1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    ? Стварно некоја позната, влијателна личност да почне да собира пари за децата во Африка мислиш нема да собере доволно за да се платат луѓе во Африка од таму да се организираат да им однесат храна на тие што им треба. Нема желба едноставно на богатите не им е грижа а медиумите па само за кликови знаат дека повеќе читаност ќе имат да напишат нешто за ковидот отколку за нив "рандом" деца што умреле од глад.
     
  2. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.687
    Немој да ми зборуваш за гладните во Африка. Африканците сами си се криви, со граѓанските војни. На толку помош, на крај и Европа и Америка се откажаа.

    Се разбира. Никаде не реков дека ако си сам на отворено, со дистанца поголема од 2м, мора да носиш маска.
     
    На ElenaOfRivendell и Angie1432 им се допаѓа ова.
  3. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    Дали си сериозна за ваква емпатија зборувавте?
    Замисли некое 9-10 годишно дете заслужило да умре оти во неговата држава имало граѓански војни.
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.687
    Да имам пари сите би ги згрижила верувај. Но, не е дека не му се помагало!

    Немам намера да продолжувам, како што кажав, темава не е за гладните во Африка.
     
    На Hellobeautiful му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.416
    Допаѓања:
    45.428
    Пол:
    Женски
    Тоа е многу поголем и подлабок проблем од тоа некоја богата личност да собере пари и да им даде.Да беше толку лесно, никој гладен немаше да има.
     
    На Hellobeautiful му/ѝ се допаѓа ова.
  6. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    21.675
    Пол:
    Женски
    Пеперутче дежурна си на темава ама, како имаш време да му реплицираш на секој шо има различно мислење од твоето алал да ти е.:D
    Излези некаде на Сонце, вдиши чист воздух (по можност без маска), испиј кафе со пријатели, има живот и настрана од пандемијата, не се врти се околу вирусот.
    Пуштете кој сака како сака нека се понаша, само на форумот се плука по се и сешто и само црни сценарија се кројат, излези надвор - сосем друга приказна е.
    Поздрав.
     
    На Kitten, ALISA0000 и WaitTillTheEnd им се допаѓа ова.
  7. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    Проблемот ќе беше полесен ако цел свет не се замараше само за тоа што му се сервира од медиумите тоа ме нервира еве за ковидот на темата има 2078 страни испишани за тоа. Јас сега да отворам тема за децата во Африка ќе има 5-10 поста денес и толку ќе се заборави тоа не е интересно. Ама да пишуваш различни статии, студии( на 20-30 луѓе) имаше и ваква срамни студии за кликови катастрофа. Медиумите да обрнеа внимание еве барем 10-20% на децата во Африка колку што трујат за Ковидот ќе беше многу многу подобро ама не и тоа е тоа. Продолжете си сега со дискусијата.
     
  8. Kiki251995

    Kiki251995 Нов член

    Се зачлени на:
    22 август 2020
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки! Дали има некој информација за новите протоколи за ослободување од изолација?
     
  9. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.416
    Допаѓања:
    45.428
    Пол:
    Женски
    Мене многу сте ми интересни вие со децата од Африка, значи кога и да се појави некој глобален проблем што е актуелен или се збори насекаде почнувате со истото - ама децата од Африка умираат од глад - и во меѓувреме споделувате некоја слика на фејсбук чија веродостојност е questionable од типот - на никого не му е гајле за нив, а сите зборувате за тоа и тоа. И навистина еве уште малку ќе поверувам дека секое сабајле се будите и размислувате за животот на децата во Етиопија и дека вооопшто не ги користите само како одвлекување на вниманието од што и да е тоа што се збори во светот а вас не ви се свиѓа додека во реалноста поим немате ни што се случува во Африка.
     
    Последна измена: 22 август 2020
    На Giovanna, CameliaMiller, Bezimenka90 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.200
    Допаѓања:
    27.459
    Ај смањи доживљај.
    Ова е глобален проблем, пандемија е. Друго е глад. Глад не се пренесува од човек на човек.
    Ако беше толку хумана како шо се прикажуваш немаше глупости да пишуваш.
     
