1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.218
    Пол:
    Женски
    Видечемоо...
    Се надевам за некоја година некој нешто ќе каже што, и која е вистината..
     
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.944
    Нема што да се гледа за името, името и онака човек му го дал. Не ги Господ крстил Сарс коронавирус 1 и Сарс коронавирус 2 па да видиме :D
    Може масоните ги крстиле, де.

    А за потеклото, реков. Јас лично да се прашувам би рекла дека е избеган од лабораторијата за коронавируси во Вухан. Како и да е, потеклото му е тоа - природно. Илјадници наулници рекоа дека нема елементи на вештачки создаден вирус. Е сега, дали скокнал од животно на човек на пазарите или избегал од лабораторија - јас сигурно нема да откријам :D
     
    На 1209, LejlaD, candy.cane и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.218
    Пол:
    Женски
    И не кажа што е проблемот? Името на вирусот?? на што целиш конкретно?

    *Правда за лилјаците! Гасам музика, ова светло. :D
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.434
    Допаѓања:
    206.607
    Пол:
    Женски
    На твојата игнорантност. Имајќи предвид дека работиш во образование... тешко нашите деца со вакви игнорантни едукатори.
     
    На oblace1, Estranged, 1209 и 21 други им се допаѓа ова.
  5. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.265
    Пол:
    Женски
    Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 484 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на Ковид – 19 во Скопје – 9, Дебар – 1, Прилеп – 5, Тетово – 3, Гостивар – 1, Гевгелија – 12 (странски државјани) и по еден во Струмица, Радовиш, Кочани, Пробиштип, Делчево и Кратово.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 251 оздравен пациент од Скопје – 171, Куманово – 15, Штип – 10, Прилеп – 15, Тетово – 2, Велес – 6, Битола – 2, Кавадарци – 4, Гостивар – 2, Гевгелија – 2, Пробиштип – 3, Пехчево – 3, Берово – 5, Виница – 1, Свети Николе – 8 и по еден во Кичево и Неготино.

    Починати се 6 пациенти, од Скопје (73), Струга (79), Гостивар (55), Крива Паланка (63), Делчево (86) и од Кичево (74), сите во болнички услови.

    Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.127, бројката на оздравени пациенти е 12.486, на починати е 623, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 2.018. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов статистиката за зарезени по градови е следна:

    • Скопје 6.123, активни 591
    • Куманово 1.540, активни 248
    • Дебар 261, активни 29
    • Штип 1.182, активни 96
    • Прилеп 525, активни 142
    • Тетово 1.254, активни 125
    • Струга 595, активни 64
    • Велес 278, активни 20
    • Битола 225, активни 40
    • Охрид 360, активни 45
    • Кавадарци 190, активни 47
    • Гостивар 823, активни 134
    • Гевгелија 73, активни 46 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 11 на Богданци и 12 се странски државјани)
    • Струмица 83, активни 31
    • Крива Паланка 60, активни 19
    • Радовиш 46, активни 7
    • Крушево 17, активни 1
    • Кочани 160, активни 33
    • Пробиштип 90, активни 15
    • Демир Хисар 60, активни 2
    • Македонски Брод 77, активни 10
    • Пехчево 38, активни 28
    • Берово 68, активни 41
    • Валандово 9, активни 2
    • Виница 82, активни 28
    • Делчево 103, активни 77 (26 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
    • Кратово 23, активни 7
    • Свети Николе 301, активни 37
    • Кичево 286, активни 45
    • Ресен 147, активни 0
    • Неготино 48, активни 8 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Досега во земјата се направени вкупно 158.003 тестирања на Ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 78, а на кислородна поддршка се 56 пациенти.

    Во болницата во Козле хоспитализирани се 2 деца и 1 мајка позитивни на Ковид-19, како и 6 деца и 6 мајки суспектни на вирусот.

    Во болницата „8 Септември“ примени се 6, а вкупно хоспитализирани се 27 пациент, од кои на респиратори се седуммина.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 126, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

    Бројот на активни случаи по скопските општини, врз основа на новите податоци е следен:

    • Чаир – 55
    • Гази Баба – 70
    • Аеродром – 102
    • Карпош – 65
    • Центар – 58
    • Кисела Вода – 70
    • Ѓорче Петров – 35
    • Бутел – 37
    • Шуто Оризари – 24
    • Студеничани – 16
    • Сарај – 15
    • Арачиново – 10
    • Илинден – 11
    • Сопиште – 6
    • Чучер Сандево – 2
    • Петровец – 5
    • Зелениково – 2
    • Странец – 6
    • Нераспределен-2
     
  6. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.218
    Пол:
    Женски
    Хахахаха, само ќе се насмеам,

    Веќе видено е дека тука се собрани сите светици од цела Македонија,
     
  7. Makedonka007

    Makedonka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.469
    Има некој информација за кога е донесена одлуката да почнат на работа хроничните болни??
     
