1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    27.882
    Леле не можам скринштот, AI - artificial inteligent. :rofl::rofl::rofl:

    Дали е многу да бараме да си писмен пред да имаш став на сериозни теми? :D Мислам, стварно, не знаеш кратенката што е, ај што си сменил збор, па и тој е погрешно напишан, еве кажете ми како да го сметаме ставот на темата за релевантен? Настрана од содржината на текстот :rofl:

    Едит: Шала на страна мора да е многу тешко да веруваш стварно во теории на заговор. Имам еден познаник, и антиваксер, и теорија на рамна земја и корона не постои, во сѐ што постои како теорија на заговор верува. Пример ми кажа дека никогаш нема да го гледа Терминатор зошто така психички нѐ спремале за ерата на машините.
    Јас во таков константен страв од трета сила не би можела да живеам. Мислам јас би работела на психата во тој случај, зошто очигледно нешто не е во ред секаде да бараш заговори.
     
    Последна измена: 8 септември 2020
    На candy.cane, 1209, Angie1432 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.337
    Секвенци од СИДА :rofl:
    Или како она
    Бил - Б - 5
    Гејц - Г - G
    =5G. Coincidence? I think not
     
    На Makedonka007, tinka-mace, Angie1432 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    27.882
    Тие се тие сублиминални пораки со кои ни го тренираат мозокот :D За да ти влезе во потсвеста, намерно е така. Затоа полека 4 верзии на стандардот се вадеа, за 5тата да удри во право време со чипирањето и да не го приметиме. Е сега тие што се woke не може да им избега!
     
    На dayla, Annath, nena2010 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.253
    Допаѓања:
    205.006
    Одговорив на прашање кој заработил најмногу. Добро де, причините зошто заработил малку ги иронизирав ама се е тоа вистина (ако вистина Безос постои и има бивша жена- не ги знам лично, верувам на медиуми)
    upload_2020-9-8_9-59-1.png
    Не сум Берни Сандерс и не треба да гласате за мене. Фала :bow:, пријатно:hai:.
     
    На dayla, tina2018 и Celltica им се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.944
    Јас покана за интервју од Амазон утрово добив, уште сум под импресии дека ќе ги одбијам :rofl:
    Ни читам ни дочитувам - видам Џеф Безос одма се пали тригерот :D
    https://twitter.com/hasbezosdecided?lang=en
    Имаш и одов твитер акаунт. Безос буквално има доволно пари да стави крај на гладот во цел свет, а работниците во погоните во никакви услови за време на пандемијата не работат. Он излезе еден од „балканските газди“. Да не речете само балкански биле :D
    Капиталистички, тоа е зборот. Капиталистички говеда.
     
    На 1209, M.B., senjorita-v и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.253
    Допаѓања:
    205.006
    Не се они капиталисти, они се стремат кон робовладетели. Тие што ги викаш капиталисти погоре, вклучително Амазон. Да не речете не сум ви кажала.
    Многу е просто- колабираат економии, невработеност расте, секој би бил среќен да е вработен, макар и како роб. И така натаму...
    Или може бавча да работиме;)(y)
     
    На 1209, zhap4e и tina2018 им се допаѓа ова.
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.944
    Тоа ми е планот за во иднина :rofl:
     
    На 1209, zhap4e, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.916
    Допаѓања:
    139.467
    Пол:
    Женски
    @Celltica ова е само еден дел.. да ти пуштам што се пишува дотичната ко да гледаш лоша комедија човече. Тоа теорија на заговор, тоа децата кислород ќе немале од маски, сакале да се угушат сами од СО2, а бе лудило...
     
    Последна измена: 8 септември 2020
    На Celltica му/ѝ се допаѓа ова.
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.288
    Допаѓања:
    38.789
    Пол:
    Женски
    Чајна :nod: Сите економии тонат, нивната цвета. Башка изнакупија едночудо амерички компании за безпари ;) Башка цените на медицинска опрема 50х се зголемија, а кој е најголем производител? Од каде потекна вирусот?
    Загребете малку под површината...
     
    На lovestoneddd, fana и redhead им се допаѓа ова.
  10. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.288
    Допаѓања:
    38.789
    Пол:
    Женски
    Кој се тие илјадници научници? А што е со оние кои тврдат дека е модифициран? Тие небитни се? Како ќе објасниш ХИВ секвенца во вирусот. Пошто ја има, тоа сите го признаваат.
     
