1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.337
    ^А сме добиле ние нешто досега или било која земја такви средства баш според број на заразени?:?:
     
  2. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    18.167
    Допаѓања:
    191.713
    а мислиш тоа на вести би го кажале кој колку пари поделил и лапнал?
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.545
    Допаѓања:
    38.810
    Пол:
    Женски
    Имаа кажано за помош од Светска Банка, не се сеќавам колку беше, голема сума. Се си мислам 90 милиони евра.
     
  4. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.280
    Допаѓања:
    168.234
    Која пуштила дете да искочи вечерва, да оди да си го прибере од Бисер на журка.
    И после владата да преземела мерки, а самите ни преземаме, ни применуваме?!
    Шо сакаме ние еве не знам...
     
    На candy.cane, LejlaD, JuLleE и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Fifi84

    Fifi84 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    3.564
    Пол:
    Женски
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. pokahontas83

    pokahontas83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    85
    Se e e laga do koga ke veruvame ,do koga ???? Jas i site okolu mene so gi poznavam imaat hronicni bolesti ,nemozat terapija nitu termin da najdat da se lecat ,taka ke uzumrime site ,i site korona ke ne pisat ,rezil za cel svet sme nie ,sekoj od korona umira , site kutat oti se blokiraat akounti , ama gospod e golem ,ke klecat na kolena
     
    Последна измена: 2 септември 2020
  8. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    40.028
    Пол:
    Женски
    Да. И плус уште една финансиска инекција, 90+ миљончики, за учество во сценариово.
     
    На kristina.k и honey.11 им се допаѓа ова.
  9. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.525
    Пол:
    Женски
    Трамп ги извиси СЗО за парите, сега другите држави ќе го плаќаат тој дел...... кој колку ќе плати и добие никогаш нема да дознаеме.

    За тестовите, овде уште од старт кажуваат дека не се 100% веродостојни. Затоа секогаш се потенцира дека има одреден број позитивно тестирани, а реалниот број на заболени е сосема друг. Билансот на позитивни случаи овде беше корегиран минатата недела затоа што после повеќе испитувања низ кои минува еден ПЦР тест се покажало дека има тестови што дале лажно позитивен резултат. Така бројот на заразени беше корегиран за минус 3500 отприлика, а исто и бројот на починати беше намален, виделе дека тестовите на луѓе што првично мислеле дека имаат позитивен тест всушност биле негативни и починале од нешто друго.
     
    На referentka и azelea им се допаѓа ова.
  10. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски
    Сигурно сте пишувале навистина незнам што е тоа што ги прикрива тестовите да дадат веродостојни резлтати.
    Моја блиска особа е месец дена со симптоми. Задржана во болнички услови бидејќи е асматичар. Млада 42 години. Додека е хоспитализирана 3 недели има 3 негативни теста. Не зема антибиотик ако се смета за причинител да се прикрие точниот резултат него и даваат витаминска терапија и плус си ја зема терапијата што си ја зема цел живот.
    Ја пратија на домашно лекување,за една денела повторно се влоши земаат повторно 4ти тест и вчера и кажаа дека е позитивна.
    Значи месец дена е на болнички третман. Не излегува позитивна тек после 4то тестирање излезе.
    И сега?
    А не е тестирна приватно него во ману се пратени тестовите.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.944
    Имаш и тестови со различна точност, различен квалитет и различен број на секвенци детектираат.
    18,5% :D
    Јухууууу...
    Така со бескорисниот скрининг привидно го намалија процентот за да попуштат мерките, сега на грб на приватните се товарат
    :D
    државата учествува со помалку од 60% во вкупниот број тестови :D
    Не знаеме на кој квалитет се тестовите кои ги има државата и кој праг на детектирање на вирусот го имаат. Тука имаат посебни тестови за оние што се суспектни на Ковид, а добиваат негативен резултат. Тие тестови тестираат повеќе секвенци.
    И секаде скоро се третира по клиничка слика, дури и без позитивен резултат. И во Македонија @KuklickaSk рече, барем порано беше така.
     
    На Ahoy, Happyinlove и fana им се допаѓа ова.
  12. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.265
    Пол:
    Женски
    Во светот има 25,61 милиони луѓе кои се заразиле со новиот коронавирус, а 851.300 починале, покажуваат податоците коишто ги објави „Ројтерс“.

    Пандемијата зафати 210 земји и територии, откако во Кина се појавија првите случаи на инфекција во декември минатата година.

    Соединетите Американски Држави сè уште се на прво место со 6.046.185 заболени и 183.381 смртни случаи, по што следат Бразил со 3.908.272 пациенти и 121.381 смртни случаи, Индија со 3.691.166 пациенти и 65.288 смртни случаи и Русија со 1.000.048 заразени и 17.299 смртни случаи.
     
  13. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.404
    Допаѓања:
    28.419
    Да, преседникот Талат и Антонио Милошоски така беа. Негативни тестови, а ковид клиничка слика.
     
