1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Со вирусен титар под 40 тестовите може да детектираат вирус во организмот, односно да си позитивен.

    Меѓутоа колку помал титар, толку поголема количина на вирусот во организмот.

    Така, со титар над 26- 27 пациентот најверојатно ќе биде асимптоматски, со титар над 20 најверојатно ќе мине со лесни симптоми, а со титар под 15 се очекува да има потешки симптоми.


    Кога се прави тест за новиот коронавирус SARS-CoV-2, резултатот покрај негативен, може да биде позитивен или "позитивен."

    Што тоа значи? Се зависи од вирусниот титар (концентрацијата на вирус во примерокот). Методот на RT-PCR е високо сензитивен и тоа претставува еден од најсилните и воедно најслабите атрибути на оваа технологија. Методата теоретски може да детектира неколку вирусни честици во самата реакција (ултрасензитивност) и да даде резултат којшто е позитивен, ама неговата концентрација е најверојатно недоволна за да зарази друго лице [секако треба и големи контролирани студии за да се потврди ова].

    Бидејќи за зараза потребна е одредена инфективна доза на вирус (којашто најверојатно се мери во илјадници активни вирусни честички, а не десетици), не сите пациенти со "позитивен" наод за коронавирус се инфективни [иако треба повеќе контролирани студии за да го подржат ова].

    Поради оваа ултрасензитивност, некогаш има нескладност на резултатите меѓу лаборатории. Замислете ова, да речеме дека вирусот е зрнце ориз и прагот на детекција на методата е едно зрнце. Имате сад со 1 L вода во којшто фрлате 10 зрнца ориз; oд тој сад, со мала чашка земате примерок на вода (аналогно на земање на брис) - два од десет пати во чашката ќе има зрнце ориз и тие два пати ќе детектирате позитивен резултат, а осум пати негативен. И од тука доаѓа нескладноста на резултатати кај некои пациенти, кога се работи за примероци со ултранизок титар на вирус.

    Доколку во садот со вода има милијарда зрнца ориз, многу е веројатно дека со секое земање на вода од садот вие ќе опфатите и стотици/илјадници зрнца ориз (што значи дека во сите лаборатории резултатот секогаш ќе биде позитивен). Затоа секогаш има складност помеѓу лаборатории кога се работи за примероци со висок титар.

    Титарот е највисок 1-2 дена пред појава и 1-3 дена после појава на симптоми, затоа е најдобро тогаш пациентот да се тестира. Исто така, според мене треба на секој резултат да се пишува приближната концентрација на детектиран вирус.
     
    Последна измена: 31 август 2020
    На KuklickaSk, JuLleE, Tan4ence и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    27.882
    Во Македонија веројатно да, евентуално тие што си фатиле врски за тест. Ама тоа не значи дека немаше да знаеме дека има асимптоматски случаи. Може немаше да знаеме дека е тој и тој, ама ќе знаевме дека постојат.
     
  3. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.337
    Може сакаше да каже немаше кај нас ниеден потврден асимптоматски да знаеме.
     
    На candy.cane и fana им се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.280
    Допаѓања:
    168.233
    Ние желните за гз у море и без корона со нискиве бројки сме на апарати од возбуда.

    Јас сум болесник, си признавам. Си го најдов начинот и така, ама сеа Грчка ако отвори... јао братеее, до ноември ќе одам секој викенд.

    Да честитаме 11 денешни, за многугодинидае.
     
    На Waverly Raven, KuklickaSk, JuLleE и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Да се пријавам и јас :D
     
    На JuLleE, Lilit и vitamina им се допаѓа ова.
  6. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    6.013
    Допаѓања:
    158.432
    Пол:
    Женски
    ИТНО !!! Потребни се донатори на 0- (НУЛТА НЕГАТИВ) . Пожелно е да се од Скопје и да извршат донација на клиниката МАЈКА ТЕРЕЗА. Ве молам исконтактирајте ме на број 071394080 и споделете го статусот

    Го копирав од фб...може ќе се најде некој да помогне.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    18.026
    Допаѓања:
    124.003
    Пол:
    Женски
    Апсолутно.

    Како еве јас моментално да знам дали сум асимптоматска?
    Пари за тест немам, матичен (освен да излаже) нема начин како да ме прати на бесплатен тест.
    И? @Celltica
     
    На Tan4ence му/ѝ се допаѓа ова.
  8. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.359
    Допаѓања:
    125.912
    Зашто?
     
  9. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.395
    Пол:
    Женски
    До пред два дена бројките константно беа над 160, па дури и до 200 имаше и сега одеднаш 11 заразени.
    Како не им е срам да пишат таква глупост?

    Само глупи би поверувале на овие срања.
    Пиши 88, па 39, па 11, па утре 0 заразени.

    Значи бројките никогаш не биле реални, само што денес драстично ги намалија за да се почне со физичко присуство по школите. Мора да се лапнат тендерчиња.

    Плус да не заборавиме дека нова влада се формира и еве бројките магично паѓаат. Владата успешно се справува.

    Каде е вирусот? Исчезна? Преку ноќ испари баш кога сите лудуваат насекаде без маски и дистанца.

