1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Igle

    Igle Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.728
    Допаѓања:
    18.443
    Пол:
    Женски
    Не знам колку е фејк, ама не беше нормално и асимптоматски или лесни случаи да чекаат по 20+ дена за два негативни тестови. И членки на форумов имаше кои седеа дома здрави по месец дена во карантин.
     
    На Ivan4e04, CameliaMiller, Angie1432 и 9 други им се допаѓа ова.
  2. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    12.848
    Пол:
    Женски
    Дај ако не, нека воведат 10 контролни, таман една година ќе фати додека потврдат дека негативен е некој.
     
    На CameliaMiller, Angie1432, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  3. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.265
    Пол:
    Женски
    Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека сите лица кои биле во контакт со заразен со коронавирус треба да бидат тестирани, без оглед дали имаат симптоми. Препораката следи откако епидемиолозите во САД проценија дека тестовите не се неопходни за оние кои не покажуваат симптоми на болеста.

    Експертот на СЗО, Марија ван Керкове истакна дека СЗО препорачува доколку е можно да се тестираат сите контакти, без оглед на развојот на симптомите. Таа вели дека тестирањето на контактите е од суштинско значење за разбивање на синџирот за пренесување на вирусот.

    Според неа, само носењето маска не е доволно, туку е неопходно и одржување на физичко растојание и миење на рацете.
     
    На Sahlene му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.218
    Пол:
    Женски
    Па според кажаново од страна на министетот, на среќа или "жими мајка" треба да веруваме дека сме негативни??
     
    На Sahlene му/ѝ се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.944
    Куп држави уште од почетокот не прават тестови за крај на болеста. Многу сега престанаа при по 14 дена уште не е издвоен вијабилен вирус од горни дишни патишта (значи по 14 дена не можеш да заразиш никого)
    Тука 10, оти очигледно и онака ти треба 4-5 дена резултат да добиеш и уште толку да се тестираш. Најголем проблем останува што си шетаат луѓе кои се тестирале, а уште немаат позитивен резултат. Изгледа ако се тестираш на приватно не ти даваат да потпишеш дека до добивање на резултатот ќе седиш дома. На државно знаеме нема термини...
    Џабе ќе го стават во изолација после ако се прошетал додека е најзадазен.
    Ама да живее бирократијата, единствено е битно бирократските процедури да ги одржиме.
     
    На Celltica и Ahoy им се допаѓа ова.
  6. Loretta

    Loretta Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2013
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    639
    Луѓе, после колку време од позитивен тест ве контактира епидемиолог?
    Кај мене еве втор ден не се јавиле воопшто, нит полиција дошла да види дали сме дома, ниту пак анкета ми направил некој. Последен контакт беше од ЦЈЗ кога ми кажаа дека сум позитивна и дека ќе ме контактира епидемиолог.
     
  7. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.337
    Не беше исто така нормално да чекаш и за брис и за резултат, па дури по позитивен резултат да ти рачунаат 14 дена, наместо од земен брис. Ама затоа за на граница тие 72 или 48 часа важи всушност од земен брис, не од добиен резултат...
    Нека се одлучат.
     
  8. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.218
    Пол:
    Женски
    Ама нели ние ќе го очекуваме сега на есен следниот пик?

    Како без крајни тестови,?

    Еве јас да испаднам позитивна, после 2 недели ќе сакам да знам дали сум "оздравела".

    Како ќе одам на работа, пазарувам, излегувам.. ако немам доказ дека сум негативна? Прво за мене и моето семејство ќе стравувам, па потоа и за сите други со кои би била во контакт.

    Ќе не тераат на приватно да плаќаме за тестирање??
    Пак бизнис ќе тераат??
     
  9. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.761
    Допаѓања:
    93.195
    Пол:
    Женски
    Какви крајни тестови?
    После 20дена ,нема никаква потреба од тест.Во многу држави после 14.
     
    На CameliaMiller, green.eyes, JuLleE и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Некои држави воопшто немаат ни статистика за оздравени пациенти.
    И не се некои "обични држави".
    Шведска, Холандија, Велика Британија и Шпанија ако не се лажам немаат никаква статистика за број на оздравени.
     