    На Happyinlove и Ahoy им се допаѓа ова.
  14. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.975
    Допаѓања:
    265.919
    Што се не добивме де:D
    Не само ние, туку сите.
    Ама вирус има, постои. Другото е политика и не зависи од нас.
     
    На vitamina, LejlaD, green.eyes и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 24 до 30 август 2020г. направени се 9.944 тестирања на вирусот SARS-CoV-2, а регистрирани сe 666 нови позитивни случаи што претставува намалување од 20,6% во однос на претходната недела.

    „Новорегистрирани случаи има во 29 градови во државата, а најголем дел се од Скопје - 31,4%. Во истиот период, во 23 града, или 7 повеќе во однос на претходната недела, бројот на ново-дијагностицирани е под 20.

    Процентот на позитивни случаи од тестирани изнесува 6.7% што претставува намалување од 0,8% во однос на претходната недела. Овој индикатор и натаму покажува континуиран тренд на намалување во однос на претходните недели кога истиот се движи од 10%, 9.4%, 8.6%, 7.8%, и 7.5%.

    Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. И во овој период најзастапена е возрасната група на лица над 60 години со 158 (23,7%) позитивни.

    Поголем број на заболени се регистрира и кај лицата на возраст од 30-39 (n=138; 20,7%), 50-59 (n=122; 18,3%) и 20-29 (n=113; 17,0%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=12; 1,8%) и 10-19 години (n=31; 4,7%).

    Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=657; 98,6%), регистриран е 71 (10,7%) хоспитализиран (намалување од 40,3% во споредба со минатата недела), а кај 195 (29,6%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети. Од вкупниот број на нови случаи, 212 (32,2%) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 24 лица со историја на патување во последни 14 дена.

    Во споменатиот период, по добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 1.112 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е 558 лица или 100% повеќе во однос на претходната недела.

    Пријавени се 35 смртни случаи од 13 градови, зголемување од 84,2% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 26 биле над 60 години, 5 на возраст од 50-59 и 4 на возраст од 40-49 години. Сите починати биле хоспитализирани, а коморбидитети се регистрирани кај 29 од случаите“, стои во неделниот извештај на ИЈЗ.

    Деталните извештаи на Институтот за јавно здравје за Состојба со Сovid-19 во Република Македонија – 24-30.08.2020, како и Кумулативна состојба со Сovid-19 во Република Македонија се достапни на веб страницата на Институтот за јавно здравје http://iph.mk/.
     
  16. rainbow_bb

    rainbow_bb Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2020
    Пораки:
    704
    Допаѓања:
    2.257
  17. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.827
    Допаѓања:
    17.271
    да,дозволуваат со негативен пцр
     
    На rainbow_bb му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Во последните 24 часа се направени 1772 тестирања, а регистрирани се 145 нови случаи на ковид-19 во:

    -Скопје 32
    -Куманово 15
    -Дебар 5
    -Штип 8
    -Прилеп 8
    -Тетово 9
    -Струга 4
    -Велес 2
    -Битола 4
    -Охрид 4
    -Кавадарци 2
    -Гостивар 12
    -Гевгелија 1
    -Струмица 5
    -Крива Паланка 2
    -Кочани 3
    -Пробиштип 2
    -Пехчево 5
    -Берово 1
    -Виница 2
    -Делчево 8
    -Свети Николе 4
    -Кичево 6
    -Неготино 1

    Во болнички услови починати се двајца пациенти од Дебар (67г) и Струга (48г).

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 216 оздравени пациент од:

    -Скопје 55
    -Куманово 31
    -Дебар 4
    -Штип 10
    -Прилеп 4
    -Тетово 14
    -Струга 10
    -Велес 2
    -Битола 5
    -Кавадарци 6
    -Гостивар 39
    -Гевгелија 1
    -Струмица 1
    -Крива Паланка 1
    -Кочани 4
    -Пробиштип 1
    -Демир Хисар 4
    -Македонски Брод 2
    -Берово 2
    -Виница 3
    -Делчево 3
    -Свети Николе 4
    -Кичево 10

    Досега во земјата се направени вкупно 151.706 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14600, бројката на оздравени пациенти е 11741, на починати е 606, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2253.
     
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.901
    Допаѓања:
    139.435
    Пол:
    Женски
    @Ahoy среда а ? 145.. реков ја не се радувајте пред време.
     
    На senjorita-v, Waverly Raven, referentka и 2 други им се допаѓа ова.
  20. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.468
    Лошооо...(facepalm)
    А за коментарите да не зборувам.. Неизживеаните сељачиња уште се гордеат дека завршиле на снимка.
    Ако имаат 2 грама памет ја ете.. Епа не ни треба да се чудиме што пак си имаме по 150 нови на ден.
    Го прославуваат 1ви септември најверојатно.:x
     
    На Waverly Raven, nena2010 и Ahoy им се допаѓа ова.