1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Fifi84

    Fifi84 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    3.564
    Пол:
    Женски
    и средно ке одат сега?
     
  2. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Ако испратат општините барања и им ги одобрат истите, да.
     
    На Fifi84 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Балкан апдејт 26.08.2020

    1. Романија- 1256 новозаразени од 25 320 тестирани примероци, односно 5%.
    2. Хрватска- 358 новозаразени од 3228 тестирани примероци, односно 11%.
    3. Грција- 293 новозаразени од 15 441 тестирани примероци, односно 2%.
    4. БиХ- 283 новозаразени од 1800 тестирани примероци, односно 16%.
    5. Бугарија- 203 новозаразени од 6232 тестирани примероци, односно 3%.
    6. Албанија- 168 новозаразени од 878 тестирани примероци, односно 19%.
    7. Косово- 157 новозаразени од 511 тестирани примероци, односно 31%.
    8. Србија- 154 новозаразени од 9932 тестирани примероци, односно 2%.
    9. Македонија- 119 новозаразени од 2065 тестирани примероци, односно 6%.
    10. Црна Гора- 55 новозаразени од 652 тестирани примероци, односно 9%.
    11. Словенија- 36 новозаразени од 1439 тестирани примероци, односно 3%.
     
    На g8lQQk, V.odolija, Ambitious и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Azeret

    Azeret Активен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2020
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    21
    Luge jas denes ne otidov kaj maticniot zasto imav drugi obvrski no nemozam da izdrzam do utre cela glava mi vrie i gore kaj tilot me boli piev paracetalom eden sat se smiri i pak samo vo glavata custvuvam toplo neznam veke sto ja ispijam pomos ve molamm
     
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.359
    Допаѓања:
    279.003
    Верувам дека некои не биле услужени, ама уште поверојатно е дека не се ни дојдени на време.
    Секој ден гледам како луѓе до последно чекаат, викаат брза помош, по пат умира пациентот или пак првиот ден од хоспитализација.
     
    На KuklickaSk, H.VAGA и Mantub им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.359
    Допаѓања:
    279.003
    Оди на дежурна служба ако не можеш да издржиш до утре.
    Имаш ли покачена тт?
     
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.359
    Допаѓања:
    279.003
    Обиди се да издржиш до утре, ако имаш покачена тт или проблеми со дишење, оди на дежурна служба.
     
  8. Azeret

    Azeret Активен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2020
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    21
    Nemam niato od toa samo sto mi gori glavata i me boli premnogu piev paracetamol 1 sat i pak istoto pocna :/
     
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.359
    Допаѓања:
    279.003
    Немаш некој аналгетик по дома за главоболка?
    Ако само глава те боли, не значи дека е корона.
     
  10. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.545
    Допаѓања:
    38.810
    Пол:
    Женски
    Да не имаш мигрена? Да не си била на сонце изложена денес?
    Во медицината колку што знам не постои внатрешна температура, или ја имаш на тело или не.
     
  11. Azeret

    Azeret Активен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2020
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    21
    Neznam osven prazacetamol sto da pijam drugo brufen edino ama probuvam da se trgnam od nego :/
     
  12. Azeret

    Azeret Активен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2020
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    21
    Koga ja merev mi bese 36 i nesto a vnatre izgorev duri se potev migrena imam na zglobovite,glavata redovno me boli no kako ovie 4 dena nikojgas do sega ko da mi isparuva zatoa mi e strav
     
  13. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.545
    Допаѓања:
    38.810
    Пол:
    Женски
    Бруфенот е многу подобар за болка од парацетамол. Нас дури и за малиот сега за скршеница само бруфен сируп ни дадоја, парацетамол не помага за болките.
    Знам како е, мене и ми пулсира и ми е жешко во главата од мигрените, само со бруфен поминувам до сега, а 15 години имам мигрена.
    Не значи дека е корона, а температура немаш секако.
     
    На LejlaD и azelea им се допаѓа ова.
  14. Azeret

    Azeret Активен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2020
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    21
    Probuvam da se trgnam od brufenot od koga mi ja snimaa glavatami go prepisaa ne sum prestanala da go pijam toa bese minatata godina, nekogas i po 2-3 na den od 600mg zatoa sega go izbegnuvam ama nemozam mnogu me boli gore kaj tilot ko nekoj da me mava osekam i vrie :/
     
  15. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.545
    Допаѓања:
    38.810
    Пол:
    Женски
    Напиј се ако е толку страшна болката, и легни во темница пробај да заспиеш. Со години го пијам, не ми делува друг лек.
    Јас ставам и мраз на вратот или влажна крпа, многу ми помага, пробај прво така.
     
  16. Azeret

    Azeret Активен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2020
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    21
    Sega ke se napijam da se nadevam deka ke mi pomogne fala ti mnoguu
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  17. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.265
    Пол:
    Женски
    Американската управа за храна и лекови издаде одобрение за употреба на тест за коронавирус, направен од компанијата „Abbott Laboratories“, кој може да помогне за поголем број тестирања.

    Планот е да се испорачаат десетици милиони тестови во септември и да се зголеми производството до 50 милиони тестови во октомври, по цена од 5 долари.

    Тестот е со големина на кредитна картичка, а резултатите ќе бидат готови за 15 минути. Овие тестови не се толку прецизни како оние што моментно се користат, но ќе овозможат побрзо и почесто тестирање.
     
  18. magnolija09

    magnolija09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2020
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    860
    Пол:
    Женски
    https://vesti.mk/read/article/https...kari-dokazhaa-deka-lugjeto-umiraat-od-korona/
    Врвот на медицинската струка за патологија во Германија тврди: имаме докази дека пациентите умираат од Ковид-19, а не од претходни болести или старост. Исто така докажано е дека короната пред се, ги напаѓа крвните садови, пишува Дојче веле.

