Многу убава реченица на крајот на текстот: “We’re not entirely sure when or why this change occurred. From what we can tell, the biological weapon was originally called ‘Gorki-400’ when this book was published in 1981. But by 2008, the name had been changed to ‘Wuhan-400.’” Вирусот се појавува 2019та
И? Тој што спрема специјална војна нема попаметна работа отколку да земе рандом книга и во неа да вметне показатели? Што ќе постигне со тоа? Инаку, текстот го прочитав пред да го ставам линкот, фала.
Превземено... Преку Специјалната војна се воведува концепт како можност за постигнување на стратегиски политичко- воени цели а со смалена опасност од нивна директна конфронтација. Со реализацијата на оваа концепција суперсилите настојуваат да ги оддржат позициите во земјите и регионите кои представуваат нивна интересна сфера, но и да освојат позиции во зоните на “недефинирани интереси“ и евентуално да преземат позиции од спротивната страна секогаш кога за тоа ќе се укаже и најмала прилика. Специјалната војна се води со употреба на одредени веке постоечки сили, организации и институции како и оние кои за таа цел наменски се формираат, опремуваат и обичуваат. Начелно се тежнее тие да се што помасовни, да ги има во сите структури на општеството кон кое се планира и изведува специјалната војна. Особено се дооспособуваат разните тајни и полутајни организации, друштва асоцијации и агентури на земјата – цел на пропагандата . Специјална војна претставува збир на организирани и координирани политички, економски, психолошки- пропаганди, обавештајно- субверзивни, а често и воени акции, мерки и постапки кои ги презема една или повеќе држави против други земји( група држави) народноослободителни или револуционерни движења, пред се поради наметнување на хегемонија, мешање во постоечките политички, економски и општествени односи, остварувања на одредени цели и интереси. Биолошкото војување, исто така е познато како војување користејќи микрорганизмите, употребата на патогени како што се вирусите, бактериите и други болести кои предизвикуваат биолошки агенси или отрови произведени од нив како биолошко оружје или „биооружје“. Постои јасно преклопување помеѓу хемиско војување, како и употребата на отрови произведени од страна на живите организми се сметало неетично според одредбите со ковенцијата на двете биолошки и отровни оружја и конвенцијата за хемиско оружје. Отровите кои се од органско потекло, често се нарекуваат „midspectrum agents“. Биолошкото оружје може да биде наменето за да убие, лиши, или сериозно да нарушат одредено лице, група на луѓе, па дури и цело население. Тоа исто така може да се дефинира како материјалното или одбрана против ваквата професија. Биолошкото војување е воена техника која може да биде користена од страна на националистичките држави или ненационалистичките групи. Во вториот случај, или ако националистичка држава ја користи тајно, тоа може да се смета за биолошки тероризам. И ова не е ништо ново на планетава. Човештвото го користи многу одамна, а најпознати примери од поново време се Првата и Втората светска војна како и за време на Студената војна.
Над 320 заболени, мегу кои 4 деца, утврдено е дека помегу децата нема никакви компликации или симптоми, луге под 60 год скоро и да немаат никакви симтоми а се позитивни на тестот и спонтано дома се лечат. Најризични се возрасната популација која што умира СО корона вирус НО НЕ ОД корона вирус. Многу испозаразени излезени од Милано последните 2 недели има низ цел.
Не сакав да пишам, искрено не ми е толку страв од вирусот. Витамина арно објаснила. И инфлуенцата е опасна, за луге со намален имунитет или луге со хронични болести на бели дробови COPD или астма. И сега мислам е повеќе паника, и медиумите шират за читаност, а дефинитивно некој има и профит од ова. Баш зборував на работа за оваа тема. Колешките викаат ништо страшно грип, па тука со какви бактерии и вируси имаме контакт, па уште работиме. Инаку зедов маски за мм оти се случува да работат со азбест на работа па да е заштитен. Истите се користат и за тбц, оти обична маска не штити. Ако патуваме за Италија ќе спакувам нека има за секој случај. Единствено ми страв за детето оти е мало, ние сме со добар имунитет.
