1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Fifi84

    Fifi84 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    3.564
    Пол:
    Женски
    Зар на ортопедија на клиника?
     
  2. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.468
    Знам дека сум оффтопик, ама им отвориле работа на мачкиве.:D
     
  3. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.748
    Допаѓања:
    284.767
    Пол:
    Женски
    Пред 1 месец бев на преглед со мајка ми кој го одложував со месеци.Докторот маска под брада визир на чело кренат.
    Баш си реков леле колку е лабав човекот.После некое време разбрав докторов позитивен жена му в болница завршила.Не бе не ни иде памет и одењево на лекар испадна поризично од било што..
     
    На poi, mal.ecka, azelea и 5 други им се допаѓа ова.
  4. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.545
    Допаѓања:
    38.810
    Пол:
    Женски
    Во Битола на ортопедија.
    Ноќта бевме во 1 по полноќ, немаше гужва, ама прво на врата не пречека обезбедување без маски, во ургентно беа со целосна опрема ама пред нас ја облекуваа, па кратко го виде доктор без маска и не пушти на рентген. Таму само носеше сестрата маска. После мажот ми влезе со него да го преврзат, докторот и двете сестри што му ја ставаа лонгетата без маски. :sweat:
    Не знам Скопје како е, претпоставувам носат сегде на клиника.
     
    На poi, LejlaD и Fifi84 им се допаѓа ова.
  5. Fifi84

    Fifi84 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    3.564
    Пол:
    Женски
    Срамота
     
    На noteforself, tinka-mace, LejlaD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    11.363
    Допаѓања:
    222.097
    Пол:
    Женски
    Не е дека на дежурство сте биле,вчера во аптеката бев во болницата.Надвор доктори и персонал со цигари,маски нормално под брада.Во аптеката маска не носеше аптекарката,двајца од персонал болнички влегоа по мене,без маски-ручек време...
     
    На Herrera, mal.ecka и kristina.k им се допаѓа ова.
  7. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.545
    Допаѓања:
    38.810
    Пол:
    Женски
    Катастрофа.. :|
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  8. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.975
    Допаѓања:
    265.919
    Има Уредба ама кој ја почитува.
    Еве и мене никој не ме контролираше, среќа бев совесна па седев дома.
    Го минав целиот циркус, имав среќа да ми се погоди матичниот и останатите.
    Ама дека има доста пропусти, има.
    И државата и народот си има вина. Колку што државата нема контрола толку народот е несовесен.
    Пишав, за корона се дискутира само овде. Надвор лабаво.
    И тоа е. За жал.
     
    На poi, LejlaD и tina2018 им се допаѓа ова.
  9. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.170
    Допаѓања:
    42.119
    Пол:
    Женски
    Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 817 тестирања, а регистрирани се 39 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-7, Куманово-3, Прилеп-8, Тетово-2, Струга-2, Гостивар-11, Гевгелија-2, Кочани-2, Кратово-1, Свети Николе-1.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравен пациент од: Скопје-6, Штип-21, Тетово-3, Струга-1, Битола-1, Гостивар-6, Гевгелија-1, Кочани-2, Пробиштип-1, Виница-2, Кичево-4.

    Починати се 4 лица, двајца пациенти од Куманово (43г и 66г), двајца од Скопје (71г и 77г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
     
    На poi му/ѝ се допаѓа ова.
  10. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.407
    Допаѓања:
    5.913
    Пол:
    Женски
    Многу мала бројка на тестирани.Сигурна сум дека се многу повеќе заболени од ова.
     
  11. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.337
    Толку се пријавиле.
    Ете баш проверив, има лаборатории што не тестирале ниеден. Значи не прават колку ќе им текне, туку колку примероци ќе им се донесат.
    А и башка на неделно ниво е подобро да се пресметува процент, не на дневно.
     
    На Ahoy и Angie1432 им се допаѓа ова.
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.944
    Има по регионално ниво колку се тестирани? На пр. колку примероци се земени Кочани, колку Штип, бла бла бла...
     
  13. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.337
    Не знам тоа.
    Ова само најдов.

    Направените 817 теста се преку: ИЈЗ- 196, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена-148, Биотек-178, МАНУ -0 Жан Митрев (Филип Втори)-0, Систина со PCR метода -141, лабораторија Лаор –92, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-49, Инфективна клиника-0, ГАК-13, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 147.819 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
     
    На poi му/ѝ се допаѓа ова.
  14. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.265
    Пол:
    Женски
    Македонија е на второ место во регионот по стапката на смртност од Ковид-19, објави црногорската агенција МИНА, која објавува официјални податоци од здравствените власти во државите.