    Битно убави вести биле, а то што докажаа дека си го играат ку*от со нас како сакаат, не е битно.
    Бројки од ракав фрлани цело време. Ете ви доказ.

    Па ќе рипам од радост бе (facepalm)
    За грев.
     
    На BlackNight, Ева33, Принцезичка1 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    12.033
    Допаѓања:
    180.229
    Пол:
    Женски
    Последниве 7-8 позитивни случеави од овие 3-4 дена имале мн контакти. И биле доста рашетани. Од болници до кафани, од збиранки и веселби до работни места.
    Имало и многу пријавени за тестирање.
    А плус што спремаат и ковид центар да имаме од октомври.
     
    На LejlaD, eli25 и nena2010 им се допаѓа ова.
  11. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.376
    Допаѓања:
    42.205
    Пол:
    Женски
    Какви тендерчиња за образование со физичко присуство?
    Изгледа немаш прочитано дека набавиле софтвер преку тендер за онлајн настава. И потрошиле 15 милиони евра! :!:
     
    На KuklickaSk, anastasijaki и JuLleE им се допаѓа ова.
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.901
    Допаѓања:
    139.435
    Пол:
    Женски
    Оф мајко мила. Ајде со лесно да минува.
     
    На LejlaD и Ahoy им се допаѓа ова.
  13. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Не знам дали примети број на тестирања.

    Тие 160+ (што патем беа поретки последниве денови) беа регистрирани од 1800+ тестирања.
    Конкретно пред 3 дена имавме бројка од 159 заразени од 2018 тестирања. Тоа се скоро 8%.
    Денес имаме 11 новозаразени од 450 тестирања и тоа е нешто повеќе од 2%, што секако е за радување, макар било и за еден ден.

    Изминатиов период се покажа дека во понеделник имаме помалку заразени затоа што има помалку тестирања, а овој пат плус беше и продолжен викенд.

    На 11 мај (понеделник) биле направени 145 тестирања и биле регистрирани 22 нови случаи, што е 15%.

    На 04.08, исто така ден после продолжен викенд направени биле 830 тестирања од кои 75 биле позитивни што е 11%.


    Нашиот најголем број бил достигнат на 18.07 кога сме имале 241 позитивен случај од 1700 тестирања што е 14%.

    Додека пак, најголем број на тестирања во земјава сме имале на 14.08, односно 2172 тестирања од кои позитивни биле 160, а тоа е 7%.


    Статистиката самата по себе доволно зборува, меѓутоа секогаш поверодостојни ќе бидат поголемите, по црни бројки веројатно. Но, и тоа го разбирам, често и јас сум таков, а за тоа има една добра: ,,Во светот се случуваат толку многу лоши работи што не можеме да веруваме во добрите" :).

    И да, рипав од радост :D
     
    На candy.cane, green.eyes, Hellobeautiful и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.337
    Значи ако некој рече дека големите бројки не се реални одма му рипате дека не верува во корона, а сега викаме дека малите бројки не се реални.
    Не знам стварно. Знаеме всушност кои бројки не се реални ама нека, да си ќутиме.
    Знаеме кои информации се кријат, ама никако да не правиме муабет за тоа.
     
    На jacqueline.s му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Принцезичка1

    Принцезичка1 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2016
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    5.403
    Пол:
    Женски
    Баш ова и јас го мислев.
    Вака направија и на почетокот на Мај, ги укинаа сите мерки за заштита и кажуваа дека има по 5-10 заболени за луѓето да почнат да одат на работа.
    Сега истото се случува.Неколку дена ќе бидат ниски бројките за да се оди на училиште.
    Дај боже да сме грешка, ама се плашам дека не сме.
     
    На tinka-mace му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Leviosa2503

    Leviosa2503 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2018
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    1.235
    Пол:
    Женски
    Дали некој знае ако државјанин на Хрватска транзитира низ Србија за да влезе во Македонија, дали во Македонија ќе му бараат негативен тест за влез?
    Последно што прочитав е дека за државјани на Хрватска не треба тест за влез во Македонија, а за Срби треба, ама не ми е јасно дали ако транзитираш низ Србија треба тест.
     
  17. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.817
    Допаѓања:
    323.904
  18. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    2.006
    Допаѓања:
    2.280
    Мене ми делува дека бројот е намален деновиве, но и имаме помалце тестирање.
    Има може повеќе со лесни симптоми и не се тестираат.
     
  19. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.404
    Допаѓања:
    28.419
    Чувај се Бубче.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  20. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.404
    Допаѓања:
    28.419
    Бројката е мала зошто нема тестирања и во тие 450 влагат тестови на луѓе шо се тестираат за да излезат од земјава и да се вратат во земји на ЕУ. И ЦЈЗ и ИЈЗ и докторите од ковид центрите користат последна шанса пред есен да земат неколку дена одмор. Луѓе се и они знаеш, после 6 месеци работа секој ден, заслужиле да намалат со тестирање неколку дена.

    Може прават мн работи погрешно, ама ако нешто прават ок у коронава е што се транспарентни.

    А за на работа, мора да се вратиме СИТЕ кога тогаш. Никој нема веќе пари да плаќа за седење дома.
     
    На kukla21, crimson, oblace1 и 4 други им се допаѓа ова.