  8. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.766
    Допаѓања:
    19.854
    Даден е предлог од Комисија за заразни. Треба допрва на седница на влада да се разгледа и да се прифати или одбие.
    Седница веројатно ќе има неделава па ќе кажат на вести
     
    На Makedonka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.253
    Допаѓања:
    205.006
    Сте се фатиле за супата(facepalm)
    Да беше термички обработен ни В од вирус не ќе останеше, нели? Зошто инаку варам маски во тенџере:?:
    И мислам мравоједот беше меин саспект.
    Во вакво време на рекла кажала на ништо не можам да верувам. :|

    Иначе јадете супа, добра е за имунитет, особено телешка:!:.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.420
    Допаѓања:
    45.449
    Пол:
    Женски
    Никоја од тука не вика дека е светица, туку поентата е што користење критичко мислење и малку логика пред да се поверува во било која информација на нет не е на одмет.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  11. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.525
    Пол:
    Женски
    ...во меѓувреме во Норвешка....

    Преводот е мој, не замерувајте на лош превод, кратко живеам овде за да имам совршен шведски за добар превод на македонски:D :$


    CED019BF-0126-4F8F-93AF-C3E404BDDB5E.jpeg
    Верски сојуз пријавен во полиција по ширење на зараза

    Општината Сарпборг во Норвешка пријавила во полиција муслимански верски сојуз под сомнение за прекршување на правилата за спречување на зараза, откако повеќе од 175 лица заболеле од Ковид-19 после еднонеделно прославување на муслиманскиот празник Ашура. Вкупно 2500 лица се во карантин кои велат дека ги почитувале правилата за социјална дистанца, но општината решила сепак да ги пријави во полиција.
    Вкупно 2500 лица, од кои голем број се ученици се наоѓаат во карантин во Сарпборг и соседното Фредрикстад. Во текот на минатиот ден пријавени се 25 новозаразени лица во Сарпборг.

    @Biljarkata , мислев на лилјакот дека и побегнал на супата, нормално не на самата супа :D Јадеме редовно инаку, пилешка и од печурки, најпроверени ми се :)
     
    На LejlaD, Biljarkata и Ahoy им се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.253
    Допаѓања:
    205.006
    На Annath, LejlaD, tina2018 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.944
    Не е теорија на заговор. Огромен извор на колаген е и животински масти кои го штитат организмот и поттикнуваат правилна работа на имунитетот и на хормоните, посебно на женските полови хормони.
     
    На Annath, tina2018, Celltica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.525
    Пол:
    Женски
    Го знам ова за супата, исхраната е многу важна и не мислам дека е заговор или слично, истото сум го чула од доктори кај нас, ама не ја сакам ич. Кога беше малиот бебе имав такви замрзнати бујони за него. Пилешката само кога сме настинати ја јадеме, инаку не.
     
    На LejlaD, senjorita-v и Biljarkata им се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.253
    Допаѓања:
    205.006
    Абе сега, ние во тоа веруваме ама сигурно може да се појави некој и да почне тирада- не е научно докажано, да беше така сите само супа ќе јадеа, итн итн. ..
    Еве, сите знаат дека требало овошје и зеленчук да јадат, особено деца, ама скапо било. Дај му шеќери, ем поефтино ем поухрането ќе биде, кој наранил дете со моркови и патлиџани:wasntme:
     
    На mal.ecka, LejlaD, tina2018 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.218
    Пол:
    Женски
    А која информација од тие што ги кажав претходно е фејк, спин или било што?
    Што конкретно беше неточно и нелогично?


    Сите полека веќе сме свесни околу "фамата" за Корона, и пак се правиме на удрени и молчиме, од страв да "не не етикетираат со conspiracy theorists" , (како дел од членовите тука) со исклучок на некои чиј "глас" се губи во толпата.
     
  17. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.815
    Пол:
    Женски

    Hahahha
    So cokolado mesto zelka..
    Me nasmea.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.420
    Допаѓања:
    45.449
    Пол:
    Женски
    Никој не вика дека потеклото на вирусот е целосно јасно.
    Туку, да мислиш дека на официјална страна ќе заборават да си ги средат податоците и ние ќе им ги откриеме плановите со еден клик е смешно и нелогично.Тој дел.
     
    На candy.cane, Annath, tinka-mace и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.218
    Пол:
    Женски
    :)))

    Прогуглај низ инт. ќе видиш дека "фамава" околу набавката на тестовите уште од 2017,2018.. година нит јас сум ја открила, нит јас ја докаживам...

    Сигурно нашево скапано, подмитено и корумпирано новинарство нема да "истражи" нешто околу ова, дури да се работи и за грешка или преименување од страна на светска банка.

    Некаде прочитав дека сево ова ќе заврши до 2025,од каде знаат со сигурност?

    Кај што има чад, има и оган, а што е точно не знам...
     
    На renata77 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    2.006
    Допаѓања:
    2.280
    Според мене ова е природен вирус, сега требало да се појавил и се појави.
    Според мене е натприродна сила исто како што се појавила Чумата, Шпанскиот Грип.
    Никој не е волку интелегентен да направи ваков вирус и да нема решение априори ако почне да се шири.
    Натприродна сила нешто што човекот неможе да го контролира.