    На vitamina, CameliaMiller, green.eyes и 2 други им се допаѓа ова.
  11. prvaB

    prvaB Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2020
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Женски
    Братучетка ми ја контактираа после еден ден од кога и кажаа дека е позитивна, па она ди направи преку крвта, излезе негативна. Епидемиологот и рече да си седи дома пошто и извештај и стаса, ама она нема симптоми и рекол 10 дена ќе седи и ќе и праи он ПЦР, преку крв неморало, ако она си сакала да си праи треба на приватно да си плати, за неа, а за него немало потреба. Она веќе 8 дена е дома, нема симптоми.. Ја проверуваат и матичната и звони да ја провери како е.. Она праеше во една недела два теста за преку граница и на едниот негативно, на другиот позитивно..
     
    На Loretta му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    27.882
    Целата поента на контролниот тест беше дали си уште опасност за околината. А за тоа пиша веќе членката дека по 14 дена не си, објасни и зошто. А како мислиш дали си оздравена да знаеш, кога ако си асимптоматски не си ни болна? Ако мине периодот, веќе не можеш да заразиш никого и нормално се враќаш на обврските.
     
    На CameliaMiller, prvaB, Kitten и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.975
    Допаѓања:
    265.919
    Не, не, рачунат од земен брис за контролен.
    Супер е ова, нема зошто да се чека, секако не си заразен после 5 ти ден, а не па 10 ти.

    Инаку, за тест и на приватно се чека. Јас чекав за прв повеќе , се јавив доцна, ама во Струмица имало термин. Син и маж во понеделник се јавија, во среда ги тестираа.
    Тогаш на приватно немаше термини.
     
  14. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.218
    Пол:
    Женски
    Секој кој бил позитивен од Корона, после 2 недели поминати во изолација сака да знае дали "се излечил", дали е негативен за да почне нормално со своите обврски.

    Сведоци сме, слушаме, читаме дека има случаеви каде првиот тест после 2 нед. е пак позитивен, па дури и во некои случаеви и вториот..

    Други примери има каде првиот тест е негативен, а вториот позитивен, и пак си уште "опасност" за сите.

    Вака без никаков тест, дури и по 20 дена( знак прашалник дали ќе седат дома 20 дена, или ќе почнат да се рашетуваат по 2 недели) пак не си "начисто" сигурен, и верувам дека многу луѓе ќе се тестираат приватно(зошто нема да можат државно) да бидат сигурни во крајниот резултат.

    Сега иде сезона на грипови, опаднати имунитети, вируси... често може да се дојде до "лажна" слика на симптоми на корона и по 20 дена.

    Јас да сум позитивна, (а верувам и многу други) ќе се тестирам за краен резултат, да бидам сигурна дека сум негативна(без да си барам и чекам симптоми)
     
    На tinka-mace му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    И да си позитивен после толку дена, не претставуваш опасност за другите.
    Вирусот во тебе не е вијабилен, т.е. нема можност да се реплицира во туѓи организми.
     
    На CameliaMiller, green.eyes, JuLleE и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    27.882
    Точно, добиваат позитивен ПЦР тест, тоа значи најден е генетски материјал од вирусот. Не значи дека е издвоен вирус. Тестот не детектира постоење на вирус, туку негов генетски материјал. Е сега, иако има случаи на такви лица кои не добиваат долго негативен резултат, членката појасни дека вијабилен вирус сеуште не е изолиран после 14 дена, јас го знам истиот податок за асимптоматски. Тоа значи, и да постојат генетски траги од вирусот, не постои активен вирус кој може да се пренесе и преживее во нареден домаќин.
     
    На Fifi84 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.218
    Пол:
    Женски
    И да не претставувам опасност, нема да сум мирна додека не сум сигурна...
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.218
    Пол:
    Женски
    Ќе читаме за кратко тука(посебно кога ќе започне учебната година) дека нема место и термин за тестирање во приватните болници...

    Живи били па видели...
     
    На tinka-mace му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    27.882
    Па и сега нема термин и место, ама не знам каква врска има тоа со ова што го дискутираме. Баш ќе се ослободи простор за да се тестираат новозаразени. Претпоставувам и затоа им е донесена одлукава, зошто се свесни дека ќе се влоши состојбата.
     
    На JuLleE, Fifi84, Kitten и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.218
    Пол:
    Женски
    А зошто нема термин никаде (ни во приватните) кога меркава е донесена од 25 Август?

    Пак има, и ќе има гужви и турканици за тестирање.

    Тие со "врски" пак ќе си се тестираат на државен трошок.

    Другите на "жими мајка", или ќе одат приватно