1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.746
    Допаѓања:
    9.372
    Пол:
    Женски
    Не навлегувам во квалификациите на Бибан, иако Медицински факуктет ѝ дал диплома дури и за специјализација, ама Лекарскава комора реагира само кога треба сопствените интереси, ставови и кеш да ги брани, за друго се безгласна буква. На страна муабетот со маските, Бибан за сѐ останато е во право. Уништуваш јавен здравствен систем со години за да го јачаш приватниот и некој се полни со пари, уништуваш цела една нација со увоз и горење на токсичен отпад, градиш картон-сити, едно ливче зелено да не остане, ќе испоцркаме од возење коли и седење по кафани и коцкарници (све легални бизниси) , ама ќе линчуваш човек кој меѓу другото го следат илјада души (тоа на фб ѕирнав) и кој утре-задутре сите ќе заборават дека постои, а не па што кажал. Тоа се вика успешна замена на тези и одвлекување внимание од тоа што е навистина важно, а тоа е дека луѓето и вака и така не носат маски и не почитуваат дистанца, многу време пред Бибан да каже било што. Па самите лекари кога трансплантираа органи од жената што почина пред некој месец, се сликаа дваес души во едно сопче, без маски, залепени еден до друг ко сардини, сосе министерот на чело, Лекарска комора кај беше тогаш да реагира, сите се правеа наудрени.
     
    На Fifi84 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.975
    Допаѓања:
    265.917
    Затоа што беше лудост Нена, без симптоми да чекаш да те тестираат, резултатите да стигнат, па од тогаш ти бројат 14 дена изолација и после прв контролен тест, па чекаш 3-4 дена резултати, па пак тест, па пак резултати.
    А ти оддамна не си заразен.
    Зошто целата таа изолација, чекањето резултати е најтешкиот дел, кој и те како влијае врз психичката сосотојба.
    И конечно нешто паметно.
    Време е да сфатеме дека корона не е чума, не се заразува лесно и голем дел ќе ја поминат лесно.
    Да почитуваме мерки, ама и да продолжеме со животот.
     
    На CoverGirl10, fana, Lilit и 8 други им се допаѓа ова.
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.900
    Допаѓања:
    139.423
    Пол:
    Женски
    Леле не ми ја спомнувај Бибан аман, да не одиме оф топик.
     
  4. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.746
    Допаѓања:
    9.372
    Пол:
    Женски
    Не се нервирај, не ја знам жими сѐ, сега го видов коментарот нејзин и ми текна дека постои, ама ајде, да не забегуваме :)
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    2.070
    Допаѓања:
    4.446
    пребришувајте се што ќе купите од маркет, сабајле вработен симна маската, издува носот и продолжи роба да реди :worried:
    ме фати јанза сега некоја имав пред тоа застанато до него да земам нешто, белки нема корона :worried::D маски си носам по две (facepalm) и тоа беше 30тина секунди . Кога дуваше носот бев на неколку метра подалеку од него :envy:
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.431
    Допаѓања:
    206.587
    Пол:
    Женски
    Што убава прогноза даде, ама колку не се совпаѓа со реалноста... ако грипот зимоска направи онаков 'ршум по школите, со коронава не сакам ни да помислам како ќе биде. Ковид-19 е посилно заболување од грипот, допрва ќе ги осеќаме последиците, не само по економијата. Ама ајде, нека биде се' нормално, и онака на планетава и' треба малку оддишка од нас.
    За чума бар има лек. За ова чудово нема.
     
    На oblace1, green.eyes, LejlaD и 11 други им се допаѓа ова.
  7. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.687
    Штом почнале да градат монтажни болници и да спремаат Ковид центри низ државата јасно е дека не е се така сјајно.

    Колку и да прикриваат, колку и да се намалува бројот на заболени, постапките кои ги прават, говорат многу.

    Со самото тоа што одлучија наставата да биде онлајн и активно спремаат ковид центри низ државава, јасно е дека ситуацијата не е баш розева.
     
    На LejlaD, eli25, tinka-mace и 5 други им се допаѓа ова.
  8. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.975
    Допаѓања:
    265.917
    A каква прогноза да дадам, најцрна?
    Што да зборувам, дека кога ќе се зараземе, да го очекуваме најлошото ли?
    Еве јас го очекував, секој ден, секој саат чекав да ми се влоши состојбата.
    Знам колку е опасен и дека не е грип и дека е среќа како ќе го поминеш, ама и волкава психичка тортура што си правеме е исто толку лошо и остава последици.
    Го осетив и вирусот и економските последици. Ама ете не сакам да мислам на најцрните сценарија туку да живеаѓ што е можно понормално.

    За школите, коронава кај децата се однесува чудно. Грипот, еден стомачен вирус ги покосува, короната повеќето ја минуваат без симптоми. Сакам да верувам дека така ќе остане.
    Не сакам и не можам да мислам на најлошо.
     
