1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.746
    Допаѓања:
    9.372
    Пол:
    Женски
    Муабетиве со млади стари не ви се баш на место. Ако сте имале контакт со нашето јавни здравство, ќе знаевте дека ние како нација имаме пократок животен век и хронични болести. Во моментов не можам ни да се сетам дали познавам некој што има еве седумдесет години.
     
  2. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.474
    Допаѓања:
    334.897
    Пол:
    Женски
    има има во Делчево мн асимптоматски позитивни шо искочиа. Тестирани пред да одат на одмор па искочиа позитивни. Исто и мlaдинците од фудбалскиот клуб беа тестирани заради натпревар а искочиа позитивни деца без симптоми.
     
    Последна измена: 20 август 2020
    На eli25, LejlaD, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.806
    Пол:
    Женски
    На tinka-mace, СуперДевојка, fana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.545
    Допаѓања:
    38.810
    Пол:
    Женски
    И во Битола од ракометен клуб позитивни неколку, па втор тест негативни. Никакви симптоми. Другите што имале близок контакт сите негативни. :^) Плус многу што требало да одат странство исто на задолжителен тест позитивни излегле, асимптоматски.
    Се надевам дека ова значи дека е ослабен вирусот колку толку, а не грешни тестови.
     
    На LejlaD, mal.ecka и joy1 им се допаѓа ова.
  5. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Отприлика средина на 2021, зависно кога ќе примат земјите членки на ЕУ па да ни препродадат :mm:
     
  6. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.746
    Допаѓања:
    9.372
    Пол:
    Женски
    Да не биде обратно, да ни ја дадат прво на нас за да ја дотестираат и да видат последици какви ќе има, па после они раат да се боцкаат :)
     
    На tinka-mace, fana, 1112 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    42.101
    Пол:
    Женски
    Ај без вакви глупости.
     
    На Peperutce1115, Frosty!, Ahoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.984
    Пол:
    Женски
    Подобро лажен позитивен, отколку лажен негативен.

    @magnolija09 како можеш да речеш дека некој ти се насипал пошо имал нешто против тебе, кога е нормално на непроверена работа да те контрираат. И дај пишувај кирилица.

    За муабетот за здравство во странство, не можете да дискутирате баш јасно. И тука во различни градови различно третираат. За држава далеку поголема од нашава да не коментирам.

    Јас имам друго прашање. Што к им е на полицајците што казнуваат деца што не носеле маски а си седеле на отворено без други луѓе околу нив, а таму кај што треба се прават слепи?! Па да се движам во чаршија со цела толпа народ одоколу без маска е далеку полошо отколку да седам со 2 3 другарки на клупа кај што нема народ. Или нека се казнува се, или ништо.
     
    На LejlaD, ALISA0000 и Ahoy им се допаѓа ова.
  9. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    ЕУ веќе ги распредели дозите на вакцини, односно кои држави ќе добијат, нас не' нема, меѓутоа засега Полска потврди дека ќе ни препродава.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.746
    Допаѓања:
    9.372
    Пол:
    Женски
    Зошто глупост, тебе ти личи дека некој од здравствените власти (на глобално ниво) знае што се случува? Глупост е што се шират секакви вести, најчесто контрадикторни, па нормален човек избезумен, не знае како да се понаша. И научете да почитувате туѓо мислење, без разлика дали вам мудрите ви личи глупо.
     
  11. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    42.101
    Пол:
    Женски
    Здравсвените работници не знаат, ние тука знаеме.
    Ок.
     
  12. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.746
    Допаѓања:
    9.372
    Пол:
    Женски
    Таман работа фашистичка Европа да не се заштити прва. Ироничен ми беше коментарот, во смисла на тоа дека сѐ што подлежи на тестирање се праќа во земјите од "третиот свет" затоа што ние сме помала колективна штета во светот на големите и богатите.
     
    На Angie1432 и Ahoy им се допаѓа ова.
  13. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.746
    Допаѓања:
    9.372
    Пол:
    Женски
    Прочитај што напишав, нема ништо за читање меѓу редови. Секако дека не знаат, прво не е страшен вирус да не паничиме, кога се опуштивме еј страшен е паничете, па пак не паничете ќе дојде лето ќе се намали интензитетот, дојде лето и сѐ обратно се случува од тоа што наводно беше предвидено. Јас можам да си дозволам да не знам, имам право да знам, ама немам како да дознаам, бидејќи и здравствените работници очигледно не знаат многу. Јас дојдов до тој заклучок врз основа на сѐ она што се случуваше изминативе месеци. И никаде, апсолутно никаде не напишав, ниту помислив дека знам повеќе од некој друг. Ироничен беше коментарот.
     
