Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.379
    Допаѓања:
    10.552
    Пол:
    Женски
    Дали сите овие држави земаат брис посмртно? И дали ние сѐ уште земаме брис посмртно?
     
  2. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    18.021
    Допаѓања:
    123.992
    Пол:
    Женски
    На kukla21, tinka-mace, LejlaD и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    1. Не, колку што знам.
    2. Да.
     
    На LovelyGirl3 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. pokahontas83

    pokahontas83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    85
    Zosto se moite komentari isbrisani ?
     
  5. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.687
    Бог да чува значи.

    Не е најсмртоносен, ама е вирус, се шири од човек на човек и од него умираат луѓе. Некои од тие луѓе се наши роднини, пријатели, родители. Не сте почувствувале на своја кожа па за тоа вака зборувате. Како вирусот ќе реагира кај секој човек е индивидуално. И додека кај некој може да нема никаков симптом (дај Боже кај сите да е вака), кај други има афекција на белите дробови, а кај трети мултиорганско засегање (афекција на бели дробови, срце, гастроинтестинален тракт, цнс, бубрези).

    Со заразна болест нема играчка. Вакцина нема, лек нема и се додека е тоа така не може да се водиме под паролата " не е ништо посебно, само обичен вирус е ". Умираат луѓе ало!!! 554 во Македонија. Шетајте, скитајте, уживајте во животот, ама имајте бре малку емпатија.
     
    На LejlaD, poi, Hellobeautiful и 5 други им се допаѓа ова.
  6. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.288
    Допаѓања:
    38.788
    Пол:
    Женски
    554 за колку месеци? 6? Значи помалку од 100 месечно. Е сега, земи статистика колку умираат од други болести, па ќе видиш дека смртноста е занемарлива. Да не навлегувам во тоа дека повеќе од половина од смртниве случаи починале од сосема друго, ама биле позитивни па ги водат како починати од корона.
    И уште ова, кога ќе заврши лудилово, што мислиш на чија страна ќе натежнува смртноста, на починатите од корона или на починатите од неможност за лечење и дијагностицирање заради короната?

    Значи... :devil:
     
    На 1209, zhap4e, DAngel и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.746
    Допаѓања:
    9.375
    Пол:
    Женски
    Статистикиве се непотребни затоа што никој не е виновен што е прогласена пандемија и што сите гранки на системот стануваат (односно секогаш биле) нефункционални, освен нели кафана и плажа. Не смееме да се понашаме ко ништо да не е, само затоа што системот не може да издржи и корона и онколошки пациенти и срцеви болни и сите останати. Баш затоа што знаеме дека има толку многу други пациенти, нели баш заради таа статистика на смртност и тој податок кој укажува дека сме болна нација, ете баш заради тоа треба да го сфатиме сериозно и овој вирус. А ако не сакаме така, тогаш еве ви ја природната селекција и селекцијата "дебели врски за лечење", останатите ќе бидат колатерална штета, без разлика што ги убило, корона или друга болест.
     
    На Hellobeautiful, Bezimenka90, Peperutce1115 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.687
    Колку и да се, небитна ви е дискусијата. 554 загубени животи, толку загубени мајки, татковци, баби, дедовци, сестри, браќа, другари, другарки, роднини и пријатели.

    Дај малку ставете прст на чело, ставете се во чевлите на другиот, на оние кои поминале или поминуваат низ тоа. Кога ќе помине ова лудило, зарем стварно мислиш дека луѓето кои загубиле некој член од семејството ќе расправаат стастики?
     
    На LejlaD, noteforself, GirlRose и 8 други им се допаѓа ова.
  9. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.984
    Пол:
    Женски
    Зарем треба да сме среќни што повеќе умираат од други болести, наместо да си речеме дека доста е таа смртност, не ни треба и дополнителна?
    Да, може стварно голем дел не починале од корона. Ама од што и да починале, ако короната била причина за да настапи смрт во тој момент, не сметате дека е доволно опасна?
    Колку луѓе ќе живееа подолго да не се случеше ова? Толку ве заболе за другите? Или така си мачкате очи?
    Се додека не е некој наш, добро е.
     
    На Anie93, LejlaD, GirlRose и 3 други им се допаѓа ова.
  10. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    21.675
    Пол:
    Женски

    И?
    Дали тоа значи дека јас и останатите треба секој ден да го поминуваме во стрес и паника? Тоа ќе биди во ред, емпатија ќе имам ако се тресам на секоја вест поврзана со вирусот?
    Никаде не пишав да не се почитуваат мерки, ама дека ќе стравувам цело време, епа баш и нема.
     
    На jacqueline.s му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.687
    Очекував дека вака ќе ми возвратиш.

    Велам скитајте, шетајте, уживајте во животот, ама имајте емпатија. Додека за тебе и за твоето семејство е само обичен вирус, за некој друг и за нечие друго семејство е вирус со 100% смртност.
     