    На Alisa22, tinka-mace и Hellobeautiful им се допаѓа ова.
  11. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    Не е во ред заради затварање од медиумски напумпан вирус со 1-3% смртност да страдат повеќе деца(Март-Мај) Не само деца колку луѓе останаа на улиците од страшниот вирус? Зошто не ни пробувате да размислите дека затворањето и карантините убија повеќе луѓе отколку самиот вирус. Не се работи за вирус со 20% смртност па да седиме ајде сите дома се работи за 1-3% што гледаме може да се контролира бројакта на заразени и без затварања.
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  12. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    Пандемија е да само што рестрикциите убија и на несоа повеќе штета на луѓето од самиот вирус за што се создаде тој глобален проблем.
    Што глупости пишувам еве просветли ме ти?
     
  13. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.746
    Допаѓања:
    9.375
    Пол:
    Женски
    Еве јас да одговорам бидејќи се чувствувам повикана. Не можам да излегувам надвор, не ми се сака, а и немам пари пошто сум клоцната од работа, семејството и пријателите ми се во друга држава во која не смеам да одам, и не сум отишла досега баш поради свесноста дека можам на тој начин да предивикам зараза. Не ми е пријатно што гледам како луѓето живеат како да нема пандемија, идат по одмори, собиранки, упорно ја одрекуваат реалноста и никако не разбираат дека не се работи за тоа колку ти пиеш кафе со пријателите на чист воздух (кај го најде чист воздух уште да знам), туку за тоа колку сите имаме елементарно право да го правиме истото без да загрозуваме ничии живот. Ама, не очекувам колективна свест, впрочем затоа и не ни живеам во оваа држава повеќе, туку сум само несреќно затечена овде.
     
    На tina2018, tinka-mace и Hellobeautiful им се допаѓа ова.
  14. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.416
    Допаѓања:
    45.428
    Пол:
    Женски
    Ова ти што го напиша нема врска со тоа што јас го напишав.
    И не оспорувам дека многу луѓе останале без работа, ниту па некој друг тоа го оспорува на темава.
    А сега врати се малку наназад во март кога дојде првиот случај и размисли, нов вирус, нема многу познавања за него, се чини дека се шири пребрзо и нормално дека одлуките кои се донеле во тој момент се чинеле најисправни.Епидемиологот знае повеќе од тебе и мене и за карантини и зарази.
    Сега е лесно да се каже, а па еве може да живееме и да го контролираме вирусот без затварања, да, ама тоа е зашто имаат поминато месеци и не сме на истата позиција на која бевме на почеток, имаме нови знаења и искуства што тогаш никој од нас не ги поседувал и нормално мислењата се менуваат.
     
    На Hellobeautiful му/ѝ се допаѓа ова.
  15. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    21.675
    Пол:
    Женски
    Се надевам за брзо време ќе средиш се'.:hug:
    Но, поради тоа што ти си избрала (по твоја, или не по твоја вина сеедно) да седиш дома и да не се дружиш со никого, не значи дека и другите треба тоа да го прават. Како што јас не треба да плукам по оние кои ги сведиле дружбите и излефувањата на минимум, така и ти не треба да хејташ тоа дека јас излегувам на кафиња, се дружам, одам по одмори итн.
    Реалноста е таа, не можиш да се допазиш. Евентуално да ти се наредат коцките и да работиш од дома, да живееш сама и да го сведиш излегувањето само на купување основни намирници и толку. Реалноста е друга. Мајка ми и татко ми од сам старт на пандемијата немале еден слободен ден, нонстоп се во контакт со луѓе. Брат ми си има другари и излегува, јас исто така. Можи тесен круг на пријатели, ама никогаш не можеш да знаеш тие со кои се дружат. А да седам како казнета пола година и да не се гледам со никого, или пак со најблиските да се дружам со маски, еве не практикувам и не сакам.
    Затоа пишав неколку пати, ќе пишам и пак, секој сам си ги сноси последиците. Кој како ќе се постави, негово право.
     
