1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.199
    Допаѓања:
    222.305
    Пол:
    Женски
    Абе многу работи мене ме чудат не е една.
    Знам, претпоставувам како е ама ете.
    Еве мнозината од заразените не за џабе се млади лица.
    Ама реално и во италија има журки, ох колку журки имаше пред да затворат дискотеките, ама па не се само по дискотеките, лично на плажа ги видов што прават.
    Не е само во хр тоа...

    Пак ќе кажам мене многу работи ми се чудни ама нзс не нашол некој компетентен не пак јас ќе најдам.

    Еве италија нормално живее, фр и шп пак над 3000 заразени ит 300.
    ??
    Си ги знам можностите кај народот до кај можат да одат, не еден секој ден се по журки, одмори, аперитиви, пијанки. Ретките се тие дома што се седат.

    Што се случува онда.
    Зошто шпанија врие а италија не е на ризик (иако не плашат си прениски бројку искрено)
    Што шпанциве праат журки италјаниве мирни да не се?

    Значи пробувам да размислувам и секогаш се наоѓам у ќорсокак.
     
    На eli25, LejlaD и Ahoy им се допаѓа ова.
  2. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.746
    Допаѓања:
    9.375
    Пол:
    Женски
    Хрватска треба да има може и накај 4.5 милиони, ама тоа небитно, битен е бројот на тестовите. Најбитно е носењето маска, како што на пример еве не е случај во Албанија по туристичките места каде што сите што беа и што ги знам, кажаа дека никој не се замара. Некако не разбираат луѓево дека стварно е во прашање колективна одговорност.
     
  3. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.379
    Допаѓања:
    10.552
    Пол:
    Женски
    Нека ти е со лесно :hug:
     
    На LejlaD и kala21 им се допаѓа ова.
  4. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.337
    Туку мене ме интересира.
    Од тие што го прележаа таму април, мај, јуни тие како се?
    Оти тука се праќаа линкови дека дури и тие без симптоми што го прележале по месец - два добивале сериозни нарушувања на срцето, дури и после од нигде никаде умирале...
    Јас стварно се надевам сите се океј.
    Секако, не мора никој да пише ако не сака, ама баш се прашувам.
    Особено што има такви што чекаат спремни некој да пише нешто такво па овие да му се нафрлат Е, ви реков.
     
    На An-na и Ahoy им се допаѓа ова.
  5. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.746
    Допаѓања:
    9.375
    Пол:
    Женски
    Нема веќе нормално живеење, за другите не знам ама Италија ќе има сигурно уште еден бран економска криза ко 2008 или која година беше. Земја што само од Колосеумот заработува 70 милиони евра дневно, не може да очекува да живее нормално после пандемијава. Хрватска е помала ама исто многу зависна од туризмот, ама и ние Балканците сме пожилави и навикнати на транзиција. Не знам. Многу стравови се собрани. Дали ако почнеш да кашлаш, дали од тоа дали ќе имаш пари да се лечиш.
     
    На mssuniquee, tinka-mace, eli25 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.746
    Допаѓања:
    9.375
    Пол:
    Женски
    Да не испадне "читав, слушав, ми кажа комшиката", не можам сега да го најдам линкот, ама озбилно читав дека вирусов затоа е и поинаков од другите, поради последиците на пулмонарно ниво, а при јаки инфекции и настинки страда многу и срцето. Не сум запознаена од прва рака, ама не ќе биде лошо и тој податок да се знае. Ние башка сме нација што пуши, пие, крка во изобилие, загаден воздух, абе мераци. Може некој да сподели.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.975
    Допаѓања:
    265.917
    Јас тие што ги знам се живи и здрави.
    Пак бев денес на лекар, еве засега се е во ред.
    А на интернет секакви статии има.
     
    На green.eyes, mssuniquee, mal.ecka и 6 други им се допаѓа ова.
  8. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    2.006
    Допаѓања:
    2.280
    Ај Министерството за Здраство нека нарача од Израел Маски Заштитни кои го убивале вирусот .
    Ова е добра превентива и така не се знае кога ке биде достапна вакцината.
     
  9. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.896
    Допаѓања:
    15.407
    Пол:
    Женски
    Имав пациенти (+70 год) што немаат никакви последици после вирусот.
    Јас не сум читала апсолутно ништо за вирусов, прв пат слушам дека може да се јават последици после неколку месеци.
     
    На mssuniquee, mal.ecka, 1209 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.337
    Некои се стварно за чудење.
    Како да не чуле за пандемии во минатото, како да не чуле за други опасни вируси, како да не чуле за вируси кои напаѓаат цело тело, па сега све ова првпат се дешава, па вирусов семоќен испаѓа.