    На Lilit, green.eyes, LejlaD и 5 други им се допаѓа ова.
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.944
    10 дена се премалку за излегување од изолација по позитивен тест. Посебно со оглед на тоа што матичните не ги контролираат баш заболените. 10 дена по позитивен тест, на третиот развил симптоми. Тоа се веќе 7. Значи кога излезе од изолација тој има уште шанса да го пренесува вирусот. Требаше 14 да остават. Кога за тие што доаѓаа од странство и 14 дена карантин имаше и 14 дена самоизолација, тогаш ништо, сѐ кул, битно беше само да се заштитат граѓаните. Сега изгледа ни тоа не е битно веќе :?:
    Пазете, зборуваме за позитивни случаи наспроти само повратници од странство, од кои во карантинот скоро и да не излезе никој позитивен.
    Да, уште стојам на тоа дека повратниците од странство се третираа како терористи да се. Кога ми текне дека и пасошите им ги одземаа, дека под конвои ги водеа и не им даваа ни да мочаат...
    Арно викам јас, се понашате како меморија на златна рипка да имате...
    Уште па и која тортура...
     
    На Avery, boo3, tinka-mace и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.746
    Допаѓања:
    9.372
    Пол:
    Женски
    Допрва ќе се тоне. Ќе фатат и сезонски грипови и настинки, па ќе завршат мораториумите за кредитите и за фирмите, па ќе почнат полека да бнкротираат, да се затвараат, да се отпуштаат луѓе уште толку, возрасните ќе швркнат од беспарица и секирации, децата од негрижа и седење дома. Не гледам начин како да ја посматрам ситуацијава со оптимизам. И уште кога ќе видам дека пола Скопје безгрижно отишло да се бањка, ме фаќа јанѕа.
     
    На eli25, tinka-mace, azelea и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
  12. Fifi84

    Fifi84 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    3.564
    Пол:
    Женски
    за тие со симптоми 20 дена, а за тие без 10 рекоа.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Fifi84

    Fifi84 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    3.564
    Пол:
    Женски
    На Peperutce1115, tina2018, Ana-Marija24 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.431
    Допаѓања:
    206.587
    Пол:
    Женски
    Никој не сака да живее во страв и паника, ниту пак да биде затворен дома. Но не треба ни да замижуваме пред реалноста. Реално, децата најлесно поминаа (што е знак прашање) оти секаде прво децата беа изолирани. Ако се вратиме на нормалниот живот, нема да биде така. Респираторни вируси зимно време се поопасни, во лето не затоа што повеќе време поминуваме на отворено. Во зима кога сме сите напикани во затворени простории, од школи и канцеларии, молови и кафани, си дишеме еден на друг во врат или фаца, кога воздухот надвор е загаден до максимум, мислиш дека од нога ќе се прележува? Дај Боже да е така, ама не е. Да беше одомаќинет вирус како грипот, немаше летово воопшто да го осетиме. Ова е нов вирус, убаво е со што помалку последици да го поминеме. Сепак, ич не ми се збори како ќе биде од октомври, не само здравството, се' ќе крахира. Ем болни, ем сиромашни ќе бидеме. Кој ќе преживее, ќе раскажува, буквално.
     
    На oblace1, Peperutce1115, ivi1987 и 11 други им се допаѓа ова.
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.975
    Допаѓања:
    265.917
    Ана, ја знам реалноста и ме плаши, но ете сакам да верувам дека ќе го избегнеме најцрното сценарио.
    Еве има и он лајн опција за школување, така да децата, ако се влоши состојбата, ќе бидат дома.
    Се надевам и дека ќе почитуваме мерки и дека вирусот ќе остане ослабнет оти факт е дека сега е послаб и дава лесни симптоми.
     
    На Lilit, LejlaD и vitamina им се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.253
    Допаѓања:
    205.004
    А ако грипот зимоска не беше грип туку ковид? Мислам во многу земји се потврди дека бил влезен многу порано одошто се мислеше.
     
    На fana, An-na, Sejfullai и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.431
    Допаѓања:
    206.587
    Пол:
    Женски
    Не верувам. Грип беше. Најавен уште од септември дека ќе биде посилен тип, поради топлата зима. Се тврди ете, дека бил влезен во многу земји, ама никој не докажа. Не може да се докаже, а и реално, немаше голем број смртни случаи, јас само за два прочитав, кај нас ова. Да беше Ковид-19, ќе имавме многу повеќе смртни случаи.
     
    На dayla, Peperutce1115, ivi1987 и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    27.882
    Па доста се зборуваше околу ова, ама никаде немаше потврда дека е вистина. Не се сеќавам која земја во Европа беше што направи серолошки тестови за корона за дел од население што било погодено зимоска од зголемување на случаи на грип. Заклучокот беше дека населението нема имунитет на Ковид. Ако ја најдам веста ќе ја постирам, во моментов ја немам.
     
    На LejlaD и Ahoy им се допаѓа ова.
  19. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Мислам дека направиле истражување околу тоа во Мк, испитале неколку брисеви позитивни на грип од зимата и биле негативни на Ковид- 19.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.253
    Допаѓања:
    205.004
    Јас па не можам да поверувам дека баш откако кинезите кажаа почна да се шири. Којзнае колку време тлеел таму пред да го забележат и изолираат, па да објават во светот.
    Смртни случаи треба да се споредат тотален број за лани и годинава, пошто методологијата на сметање починати со или од ковид не постоеше пред ковид. Мислам дека претходно не пишуваа умрен од грип, туку од конкретната причина.
    Зборот ми е, да, не е сеедно и треба да се внимава, ама јас одбирам да живеам со надеж, не со страв. Секако нема да носам дете по затворени молови и игротеки, а школото ќе биде како ќе процени власта.
     
    На An-na, green.eyes, LejlaD и 5 други им се допаѓа ова.