    Најголема стапка на смртност има во Словенија, а на трето место е Косово.

    Стапката на смртност во Словенија е 4,69 проценти, во Македонија 3,99 проценти, на Косово 3,84 проценти, во Албанија 2,96 проценти, во БиХ 2,95 проценти и во Србија 2,27 проценти.
    Стапката на смртност во Црна Гора е 1,97 проценти, а во Хрватска 1,86 проценти.

    Македонија е на трето место од земјите во регионот по бројот на активни случаи на коронавирус на милион жители. На прво место е Црна Гора, а на второ е Косово, објави црногорската агенција МИНА.

    Во Црна Гора има 7.503 заразени на милион жители, 7.342 во Косово и 7.175 во Македонија.

    На четврто место е Босна и Херцеговина со 5.578, следат Србија со 4.480, Албанија со 3.222, Хрватска 2.417 и Словенија со 1.369 заразени на милион жители.

    Најголем број хоспитализирани на 100 илјади жители се регистрирани во Косово, по што следат Црна Гора и Македонија.

    Во Косово се регистрирани 20 хоспитализирани на 100 илјади жители, во Црна Гора 18, во Северна Македонија 15, а во Србија девет хоспитализирани на 100 илјади жители.

    Најмногу тестирани на еден милион жители има во Србија, 131.889 на милион жители, на второ место е Црна Гора со 77.992, а на трето место е Словенија со 76.267.

    На четврто место е Македонија со 70.674 тестирани на милион жители, по што следат БиХ со 51.669, Хрватска со 40.617 и Албанија со 21.255 тестирани на милион жители.


    ©Makfax.com.mk
     
    На poi му/ѝ се допаѓа ова.
  15. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.265
    Пол:
    Женски
    Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
    • Чаир – 108
    • Гази Баба – 102
    • Аеродром – 107
    • Карпош – 88
    • Центар – 81
    • Кисела Вода – 100
    • Ѓорче Петров – 55
    • Бутел – 66
    • Шуто Оризари – 32
    • Студеничани – 25
    • Сарај – 25
    • Арачиново – 15
    • Илинден – 14
    • Сопиште – 6
    • Чучер Сандево – 4
    • Петровец – 10
    • Зелениково – 3
    • Странец – 9
    • Нераспределен – 1
     
  16. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.468
    Ц ц ц... И после под контрола била состојбата.(facepalm):talk:
     
  17. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.199
    Допаѓања:
    222.305
    Пол:
    Женски
    Забележувам дека и покрај намалените тестирања денес процентот е значително опаднат.
    На 800 тестирање излегуваа околе 80 позитивни.
    Сега 40.
    Да веруваме дека ќе се намалува.
     
    На Any05, koritsaki, LejlaD и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.376
    Допаѓања:
    42.205
    Пол:
    Женски
    Реално вака и треба да биде, како и со секој грип. Дур си болен ќе си седиш дома. Ако навистина треба да учиме да живееме со вирусот како што пропагираат.
    Мене не ми е реално за секоја настинка јас да барам тест да ми прават. Не е фер луѓево да живеат постојано под стрес, треба да се продолжи со животот.
     
    На kukla21, An-na, nevermet18 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.337
    Јас со настинка не седам цело време дома освен ако се осеќам преморено па стварно да ме кутне во кревет.
    Сум била и по две недели настината, сум одела пак на школо/факултет, нормално без да се гушкам со други, ама не дека било до толку да морам да се затворам дома. Зборам за настинка, не пневмонии или тешки грипови.
    А сега за да знаеш дали да излегуваш треба да знаеш дали си прво позитивен. Зашто да седиш дома за џабе, ако си негативен. Башка ако си позитивен, тогаш нели треба да известиш контакти, а не само симптоми ако пројавиш.
    Ако си негативен, ти седиш дома и одмараш, твоите дома си одат на работа нормално.

    Пошто и со грип не се затвораш СКРОС. А со корона надвор од врата не смееш.

    Плус гледаме како се однесуваат кон итни случаи. Ако имаш симптоми, а не си тестиран и ти се слоши ептен, што ќе кажеш? Има корона или не?
     
    Последна измена: 30 август 2020
  20. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Со тек на време вирусот слабее, па така очекувано е и бројката да опаѓа :)
     
    На LejlaD и senjorita-v им се допаѓа ова.