    Други вируси не се само инфлуензата и херпесот од кој добивате раничка на уста која поминува сама од себе. Куп други се. Разликата меѓу другите опасни и овој е во начинот на пренесување и тоа што нема сигурна и ефикасна вакцина, не било каква.
    И ебола вака ќе нѐ косеше пред неколку години, среќа што не се прошири толку. А дека е опасна, е бајаги е.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    27.882
    Вируси од типот на ебола со над 95% смртност не ни можат да се прошират пандемски, зошто пребрзо убиваат. Не може баш да се прави соодветна споредба.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.337
    Да, ама во поглед на клиничка слика и колку е смртоносен, поопасен е.
    Други вируси се обратно.

    Зборот ми е ги има најразлични. Короната е еден од нив, не е нешто посебен.
    Среќа не сме виделе вирус што апла лесно се пренесува и е апла смртоносен. Е тоа е веќе моќен вирус.
     
  13. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    27.882
    Нормално дека има многу потешка слика. Ама има сооднос меѓу колку брзо убива и колку може да се рашири. Затоа никогаш немало пандемија од ебола. Имало епидемии локализирани. И сега имаше во Конго. Не е заборавена приказна еболата, ама не може да се стави во иста рамка со вируси што предизвикале пандемии во минатото, па и со короната.
    Некако премногу се ставаат во ист кош работите, сто пати слушнавме, а од ____ (пополни вирус по желба) знаете колку умираат? А впрочем, не е исто зошто ризикот да се заразиш од корона е ист со ризикот да се заразиш од ебола само во Конго во моментов.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.337
    Абе јасно ми е тоа.
    Ама овде некои коментираа дека коронава бил поразличен од сите други вируси зашто го напаѓал цело тело. Што не е вистина дека е единствен. Или пак дека бил најсмртоносен што исто така не е вистина. Или дека лебдел во воздух со денови што теоретски не е возможно. И куп други нелогичности.
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.746
    Допаѓања:
    9.375
    Пол:
    Женски
    Како мислиш не е ништо посебен? Треба да те спржи на лице место за да го класифицираш како опасен или смртоносен? Човештвото може видело пострашно, ама ние не, барем јас не. Во однос на последиците, здравствени, ментални, економски и секакви други, мене ова ми е најцрното сценарио во животот. Зборувам за реалниот живот, а не за филмови, документарци или стручна литература. Со оглед на тоа како убедливо се тркалам надоле, исто ко ебола да ме стрефила, такво ми е чувството. А не сум ни заразена. Свака ви час на храброста, ко од војна вчера да сте се вратиле, па ова ви е мех.
     
    На Anie93, Peperutce1115, Milaаа991 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    27.882
    Нелогичности и имало и ќе има за секое нешто што не е доволно истражено. Сосема е логично, човештвото прв пат се соочува со вирусот. Здравствени последици може и да има, може и да нема. Општо последици секако ќе има, не верувам дека од оваа ситуација ќе излеземе како ништо да не било.

    А секако никој не треба да дозволи форум да му е место каде примарно ќе црпи информации, тоа е веројатно на секој разумен човек јасно.

    За тоа со воздухот не ми се коментира веќе мислам кажано е се :D Вежбам ментална хигиена и скокам некои постови :D
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  17. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    21.675
    Пол:
    Женски
    Опушти се, немаш потреба од толкава паника. Од старт целта на медиумите и СЗО им беше да не здрмаат со лоши вести, како смртноста на вирусот да е 99%. Луѓето ментално попуштија од стравот, паниката, само за корона се дробеше насекаде. Не не оставија да дишиме. Да не зборувам за седењето дома и несоцијализацијата, тоа дополнително не уби.
    Не размислувај на лоши сценарија, диши слободно и не се замарај толку, подобро за тебе.
     
    На Marija_Magdalena, FreeToGo, DAngel и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.746
    Допаѓања:
    9.375
    Пол:
    Женски
    Не зборувам ни јас за социјалниот аспект, тоа ете го оставам како последна ставка. Ама во декември лани бев во Рим, со конкретни планови за проширување бизнис и купување дом, за шест месеци подоцна да седам во Скопје, практично издржувана од сироти родители пензионери, среќа никој од нас не се заразил (факт за да ја доловам надолната амплитуда). Не е дека бладам и читам лоши вести по портали, ама кога ќе видам луѓе трчаат по одмори и сликаат селфи по плажи, стварно ко мене само метеор да ме погодил. И афирмации и медитации не ми помагаат. Мора маски да се носат, инаку се е џабе.
     
    На tinka-mace, Ahoy и Celltica им се допаѓа ова.
  19. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    За Битолчани и околина :)
    Во ЦЈЗ Битола...


    FB_IMG_1597947702506.jpg
     
    На fana и P.S.love им се допаѓа ова.
  20. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    12.215
    Допаѓања:
    145.464
    IMG_20200821_000608.jpg

    Зошто ние имаме најмногу мртви!?