    На oblace1, H.VAGA и Ahoy им се допаѓа ова.
  12. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.265
    Пол:
    Женски
    Во 37 училишта во Берлин дел од учениците или вработените се во карантин бидејќи заболеле со Ковид-19, пишува весникот „Берлинер цајтунг“.

    Весникот се повикува на списокот на Сенатот на градската администрација врз основа на извештајот на училиштата, по втората недела од новата учебна година.

    Според тој список, околу 4,5 проценти од училиштата се погодени од короната.

    Во повеќето училишта, еден ученик и еден наставник се заразени.

    Сенаторката за образование, Сандра Сере, рече дека две недели по почетокот на новата учебна година, може да се заклучи дека училиштата не се жаришта.

    Како што рече, заразата се носи од надвор во училиштата, а не доаѓа од училиштата.

    ©Makfax.com.mk
     
    На poi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Во последните 24 часа се направени 1825 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на ковид-19 во:

    -Скопје 32
    -Куманово 7
    -Дебар 8
    -Штип 14
    -Прилеп 2
    -Тетово 10
    -Велес 2
    -Охрид 3
    -Гостивар 11
    -Гевгелија 3
    -Крива Паланка 3
    -Кочани 1
    -Пробиштип 1
    -Берово 8
    -Делчево 3
    -Свети Николе 4
    -Кичево 3

    Починати се три лица, двајца пациенти од Скопје на 62 и 68 години и еден пациент од Струга на 68 години.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 225 оздравени пациенти од:

    -Скопје 146
    -Куманово 15
    -Штип 5
    -Прилеп 2
    -Тетово 10
    -Струга 1
    -Битола 10
    -Охрид 1
    -Кавадарци 3
    -Гостивар 10
    -Струмица 6
    -Радовиш 1
    -Пробиштип 3
    -Демир Хисар 3
    -Валандово 1
    -Виница 1
    -Кичево 5
    -Неготино 2

    Досега во земјата се направени вкупно 134.318 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13308, бројката на оздравени пациенти е 9977, на починати е 557, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2774.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  14. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    Леле колку пати го имам прочитано ова и се во ред е ама знаете ли колку деца секој ден умираат од глад по 10000 најмалку низ светот на ДНЕВНО ниво како им е на татковците, мајките на овие деца? Свесни сте дека со затварањето Март-Мај имаше повеќе деца починати од глад одколку луѓе од ковидот. Нема тема на форумот за нив ниту па ги спомнувате овде не сте воопшто загрижени за нив никаква емпатија. Зошто општо медиумите не пишуваат 2 збора за нив? Туку секој ден се исто па исто со короната ги трујат луѓето да живеат во паника и страв. За вирус со 1% смртност малку посериозен од грипот а толку МНОГУ медиумски напумпено. Ако вие не сте погодени економски има многу луѓе со катастрофални последици од тоа затварање. Еве веќе 2-3 месеца се е отворено насекаде низ светот и? Дали имаме ние по 500-1000 новозаразени дневно како предвидуваа пандемичарите? Значи проверете и сами ако не верувате колку деца умираат на дневно ниво.
     
    На Kitten и fana им се допаѓа ова.
  15. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.265
    Пол:
    Женски
    Ова е рекорден број досега на оздравени (y)

    А како е по општини @Ahoy ?
     
    На Ahoy и KuklickaSk им се допаѓа ова.
  16. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.404
    Допаѓања:
    28.419
    И? Ти лично што правиш за помогнеш на гладните деца?
    Освен што мелеш по форуми неповрзани работи?
     
    На queen04, Peperutce1115, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.
  17. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.265
    Пол:
    Женски
    Значи многу се смешни кога даваат изјави интелектуалциве со тоа маските само на уста и мрморат неразбирливо, а мислиш со носот кој го ослободиле зборуваат. :D
     
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.760
    Допаѓања:
    93.189
    Пол:
    Женски
    1.Затоа што на пр.во Хрватска за човек со Хронична болест на белите дробови,а болен од Ковид ќе напишат дека умрел од последици од пневмонија.
    На човек со било каква хронична болест,од последици на компликации на основната болест.
    2.Затоа што ако бил позитивен,а во меѓувреме додека бил 20 дена во болница или на респиратор вториот тест испаднал негативен,не го впишуваат како позитивен во статистика.
    3.Затоа што имавме огромен број албанско население со кислород 30 чувано дома па во последен момент носено во болница.
    Затоа имаме бројка на умрени.
    Барем се точни,а не лажирани ко во државите во регионот.
     
    На 1209, Peperutce1115, cresa-jagoda и 9 други им се допаѓа ова.
  19. viktori5

    viktori5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2014
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски
    Добро, што се случува во Штип? Зошто никако да се намали бројот? Зар не се најде начин?
     
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.980
    Како па знаеш дека се точни?
     
    На zhap4e и Cka им се допаѓа ова.