Стварно се паничи на велико беспотребно, а не се прави тоа што треба - не се мијат раце и не се пази каде и како се кашла. Патем, обичниот грип има поголема стапка на смртност од корона вирусот. Единствениот проблем е тоа што овој грип се шири многу брзо и многу лесно, па може да ја отежне работата на здравствените работници. Пред да ве фати паника, отворете и прочитајте повеќе информации на веб-сајтот на World Health Organization, навистина се' е фино објаснето. Имате информации, препораки и што треба да правите за да се заштитите. Маските НЕ секогаш се потребни и НЕ секогаш помагаат. Миењето раце помага ПОВЕЌЕ од носењето маска. Тоа не значи да се сокинете од триење ако не сте испаднале денеска од дома. Не си правете сами себеси филмови, ќе ве моља. Доволно е со рекла-казала муабети, шпекулации, откажани пратки од Кина (чисто ме интересира како вирусот, на којшто му треба домаќин да преживее, ќе го преживее каргото но нејсе), расистичко однесување, Кинезите ова јаделе, тоа јаделе... Мислам......... Кој го интересираат вакви документарци, бујрум на Нетфликс, имате и цела серија за Пандемија и една прилично фина епизода за вируси во доку-серијата Explained. Накратко, прашање на време е кога ќе испадне некој нов вирус. Мене повеќе ме плаши имбецилноста на нашето здравство отколку корона-вирусот. Сериозна сум.
Баш! Нашето здравство + нехигиена + никаква култура (најди го човекот најблиску до тебе во автобус или на улица, искашлај му се во лице или припиј му се во грбот искашлај се или кивни)
@fairy88 според сите информации децата најлесно поминувале, а и најмалку фаќаат. Во однос на големата бројка на проширеност многу мал е процентот на заболени деца. Ете има и 3 месечно бебе излечено, може поблаги се симптомите кај нив исто ко и со други вируси што е случај.
Да се самоцитирам: Juventus fans are already in Lyon and are admiring the beauty of the transalpine city. No special checks related to Coronavirus were made to Juventus supporters who arrived by bus or car.
Овие теории и на заговор немаат смисла, и да е вистина зошто некој ќе издаде книга за тоа... А и незнам зошто ама кога било кој од нас ќе напише книга, што мислиш кое ќе биде првото место каде што ќе се појави? Се разбира речиси сите ќе бидат помалку развиени земји, по населени, со помали услови на хигиена и така натаму... Инаку фала @Nigredo Odor за информацијата не знаев мислев дека е вистина затоа што по многу сајтови пишуваше и тоа кој ги сметам за сигурни благодарам во секој случај.
@vitamina Би сакала само да те прашам што велат италјанските медии за ситуацијата во Рим и на Сицилија? Вчера видов дека се појавени првите случаи, дали има нови информации?
И во Грција еден дефинитивно заразен. Same. Клиниката во Штип ќе била карантин. Еве ви слики од клиниката во Штип. Пишете Штип клиника сами ќе ви искочат сликиве, мислам најзагревотна е оваа клиника од сите низ Македонија.
Па да знаат луѓето кај дошле, каде се запустеле. Како за добредојде, а ова може и како скриена порака да има седете си дома инаку еве кај ќе се најдете.
Епа тоа е уствари проблемот. Не е толку страшен вирусот колку што ни е страшно здравствово. Да појдиш на лекар со обична настинка уште 5 болести ќе закачиш. И најобичен вирус да е,не сме спремни и тоа е. И мислам дека луѓево кај нас не се толку исплашени од тоа дали ќе ,,стигне" вирусот и кај нас,туку од тоа што си ги знаеме можностите и на објекти и на кадар,и на хигиена во болници ..