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.253
    Допаѓања:
    205.004
    Распределени дозите на непостоечка вакцина:D
    Ништо не се распределува, секоја земја се пријавува и вели, ние даваме толку пари (сега) да добиеме толку вакцини (кога и да е). Еден вид инвестиција :?:.
    Мое мислење, со оваа вакцина ќе биде исто како и со птичјиот грип. На пример во план имаат прво да ја добијат 3% од ризичното население, стари и болни, после до максимум 20%.
    А памтам кога излезе таа за птичји грип која паника беше, требало стари, не требало стари, требало трудни, не требало трудни. Мислам да не си стар и труден, ним не им беше лесно. И најпосле јас не знам никој што ја прими таа за птичји грип (во МК тоа време), а правеа мобинг преку здравствени рааботници, дека треба да се прима т.е. требаше да ги потрошат дозите кои ги купија. Не знам дали ќе биде слично, ама тоа е единственото искуство што сум го имала па само со тоа можам да правам аналогија.
     
    На DAngel, tinka-mace, An-na и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Во последните 24 часа се направени 1653 тестирања, а регистрирани се 118 нови случаи на ковид-19 во:

    -Скопје 55
    -Куманово 12
    -Дебар 1
    -Штип 5
    -Прилеп 9
    -Тетово 6
    -Струга 1
    -Велес 2
    -Битола 1
    -Охрид 3
    -Кавадарци 4
    -Гостивар 2
    -Струмица 1
    -Крива Паланка 2
    -Кочани 1
    -Пробиштип 1
    -Берово 1
    -Виница 3
    -Делчево 2
    -Кратово 1
    -Свети Николе 1
    -Кичево 4

    Починати се тројца пациенти од Тетово (64г), Штип (82г) и Струга (74г).

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 127 оздравени пациенти од:

    -Скопје 22
    -Куманово 11
    -Штип 11
    -Струга 37
    -Велес 3
    -Битола 6
    -Охрид 13
    -Кавадарци 11
    -Гостивар 1
    -Демир Хисар 3
    -Виница 4
    -Кичево 5

    Досега во земјата се направени вкупно 132493 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13194, бројката на оздравени пациенти е 9752, на починати е 554, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2888.
     
    На fana и ALISA0000 им се допаѓа ова.
  16. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.337
    Ни лажен позитивен.
    Не треба да е ова да го бираме помалото зло, туку она што е исправно, а тоа е точни и прецизни тестови.
    И со лажен позитивен можеш белја да си направиш.
     
    На eli25, Angie1432 и candy.cane им се допаѓа ова.
  17. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.199
    Допаѓања:
    222.305
    Пол:
    Женски
    @Ahoy колкаво население има во хрватска?
    Вчера заборавив да те прашам.
    Тука секој втор што се враќа од хр е заразен.

    Ама фактот е дека 0.03 биле симптоматски. Вирусот е навистина многу ослабен.

    Многу е избегана од контрола работава ради асимптоматските, не можат да ги исконтролираат колку што ги има.
     
    На eli25, LejlaD, JuLleE и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.806
    Пол:
    Женски
    Од последните за нас , шкљ класа некоја
     
    На tinka-mace, noteforself, kala21 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Околу 4 милиони.
    Ептен малку тестираа (ат), па им избега од контрола.
     
    На eli25, LejlaD и vitamina им се допаѓа ова.
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.253
    Допаѓања:
    205.004
    Мислам дека имаат повеќе од 4 милиони популација, ме мрзи да барам точно. Проблемот таму се журките на младината по Далмација, сите пиење, лигавење и сл.журка активности. Затоа Словенија размислуваше за генерациски фокусиран карантин за повратници туристи од 18 до 35 години (журка суспектед особи:)). Или Австрија беше, небитно.
    Инаку ништо посебно и различно не се случува, ние бевме пред недела дена, во маркет и затворено се носат маски, во ресторан персоналот носи маски, реално ризикот да се заразам таму или дома ми е ист.
     
    На eli25, LejlaD, candy.cane и 2 други им се допаѓа ова.