    Пандемијата во светот не сопира со месеци, светот покажува знаци на умор или бунт заради рестрикциите и заситеност со информации. Покрај тоа што за корона вирусот се знае се повеќе, се уште има такви кои сметаат дека тој воопшто не постои, некои пак дека е опасен и дека луѓето од него умираат.

    Имајќи ја во предвид обдукцијата на починат пациени – дефинитивно единствен начин научно да се утврди причината за смртта – токму објавената детална анализа на резултатите од клиничите обдукции во Германија докажува дека во случаи на тежок облик на Ковид-19 во повеќето случаи токму таа болест била причина за смрт.

    „Во повеќе од три четвртини од обдукциите, заклучено е дека Ковид-19 е главна или единствена болест која довела до смрт. Тие луѓе не умреле од претходни заболувања или од старост“, вели Јоханес Фриман, еден од најугледните германски патолози, како и Карл-Фридрих Бириг, претседател на Здружението на германски патолози, Густаво Баретон, претседател на Германското здружение на патолози и Тил Акер претседател на Германското здружение за невропатологија и невроанатомија, кои кон крајот на минатата недела повикаа на виртуелна прес-конференвија за да ги претстават резултатите од заедничките изтражувања.

    Короната го напаѓа крвниот систем

    Клиничките обдукции, исто така, докажуваат дека САРС-Ков-2 по многу тоа се разликува од нормалниот вирус на грип.

    „Факт е дека короната не ги погаѓа само белите дробови и тоа е познато од првата обдукција. Вирусот предизвикува томбози, односно мали крвни згрутчувања, секаде во телото. Тоа својство на короната е заедничко со вирусите на грип. Но, кај короната – овие нарушувања во згрутчувањето се девет пати поголеми отколку кај грипот“, вели Баретон, патолог од Универзитетската болница во Дрезден.

    Тоа е веќе јасно покажано во научните редови на германските универзитетски патолози кои дадоа важен придонес во разбирањето на Ковид-19. Тие делуваа брзо и работеа темелно и затоа тие студии се меѓународно високо оценувани.

    Тие покажаа:

    – огромно оштетување на крвните садови

    – прекумерно згрутчување на крвта со запушување на најфините белодробни крвни садови

    – специфично стварање нови крвни садови

    и ова се карактеристични и прв пат опишани промени во белите дробови кај Ковид-19. Тие промени значително се разликуваат од слични тешки белодробни зарази предизвикани од вирусот на грип.

    Покрај тоа, германските стручњаци докажаа дека Ковид-19 не е локална инфекција на дишните органи, туку е вирус кој влијае на клетките на внатрешните обвивки (ендотел) и со тоа доведува до воспаление на повеќе органи: бубрези, срце, слезина, црн дроб…

    Ендотелските клетки ја прават внатрешната плочеста облога на најфините крни садови – капилари, преку кои се врши основниот метаболизам на организмот. Допирната површина која овие клетки ја имаат со крвта е огромна – меѓу 4.000 и 7.000 квадратни метри. Капиларите се наоѓаат во сите органи и покрај тоа што осигуруваат размена на материи, делуваат и како резервоар на крв.

    Познато е веќе дека клиничките фактори на ризик за тежок облик на Ковид-19 – пушење, висок крвен притисок, дебелина, дијабетес, машки пол – и онака веќе се поврзани со оштетувања на ендотелот.

    Нов рецептор на корона?

    Невролошките обдукции на умрените пациенти докажаа дека третина од нив имале воспалени клетки во мозокот. Короната очигледно таму стигната преку нервниот систем во рецепторите за мирис во слузницата на коренот од носот. Тоа ги изненади научниците затоа што таму едвај има АЦЕ2 рецептори – кој пак се смета за главна врата за вирусот во човечкиот организмот.

    „Во мозокот очигледно новиот рецептор е неуропилин-1“, вели Тил Акер, невропатолог во Универзитетот во Гисен и укажа на неопходноста на понатамошните истражувања.

    Овие и претходните сознанија се постигнати под многу тешки услови, повторија неколкупати врвните стручњаци, врз основа на релативно мал број обдукции: само 154 или два отсто од 9.000 починати до сега во Германија.
     
  19. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1529 тестирања, а регистрирани се 89 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-39, Куманово-10, Дебар-1, Штип-4, Прилеп-8, Тетово-1, Струга-3, Битола-1, Охрид-4, Кавадарци-3, Гостивар-2, Струмица-1, Крива Паланка-1, Кочани-1, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-3, Валандово-1, Делчево-2, Кичево-2.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 215 оздравени пациенти од: Скопје-72, Штип-18, Прилеп-2, Тетово-1, Струга-4, Битола-8, Охрид-1, Кавадарци-22, Гостивар-19, Гевгелија-3, Кочани-9, Пробиштип-1, Демир Хисар-8, Македонски Брод-13, Виница-5, Делчево-1, Свети Николе-13, Кичево-12, Ресен-1, Неготино-2.

    Починати се 7 лица, тројца пациенти од Скопје (72г, 84г и 65г ), еден од Прилеп (65г), еден пациент од Тетово (62г), еден од Гостивар (74г) и еден пациент од Кичево (58г). Сите се починати во болнички услови.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14004, бројката на оздравени пациенти е 10722, на починати е 585, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2697.
     
    На vitamina, referentka, P.S.love и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Fifi84

    Fifi84 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    3.564
    Пол:
    Женски
    аман бе 7?
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.