    На Kitten, WaitTillTheEnd и redhead им се допаѓа ова.
  16. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.687
    Јас дежурна, ама и ти не си лоша.
    Во ред е Кристин, нема поента.
    Убав ден и на здравје кафе со друштвото!
     
  17. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.746
    Допаѓања:
    9.375
    Пол:
    Женски
    Ова не е дел од колективната свест и факт е дека во реалниот свет постои препорака за нечопоративно дружење. Ти си одбрала да се однесуваш така не само на потенцијално твоја штета, туку и на луѓето околу тебе, не знам како не разбираш. Во време на глобална пандемија, да контактирам со луѓе кои не знам со кого сѐ контактирале, па и без маски и без дистанца, нема шанси. Не се лути бидејќи немам лично ништо против тебе, ама желби за добра среќа не се доволни, тоа се муабети за тинејџерки, потребно е одговорно однесување.
     
    На Bezimenka90, tinka-mace, Celltica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Во последните 24 часа се направени 1733 тестирања, а регистрирани се 159 нови случаи на ковид-19 во:

    - Скопје 32
    - Куманово 25
    - Дебар 1
    - Штип 8
    - Прилеп 7
    - Тетово 9
    - Струга 15
    - Велес 2
    - Битола 1
    - Охрид 4
    - Кавадарци 5
    - Гостивар 22
    - Гевгелија 5
    - Струмица 1
    - Радовиш 1
    - Кочани 2
    - Пехчево 1
    - Берово 9
    - Виница 2
    - Делчево 4
    - Кичево 3

    Починати се 6 лица, четворица пациенти од Скопје на возраст 77, 80, 85 и 86 години, еден пациент од Гостивар на 61 година и еден од Штип на 76 години. Пет од нив се починати во болнички, а еден вон болнички услови.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 75 оздравени пациенти од:

    - Скопје 27
    - Куманово 1
    - Дебар 3
    - Штип 8
    - Прилеп 1
    - Тетово 1
    - Велес 2
    - Битола 4
    - Гостивар 9
    - Крушево 1
    - Кочани 1
    - Македонски Брод 1
    - Виница 1
    - Кичево 13
    - Неготино 2

    Досега во земјата се направени вкупно 136.051 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13458, бројката на оздравени пациенти е 10052, на починати е 563, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2843.
     
    На tinka-mace му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.746
    Допаѓања:
    9.375
    Пол:
    Женски
    Од каде го извлече процентот? Извор? Што ќе се случи ако времето покаже нешто сосема друго, ќе превземеш ти лично некаква одговорност? Разбирам дека е некој психолошки одбранбен став да мислиш на трагедии кои се далеку од тебе или во минатото ко гладните деца во Африка, еболи, чуми и слично, ама барем со бројки можеш да бидеш конкрентна. А не ко муабетите со 5џи и со марсовците.
     
  20. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.288
    Допаѓања:
    38.788
    Пол:
    Женски
    Извори има колку сакаш. Сега “официјално” е 5% смртноста. Ако земеме предвид дека бројот на заразени е десеткратно поголем од официјално евидентираните (ова не го измислувам јас, туку го имаат кажано експерти кои знаат што зборат) тогаш смртноста е минорна.
    Што се однесува до тоа што ќе покаже времето... ниту ти знаеш, ниту јас. Може да се влоши, ама може и не. Според сите досегашни искуства од епидемии, експертите велат дека вирусот слабее колку повеќе се шири, што и се покажува како вистина ако ја гледаш ситуацијава каква е.
    Али еј... ти паничи си ако сакаш, која сум јас да те спречувам :^)
     
    На Kitten, DAngel, Leviosa2503 и 2 други им се допаѓа ова.