    На lovestoneddd, fana, orevokrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.253
    Допаѓања:
    205.006
    Абе, лесно да беше Чајна, и онака сите и се загнаа на почетокот со тужби и незнамшто... И толку, после тоа штама:x... :?:
     
  12. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1384 тестирања, а регистрирани се 99 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-33, Куманово-7, Штип-5, Прилеп-6, Тетово-4, Струга-2, Велес-2, Битола-6, Охрид-14, Гостивар-1, Гевгелија-1, Струмица-1, Крива Паланка-1, Кочани-6, Македонски Брод-3, Виница-1, Делчево-6.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 214 оздравени пациенти од: Скопје-48, Куманово-25, Штип-11, Прилеп-9, Тетово-23, Струга-8, Битола-4, Охрид-2, Кавадарци-22, Гостивар-21, Гевгелија-4, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Кочани-2, Пехчево-2, Берово-6, Валандово-1, Виница-2, Делчево-4, Кратово-2, Свети Николе-10, Кичево-3, Неготино-3.

    Починати се 8 лица, два пациенти од Тетово (60г. и 71г.), од Делчево (78г.), Струга (63г.), Скопје (59г.), од Дебар (52г.) и два пациенти од Охрид (70г. и 94г). Седум пациенти се починати во, а еден пациент е починат вон болница.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15226, бројката на оздравени пациенти е 12700, на починати е 631, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1895.
     
  13. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.749
    Допаѓања:
    284.787
    Пол:
    Женски
    Значи рекордери сме во црн биланс.
    Нешто грешиме....многу...
     
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.944
    Не се небитни.
    Како што кажав, не е во мој домен да излегувам со тврдења дека нето е или не е. За сега генерален консензус е дека е природен вирусот. Дури и сличностите со ХИВ имам прочитано дека се липопротеинската обвивка, и дека деловите од РНА кои се слични (ама не и цела секвенца) ги имаат и настинката (Human Coronavirus) и куп други вируси.
    Има алатки на интернет со кои можеш и сама да споредиш два „декодирани“ вируси и да видиш дали имаат исти секвенци. За Сарс-Ков-2 и ХИВ до сега се покажа дека е фејк њуз или борба за популарност.
    Може е настанат вештачки, кога научник ќе излезе со доказ за тоа ќе поверувам. Додека не излезе ќе прифатам поочигледни и поверодостојни објаснувања.
    Реков, не можам да тврдам дека нешто што го кажувам, а не е во мојот домен е 100% апсолутно точно. И нема да поверувам ни на научник што тврди дека е 100% апсолутно точно - дури и да е од неговиот домен. Не е науката толку егзактна, посебно не генетиката и вирологијата како истражувачки гранки.
     
    На Lalalala99919, 1209, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Ambrosia

    Ambrosia Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2020
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    1.799
    Пол:
    Женски
    Треба да патувам за Бугарија.
    Но,имам обврска само да земам некои работи и веднаш да се вратам за Мк. Дали за влез треба да покажам негативен тест, иако не одам за подолг престој?
     
  16. prvaB

    prvaB Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2020
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Женски
    Da, treba.. stom vleguvas vo bugarija mora, ne gi interesira za sto odis, dali ostanuvas ili ne..
     
    На Ambrosia му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ambrosia

    Ambrosia Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2020
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    1.799
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам:)
     
    На prvaB му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
  19. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Прв пат после 3 месеци бројот на активни случаи е под 2000.

    Последен пат бројот на активни случаи бил под 2000 на 12. јуни, кога сме имале 1836 активни случаи, за по 3 месеци, за прв пат, на 8. септември, бројот на активни случаи повторно да биде под 2000, односно 1895.

    received_512389072963276.jpeg
     
    На Ambrosia, vitamina, KidA и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Во периодот од 31 август до 6 септември, од 790 позитивни, најголем број, или 174 се лица на возраст од 30 до 39 години, или 22 проценти од новозаболените, а 172 се лица над 60 години, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје кој го објави Министерството за здравство.

    [​IMG]
    Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасната група од 40-49 (134; 17,0%), 50-59 (129; 16,3%) и 20-29 (118; 14,9%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (22;2,8%) и 10-19 години (40; 5,1%).

    Во овој период тестирани се вкупно 9.734 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на ковид-19, 2,1% помалку во однос на минатата недела.


    Регистрирани се 790 нови позитивни случаи од 32 градови во државата и зголемување од 18,9% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (221; 28,0%). Во истиот период, во 17 града, бројот на новодијагностицирани е под 20.

    [​IMG]
    Процентот на позитивни случаи од тестирани изнесува 8.1% што претставува зголемување од 1.4% во однос на претходната недела.

    Од случаите кои се епидемиолошки истражени (756; 95,7%), регистрирани се 132 (16,7%) хоспитализирани (зголемување од 85,9% во споредба со минатата недела), а кај 219 (29%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

    Од вкупниот број на нови случаи, 237 (31,3%) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 29 лица со историја на патување (во последни 14 дена).

    По добиени 2 негативни теста за присуство на САРС-КоВ-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 1.052 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

    Пријавени се 20 смртни случаи од 13 градови што претставува намалување од 42,9% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 16 лица биле над 60 години, по 2 на возраст од 50-59 и 40-49 години и едно лице на возраст од 30-39 години. Од починатите 15 лица биле хоспитализирани. Коморбидитети се регистрирани кај 17 починати лица.