
    Женски
    Болдот. теретана. А од пратка тешко зашто и јас примам пратки колку сакаш, се онлајн купувам. Ајде со помин нека ти е.
     
  15. Fifi84

    Fifi84 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    3.564
    Пол:
    Женски
    Имаше симтоми?
     
  16. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.337
    Значи чекајте малце.
    Ако стварно маски и дистанца штитат, тогаш зошто изолација? Шетај си со маска и дистанца и гајле немаш ти и другите.
    Или сепак нема 100% сигурност маските и дистанцата?
    Ама...
    Не го викам ова за да не носиме маски, туку пошто упорно велите кој си пази, нема да се зарази.

    А после ќе речете дека има куп асимптоматски, дека ради тоа што за време на инкубациски период се пренесува, затоа носиме маска.
    Да така е. Ама кога ви одговара пак ќе се нафрлите на некој.

    Епа ете, членкава фатила од некој на тој начин.
    A никој не е тотално изолиран од надворешен свет.
    И тие што не работат и тие што работат од дома, вака или така контактираат со луѓе, познати или непознати.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.900
    Допаѓања:
    139.419
    Пол:
    Женски
    @Tan4ence точно. Ама она кажа, не знам од каде се заразив од дома работам.. божем само да се заразува на работа. Ама видиш одела во теретана. Ете од каде. Нека е со лесно и со помин.
     
  18. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    18.129
    Допаѓања:
    137.042
    Пол:
    Женски
    Асимптоматскиот не знае дека е заразен доколку нема направено тест.Штом тој не знае,не можеш да знаеш ни ти.
    Не те напаѓам,само коментирам.
    Нека ти е со помин.
     
    На Ahoy и nena2010 им се допаѓа ова.
  19. CoverGirl10

    CoverGirl10 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    2.937
    Пол:
    Женски
    Така кажав зашто сакав да потенцирам дека сите со кои што сум имала близок контакт се негативни, значи сум се заразила секундарно. Тоа со теретаната е само шпекулација, како што реков одржував растојание, вежбав со маска и има вентилација во просторот. Постои и опција да бил резултатот погрешен, ќе проверам повторно за неколку дена.

    Не ми дадоа терапија освен витамин Ц и освен малку гребење во грлото немав други симптоми.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  20. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.250
    Маска во теретана? :^) Кој ја смислил оваа глупост, браво

    Да не бидам оф топик @CoverGirl10, нема зошто да се правдаш и да чувствуваш вина, вирус како вирус, најверојатно е дека еден убав сончев ден сите ќе дојдеме во контакт со него. Важно е лесно да се помине.
     
    На le.soleil, Kitten, candy.cane и 2 други им се допаѓа ова.