1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.816
    Допаѓања:
    323.903
    Ама паднат бројот на ново заболени.
    Е 7 починати се многу:(
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.170
    Допаѓања:
    42.114
    Пол:
    Женски
    Многу се, ептен.
    Не знам што е причината, ама не ми се допаѓа.
    Дали е терапијата во прашање, дали имале претходни заболувања.
    Се може да игра улога.
    Не паметам кога сме имале последен пат ден без мртви од коронава.
    Како почнало...
     
    На Ahoy и BlackNight им се допаѓа ова.
  3. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.407
    Допаѓања:
    5.913
    Пол:
    Женски
    А реално пострашна индикација е бројот на починати. Дали еден ден имаше без ниту еден починат:(
     
  4. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.806
    Пол:
    Женски
    Овде се ближи колективен имунитет ,затоа бројката опаѓа , проблемот е колку време антителата се задржуваат во организмот
    Коа ќе се дојде до 20000 заболени помножено со 10 =200000...
    Мн ми е жал за починатите , го сотре наррадов :@
    Моја познаничка 53 години има и сеуште има последици , тешко се задишува и и опадна косата :worried:
     
  5. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    За колективен имунитет треба минимум 1 200 000 да се заразат (или вакцинираат) :|
     
  6. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.806
    Пол:
    Женски
    1200000?
    Јас од др Даниловски разбрав дека требало 200000 да заболат или да се вакцинираат за да нема преносливост (20000 помножено со 10 бидејќи сигурно тој 1 бил во контакт со тие 10 ), така бар слушнав ,не сум експерт, и јас сум во паника заради коронава познавам неколкумина што починаа и што заболеа , едноставно сакам што побрзо да исчезне ова или да спијам дури не заврши ова
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.530
    Допаѓања:
    8.692
    Пол:
    Женски
    У Македонија моментално дали има толку луѓе :worried:
     
    На Mami3, dayla, темјанушка и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Така можеби, одев по офц. бројки :)

    Знам, само одев по официјални бројки на население :|
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.944
    Човек од Скопје, со симптоми на Ковид бара тест.
    Матична му закажува тестирање за 6 дена во Куманово.
    Успут во контакт е со таму некој Ковид број (епидемиолог ваљда) и му даваат антибиотик. Превентивно.
    Нити се знае дали има Ковид, нити е од било кого прегледан. Седи дома и чека тестирање по 6 дена од датумот кога решиле да му закажат и си пие антибиотици.
    Антибиотици прават партал со имунитетот. Последен пат имам голема доза (и било каква доза) пиено пред 3 години. Повеќе од пола година не можев во нормална функција да си го вратам имунитетот.
    Во меѓувреме човекот се тестира приватно и излегува негативен.
    Ковид тргнува на непоправливо лошо во просек 7-8 дена по појава на симптоми. Таман со позитивен резултат би можел да добие и хоспитализација со трајни последици.
    Затоа има толку смртни. Оти бирократијата е побитна од човечкиот живот. Побитно е да се запазат бирократските процедури и тие да бидат покриени отколку навистина да се излечи човекот.
     
    На Ivan4e04, jacqueline.s, dayla и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Филипче: Да се овозможи слободен премин на границите, но да има контрола над состојбата со вирусот

    Во однос на границите и слободното движење на патници во земјите од регионот, Филипче посочи дека треба да се заземе координиран пристап помеѓу земјите како границите да бидат отворени и да им се олесни преминот на патниците, а притоа да се обезбеди контрола над ситуацијата со коронавирусот, на што се сложија и останатите учесници на конференцијата.

    Врз основа на ова, на видео состанокот е договорено да се изработи иницијален документ на взаемен протокол за границите. На документот ќе работи работна група составена од членови од сите земји на Западен Балкан, Грција и Бугарија, а следната видео конференција на која ќе се дискутира за протоколот ќе се одржи, најдоцна, за две недели од денес.
     
  11. Fifi84

    Fifi84 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    3.564
    Пол:
    Женски
    Ама битно се лупаат у гради колку тестираат! Лугето од свој џеб се тестираат, државата дали тестира 25 посто од цела бројка на тестирани!
     
