1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.376
    Допаѓања:
    42.205
    Пол:
    Женски
    Никогаш не било задолжително на отворено, само препорака за во гужви.
    Па чекај, нели лесно поминувате? Нели спласна стравот кога видовте дека брат ти помина со многу малце симптоми?
     
    На redhead му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.337
    Читам неодговорно било ако се осеќаш омалаксан, а не се тестираш.
    На 38 степени кој се осеќа 24/7 полн со енергија? И сигурно бараат повеќе симптоми за да те тестираат.
    Да имаш и други симптоми, да. Ама само со еден кој не е сериозно изразен и кој е до негде нормален, и да сакаш нема да те тестираат.
     
    На poppie, poi, eli25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.746
    Допаѓања:
    9.375
    Пол:
    Женски
    @Kitten Само ако може да се одржи дистанца од минимум два метра, што ретко каде е возможно. Во секој случај, на кеј претежно има гужва и полиција бараше да се носат маски.
     
  4. Laufinam

    Laufinam Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2020
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    295
    Пол:
    Женски
    А дали е вистинито што слушнав дека зависно од проценката имало висок и низок приоритет, па зависно тоа те тестираат за 2 дена или 2 недели...?
    Кој како има врски плус, секако... за жал...
    Ај во ред чекања, ама ако влошиш и ти велат чекај си го терминот, веќе е закажано... а дотогаш можеби си веќе под земја... :(
     
  5. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.416
    Допаѓања:
    45.429
    Пол:
    Женски
    Мислам дека многу зависи и од матичните.
    Роднина беше само омалаксан и некоја температура 37, што нели пак е во границите на нормала, па одма му закажа тестирање докторката, уште следниот ден.
     
  6. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    42.104
    Пол:
    Женски
    @Kitten да, само што ситуацујата секое време можеше да се влоши.
    Имавме среќа а моите се во ризична категорија.
    Девојка на колега на брат ми по првиот контролен тест испадна повторно позитивна.
    Исто познајник примен во болница 3 дена не можеа да му симнат температура.
    Ептен мава на психа, ептен.
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.337
    Не знам тоа, не сум барала да ме тестираат.
    Ама јас во лето нон стоп сум омалаксана. Нон-стоп. Дома клима немам, изолацијата на станот е слаба, па на пекол дома не знам како треба да се осеќам.
     
  8. Laufinam

    Laufinam Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2020
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    295
    Пол:
    Женски
    Мене кога ми цркна климата добро поминував со вентилатор и ладни пијалоци и чаеви.
    И нешто за циркулација.
     
  9. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.359
    Допаѓања:
    125.912
    Носеа маски?
     
  10. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    42.104
    Пол:
    Женски
    Брат ми да, другиот не.
    Во фирмата каде што работеше имаше протоколи на секое доагање или заминување од работа.
    Што и како и тој не знае многу.
    Од истиов уште 2ца испаднаа позитивни.
    Среќа лесно поминаа.
     
  11. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.993
    Пол:
    Женски
    Чудно е некако пренесувањето што знам, дечко што го знам нема на никој, ама апсолутно на никој пренесено (ни на девојка му) а си имал симптоми, еве и ние дома седиме ради контакт (не од него од друг) фала богу до сега никој симптоми а недела скоро помина...ова освен дека е од имунитетот никако не можам да си објаснам.
     
    На poi му/ѝ се допаѓа ова.
  12. poi

    poi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.197
    Допаѓања:
    2.405
    Пол:
    Женски
    Јас знам случај што недела дена пиел антибиотик ради "бронхитис" па на зафрканција рекол да не е корона и пошто жена му трудна се тестирал оп позитивен. Никој не заразил, а бајги време бил позитивен.
     
  13. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.993
    Пол:
    Женски
    Исто, бајаги време од симптоми е тестиран, лечен во меѓувреме а ни сам не знае од кај закачил.
     
    На poi му/ѝ се допаѓа ова.
  14. poi

    poi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.197
    Допаѓања:
    2.405
    Пол:
    Женски
    Дај боже да си замине од кај сите лесно како што дошло. Нека поминува со лесно само и тоа е тоа.
    За жал не можеш да знаеш како ти е судено. Да си се пазиме секој за себе и а нашите блиски.
     
    На Ahoy, eli25, Monna.Monna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.760
    Допаѓања:
    93.189
    Пол:
    Женски
    Хрватска денес само 1718 теста ,а позитивни 275.(16%)
    Буквално не знае кај тера стожерот.
    Лекари и научници кои го критикуваат сметаат дека реалната бројка е 20-40х прикажаната.
    Скапо ќе ги кошта фолирањето,им беа криви луѓето што дошле од Србија,па ноќните клубови,па свадбите,а прстот во себе и не донесување никакви рестрикции,никако.
     
    На oblace1, tinka-mace, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.359
    Допаѓања:
    125.912
    Чудно пречудно...
    Маж и жена спијат во ист кревет,еден заразен еден не, ова еден носел маска ,друг не, се заразиле. Правило нема.
    Ајде да поминува лесно.
     
    На H.VAGA, redhead, fana и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Во последните 24 часа се направени 1414 тестирања, а регистрирани се 137 нови случаи на ковид-19 во:
    - Скопје 53
    - Куманово 19
    - Штип 8
    - Тетово 4
    - Струга 2
    - Велес 6
    - Битола 7
    - Гостивар 10
    - Гевгелија 2
    - Струмица 1
    - Крива Паланка 2
    - Пробиштип 2
    - Македонски Брод 3
    - Берово 2
    - Делчево 5
    - Свети Николе 6
    - Кичево 3
    - Неготино 2

    Во болнички услови почин 63 годишен пациент од Дебар.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 58 оздравени пациенти од:
    - Скопје 22
    - Штип 1
    - Прилеп 1
    - Тетово 3
    - Струга 11
    - Битола 2
    - Охрид 9
    - Гостивар 5
    - Демир Хисар 3
    - Виница 1

    Досега во земјата се направени вкупно 137.465 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13595, бројката на оздравени пациенти е 10110, на починати е 564, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2921.
     
    На Cosmi, vitamina и poi им се допаѓа ова.
  18. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.199
    Допаѓања:
    222.305
    Пол:
    Женски
    Не е добро. Утре пак се враќа на 3000 заболени. Се врти у круг ова .:|
     
    На tinka-mace, eli25 и Ahoy им се допаѓа ова.
  19. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Викенд.
    И претходниот викенд скокнаа активните, па после малку по малку паѓаа.
    Не е нај нај, ама не е толку страшно.
    Се надевам ќе се подобри од утре :)
     
    На vitamina му/ѝ се допаѓа ова.
  20. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.404
    Допаѓања:
    28.419
    Има студии кои укажуваат дека и крвната група има врска, односно лица со крвна група нулта имаат помала шанса да се заразат, и ако се заразат, полесно поминуваат.
    Исто така, и жени помалку се заразуваат од мажи (статистички...)

    Има уште многу да се истражува.

    Еве за крвната група
    https://www.google.com/amp/s/www.te...e-a-protective-factor-against-covid-19-335881
     
    На Ahoy, Monna.Monna, fana и 2 други им се допаѓа ова.