    На noteforself, темјанушка и bicycle им се допаѓа ова.
  12. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.170
    Допаѓања:
    42.114
    Пол:
    Женски

    Јас кога пишав тука за брат ми дека му препишаа Сумамед, без причина а добро се осеќаше цело време ме нападнаа дека ние дома повеќе знаеме отколку некои што завршиле медицина и немаше потреба од сумамед ама добро.
    Некои што ги знам заболени, без сумамед поминаа.

    За антибиотиците сум свесна, во месец април пиев едни антибиотици, од нив почна и коса да ми паѓа постепено, желудникот ми беше лом, партали што велиш, и ден денес чувствувам последици.

    Како што кажав претодно на темава, брат ми се молеше за тестирање, матичната го праеше будала, па тој се тестираше приватно.

    Здравствениот систем ни е каша попара, општо, не само за коронава.
    Од погрешни дијагнози до погрешни лекарства.

    Брат ми пак ќе го спомнам, кога правеа систематски преглед преку работа, кога си ги виде резултатите кои им беа дадено на лист, се преплаши, буквално, толку лоши резултати нема ниту кај стар човек, после му следеше извинување дека се било погрешка.
    Сега си викам што ако започнал терапија според резултатите, ехеј, крајот немаше да му се најде со лекови.
     
    На jacqueline.s, LejlaD, green.eyes и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
  14. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.901
    Допаѓања:
    139.430
    Пол:
    Женски
    Со такви симптоми одма на ургентно. Не е корона ама може друго да е.
     
  15. Azeret

    Azeret Активен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2020
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    21
    Sto moze da e drugo?
    Bev minatata godina na snimanje mi rekoa nisto nemam samo brufen i diazepam da pijam koa ke me boli, nekolku meseci mi trestana sea pak me fati denje noke nonstop me boli :/
     
  16. Azeret

    Azeret Активен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2020
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    21
    Plus imam za vo cair uput za snimanje pak ama duri 17 ti septemvri do togas mi rekoa brufen da pijam ili efridol so analgin ..
     
  17. babybubu

    babybubu Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2014
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    1.102
    Имам едно прашање, во неделата со сопругот бевме со пар заедно излезени, за денес да ни кажат дека и двајцата се позитивни.
    Ние во меѓувреме се видовме со домашните кои што се во ризична категорија, незнаејќи дека парот е позитивен, тоа го дознавме дури од кога заврши средбата со домашните. Ме интересира дали треба да се тестираме и ние? Дали треба да сме во изолација или само доколку не наведат како контакти? Инаку од позитивните жената е најверојатно асимтоматска, а мажот имал температура уште во понеделникот, поради што се тестирале и двајцата.
    И уште ме интересира, дали е можно и ние да им пренесеме на домашните?
     
  18. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.200
    Допаѓања:
    27.459
    Најпаметно е да си седете во самоизолација две недели и да видете дали ќе развиете симптоми.
    Носевте ли маски кога се дружевте?
    После колку дена од средбата се видовте со родителите?
     
    На Celltica и Ahoy им се допаѓа ова.
  19. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Ако во понеделникот појавил симптоми а вие сте биле заедно во неделата сте имале контакт, за жал тоа е период кога човекот е доста заразен за луѓето околу него.
    Сепак: дали носевте маски, колку време траеше контактот и дали беше на отворен или затворен простор?
     
    На Azeret и Celltica им се допаѓа ова.
  20. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Балкан апдејт 27.08.2020
    1. Романија- 1504 новозаразени од 25 052 тестирани примероци, односно 6% (6.0%).
    2. БиХ- 311 новозаразени од 1906 тестирани примероци, односно 16%.
    3. Хрватска- 304 новозаразени од 2849 тестирани примероци, односно 11%.
    4. Грција- 251 новозаразени од 15 441 тестирани примероци, односно 2%.
    5. Бугарија- 162 новозаразени од 3884 тестирани примероци, односно 4%.
    6. Албанија- 156 новозаразени од 865 тестирани примероци, односно 18%.
    7. Косово- 141 новозаразени од 534 тестирани примероци, односно 26%.
    8. Србија- 125 новозаразени од 8836 тестирани примероци, односно 1%.
    9. Македонија- 89 новозаразени од 1529 тестирани примероци, односно 6% (5.8%).
    10. Црна Гора- 59 новозаразени од 428 тестирани примероци, односно 13%.
    11. Словенија- 33 новозаразени од 1299 тестирани примероци, односно 3%.



    За споредба со вчера:
     
    На vitamina и Biljarkata им се допаѓа ова.